Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации. – Граѓаните веќе не мора да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг конечно се сретнаа во Бусан, Јужна Кореја, на долгоочекувани разговори насочени кон ублажување на трговските тензии. Ако тоа беше целта, таа беше постигната само едвај: американските „царини за фентанил“ за Кина беа преполовени – од 20% на 10% – приближувајќи ги царините кон Пекинг до оние на другите азиски економии. За возврат, Кина се согласи да го продолжи увозот на ...
Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денеска разговараше со своите кинески и индиски колеги, започнувајќи серија средби еден на еден на маргините на форумот за одбрана на самитот на Здружението на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија. Средбата со кинескиот министер за одбрана, која следеше по телеконференција во септември, е најновиот знак за постепено подобрување на одбранбената комуникација меѓу САД и Кина, во услови на ...
Енергетските објекти во руските области Орјол, Владимир и Јарослав беа нападнати во текот на ноќта на 31 октомври, според руските официјални лица и каналите на Телеграм, пренесува Кијив Индипендент. Нападите наводно биле насочени кон термоцентралата Орјол (ТЕЦ), најголемиот извор на електрична енергија и топлина во регионот; електричната трафостаница Владимир, критичен руски енергетски центар; и рафинеријата за нафта Ново-Јарославски, ...
Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување, се наведува во соопштението од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од завршниот митинг во Скопје, упати порака до граѓаните пред вториот изборен круг, нагласувајќи дека државата влегува во фаза на резултати и обновена стабилност. „Ова не е време за еуфорија, туку за јасна порака: нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда,“ порача Мицкоски, додавајќи дека биле потребни „време, трпение и вера“ за, како што рече, „да ја исправиме Македонија од ...
Месечината плива во Риби – ден за интуиција, нежност и духовно исцелување Месечината денес ги напушта аналитичките Водолии и влегува во чувствителните Риби, носејќи со себе длабок мир и силен повик кон соништата, уметноста и емпатијата. Денот е обоен со мекост и духовна будност – сѐ што е рана, денес може да се претвори во сила. Интуицијата ќе биде водичот, а зборовите ќе станат вториот јазик на душата. ♈ Овен Денес, животот ве тера да ...
Борче Трајковски, долгогодишен член и истакнат поддржувач на СДСМ, жестоко реагираше на фејсбук во пресрет на изборниот круг во Општина Центар, упатувајќи остра критика кон поранешни партиски функционери кои, како што вели, „го продале социјалдемократското во себе за лични интереси“. „Тие не се, ниту биле социјалдемократи. Станува збор за интересџии, дрчни за авторитет преку партиска позиција,“ пишува Трајковски, за кои вели дека ќе завршат ...
Пакистан и Авганистан се согласија да го продолжат прекинот на огнот по преговорите одржани во Истанбул со посредство на Турција и Катар, се наведува во заедничкото соопштение објавено синоќа од страна на турското Министерство за надворешни работи. „Сите страни се согласија да воспостават механизам за следење и верификација што ќе обезбеди одржување на мирот и изрекување казни за страната што го прекршува договорот“, се наведува во ...
САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по цврстиот став на Русија за тврдокорните барања во врска со Украина, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Одлуката дојде по напнатиот телефонски разговор меѓу врвните дипломати на двете земји, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ова прашање. Белата куќа сè уште не одговори на барањето за коментар, а руските владини ...
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1 013 375 граѓани. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4 826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823. Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во ...
Италијанскиот Сенат денеска го одобри планот на премиерката Џорџа Мелони за реформа на правосудството, со што е отстранета последната парламентарна пречка за уставниот амандман. Последен збор, сепак, ќе има јавноста, бидејќи за реформата ќе се одлучува на референдум следната година. Сенатот гласаше со 112 гласови „за“, 59 „против“ и деветмина воздржани. Тројната коалиција на Мелони, на власт од октомври 2022 година, располага со мнозинство во ...
Во средината на октомври, цената на златото достигна 4.380 долари за унца, што е историски рекорд. Во изминатата година, цената на златото порасна за повеќе од 55 проценти во номинален износ. Главно поради геополитичките тензии, инфлацијата и побарувачката од Азија, но и голем број други фактори. Покрај основната причина, побарувачката за безбедни средства во неизвесни времиња, цената на златото е водена од стравот од инфлација и економска ...
Иницијативата „Сите за Палестина“ организира протестен марш со цел изразување солидарност со палестинскиот народ и осуда на геноцидот во Газа. Настанот ќе се одржи во сабота, 1 ноември 2025 година, со почеток во 12:00 часот, пред споменикот „Симфонија на мирот“ на плоштадот Слобода. Маршот ќе продолжи по централното градско подрачје, минувајќи пред зградата на Собранието и завршувајќи пред зградата на Министерството за надворешни работи. ...
Повеќе предупредувања и појаснувања се јавија по вчерашната објава на американскиот претседател Доналд Трамп дека веднаш ќе започне нови тестови за нуклеарно оружје, наведувајќи програми за тестирање во други земји. Часови по објавата на Трамп, дадена на неговата платформа „Truth Social“ додека претседателот беше во Јужна Кореја за да се сретне со кинескиот лидер Си Џинпинг, потпретседателот на Трамп, Џеј Ди Венс, им рече на новинарите дека ...
