Талибанските власти во Авганистан побараа меѓународна помош откако силен земјотрес уби стотици луѓе и срамни со земја цели села, натрупувајќи дополнителна беда врз земјата опустошена од војна, која веќе се бореше со недостиг на храна и намалување на странската помош, пренесува Си-ен-ен. Најмалку 900 луѓе загинаа, а 3.000 беа повредени откако земјотресот со јачина од 6,0 степени ги погоди градовите и селата во близина на границата со Пакистан во ...

Два пожара се активни во моментов низ државава, додека три се ставени под контрола. Изминатото деноноќие, до осум часот утрово, на територија на државава регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, 13 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Нискостеблеста вегетација гори во подрачјето на селата Црнилиште и Долгаец во општина Долнени. Мешана шума гори во регионот на селото Никуштак во општина Липково. ...

Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, ...

Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2.08 %, а најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.54 %. Највисока стапка на слободни работни места од 3.77 % има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот ...

Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер – Социјалдеомкратки сојуз (СДСМ). -Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува ...

Септември носи свежа доза возбудливи премиери од најголемите светски платформи. Од спин-оф на легендарната The Office, преку трилери и семејни драми, до враќање на омилени хитови – еве ги најочекуваните 12 серии што ќе ја одбележат новата телевизиска сезона. 1. The Paper Американската верзија на The Office е сè уште обожавана и 20 години по стартот. Овој спин-оф ја задржува истата „mockumentary“ форма, но е приспособен на сосема изменетиот ...

Со новото задолжување, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ го потврди своето лицемерие, негрижа за граѓаните и уште еднаш покажа неодговорност во управувањето со јавните финансии, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната Комисија за финансирање на буџетот. Тој потенцираше дека пратениците кои сега се дел од власта гласаа, ќе гласаат за ново задолжување, за изградба на училишта, но тоа е истиот закон што самите го блокираа и оцрнуваа ...

Добро е да знаеме на што сме. ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и тоа го повторуваме цело време, апсолвирано е тоа прашање, со лажна кампања. Ветуваа подобри преговарачки позиции, а не спомнаа дека преговорите ќе запрат. Сега практично се запрени, ништо не се случува. Од една страна ништо не се случува ниту со реформската агенда, нема носење реформски закони во Парламентот, ниту пак нешто се случува во делот на тоа што е добиена понуда од цела ЕУ, а тоа ...

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски вели дека има напредок во давањето согласности за трајни вработувања во претхолските установи и училиштата, но оти сега тој процес е прекинат поради предизборниот период. По изборите, смета тој, процесот треба да продолжи согласно направен план колку и со каква динамика која од обштините би добивала согласности. Дециден е дека овој процес се одвива согласно потребите на ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува неодговорност во управувањето со јавните финансии и секој ден ги задолжува граѓаните, реагираше пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната Комисија за финансирање на буџетот. “Задолжување имаме за 94% завршен проект. Проектот за подобрување на основното образование, кој започна уште во април 2021 година, со предвиден рок за реализација до февруари 2026 година, според зборовите на ...

Од сите планети во Сончевиот систем, Марс отсекогаш бил најголемата мистерија за човештвото. Со својата црвеникава боја, која може да се види дури и со голо око, тој уште од античките времиња бил симбол на нешто надворешно, опасно и возбудливо. Римјаните го именувале по богот на војната – Марс, додека Грците го знаеле како Арес. Денес, пак, за научниците, визионерите и љубителите на вселената, оваа планета е „следната голема дестинација“ по ...

Во 2023 година вкупно 12,2 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување, нечистотија или проблеми со животната средина кои влијаеле врз нивното домаќинство, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Во соопштението се посочува дека ваквите податоци претставуваат намалување во споредба со 2019 година кога загадување во нивната околина пријавиле 15,1 отсто од жителите на Унијата. Најголема стапка на пријавени проблеми поврзани со ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон даде свое видување за настапот на Големата награда на Холандија, каде што не ја заврши трката поради излетување од патеката. – Тешко е да се прифати овој резултат, но додека продолжувам да се движам напред, се концентрирам на многуте позитивни работи. Новиот пристап многу се подобри, а направените промени дефинитивно помогнаа да се постигне напредок. Иако сè уште не сме во позицијата во која би сакале да бидеме, ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, истакна дека проектот БРТ е единственото функционално и одржливо решение за решавање на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје. Во гостување на Сител телевизија, Шукова зборуваше за својата визија и програма за враќање на духот на градот и подобрување на квалитетот на животот. „Сметам дека БРТ мора да се реализира прво, затоа што е брз и ефикасен систем, второ затоа што ...

Жителите на Брисел, пред се странците, не треба да се плашат од насилниот криминал во белгискиот главен град, бидејќи тој е ограничен само во некои градски населби, изјави комесарот за Европа и меѓународни организации на Бриселскиот Регион, Ален Хачинсон. Од почетокот на годината во Брисел се регистрирани речиси 60 вооружени инциденти и престрелки, од кои околу 20 само во текот на летните месеци, состојба која бриселскиот јавен обвинител Жилиен ...

Авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне леташе за Бугарија останал без ГПС навигација и морал рачно да слета, со помош на хартиени мапи, јави ДПА. Тројца службеници запознаени со инцидентот изјавија за „Фајненшл тајмс“ дека се сомневаат во руско попречување. „Целата област околу аеродромот остана без ГПС“, рече еден од службениците. „Авионот кружеше над Пловдив повеќе од еден час, по што ...

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно ...

На покана од Репортери без граници – РСФ (RSF) и Авааз, глобална невладина организација под покровителство на Фондацијата Џорџ Сорос, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема да има никој да ви известува“, е пораката на насловните страници со црна позадина на францускиот весник ...

Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар, соопштија властите. – Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени, соопшти портпаролот на авганистанската влада, Мавлави Забиула Муџахид. Тој истакна дека бројот на жртви може ...

На најмладите и наставниците сакам да им порачам две работи. Ова се години кога учите за две многу значајни вредности, а тоа се семејството и татковината, нашата Македонија. Наставниците сум убеден дека вредностите коишто, најмладите првоодделенчињата ќе треба да ги дознаат за своето семејство за мама, за тато, за даде и за бато, но исто така и за она што се вика татковина, нашата преубава Македонија, ќе го пренесат во вистински начин, во ...

Власта има лоши економски политики, ниту пак води грижа за работниците во било кој сектор и воопшто нема најава за зголемување на платите. Не може државата да се движи напред, не може луѓето да дадат сè од себе во својот работен процес ако не се стимулирани, а не се. Едноставно, не можат да врзат крај со крај, рече денеска во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Државата тоне во економска несигурност, додека ...

Група од околу 50 Авганистанци, кои му помогнале на Бундесверот за време на мисијата во Авганистан, денеска ќе пристигнат во Германија и покрај отпорот на сегашната германска Влада. Околу 50 авганистански државјани, на кои им беше ветен азил во Германија откако талибанците дојдоа на власт, бидејќи му помогнале на Бундесверот за време на мисијата во оваа земја, се наоѓаат во авион на линијата Исламабад-Хановер, објавуваат германските медиуми ...

Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје, на првиот училиштен ден од новата учебна година ја посети гимназијата „Никола Карев“, и испрати порака за важноста на образованието и како и поддршка на младите. „Почетокот на септември секогаш носи нови предизвици, нови знаења и нови пријателства. Верувајте во себе, бидете упорни и љубопитни, затоа што секој од вас носи огромен потенцијал“, изјави Шукова, обраќајќи се до учениците. ...

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска даде поддршка на Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со коишто треба да се обезбеди правна сигурност и ефикасност во постапките за одобрување и спроведување на промените во сопственичката структура на радиодифузерите. Како што беше појаснето на седницата, со допрецизирање на членот ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го повтори својот став дека договор со Хамас за делумно примирје и ослободување на заложниците „не е на маса“, објавија израелските медиуми. „Тајмс од Израел“ јави дека за време на шестчасовната седница на израелскиот кабинет за безбедност, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се залагал за гласање против предлогот за прифаќање на какви било делумни договори, на што Нетанјаху одговори ...

Ерик Тен Хаг повеќе не е тренер на бундеслигашот Баер. Одлуката ја донесе бордот на акционери на клубот од Леверкузен. – Ова не беше лесна одлука. Никој не сакаше да го преземе овој чекор. Сепак, последните неколку недели покажаа дека е невозможно да се создаде нов и успешен тим со таква структура. Цврсто сме убедени во квалитетот на нашиот тим и сега ќе направиме сè што е можно за да го развиеме клубот, изјави спортскиот директор на Баер, Симон ...

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан одобрена е првата исплата на средства за нашата земја во износ од осум милиони евра. Со оваа Одлука, информираше денеска Министерството за европски прашања, одобрени се 2.3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни ...

Вакцините се витална алатка што спасува милиони животи секоја година. Загрижувачки е што владата на Соединетите Американски Држави сака да го намали финансирањето за клучната организација што спасува животи во светот преку имунизација, а во услови на дебати за безбедноста на вакцините, светот бележи зголемување на случаите на сипаници. Политиката околу пандемијата на КОВИД-19 доведе до зголемено отфрлање на вакцините, а таа промена придонесе за ...

Соединетите Американски Држави ги суспендираа визите за речиси сите лица кои поседуваат палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани официјални извори. Новата мерка е построга и од претходните ограничувања воведени од американскиот претседател Доналд Трамп, кои се однесуваа на патници од Газа. Актуелната мерка ќе им оневозможи на Палестинците патувања во САД за медицински третмани, студии или деловни активности, ...

Северна Македонија се позиционира на 51. место на Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година, со резултат од 1,799, што претставува пад од четири позиции во однос на минатата година, според извештајот на Институтот за економија и мир (IEP). Оваа позиција ја става земјата во средината на листата од 163 држави во светот, а е во рамки на регионот Западна и Централна Европа, кој останува најмирен во светот, иако бележи благ пад од 0,57 отсто во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
92%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948