Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) официјално е во фаза на затворање, соопшти американскиот државен секретар Марко Рубио. – Од јануари, им заштедивме на даночните обврзници десетици милијарди долари. Со мал број клучни програми кои се префрлени во Стејт департментот, УСАИД официјално е во режим на затворање. Рос Ваут сега го презеде раководството на процесот на ликвидација на оваа агенција, која одамна го ...

Унгарија е единствената земја од ЕУ што не е на списокот на земји што ја поддржаа изјавата на Европската Унија со која се осудуваат нападите врз Кијив во кои загинаа 23 лица. Изјавата ја поддржаа 26 земји-членки на ЕУ (Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, ...

Општина Центар најостро ги демантира наводите објавени во неколку медиуми дека за шест месеци биле издадени 64 градежни дозволи во Центар. Оваа информација е целосно неточна и претставува груба манипулација со јавноста. Тврдењата дека Општината ги потпишувала сите можни дозволи во предизборен период се целосно неосновани, реагираат со соопштение од Општина Центар. „Ве информираме, дека во последните шест месеци општината има издадено 24 ...

Велика Британија им забрани на израелски владини претставници да учествуваат на најголемиот саем за одбранбена техника во земјата, поради ескалацијата на војната против Хамас во Појасот Газа. Одлуката е дел од притисокот врз Израел, иако Лондон и Тел Авив традиционално имаат блиски односи, јави ДПА. Поради ограничувањата, израелското Министерство за одбрана најави дека нема да организира национален павилјон на саемот „Defence and Security ...

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се укине заштитата од Тајната служба за поранешната потпретседателка и демократска претседателска кандидатка Камала Харис, пренесуваат американските медиуми. По завршувањето на мандатот, Харис имаше шестмесечна заштита која требало да се продолжи според директива потпишана од нејзиниот партиски колега и поранешен претседател Џо Бајден, непосредно пред напуштањето на Белата куќа. Одлуката на Трамп ...

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека останала без критични медицински залихи во Газа, кои ѝ се потребни за лекување на сè поголемиот број заболени од реткиот Синдром Гилијан-Баре кој предизвикува парализа. Во Појасот Газа од јуни се документирани 94 случаи на Синдром Гилијан-Баре, кој предизвика 10 смртни случаи. Како што е соопштено, меѓу смртните случаи предизвикани од Синдромот Гилијан-Баре се и четири деца под ...

Заклучно со 28 август, вкупно 1712 граѓани направиле увид на своите лични податоци во Избирачкиот список за Локалните избори 2025. Од нив, само еден поднел барање за запишување во Избирачкиот список, 19 лица поднеле барање за промена на личните податоци во Избирачкиот список и едно лице побарало бришење, информираат од Државната изборна комисија за МИА. ДИК, како што посочуваат од Комисијата, има одлична соработка со сите релевантни институции ...

Постапка за собирање потписи за градоначалници до вчера (28 август) започнале вкупно 13 независни кандидати и тоа по еден кандидат во Македонска Каменица, Куманово, Охрид, Дебарца, Дебар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и еден кандидат за Град Скопје. Сите кандидати ја подигнале својата кандидатура освен во Куманово каде постапката на собирање потписи е сеуште во тек, информираат за МИА од Државната ...

Француските синдикати денеска најавија дека на 18 септември ќе организираат протести и штрајкови против фискалните планови на Владата во Париз, која подготвува значителни буџетски кратења. – Нашите организации повикуваат на акција на 18 септември, што подразбира штрајкови и протестни собири, изјави лидерката на најголемиот синдикат ЦФДТ, Матилд Леон, по состанокот на осум големи синдикати. Таа додаде дека нацрт-буџетот на Франција, кој го оцени ...