Ураганот Мелиса одзеде најмалку 19 животи на карипскиот остров Јамајка, објави синоќа министерката за информации Дана Морис Диксон, пренесе ДПА. Со уште 30 пријавени смртни случаи во Хаити и еден во Доминиканската Република, вкупниот број на жртви низ Карибите се искачи на најмалку 50 и се очекува да се зголеми понатаму. Иако ураганот се врати над отворените води, прерано е да се даде целосна слика за последиците. Мелиса повторно се засили ...
По повод 40-годишнината од формирањето на Шенген зоната, Европската Унија преку програмата „Откриј ја ЕУ“ им нуди единствена можност на 40.000 млади луѓе да ја истражат Европа, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен. – ЕУ нуди 40.000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен. Тие само треба да пополнат краток онлајн квиз на ...
Без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија. Во периодот од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 поточно влез 2 од зградата т.н. Пегла во општина Кисела Вода, а од 09 до 10 часот корисниците од Новоселски пат, како и објектите на Стокомак, КАМ ...
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го привеле Б.Р. (59) од Скопје, кој на 28 октомври вечерта околу 20:30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, со патничко возило „фиат сеиченто“ удрил во 11-годишна малолетничка, по што со возилото го напуштил местото на настанот, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Веднаш по ...
Телевизија Телма реагираше на објавата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар „Во интерес на вистината би сакале да потенцираме дека Телевизија Телма има еднаков, доследен и професионален однос кон сите кандидати на локалните избори,“ стои во реакцијата на медиумот. Од Телма појаснуваат дека по одбивањето на дебатата од страна на Ѓорѓиевски, уредниците разговарале со Мециновиќ и му понудиле ...
ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа средба со граѓаните во Тетово, во рамките на проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното Министерство за надворешни работи на Германија. Настанот го обедини граѓанското општество, претставници на институциите, политичките партии, независните кандидати, медиумите и активните граѓани под заедничка цел – одбрана на вистината, дијалогот и демократијата. Демократски навигатор – одговор на дезинформациите ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира на шпекулациите дека партијата наводно дала поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски. „Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсова со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, претставува било каква поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва преку социјалните мрежи им се обрати на граѓаните пред завршниот митинг на коалицијата, нагласувајќи дека „секогаш е со народот“ и дека по изборите ќе продолжи да работи со иста енергија. Во однос на поканата за ново телевизиско соочување со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, тој изјави дека дебата веќе се одржала и дека јавноста веќе може да направи ...
Денот сè уште не беше започнал над Вила Крузеиро, но веќе десетици трупови беа расфрлани по главната улица на фавелата откако повеќе од 130 луѓе беа убиени за време на најсмртоносната полициска операција во историјата на Рио: гротескно обезличени, крвави тела кои биле извлечени од блиските шуми и фрлени на сини церади и црни пластични чаршафи што ја покривале улицата, пренесува Гардијан. „Јас самиот донесов долу 53… мора да има уште 12 или 15 ...
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, остро реагираше поради откажувањето на дебатата на Телма меѓу кандидатите за градоначалник на Скопје – Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „‼️Иако пред очите на целата јавност владиниот кандидат Орце Ѓорѓиевски јасно изјави дека ќе се појави на ТВ Телма и ќе се соочи со Мециновиќ – денес, на денот кога дебатата требаше да се одржи, дознаваме дека тоа сепак нема да се случи“, ...
Општина Центар е една од општините што е во фокусот на јавноста во вториот круг на локалните избори во недела. Во пресрет на гласањето, кандидатот од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, повторно се најде во центарот на вниманието поради неговите обиди да прикаже дека добива поддршка од поранешни кандидати и здруженија кои потоа јавно го демантираат. Изминативе денови, Лабудовиќ беше гласен дека со независната кандидатка за градоначалник која отпадна во ...
Американската глумица и пејачка Селена Гомез се појави во елегантна облека на годишната добротворна забава на нејзината фондација. Овојпат, таа беше целосно облечена во виолетова боја. Таа, имено, пред фотоапаратите, на црвениот тепих на настанот „Рејр импакт фанд бенефит“ (Rare Impact Fund Benefit) што третпат се одржа синоќа во Лос Анџелес во организација на Фондацијата „Рејр импакт“, излезе во виолетов минифустан и наметка во иста боја. ...
Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА. Претходно беше објавено дека Мадридскиот покраински суд ја отфрли жалбата на УЕФА за тужба против Суперлигата. Реал објави во соопштение дека „ќе бара отштета од УЕФА за претрпената штета“. Според „As“, адвокатите на Реал Мадрид и компанијата што управува со Суперлигата веќе работат на тужба што двете организации ќе ја поднесат против УЕФА „за отштета за претрпената штета“, ...
Колин Фарел призна дека неговиот роденден на снимањето на „Minority Report“ бил катастрофа — и тоа пред очите на Том Круз и Стивен Спилберг. Во гостување кај Стивен Колберт, 49-годишниот ирски актер се потсети на снимањето на филмот од 2002 година, кој за него беше прв голем пробив во Холивуд. „Да бидам дел од филм со Том Круз и Стивен Спилберг беше огромно. Растев гледајќи ги нивните филмови, тие буквално ме ‘одгледаа’“, рече Фарел. Но, ...
За Предлог-буџетот за 2026 година, СДСМ реагира со остра критика, обвинувајќи ја Владата за, како што велат, „фискална неодговорност и економска неспособност“. „Наместо ветената строга фискална дисциплина, Владата предлага дефицит од 3,5% од БДП и со тоа повторно директно го прекршува фискалното правило утврдено во Законот за буџети, кое поставува лимит од 3%. Не станува збор за дисциплина, туку за отстапување од законската рамка што ќе ја ...