Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија. Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа. Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од скршено стакло. Напаѓачот бил уапсен во ...

Аеродромот во норвешкиот главен град Осло рано утрово привремено ги прекина слетувањата по пријави за забележани дронови во близина. Неколку летови што пристигнуваа беа пренасочени или одложени откако пилот на норвешка авиокомпанија околу полноќ изјави за полицијата дека верува оти забележал три до пет дронови додека се приближувал кон аеродромот. Норвешките медиуми јавија дека нема потврда за присуството на дронови. Аеродромот оттогаш продолжи ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе се одржи разговор со писателката Румена Бужаровска, чиј роман „Тони“ е книга на месецот и дел од четвртиот циклус на кампањата на Библиотеката – „Читаме современи македонски автори“. -Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, „Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко ...

Скопјани утрово имаат вода, но снабдувањето сè уште е со намален притисок, откако вчера голем дел од градот остана без водоснабдување поради пукната цевка во населбата Влае. Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека проблемите започнале со повеќе краткотрајни прекини на електричната енергија во регионот кај бунарите на Лепенец. Тие предизвикале варијации во притисокот на пумпниот систем, што довело до дефекти на главната водоводна линија ...

Најмалку 350 туристи кои останале заглавени по снежна бура на тибетската страна на Монт Еверест се спасени, јавија кинеските државни медиуми. Спасувачките тимови безбедно ја префрлиле групата во најблиското населено место, Чуданг, пренесе ДПА. Претходно беше објавено дека речиси 1.000 луѓе биле заглавени на околу 4.900 метри надморска височина, на источната страна на планината. Нивните шатори биле делумно оштетени од бурата, а пристапните ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба за испраќање 300 припадници на Националната гарда во Чикаго, откако федерален судија привремено ја блокираше одлуката за испраќање на Националната гарда во Портланд, град каде што, како и Чикаго, демократите се на власт. „Претседателот Трамп овласти 300 припадници на Националната гарда да ги штитат федералните агенти и имотот“ во Чикаго, Илиноис, објави неговата портпаролка ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, преместува околу 200 федерални припадници на Националната гарда на Калифорнија од регионот на Лос Анџелес во Портланд, Орегон, соопшти синоќа Пентагон, дури и откако двете држави поднесоа заедничка тужба во федералниот суд за блокирање на неговата одлука. Во кратко соопштение, Пентагон наведе дека војниците „ќе ги поддржат Службата за имиграција и царина на САД и другите федерални службеници во ...

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски зборуваше за опозицискиот лидер, Венко Филипче, кој за време на претходната власт беше министер за здравство, и комплетно го колабираше здравството во земјата, а сега се фали ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Пехчево од каде порача дека борбата на овие избори не е само локална ниту само политичка туку е економска и борба за достоинство. „Се бориме за 500 евра минимална плата на работниците. За правото на човекот да живее чесно од сопствената плата да може да оди во маркет, да ги обезбеди децата, да го обезбеди семејството. Се бориме за правда, за достоинство и за надеж“, рече Филипче. ...

Концертот на британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс, закажан за 7 октомври во Истанбул, е откажан поради безбедносни причини. Концертот беше закажан на истиот ден како и годишнината од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, што ја предизвика војната во Појасот Газа. Компанијата што го организира концертот соопшти дека е откажан „во согласност со одлуката донесена од канцеларијата на гувернерот на ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна попладнево премиерниот гол за Ренџерс во шкотската Премиерлига, во ремито 1-1 на гостувањето против Фалкирк. Миовски му донесе водство на Ренџерс во 41 минута, а на теренот остана до 61 минута кога беше заменет со Чермити. Фалкирк дојде до израмнување на резултатот во 73 минута со голот на Картрајт. Ренџерс со освоениот бод го продолжи очајниот старт во новата сезона и со една победа во ...