Јавниот превоз во Скопје е една од клучните слабости на Градот! ДПМНЕ и Аросвска ветуваа нови еколошки автобуси, бесплатен јавен превоз и ред во јавниот сообраќај. Денес – нема нови автобуси, а постојните се стари, нечисти, доцнат премногу, а некогаш и не доаѓаат воопшто. Дел од приградските линии се укинати или нередовни. Градскиот јавен транспорт е крајно небезбеден и во колапс, изјави на денешната прес-конференција кандидатката за ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државава почнува активности за проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. Тоа следи, посочи тој, откако беа отстранети пречките од минататото и Владата донесе одука да активира грант од Европската инвестициска банка како техничка поддршка за ревизија на основниот проект, по што ќе биде објавен тендер за градежните работи. – Третата фаза ќе биде од големо значење за нас ...

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, преку неговата Фејсбук страница. – Се прави се што е во наша моќ за истите целосно да се изгаснат. Во акцијата се вклучени, 3 БТР, 1 хермелин, 5 пинца, 3 возила на ТППЕ, 1 камион на шумско стопанство, 30 лица на терен, како и 2 авиона за гаснење пожари. Се соочуваме со два сериозни пожара на ...

Како независен кандидат во трката за градоначалник влез Висар Адеми. Тој денес придружуван од неколку блиски пријатели ги предаде документите за кандидатурата. – Немам партиско лого, ниту ме придружува партиски лидер, туку граѓаните се со мене, вака Висар Адеми ја најави предизборната кампања и официјално ја потврди неговата намера да биде кандидат за градоначалник на претстојните избори. По предавањето на документите, во изјавата посочи дека не ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на социјалната мрежа Х објави пост по повод Денот на сеќавање на бранителите на Украина кои загинаа во борбата за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Денес,29.08.2025,на Денот на сеќавање на бранителите и бранителките на Украина, им оддаваме почит на сите што го дадоа својот живот за нашата слобода Од 2014 год. руската агресија одзема животи на Украинците Секоја ...

Тајландскиот суд ја отстрани суспендираната премиерка Паетонгтарн Шинаватра од функцијата во петокот, пресудувајќи дека нејзиниот контроверзен телефонски разговор со поранешниот лидер на Камбоџа ги прекршил етичките правила, во потег што го турка кралството во нови политички превирања. Какошто пренесува Си-ен-ен, Петонгтарн, членка на моќната династија на политичкото семејство Шинаватра, стана најмладата премиерка во земјата во август 2024 ...

Американскиот производител на автомобили „Форд“ повлече речиси 500.000 возила во САД поради проблем со системот за сопирање, соопшти денеска Националната управа за безбедност на сообраќајот (НХТСА). Повикот за повлекување се однесува на теренецот „Форд Еџ“ произведен помеѓу 2015 и 2018 година, како и на луксузниот „Линколн МКХ“ од периодот 2016-2018 година. Според официјалниот извештај, можното пукање на цревото во системот за сопирање на ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, изјави дека досега немало пријави за непотребна операција по пријавата на кардиохирургот Сашко Кедев за можни непотребни хируршки зафати. -До средата немаше ниту една пријава за евентуална постапка за непотребна операција. Ние повторно ги повикуваме сите пациенти кои се сомневаат, без разлика дали имаат материјали и документи или не, бидејќи најголем дел документите се чуваат во ...

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер доби отказ на клупата на турски Бешикташ, само седум месеци откако го презеде клубот од Истанбул, јавија денеска турските медиуми. Одлуката на клупското раководство да се раздели со Солскјер доаѓа по елиминацијата на Бешикташ од европските клупски натпреварувања и поразот синоќа од 0-1 на домашен терен од швајцарскиот тим Лозана. Првиот натпревар во Лозана заврши нерешено 1-1 и триумфот во Истанбул беше доволен ...

Светските славни личности сè почесто се појавуваат со веренички прстени што предизвикуваат восхит и коментари поради нивната големина и вредност. Минатиот месец, фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо ја побара за сопруга својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез со дијамант тежок меѓу 25 и 35 карати – камен толку голем што половина ѝ го покриваше зглобот на прстот и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. И сопругата на Џеф Безос, ...

