Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, стана третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал три трипл-дабл по ред на почетокот на сезона. Претходно ваков подвиг направиле само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Во победата од 127:114 над Минесота ноќеска на гостински терен, Јокиќ за 36 минути поминати на теренот, постигна 25 поени, 19 скока и 10 асистенции. Денвер ја оствари втората победа во третиот натпревар се наоѓа на 3. ...
„Да го продолжиме развојот, да ја зајакнеме општината и да обезбедиме подобар живот за секој жител на Крушево,“ порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Томе Христоски, на средбата со жителите во селото Јакреново. Тој посочи дека во изминатите години, како во градот, така и во сите населени места, се реализирани бројни инфраструктурни и комунални проекти. „Токму тука, во Јакреново, се чувствува промената. Во изминатиот период од осум ...
Фудбалскиот клуб Аеродром остро го осуди инцидентот што се случи вчера (26 октомври) по натпреварот од Третата лига – Север против ФК Беса во Слупчане, при што тројца нивни фудбалери беа физички нападнати од противнички играчи. Од клубот соопштуваат дека нападот се случил по последниот судиски свиреж, кога неколку фудбалери на домашниот тим физички ги нападнале играчите на Аеродром. Во инцидентот биле повредени голманот и уште двајца ...
Мнозинството жени во Германија не се чувствуваат безбедно на јавни места, покажа анкета објавена денеска. Во анкетата спроведена од институтот за истражување на јавното мислење Civey во име на Funke Media Group, 55 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се чувствуваат небезбедно на кое било од наведените јавни места, како што се улици, јавен превоз или паркови. Клубовите и железничките станици се покажаа најлошо, при што само 14 отсто од ...
Достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје – порача кандидатот за градоначалник на Скопје. „Сите вие кои ја следите и ја поддржувате оваа кампања, да почнете да агитирате помеѓу вашите најблиски. Многу луѓе не ја знаат уште приказната за ова нашe движење. Затоа, вие кои ги знаете пораките и целите на сè ова, разговарајте со вашите најблиски, со Вашите пријатели, родители, баби и дедовци, за да ја прошириме пораката и заедно ...
Руската нафтена групација „Лукоил“ денеска соопшти дека има намера да ги продаде своите меѓународни активи, како резултат на „воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави“. Соопштението е објавено на веб-страницата на концернот. Компанијата дополнува дека веќе е започнато разгледување на понудите од потенцијални купувачи. Продажбата на имотот се спроведува во согласност со лиценцата за ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итни разговори за прекин на борбите во Судан откако паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) вчера го зазедоа градот Ел Фашер, јави ДПА. Гутереш ги повика и суданските вооружени сили и РСФ без одлагање да го контактираат неговиот претставник за Судан, Рамтане Ламамра, и „да преземат брзи, опипливи чекори кон договорно решение“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во соопштение, ...
Ресторан во Падова, северна Италија, е прогласен за најдобар ресторан во светот на Светските готварски награди за 2025 година. Наградите – познати и како „Оскари на угостителската индустрија“, имаат цел „да ги прослават и наградат“ готвачите, угостителите и нивниот придонес во светот на храната, задоволството и гурманството, и сега се доделуваат по шести пат. Тие се поврзани со посеопфатните Светски туристички награди, коишто се одржуваат од ...
Отстранетиот од функцијата градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се соочува со ново обвинение за политичка шпионажа и со уште една мерка притвор, реагираше на обвинението со објава на својот профил на Фејсбук. „Ништо не е вистина, а сè е можно. Токму во такво место ја претворија мојата убава земја. Дури и обвинението дека сум го запалил Рим е поверојатно од оваа апсурдна приказна“, напиша Имамоглу, кој се наоѓа во затвор од март 2025 ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, остро реагираше по приведувањето на директорот на ЈП „Комунална хигиена“, нарекувајќи го потегот политички мотивиран чин на „Мицковистичкиот режим“ и обид за заплашување пред вториот изборен круг. „Мицковистичкиот режим и МВРО да сее страв пред втор круг избори го привело директорот на Комунална Хигиена, за хаосот со ѓубрето кој токму криминалните кадри на Мицковски го креираат,“ изјави Арсовска. ...
Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот лет ќе се реализира попладне во 16:05 часот од Меѓународниот аеродром Скопје, каде по тој повод прес-конференција ќе одржат вицепремиерот Александар Николоски, амбасадорот на Шпанија Рафаел Сориано Ортиз, и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Летовите од Скопје до Мадрид ќе се реализираат секој ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а ...
Руските трупи ги концентрираа своите главни ударни сили во правец на градот Покровск во Доњецкиот регион на Украина, каде што продолжуваат жестоките борби на територијата на градот, објави украинскиот претседател на Украина, Володимир Зеленски. -Разговарав со војската – посебно внимание беше посветено на Покровск, како и на соседните области, рече Зеленски во своето редовно вечерно видео обраќање, пренесено од Укринформ. Тој истакна дека во ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, д-р Александар Трајановски, најави дека во првата година од својот мандат ќе започне со реализација на три приоритетни проекти — новата општинска зграда, една од двете планирани градинки и програмата за субвенции за инвертер клими. „Верувам дека функцијата градоначалник мора да значи работа, отчетност и одговорност. Ако не се започне со реализација на проектите во првата година од мандатот, ќе ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагираше на засилената негативна кампања во вториот изборен круг, оценувајќи дека таа е резултат на јасниот сигнал што граѓаните го испратија уште во првиот круг. „Ги гледаат анкетите, ги видоа резултатите од првиот круг и се обидуваат на секој можен начин – преку црни кампањи, омаловажување, притисоци и ширење лаги – да направат подобар резултат. Но таа работа во Центар и кај центарци ...
