Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Селекторот на Мароко, Мохамед Уаби, порача дека неговата репрезентација мора да размислува шампионски и да верува дека може да ја освои титулата на Светското првенство. Оптимизмот на Уаби доаѓа по одличниот настап на Мароко во групната фаза. Африканската селекција ремизираше со Бразил (1-1), ја победи Шкотска со 1-0, а потоа беше подобра и од Хаити со 4-2 за пласман во нокаут фазата. „Без оглед на тоа кој ќе ни биде противник, имаме силен ...
Една од главните ѕвезди на белгиската репрезентација, фудбалерот на Манчестер Сити, Џереми Доку, се врати во кампот на националниот тим за Светското првенство, откако привремено отпатува во Англија за да присуствува на раѓањето на своето прво дете. Доку пристигна во Сиетл и веднаш се стави во тренажен процес. За раѓањето на својот син, Прајз, Доку отпатува во Лондон со одобрение на официјалните лица и бил придружуван од лекар пред да ѝ се ...
Селекторот на Курасао, Дик Адвокат, порача дека неговата селекција нема да се брани по секоја цена на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска од третото коло на Светското првенство. Искусниот стратег смета дека Курасао покажа против Еквадор дека знае да создава шанси и верува дека неговиот тим повторно може да се закани иако го очекува исклучително тежок противник. „Имаме добра организација на играта и ќе се обидеме да постигнуваме ...
Јужна Кореја одигра еден од своите најслаби натпревари на Светското првенство и со минималниот пораз од Јужна Африка (1-0) сериозно ги доведе во прашање шансите за пласман во нокаут-фазата. Разочарувањето во корејската јавност беше толку големо што на прес-конференцијата еден новинар го праша селекторот Хонг Мјунг-бо дали врз играчите можеби влијаеле надворешни фактори, па дури и евентуално труење со храна. Селекторот категорично ги отфрли ...
ФИФА ја соопшти казната за катарскиот репрезентативец Асим Мадибо по тешкиот старт врз канадскиот фудбалер Исмаел Коне на натпреварот од групната фаза на Светското првенство. Дисциплинската комисија му изрече суспензија од пет натпревари поради сериозен неспортски прекршок. Според информациите од ФИФА, репрезентативецот на Катар има право на жалба за должината на суспензијата. Инцидентот се случи во дуелот меѓу Канада и Катар, кој Канаѓаните ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на ИТФ турнирот во Загреб, откако обезбеди место во четвртфиналето со сигурна победа од 2-0 во сетови над Гркот Павлос Циципас, кој е најмал брат на тениската ѕвезда Стефанос Циципас. Првиот сет донесе израмнета борба и неизвесност до самиот крај. Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па победникот се решаваше во тај-брејк, каде што Ивановски покажа повеќе смиреност ...
Струга Трим Лум заврши важна работа и го задржа во своите редови Ард Касами. 28-годишникот кој е член на клубот веќе осум години реши да ја продолжи верноста. Касами потпиша продолжување на соработката на уште две сезони, до јуни 2028 година. Играчот за врска минатата сезона ја мина на маргините. Касами заработи тешка повреда, ги скина лигаментите во коленото на десната нога на 4 септември. Потоа беше опериран и зад него е најтешкиот период ...
Последното коло од групната фаза на Светското првенство би можело да донесе несекојдневна и крајно контроверзна ситуација, која веќе предизвикува бројни реакции во фудбалската јавност. Во центарот на вниманието е натпреварот меѓу Алжир и Австрија, кој ќе се игра во раните утрински часови во недела. Според актуелните пресметки, победата во овој дуел можеби и нема да биде најпосакуваниот исход. Причината е едноставна – победникот од овој ...
Македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ и официјално повеќе не е кошаркар на Зенит, откако рускиот клуб соопшти дека договорот со македонскиот репрезентативец е предвреме раскинат. Од клубот наведоа дека согласно условите од договорот, Зенит ќе добие финансиска компензација поради прекинот на соработката, иако не беа откриени дополнителни детали за висината на обесштетувањето. Димитријевиќ во Санкт Петербург пристигна минатото лето, но не ...
Македонската ракометарка Ива Младеновска ќе биде единствената претставничка на нашата земја во женската Лига на шампионите за сезоната 2026/27, откако со Борусија Дортмунд ќе настапи во најелитното европско клупско натпреварување. За разлика од машката конкуренција, кај дамите нема промени во форматот. И оваа сезона ќе настапат 16 екипи, поделени во две групи со по осум тима. Борусија Дортмунд, клубот на 19-годишната македонска ...
