Во силниот земјотрес, кој вчера ја погоди североисточна Јапонија, повредени се 23 лица. Потресот предизвика и цунами со бранови високи до 70 сантиметри во населени места по пацифичкото крајбрежје, соопштија локалните власти. Едно лице е тешко повредено, соопшти Агенцијата за пожари и природни непогоди. Повеќето од повредените биле погодени од паѓање предмети, јави јапонската телевизија НХК. Околу 800 домаќинства останале без електрична енергија, ...

Земјотрес со прелиминарна јачина од 6,7 степени го погоди североисточниот дел на Јапонија денеска, што предизвика предупредување за цунами од Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри. Земјотресот е регистриран во 11:44 часот по локално време, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени го погоди истиот регион. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами ...