Тенисерката Арина Сабаленка ноќеска ја победи Шпанката Кристина Букша со 6:1, 6:4 во осминафиналето на Отвореното првенство на САД. Мечот траеше 1 час и 14 минути. Дваесет и седумгодишната Белорусинка имаше три аса, две двојни грешки и три реализирани брејк топки од девет шанси. Во четвртфиналето првиот светски рекет ќе се соочи со Маркета Вондрушова (Чешка). Пласман помеѓу осумте најдобри на женскиот дел од УС Опен досега изборија и Џесика ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј. „Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“. Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада од 2016 до 2019 година. Тој ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупредува дека Северна Македонија практично ги има замрзнато преговорите и тоа го оценува како најлошото сценарио за иднината на земјата. Тој најавува работна верзија на документ кој ќе ги инкорпорира сите претходни изјави, преземените обврски во рамки на францускиот предлог и ќе даде насоки за тоа како треба да се продолжи понатаму. Филипче со предлог: „Ако има ново вето од Бугарија веднаш да ги ...

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ Во пресрет на локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. И двете партии настапуваат со остри кампањи кои го мобилизираат своето членство, но и ја продлабочуваат поларизацијата во јавноста, истовремено создавајќи атмосфера при што ...

Од денеска, па до 5 септември по 17. пат во Прилеп ќе се одржува меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“. Своите дела на ликовната колонија ќе ги создаваат 17 уметници од земјава и од Хрватска и Србија. Годинава уметниците ќе работат во убавата инспиративна природа на манастирот „Св. Ѓорѓија“, во близина на прилепското вештачко езеро. -Очекуваме уметниците да создадат нови дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот ...

Легендарната јамајканска спринтерка Шели-Ан Фрејзер-Прајс објави дека ќе стави крај на својата импозантна кариера по Светското првенство во атлетика кое идниот месец ќе се одржи во Токио, јавија денеска западните агенции. Трикратната олимписка и 10-кратна светска шампионка рече дека на Светското првенство во Токио има недовршена работа откако се откажа од финалето на 100 метри на ланските Олимписки игри во Париз поради повреда. „Не добив шанса ...

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...

Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%. „Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се обезбеди ...

Ливерпул постигна договор со Њукасл за трансфер на Александар Исак, објави „Sky Sports“. „Црвените“ ќе платат 125 милиони фунти за 25-годишниот Швеѓанец. Договорот вклучува и бонуси. Исак ќе потпише шестгодишен договор. Фудбалерот денес треба да ги помине медицинските прегледи. Трансферот на Исак ќе биде рекорден во Премиер лигата. Во 2023 година, играчот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандес, се пресели во Челзи за 106,8 милиони фунти. Во ...

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, се пресели во Манчестер сити, објави Фабрицио Романо. Трансферот на 26-годишниот Италијанец ги чини „Граѓаните“ 39 милиони евра. Донарума бранеше за пари Сен-Жермен од јули 2021 година. Неговиот договор со Парижаните имаше важност до 30 јуни 2026 година. Во сезоната 2024/25, голманот прими 43 гола на 47 натпревари во сите натпреварувања, при што на 17 натпревари не прими гол. „Трансфермаркт“ ја проценува ...

Антикорупциската комисија денеска разгледуваше предмет оформиран по сопствена иницијатива за лице кое извршувало две неспоиви функции. Имено, како што беше посочено на денешната седница, лицето било член на Управен одбор на јавно претпријатие и член на Надзорен одбор на јавно претпријатие со седиште во Битола. Извршувањето на двете функции истовремено, како што појасни Софија Спасова – Медарска од ДКСК, е спротивно на член 44 од Законот за ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска официјално го откри новиот мурал на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало, посветен на култната детска серија „Бушава азбука“. Со овој чин свечено се одбележаа 40 години од нејзиното прво емитување. Делото на уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс, целосно финансирано од Општина Центар е создадено во духот на афирмација на македонскиот јазик и литература и претставува ...

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан доцна синоќа, при што загинаа над 250 лица, а околу 500 се повредени, соопшти Министерството за информации на Авганистан за агенцијата Анадолија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), земјотресот бил регистриран во 19:17 часот по Гринич, на 27 километри источно-североисточно од Џалалабад, на длабочина од 8 километри. Официјален претставник на Министерството ...

Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата, да бидеме исти и во зборовите и во делата. Тука е и најголемата противречност кај Венко Филипче: од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. Таков пристап не носи сигурност, туку неизвесност за правецот во кој треба да оди државата, истакна денеска министерот за надворешни работи и ...

32-годишен државјанин на Шведска, кој привремено престојува во Дебар, бил нападнат во четвртокот навечер во центарот на Битола. Инцидентот се случил на главната улица „Широк Сокак“, кога група млади лица на возраст од околу 20 години му пришле и се обиделе насилно да му ја соблечат маицата што ја носел. Според пријавата во полиција, на маицата имало симболи за кои се претпоставува дека се поврзани со Албанија – токму тоа се смета за причината за ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по повод собирите организирани синоќа од граѓани низ државата против блокадите, изјави дека најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да се води дијалог. „Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ. Затоа мора да разговараме, да водиме дијалог. Обединети, можеме се“, рече Вучиќ на Инстаграм профилот со видео од граѓани на митинзи против блокадите. Низ градови во Србија синоќа ...