ЕХФ ги објави шеширите пред ждрепката за Лигата на шампионите. Новата сезона носи промени во натпреварувачкиот систем кај мажите. Наместо досегашниот формат, во елитното натпреварување ќе учествуваат 24 екипи, поделени во шест групи со по четири тима. Македонскиот шампион Вардар 1961 се најде во четвртиот шешир, што значи дека ќе избегне дуели со Целје, Криенс-Луцерн, Кристијанштад, Архус и Партизан во групната фаза. Во првиот шешир се ...
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски и следната сезона ќе настапува во италијанското првенство, откако ја прифатил понудата на Наполи и кариерата ќе ја продолжи во амбициозниот клуб од југот на Италија. По успешната сезона во дресот на Тренто, Јакимовски привлече интерес од повеќе екипи, а меѓу нив беше и шпанскиот шампион Валенсија, каде минатата сезона настапуваше македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ. Сепак, 24-годишниот ...
Бразилската фудбалска легенда Роналдињо и официјално се врати од пензија, откако потпиша договор со италијанскиот третолигаш Равена, повеќе од една деценија по завршувањето на својата професионална кариера. Поранешниот освојувач на „Златната топка“, кој денес има 46 години, не го криеше воодушевувањето по потпишувањето на договорот. „Едвај чекам повторно да танцувам со топката. Фудбалот секогаш ми носел радост, а возбуден сум што тој дух ќе ...
Шпанскиот фудбалски клуб Депортиво официјално го промени своето име и отсега ќе настапува под називот Реал Клуб Депортиво А Коруња С.А.Д. Одлуката беше донесена на вонредното собрание на акционерите одржано во вторникот, откако претходно членовите на клубот на обврзувачко советување се изјаснија во корист на промената. Со новото име клубот се усогласува со законските одредби во Галисија, кои налагаат употреба на топонимот „А Коруња“. ...
Голманот на Зеленортските Острови, Возиња, откри дека е во потрага по нов клуб, откако му истече договорот со португалскиот второлигаш Депортиво Чавес. Искусниот 40-годишен чувар на мрежата изјави дека сака да продолжи активно да брани и дека е подготвен за нов предизвик. Голманот стана вистински хит на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, благодарение на одличните партии во дресот на Зеленортските Острови. Тој блескаше во ремито без ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, а противник повторно ќе биде селекцијата на Бугарија. По првата проверка во Самоков, каде домашната селекција славеше победа, избраниците на селекторот Жозе Марија Берокал ќе имаат можност за ново мерење на силите со добро познатиот ривал, овојпат пред домашната публика. ...
Женскиот тим на Лацио ќе мора да ѝ исплати повеќе од 69.000 евра отштета на поранешната фудбалерка Маја Готберг, откако Судот за спортска арбитража пресуди дека клубот незаконски ја прекинал соработката со неа поради бременост. Одлуката се смета за историска за женскиот фудбал, бидејќи за првпат Судот за спортска арбитража додели отштета на фудбалерка поради незаконски прекин на работниот однос поврзан со бременост. Готберг во летото 2024 ...
ознат е првиот сигурен пар од осминафиналето на Светското првенство, а нокаут-фазата ќе биде отворена со дуелот меѓу Јужна Африка и Канада. Јужноафриканците за првпат во својата историја успеаја да ја минат групната фаза на Мундијалот, додека Канада како еден од домаќините обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри селекции. Натпреварот ќе се одигра на 28 јуни во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, со почеток во 21:00 часот по средноевропско време. ...
Јужна Африка испиша историја на Светското првенство, откако за првпат успеа да ја мине групната фаза на Мундијалите. Јужноафриканците во последното коло од групата А, одиграно во Монтереј, ја совладаа Јужна Кореја со минимални 1-0 и со четири освоени бодови се искачија на второто место во групата, прескокнувајќи ја азиската селекција. Во осминафиналето ги очекува пресметка со еден од домаќините на турнирот, Канада. Херој на историскиот успех ...
Еден од мундијалските домаќини Мексико ја заврши групната фаза на Светското првенство со максимален ефект, откако во последното коло од групата А убедливо ја совлада Чешка со 3-0 и го потврди првото место со девет освоени бодови и без примен гол. Иако уште пред овој натпревар го имаше обезбедено лидерското место, еден од домаќините на Мундијалот одигра максимално мотивирано пред своите навивачи во Мексико Сити и ги испрати Чесите дома со само ...
Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ќе потпише нов договор со клубот, вреден дури 185 милиони долари, јавија американските медиуми. Ривс реши да се откаже од опцијата за 14,9 милиони за следната сезона, со што си го отвора патот за максимален договор, и тоа за играч кој не пристигна од НБА драфтот и ќе постави рекорд во овој сегмент. Минатата сезона двапати паузираше поради повреди, но забележа одличен просек од 23,3 поени, 5,5 ...
Досегашниот кошаркар на Хапоел Тел Авив, Крис Џонс, официјално е ново засилување за белградска Црвена Звезда, јави евролигашот на сите социјални мрежи. Џонс мина една сезона во Хапоел, а сега стигнува во Србија, каде потпиша двегодишен договор и треба да претставува огромно засилување за тимот. Во екипата на Хапоел одигра 42 евролигашки натпревари, вклучително и мечевите од плеј-офот, каде бележеше просек од 10 поени, два скока и 4,2 ...
Иако машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 17 години не успеа да оствари резултати какви што посакуваше на меѓународниот турнир „Рисинг старс“ во Букурешт, настапот на капитенот Павел Ѓиновски беше препознаен и награден од организаторите. По завршувањето на турнирот, кој во изминатите неколку дена се одржа во арената „Рапид“ во Букурешт, Ѓиновски беше избран во идеалната петорка на натпреварувањето. Ова индивидуално признание ...
Бразил го освои првото место во групата Ц на Светското првенство, откако во натпреварот од третото коло во Мајами убедливо ја совлада Шкотска со 3-0. „Кариоките“ ја забележаа втората победа на турнирот и со седум освоени бодови завршија на лидерската позиција во групата. Шкотска остана на три бода и го освои третото место, но со мали шанси да се пласира во осминафиналето како една од најдобрите третопласирани селекции. Во осминафиналето ...
Хаити го заврши своето прво учество на Светско првенство со високо кренати глави, иако во последното коло од групата Ц загуби од Мароко со 4-2. Мароканците со победата стигнаа до седум бода и го освоија второто место во групата, со ист број бодови како и Бразил, но со послаба гол-разлика. Во осминафиналето африканската селекција ќе се соочи со победникот од групата Ф, а најверојатен противник е Холандија. Хаити остана без освоен бод, но ...
Англискиот премиерлигаш Тотенхем ја засили голманската линија со доведувањето на искусниот Мартин Дубравкка, кој пристигнува како слободен играч од Барнли. Договорот на Дубравка истекува на 1 јули, по што веднаш ќе може да му се приклучи на новиот тим, кој веќе го најави неговиот трансфер на официјалната клупска страница. 37-годишниот Словак минатата сезона настапи на 35 натпревари во Премиер лигата, а во кариерата ги бранеше боите на ...
Женската селекција на Македонија за кошаркарки до 17 години остави одличен впечаток на меѓународниот турнир „Рисинг старс“ во Букурешт, Романија. Избраничките на селекторот Виктор Петровски прикажаа квалитетни настапи во конкуренција на силни противници, остварувајќи две победи – против врсничките селекции на Романија и Молдавија, а единствениот пораз го претрпеа од домашниот тим кој настапи со нешто постара генерација. Освоеното второ место ...
Босна и Херцеговина направи огромен чекор кон осминафиналето на Светското првенство, откако во Сиетл ја совлада селекцијата на Катар со 3-1 во натпреварот од третото коло во групата Б. „Змејовите“ со оваа исклучително важна победа практично го обезбедија местото во нокаут-фазата, а селекторот Сергеј Барбарез уште еднаш го погоди со измените. Неговиот „џокер“ Ермин Махмиќ, кој влезе од клупата, го постигна својот втор гол на турнирот и ја ...
Репрезентацијата на Швајцарија ја надигра селекцијата на Канада со конечен резултат 2-1 (0-0) и го потврди првото место во групата Б на Светското фудбалско првенство. Првото полувреме не понуди многу возбудувања, иако Канада беше за нијанса подобар ривал и создаде 2-3 прилики за погодок. Шанси имаа Џонатан Давид и Брел Емболо, додека Швајцарија се закани само еднаш, но без успех во завршницата. На паузата останаа почетните 0-0. sui1.jpg ...
Откако се комплетираа натпреварите од Групата Б, следна на програмата на Светското првенство (СП) во САД, Канада и Мексико е Групата Ц во која две екипи отскокнуваат од ривалите. Бразил и Мароко важат за огромни фаворити во своите дуели. Бразил игра против Шкотска, а селекторот Карло Анчелоти го одреди стартниот тим. Во составот е Нејмар, кој ќе започне од клупата. Шкотска (4-4-1-1): Ган; Патерсон, Мекена, Хендри, Робертсон; Мекгин, Фергусон, ...