Македонската ракометна репрезентација денеска имаше собир и ги почнува подготовките во пресрет на двомечот со Јапонија. Селекторот Кирил Лазаров во рамките на ЕХФ недела ќе работи со репрезентацијата, а дуелите со Јапонија треба да бидат воигрување пред настапите на нашиот национален тим на Европското првенство што ќе се одржи во јануари 2026. По објавувањето на списокот на играчи левото крило Дејан Манасков преку социјалната мрежа Фејсбук го ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање поврзано со кампањата и која е неговата оценка за истата, изјави дека СДСМ води чесна, искрена кампања, насочена кон граѓанските интереси, нагласувајќи ги сериозните изборни притисоци и нерегуларности од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои уредно биле пријавени до ДИК и набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. „Пријавивме притисоци и закани по работните ...
На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе се одржи единаесеттото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“. Годинава фестивалот ја става Холандија во фокус, а свеченото отворање ќе биде со култниот филм „Контрола“ на славниот холандски режисер и фотограф Антон Корбајн. Овој реномиран уметник, познат по своите впечатливи фотографии и музички видеа со светски ѕвезди, ќе биде ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначланик од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани. „Во сите места во ...
Неколку месеци откако беше претставена првата министерка создадена со вештачка интелигенција во Албанија, премиерот Еди Рама објави дека е „бремена“. Тој во своето обраќање на Глобалниот дијалог (БГД) во Берлин, наведе дека министерката Диела треба да „роди“ 83 „деца“ со вештачка интелигенција, по едно за секој пратеник од Социјалистичката партија во Парламентот, кои ќе служат како дигитални помошници во простотиите на власта. Презедовме ...
Поп ѕвездата Кејти Пери (41) и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо (53) официјално се појавија заедно како пар, потврдувајќи ги гласините за нивната романса. Двојката беше забележана во Париз на 25 октомври, кога ја прославија роденденската вечер на пејачката со романтична посета на прочуениот кабаре театар Crazy Horse Paris, пренесува TMZ. Папарацо-фотографи ги уловија како си заминуваат насмеани и држејќи се за раце. Само две недели ...
Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ Писма веќе никој не пишува, долги анализи веќе никој не прави. Сé се сведува на кратки пораки кои секој си ги толкува како што нему му одговара. Премиерот доправа ќе добива пораки, барања, до него ќе доаѓаат известувања од министри и владини службеници со фризирана содржина, ама писмо со наслов и крај тешко дека некој ќе му напише. Ова според мене е резултат на изборните победи во последните две години. Кој би требало да ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик. – По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во врска со сомненија за Загрозување ...
По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиниката за неврологија утре организира отворен ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува“, соопшти Министерството за здравство. Во рамки на отворениот ден утре во периодот од 10 до 12 часот во просториите на Клиниката за ...
Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини поединечно на 19 октомври во првиот круг на Локалните избори, соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко на денешната 150. седница на Комисијата. -ДИК ја информира јавноста дека ние за денеска планиравме конечно да ги објавиме конечните резултати во сите општини врз основа на спроведените постапки по приговори и поднесени тужби до ...
Американскиот Пентагон изразил незадоволство од начинот на кој режисерката Кетрин Бигело го прикажала ракетниот одбранбен систем на САД во нејзиниот нов филм на Нетфликс, „A House of Dynamite“, пишува Индипендент. Трилерот ја следи приказната за 18-те минути што следат по лансирањето на нуклеарна ракета кон САД, додека државните функционери очајнички се обидуваат да утврдат кој стои зад нападот и како да реагираат. Во една сцена, секретарот ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,88 отсто во споредба на претходната пресметка. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 73,5 денари за ...
Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус го раскина денеска договорот со тренерот Игор Тудор, ден по поразот од Лацио со 0-1 во рамки на 8. коло во Серија А. До назначување на нов шеф на стручниот штаб, тимот привремено ќе го води тренерот на вториот тим, Масимо Брамбиља. „Клубот му се заблагодарува на Игор Тудор и на целиот негов персонал за професионализмот и посветеноста што ги покажаа во изминатите месеци и им посакува многу успех во ...
Гламурот на старото Холивудско време оживеа на студиската локација на Paramount Pictures во Лос Анџелес, каде што се одржа спектаклот „Vogue World: Hollywood“. Настанот, посветен на филмската историја и модната елеганција, го отвори австралиската ѕвезда Никол Кидман, која со својот настап им оддаде чест на легендите од класичниот филмски период. Кидман, оскаровка и октомвриска насловна ѕвезда на Vogue, ја започна вечерта со импресивна ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, д-р Александар Трајановски, во изјава за медиумите ја претстави својата визија за поуреден, зелен и здрав град, со фокус на хуманото живеење и грижата за секојдневието на граѓаните. „Нашата визија за Аеродром е јасна: општина што дише чисто, живее уредено и се грижи за здравјето на своите жители“, истакна Трајановски. Тој најави дека во неговата програма е предвидена целосна ...