Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР е јавен настан на ЦИВИЛ што ќе се одржи денеска во Тетово, со почеток во 13:30 часот, во просториите на невладината организација „Подобро за Тетово“. Локалните лидери во заедниците, граѓанските организации, претставниците на политичките партии и независните кандидати, институциите, медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да проследат неколку јавни пораки и презентација на проектот ДЕМОКРАТСКИ ...
Операта „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало на 7 ноември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет, под диригентство на Кочар Балаж од Унгарија, а во режија на Дејан Прошев. Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу (Неда), Антонело Паломби од Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски (Тонио), Драган Ампов (Силвио), Јане Дунимаглоски (Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на ...
Изложбата „Современа скулптура” ќе биде отворена вечерва во Музејот на Град Скопје, со учество на 16 уметници од различни генерации. Како што соопшти Друштвото на ликовни уметници на Македонија изложбата „Современа скулптура” 2025, реализирана како дел од програмските активности на ДЛУМ, со поддршка на Министерството за култура и туризам, претставува значаен преглед на современите скулпторски тенденции во македонската ликовна сцена. ДЛУМ ...
Рускиот претседател Владимир Путин се фали со својата нова нуклеарна крстосувачка ракета Буревестник – „уникатен изум“ со „неограничен дострел“. Што всушност се знае за оружјето? Во видео објавено од Кремљ, кое наводно покажува пробив во развојот на сосема ново оружје, првото нешто што го забележувате е она што не можете да го видите: самото оружје. Наместо тоа, снимката го прикажува рускиот претседател Владимир Путин како седи високо на маса ...
Шампионот во Формула 1 од 2009 година, Џенсон Батон, објави дека се повлекува од трките, јави „Би-би-си“. На 8 ноември, 45-годишниот Батон ќе се натпреварува во трката „8 часа Бахреин“, што ќе биде неговата последна професионална трка. Батон се натпреваруваше во 306 трки во Формула 1, од кои победи во 15. Тој го освои шампионатот во 2009 година со тимот Браун. Возеше и за Вилијамс, Бенетон, Рено, БАР, Хонда и Мекларен. По пензионирањето од ...
Холивуд зад завесата – Џулија Робертс Вистинските приказни зад славата Во 1990 година Холивуд ни подари нешто што одамна го немавме видено – бајка што изгледаше невозможно во реалниот свет, но сепак се втисна во колективната меморија. „Pretty Woman“ не беше само филм за љубов меѓу проститутка и милионер; беше современа Пепелашка во град на грев и гламур. А зад сите насмевки, шеги и романтични сцени стои една цела мрежа на пикантерии, ...
Итни прекини на електричната енергија беа воведени во „сите области на Украина“ поради уште еден масовен руски напад со ракети и беспилотни летала извршен преку ноќ, насочен кон енергетската инфраструктура, соопшти државниот оператор на енергетска мрежа Укренерго на 30 октомври, пренесува Кијив Индипендент. „Кога електричната енергија е достапна според распоредот, ве молиме користете ја штедливо“, соопшти Укренерго. Руските сили нападнаа ...
Рускиот нафтен гигант „Лукоил ПЈСК“, кој е под санкции на САД, соопшти дека ја прифати понудата од енергетска компанија „Гунвор Груп“ за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“. Според „Лукоил“, склучувањето на обврзувачки договор за трансакција со „Гунвор“ е предмет на исполнување на одредени услови, вклучувајќи го и добивањето на одобрение од американската влада, како и други релевантни лиценци, дозволи и ...
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто во споредба со вчерашната одлуката. Новата малопраодажна цена на ...
Историјата и науката повторно се споија на површината на Месечината. Индиската мисија Chandrayaan-2, со својот орбитер опремен со високо-резолуциски камери, успеа да сними дел од областа на слетување на мисијата Аполо 11, каде што во 1969 година Нил Армстронг и Баз Олдрин ги направија првите човечки чекори надвор од Земјата. „Тивок споменик на човештвото“ Сликите, направени од индискиот Lunar Reconnaissance Orbiter, прикажуваат јасни детали ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во нова објава на TruthSocia изјави дека Соединетите Држави поседуваат повеќе нуклеарни оружја од која било друга земја во светот, тврдејќи дека тоа било постигнато во неговиот прв мандат со „целосно обновување и модернизација“ на арсеналот. „Поради огромната деструктивна моќ, го мразев тоа, но немав избор!“, напиша Трамп, додавајќи дека Русија е втора по големина на нуклеарен арсенал, а Кина ...
Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Релиќ го освои 9. место на Светското првенство Г-14 во Вукси, Кина. Рељик во првото коло беше слободна поради добрата ранг позиција, во второто коло, ја совлада Селидиене Карнеиро од Бразил по што следуваше пораз од домашната натпреварувачка Ксимин Чен. Според тренерот на Македонката, Александар Ефтимов, поразот е резултат на нефер судско влијание. – Да не се здобиевме со силната повреда против ...
Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ Изет Меџити – еден од лидерит на ВЛЕН посочи дека кај политичкиот субјект ДУИ (Национална алијанса за интеграција) веќе се случуваат процеси на распаѓање, откако според него очекувањата за поголем резултат по заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН не се остварија. – Процесот веќе започна, бидејќи во ДУИ (НАИ) не го очекуваа овој резултат. … Сега кај нив нема чувство на пораз, туку чувство на изгубена надеж, ...
Поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Џон Оби Микел, објасни зошто не сака да го критикува Ливерпул оваа сезона. -Слушнав дека Мо Салах бил многу блиску до Жота. Сега тој не личи на самиот себе… Изгледа како сенка од своето поранешно јас… Затоа ќе бидам внимателен и многу смирен кога го критикувам овој тим на Ливерпул. Да не заборавиме што се случи! – го цитира „OneFootball“ Оби Микел. Триесет и тригодишниот Египќанец постигна четири ...