Абу Обеида, портпаролот на вооруженото крило на Хамас, е убиен во воздушен напад во градот Газа, соопшти Израел, пренесува Би-би-си. Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, им честиташе на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и на израелската безбедносна агенција Шин Бет за „беспрекорното погубување“ во објава на X. Хамас не ја потврди неговата смрт. Палестинската вооружена група претходно соопшти дека десетици цивили биле убиени и повредени ...

Министерството за образование и наука (МОН) на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. – Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со ...

Синоќа во Битола заврши културното лето „БитФест“ кое почна на 26 јуни, а беше заокружено со спектакуларен проект „Bitola Art Mapping”, со 3Д мапинг, музика и интерактивни инсталации. Публиката од градот, државата и странство следеше серија на културни настани организирани од Општина Битола низ кои како што велат од локалната самоуправа, се славеа македонската музика, култура и традиција. -Годинешниот „БитФест“ отвори простор за младинска ...

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото Граѓанско климатско собрание. Аерозагадувањето во Скопје и реалните, граѓански решенија за негово надминување, се итна тема и од суштинско значење, наведуваат од СДСМ. Оттаму истакнуваат дека Шукова ги сослуша приоритетите на граѓаните, и јасно се заложи за нивна имплементација. Таа порача дека препораките кои ...

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, кои се закажани за 19 октомври. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи. Потписи за градоначалници се собираат во Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, ...

Последните изјави на владините претставници дека „една година не е доволна за уставните измени“ се доказ за недостаток на политичка волја и за неуспех на оваа влада да ја води државата кон европската интеграција и да го почитува самиот Охридскиот мировен договор, стои во соопштението на ДУИ. „Од првиот ден на мандатот, покрај блокирањето на европската перспектива, оваа влада и нејзините партнери ги напаѓаат темелите на еднаквоста и Охридскиот ...

Поради дефект на 110 киловолтна трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од Електродистрибуција за МИА соопштија дека нивни екипи се упатени на лице место со цел санација на дефектот. Центарот за управување со кризи ЦУК исоопшти дека се работи за пожар на дивата депонија ...

Со панахида во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село и полагање на цвеќе пред споменикот денеска беше одбележана 101 годишнината од убиството на на контроверзниот историски лик Тодор Александров. Според претседателот на патриотскиот институт при ВМРО ДПМНЕ, Александар Пандов Александров е еден од главните столбови за формирање на современата македонска држава. -За мене како Македонец, историчар и политичар, токму Тодор ...

Потребен е државнички пристап за одблокирање на европските интеграции, жалам што премиерот еднаш бара конструктивност, а потоа одбива секаков предлог, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање коментирајќи го одбивањето на предлогот за заедничка Резолуција во македонското Собрание за црвените линии како механизам за заштита на државните и национални интереси од страна на премиерот Мицкоски. -Навистина ...

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, го отфрли потенцијалното распоредување на Националната гарда во градот од страна на американската федерална влада, откако синоќа потпиша извршна наредба за да се спротивстави на претстојната репресија против имиграцијата. Осврнувајќи се на распоредувањето на силите во Вашингтон од страна на американскиот претседател Доналд Трамп претходно овој месец, Џонсон рече: „Не сакаме да видиме тенкови на нашите ...

После 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, лозарите се оставени сами, без никаква реална поддршка од владата. Наместо вистинска грижа за едно од најважните земјоделски производствa, лозарите денес се соочуваат со понижувачки ниски откупни цени и неправедни услови, стои во соопштението на СДСМ. „Откупната цена е зголемена за само пола денар по килограм, во услови кога сите производствени трошоци драматично растат. Во вакви услови, ова минимално ...

Во чест на 40 години од првото емитување на култната детска серија „Бушава азбука“, на 31 август во 10:30 часот во Дебар Маало ќе биде откриен мурал посветен на овој вечен симбол на македонската детска култура. Со овој настан започнува прославата на јубилејот и најавата на нови содржини за најмладите. „Tоа е повеќе од емисија, тоа е некое културно наследство и тоа може да се обновува и да се појавува повторно и повторно. И, практично, луѓето го ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп укинува повеќе од 500 работни места во медиумската агенција одговорна за Гласот на Америка (ВОА) и другите странски медиуми финансирани од владата, изјави претставникот за медиуми на администрацијата, Кари Лејк. Лејк го објави овој потег еден ден откако федерален судија ја блокираше нејзината одлука за разрешување на Мајкл Абрамовиц од функцијата извршен директор на ВОА, јавија ...

Италијанците Матео Фурлан и Федерико Тамборино и Матијас Диас Хернандес од Аргентина во машка, како и Аргентинката Мајте Ајлен Пука во женска конкуренција се прогласени за победници на 38-миот Охридски пливачки маратон што денеска се одржа во водите на Охридското Езеро. Лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови ги спречи учесниците да стигнат до целта, на Градското пристаниште. По четири и пол часа пливање трката беше прекината ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
92%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948