Кога мислиме на живот надвор од Земјата, првото нешто што ни доаѓа на ум се другите планети. Но современата астрономија и планетарна наука сè повеќе ја насочуваат лупата кон месечините – природните сателити, особено оние што орбитираат околу гасовитите џинови Јупитер и Сатурн. Иако изгледаат како ладни, мрачни и неплодни светови, токму тие месечини кријат подземни океани, активна геологија, органски молекули и дури целосни системи со потенцијал ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Сингапур, додека Мекларен ја одбрани титулата во конкуренција на конструктори. Расел до својата петта победа во кариера, а втора оваа сезона, дојде во доминантен стил, зачувувајќи ја предноста од полпозицијата во текот на целата трка. Второто место го освои актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул, а на подиумот се искачи и третопласираниот Ландо ...

Република Северна Македонија (РСМ) е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот Румен Радев на „Икс“, по телефонскиот разговор со неговата колешка Гордана Сиљановска Давкова, јави БТА. -Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да ...

Во салата на Музејот на Современа уметност, вчера се одржа промотивната Конвенција на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на која беа претставени кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, и советничката листа. -На Центар му треба предводник кој ќе биде вистински претставник на граѓаните. Доволно млад и енергичен, доволно стручен и посветен татко на општината. На Центар му треба човек кој ќе воведе ред, ќе создаде урбан ...

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше во машка конкуренција на 21. издание на Виз Ер Скопскиот маратон 2025, со што првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика. Ивановски, кој повеќе пати претходно беше најдобар македонски маратонец во Скопје, годинава во драматичен финиш, помина прв низ целта со време 2:14:50 часа, пред минатогодишниот победник, Кениецот Џулиус Кипкоеч (2:15.20 ...

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат на ДПМНЕ, како што се и 17 други кандидати за градоначалник на Скопје, денеска го отвори Скопскиот маратон. Во кое својство и зошто токму Орце е одбран кога нема никаква врска со маратонот?, прашуваат од СДСМ „Одговорот е јасен кога е во прашање валканата кампања и злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот партиски другар од Министерството за спорт, Борко, решил да му потпомогне на ...

Силното невреме што зафати денеска делови од Европа предизвика прекини во снабдувањето со електрична енерегија, откажување на летови, соборени дрвја и блокада на некои сообраќајници. Во неколку европски земји, припадници на противпожарните служби се ангажирани во санација, јави ДПА. Во белгискиот главен град Брисел, противпожарната служба одговори на околу 90 повици, претежно за паднати дрвја или скршени гранки. Бројни повици и материјална штета ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер планот за Чаир, стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри, се наведува во соопштението на кандидатот за градоначалник на Чаир Изет Меџити. Мастер планот е ...

Тројца хрватски планирани наводно се однесени од лавина која се спушти под врвот Тоска, во Јулиските Алпи,во Словенија. Во тек е спасувачка акција, а повикани се и полицијата и шумските спасувачи. Според првите информации, тројцата хрватски државјани се водат како исчезнати откако ја напуштиле групата во Водниковата куќа во Веле Поле. Информацијата ја потврди за 24ur.com Полициската управа Крањ. Според досега познатите информации, седум ...

Синичките пламенчиња што со векови ги плашеле луѓето во мочуриштата – познати како „will-o’-the-wisps“ – долго се сметале за духови на удавени души. Сега научниците конечно го објаснија феноменот: тие се резултат на палење на метан што излегува од мочуриштата. Истражувањето, предводено од Ричард Заре од Универзитетот Стенфорд, покажува дека палењето се случува поради „микромолњи“. Кога водата формира ситни капки или меури, на нивната површина се ...

Литванија го прекина воздушниот сообраќај на аеродромот во Вилнус поради видени сомнителни балони во нејзиниот воздушен простор, а летовите се пренасочени, објави националната телевизија ЛРТ. -Воздушниот сообраќај е привремено прекинат поради, колку што ни е познато, можна низа од балони што се движат кон Вилнус, изјави портпаролот на операторот на аеродромот ЛТУ за агенцијата БНС. Аеродромот во литванската престолнина Вилнус беше повторно ...