Персиска мачка од Ниш, јужна Србија, победи на меѓународната изложба за најубави и најдобри мачки организирана од Светската федерација за мачки (World Cat Federation – WCF) во Софија. Имено, изминатиов викенд во главниот град на Бугарија, првото место беше резервирано за српската куќа за одгледување мачки „Николато“ – специјализирана за одгледување персиски мачки. Притоа, мачорот по име Николато Махатма Ганди ги освои највисоките можни титули ...
Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk. Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“, организиран од Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академиите за ...
Нема дел од државата во којшто не поминавме во оваа кампања и нема ниту една категорија на граѓани кои се задоволни од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашниот граѓански собир во Конче. Филипче посочи дека за година и пол владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги зголеми платите , ниту пак им помогна на граѓаните во услови кога цените на храната растат од месец во месец. ...
Кина денеска ги повика САД „сериозно“ да ја почитуваат меѓународната забрана за нуклеарни тестирања, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наредил на своето Министерство за одбрана да го тестира нуклеарното оружје на неговата земја. „Кина се надева дека САД сериозно ќе ги почитуваат обврските од Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови и нивната обврска да забранат нуклеарно тестирање и да преземат конкретни ...
Пишува: НИКОЛА НАУМОСКИ Во еден момент од вчерашниот дуел има очигледно договорена заседа во која што водителот има блиц-квиз прашање за Амар кое што не го знае. После водителот се врти кон Орце и овој изразува разочарување од непознавањето на Амар на градските генералии и пука како од пушка: 11 јавни претпријатија, 9 културни институции и 23 средни школи се под Град Скопје. Пун со себе, како да го воспитува детето пред него, нема ни ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз (0:3) од Кристал Палас во осминафиналето на Лига купот на Англија. – Не се повлекувам од мојата одлука по натпреварот. Дури и со нашите главни играчи, ќе се мачевме да постигнеме резултат против Кристал Палас. Го видов почетниот состав на Манчестер сити, а тие немаа ниту еден играч од викендот, но се чувствуваше како да се подобриот тим. Во Ливерпул, мора да се ...
Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во македонската историја, за македонската култура, вели Марко Виденовиќ член на Македонската филхармонија повеќе од дваесет години за настапот во Златната сала на Музикферајн во Виена – една од најпрестижните концертни сали во светот. Виденовиќ музицира на виола и е водач на виоли во оркестарот. Пишува поезија, компонира, а воодушевеноста од како што вели магичниот ...
Американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот одржан денеска во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека се донесени многу одлуки, објавија американските медиуми. Лидерите на двете најголеми економии во светот, кои се заглавени во повеќемесечна трговска војна, се ракуваа и дадоа кратки изјави за новинарите пред ...
Со свечен прием во резиденцијата на турската Амбасада во Скопјe синоќа беше одбележана 102-годишнината од основањето на Република Турција. На настанот присуствуваа високи престваници на политичкиот и општетсвениот живот во Северна Македонија, меѓу кои претседателот на Собранието, Африм Гаши, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север. Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 ...
Месечината во Водолија: време за свежина, храброст и независна мисла Денот започнува под блесокот на Месечината во Водолија, носејќи бран на оригиналност, слобода и инспиративни идеи. Енергијата е електрична, малку непредвидлива, но исполнета со креативни искри. Денес светот изгледа поширок, а вие сте поканети да го гледате од нов агол. Со овој воздушен знак што поттикнува иновации, пријателства и визии за иднината, најдобрите нешта ќе дојдат ...
Уште пет апсења се извршени во врска со дрскиот грабеж на вреден накит во музејот Лувр во Париз, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко за радиодифузерот РТЛ, со што вкупниот број на приведени осомничени се зголеми на седум, пренесе ДПА. Осомничените се приведени од регионот на француската престолнина, неколку дена откако две лица беа приведени во текот на викендот во врска со спектакуларната кражба што беше изведена на 19 октомври. ...
Здружението на пензионери на Општина Центар изрази надеж дека добрата соработка со актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Тие информираат дека на вчерашната средба размениле повеќе идеи и предлози за подобрување на условите за пензионерите во општината. На својот официјален Фејсбук-профил, здружението напиша: „Денес градоначалникот на Општина Центар беше во работна посета на здружението, каде што ...
Во текот на изминатата ноќ и утринава Русија масовно нападна енергетски објекти во Украина со беспилотни летала и ракети, а цел на напад беа Ивано-Франкивскиот, Хмелницкиот, Кијивско и Запорожскиот регион, изјави денеска украинската премиерка Јулија Свириденко. „Вечерва, Русија повторно масовно ја нападна Украина со ракети и беспилотни летала, повторно гашајќи ги нашите енергетски објекти“, рече Свириденко во објава на Телеграм, пренесува ...
Вашингтон и Пекинг ќе соработуваат за да се заврши војната на Русија во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, јави ДПА. „Долго време разговаравме за тоа и двајцата ќе соработуваме за да видиме дали можеме да постигнеме нешто“, им рече Трамп на новинарите на летот назад кон Вашингтон. Според Трамп, двајцата лидери се согласиле дека Русија и Украина се ...
Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на две нови претстави. Ансамблот интензивно работи на подготовките на претставата „Црнила“ од Коле Чашуиве во режија на Дејан Пројковски. – Претставата „Црнила“ ќе го истражува моралниот пад на човекот, братоубиствотои предавството вомакедонската револуционерна борба. Централниот настан е убиството на македонскиот револуционер Ѓорче Петров од неговите соработници во ...