Во Куќата на Робевци вечер ќе се одржи Музички-звучен перформанс насловен Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот). Од Завод и музеј – Охрид информираат дека ова е музика не само за слушање, туку за чувствување во резонанцата на коските и тишината помеѓу здивовите. Посочуваат дека тоа е истражување на неконвенционалните длабочини ...

Речиси три четвртини од германските болници минатата година завршиле со загуба, покажува годишното истражување на консултантската куќа „Роланд Бергер“. Анкетата спроведена меѓу 850 директори и менаџери на болници покажала дека околу 75 отсто од установите биле во минус во 2024 година, што е значително повеќе во споредба со претходната година кога половината сè уште работеле профитабилно. Најтешко се погодени јавните болници, од кои речиси 90 ...

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во јули годинава бележи месечно и годишно намалување од 0,12 п.п. (процентни поени) односно 0,55 п.п., и изнесува 4,91 проценти. Кај вкупните депозити, пак, во јули е регистрирана просечна каматна стапка од 2,21 процент со месечен и годишен раст од 0,01 п.п. односно 0,28 п.п., објави денеска Државниот завод за статистика. Во јули, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,42 ...

Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на воена опрема на Украина во вредност од околу 825 милиони долари, а потребната дозвола за оваа одлука е доставена до Конгресот на САД преку Агенцијата за соработка во одбраната и безбедноста –ДСЦА (DSCA). Владата на Украина побара купување до 3.350 ракети ERAM (Extended Range Attack Munition) со продолжен дострел и ист број вградени GPS/INS системи со SAASM (Selective Availability ...

Има една шега во статистиката – ако доволно ги мачите податоците, тие ќе признаат сѐ што сакате. Изгледа ВМРО буквално ја сфатиле, па од петни жили се трудат да покажат дека имаат добри резултати кога се платите и инфлацијата во прашање, вели професорот Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа, по обидите на ВМРО ДПМНЕ, со манипулација со бројки да докажува дека народот денес е побогат од времето на СДСМ. Во продолжение, професорот Јовановиќ нуди ...

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2025 година, изнесуваат 275.180 милиони денари, што претставува квартален раст од 9.320 милиони денари. Притоа, останатите финансиски институции учествуваат со 21,7 отсто во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество имаат пензиските фондови од 64,4 проценти во вкупните средства на ОФИ, по што следуваат осигурителните ...

Состанокот на мексиканскиот Сенат се претвори во насилство во среда, откако еден од неговите членови очигледно се разбеснил што не добил можност да зборува. Како што пренесува Си-ен-ен, тепачката избувна меѓу двајца високо рангирани сенатори кон крајот на седницата на која се водеше жестока дебата за можноста за американска воена интервенција во земјата. Додека се свиреше националната химна, разбеснетиот сенатор Алехандро Морено – претседател на ...

Политичките партии во земјава се во жестока арена на меѓусебни обвинувања пред претстојните локални избори. Додека јавно се разменуваат тешки зборови, според потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, зад кулисите се случува сосема спротивното. – Кога го слушам премиерот, поради изборната математика секој ден вели: ДУИ во опозиција, а секој ден ни испраќаат емисари за тоа како по изборите… Затоа што тие ги гледаат анкетите. Последната анкета што ја ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд и за кратко време ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, со засилен ветер над 60 километри на час и ...

Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми. При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми. Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на 26 август во канцеларијата на Поштата на Србија во Пожаревац. Полицијата го ...

Претседателот Доналд Трамп не се обидува само да ја запре транзицијата од фосилни горива во САД. Тој врши притисок и врз други земји да се повлечат од своите климатски заложби и да согоруваат повеќе јаглен, гас и нафта, пишува Њујорк Тајмс. Трамп тоа го прави преку тарифи, давачки и други механизми на најголемата економија во светот. Портпарол на Белата куќа изјави дека администрацијата „нема да ја загрози економската и националната безбедност ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
63%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.7
87%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
75%
1017
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
94%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
92%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.34
79%
1017
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1016
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

1.25929

Currency

0.59948