Две лица се убиени, а две ранети во руски напад во регионот Лвив, објави шефот на регионалната државна администрација на Лвив, Максим Козицки, пренесува Укринформ. „Според прелиминарните податоци, две лица загинаа, а уште две се повредени во регионот Лвив како резултат на комбиниран напад од беспилотни летала и крстосувачки ракети“, напиша Козицки. Според него, сите надлежни служби работат на местото на настанот. Во руските напади врз ...

Селотејп коалицијата Таравари, Села и Ахмети се во паника. Тие знаат дека Албанците им го вртат грбот, па затоа го избраа единствениот пат што го знаат, измама, стои во соопштението на ВЛЕН. „Тие кажуваат работи во кои самите не веруваат, бидејќи се политичари кои се толку истрошени, исцрпени и безнадежни што дури и луѓето најблиски до нив ги гледаат како товар. Секој пат кога Албанците ќе помислат дека Али Ахмети научил од лекцијата што им ја ...

Израелската армија денеска пресретна ракета истрелана од Јемен, од каде што бунтовниците Хути редовно вршат напади. „Ракета истрелана од Јемен беше пресретната од израелските воздухопловни сили“, објави израелската армија на Телеграм. Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, редовно лансираат ракети или беспилотни летала кон Израел, а огромното мнозинство од тие ракети се пресретнати. Израел одговори на нападите минатиот месец и ги бомбардираше ...

Според проценките на израелската армија, околу 900.000 од вкупно околу еден милион Палестинци, кои живееле во градот Газа и северниот дел од енклавата пред големата офанзива на Израелските одбранбени сили (ИДФ), сега се евакуирани на југот од Појасот Газа. Според израелските податоци, бројот на Палестинци што го напуштаат северниот дел од Појасот Газа се зголемил во последните недели по напредувањето на израелската армија, објави „Тајмс оф ...

– Четири години слушаме приказни, а гледаме ништо. Нема нови места за младите, нема средени паркови, нема идеи што ќе го раздвижат Аеродром. Кој лаже, треба да се казни. Нема за што да им веруваме, ВМРО-ДПМНЕ ја пропушти шансата, вели д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Аеродром во соопштение што го пренесува СДСМ. „Време е оваа општинска власт да си замине – тие зборуваат за иднината, а живеат во минатото. ...

Пред 15 месеци наследивме држава пред банкрот, речиси распадната после се она што го правиме и се она што ќе го направиме Македонија со овој народ ќе успее рече на вечерашниот митинг во Куманово, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата, Христијан Мицкоски. Повикувајќи ги граѓаните, тој ги повика да направат вистински избор за иднината, да ја поддржат советничката листа предводена на ВМРО ДПМНЕ и актуелниот и иден градоначалник на ...

Од денеска започнуваме ново патување на Фронтлајн.мк – ‘Дневен хороскоп со Анаис’. Секое утро (од понеделник до петок) Анаис ќе ви носи свежа астролошка мудрост и насоки за денот што е пред вас, а во сабота наутро ќе оди специјално Викенд издание. АСТРОЛОШКА ПРОГНОЗА Денеска Месечината транзитира низ чувствителните и мистични Риби, носејќи ни ден исполнет со интуиција, емоции и скриени внатрешни пораки. Под ова влијание, нашите соништа и ...

– Кој ќе одржи прес конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци?Кога беа опозиција Мицкоски, Николовски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци држеа прес-конференции, обвинувајќи дека фирмата ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“, истакнуваат во соопштение СДСМ. „Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе бараат ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
4.12
81%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
74%
1030
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
82%
1030
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
93%
1028
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
3.64
96%
1033
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.34
94%
1030
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
81%
1021
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1020
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
79%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
77%
1031
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.75
93%
1023
Currency

61.555

Currency

52.283

Currency

70.5501

Currency

35.0597

Currency

38.2287

Currency

66.3052

Currency

7.43911

Currency

0.66185

Currency

0.33514

Currency

0.52514

Currency

1.22031

Currency

0.58206

Бакар

11.20

Цинк

3.06

Злато

144017.46

Паладиум

54624.12

Сребро

2312.17

Калај

43.36

Рутениум

29514.39

Платина

72468.23

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.96

Родиум

265243.66

Иридиум

145787.60