Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Членови на семејството на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот денеска го повикаа да поднесе оставка по контроверзното сослушување во Конгресот оваа недела. Неговата сестра Кери Кенеди и неговиот внук, поранешниот конгресмен Џозеф П. Кенеди Трети, ги осудија неговите ставови за вакцините против Ковид-19 и одлуката да отпушти високи здравствени службеници. – Роберт Ф. Кенеди Помладиот е закана за здравјето и ...
Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. Редок феномен – целосно затемнување на Месечината, ќе може да се набљудува и од нашата држава. Се разбира, ова ќе може да се види само доколку времето биде ведро и без многу облаци. Гледано од Скопје, нема да се види помрачувањето во целост, туку неговиот ...
Хеликоптер се урна во близина на аеродромот Ерлејк, кај градот Лејквил во американската сојузна држава Минесота, при што нема преживеани, соопшти локалната полиција. Несреќата се случила вчера околу 14:45 часот по локално време, но не е познато колку луѓе се наоѓале во леталото, јави „Си-Би-Ес њуз“. Во несреќата не биле повредени лица на земја. Истражители од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) и Федералната управа за ...
Европскиот огранок на „Тојота“ го објави почетокот на сериското производство на нов електричен автомобил во својата веќе постоечка фабрика „Тојота мотор манфактјуринг – Чешка Република“ (ТММЦЗ) во Колин, Чешка. Ова ќе биде првото целосно електрично возило од јапонскиот бренд коешто ќе се произведува во Европа. Тој потег беше официјализиран на состанок на чешката Влада од страна на премиерот Петр Фијала, министерот за индустрија Лукаш Влчек и ...
САД му пренеле на Хамас нов пакет предлози за сеопфатен договор за примирје во Газа и ослободување на заложниците, јави денеска израелскиот јавен сервис „Кан“. Според истиот извор, документот не е конечен, туку претставува преглед на можни насоки за идни преговори, пренесе „Тајмс оф Израел“. Медиумите наведуваат дека предлозите биле пренесени преку Герсон Баскин, клучен израелски посредник во договорот за ослободување на израелскиот војник Гилад ...
Британската полиција соопшти дека над 425 лица се уапсени на вчерашниот протест во Лондон во поддршка на пропалестинската организација „Дејствувај за Палестина“ (Palestine Action). Организацијата е забранета и прогласена за „терористичка“ од британската влада. Според соопштението на лондонската полиција, 25 лица биле уапсени поради насилство врз полициски службеници. Велика Британија ја забрани „Дејствувај за Палестина“ во јули годинава врз ...
Студентите во блокада на Универзитетот во Белград најавија за в понеделник протест под мотото – „Индексот е посилен од пендрекот“. „Се запира в понеделник. Се гледаме“, порачаа студентите. На социјалните мрежи, студентите објавија дека протестот почнува во 14 часот. Тие објавија и илустрација од планот на протестот – првата точка е зградата на Владата на Србија, потоа Палатата на правдата, зградата на Одделот за обезбедување одредени лица и ...
Вкупно 26 пожари на отворен простор низ државава се евидентирани изминатото деноноќие, до осум часот утрово. Активни се два, ставени под контрола се четири, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Активни пожари има на територија на општините Берово и Липково. Во место викано „Безгашево“, село Русиново, горат дабова, букова шума и папрат. Во подрачјето на село Никуштак горат нискостеблеста деградирана ...
Граѓаните кои се против блокадите ќе се соберат во повеќе од 100 градови низ Србија попладнево за мирно да демонстрираат дека сакаат да се врати нормалниот живот во државата обвинувајќи ги блокадерите дека тоа го оневозможуваат веќе десет месеци. Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде со граѓаните на тој собир организиран од граѓаните против блокадите. -Ќе учествувам…Таму нема да има полиција. И никој нема да ги нападне, ...
Во американската сојузна држава Делавер ќе биде изградена претседателската библиотека на 46. претседател на САД, Џо Бајден, се наведува во соопштение од канцеларијата на Демократската партија. Бајден, кој во јануари годинава му го предаде мандатот на Доналд Трамп, беше сенатор од Делавер во американскиот Конгрес 36 години, а потоа вицепретседател во администрацијата на Барак Обама. Во 2020 година се кандидираше за претседател, извојува победа ...
Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА. Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут. Причините за уривањето се уште се истражуваат. Не е познато колку купувачи биле во ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го обвини Западот за молчење околу израелскиот нуклеарен арсенал, наведувајќи дека тоа ја нарушува кредибилноста на западните земји. – Иран постојано предупредувал дека западната хистерија околу нашиот нуклеарен програм е вештачка, изјави Арагчи. Тој додаде дека Западот не го смета проблематично само ширењето на нуклеарното оружје, туку и тоа „кој има право на научен напредок, дури и во рамки ...
Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба. Пробната почесна артилериска стрелба ќе се изврши во 18 часот со истрелување на еден плотун од шест артилериски орудија, а во 19 часот почесната артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија. – Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на ...
Првата светска тенисерка Арина Сабаленка се избори против домашната надеж Аманда Анисимова за да ја одбрани својата титула на УС Опен и конечно да го обезбеди првиот гренд-слем трофеј оваа година. Сабаленка одржа постабилно ниво за да победи со 6-3, 7-6 (7-3) во борба меѓу две од најсилните удирачки во женската игра. Белоруската падна на колена, преплавена од емоции, откако ја обезбеди победата во година кога претрпе пораз во две гренд-слем ...
Во сабота, 13 Септември ќе се одржи голем бесплатен концерт во Паркот на Франкофонијата кадешто ќе настапат македонските изведувачи Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, 2 Бона, Елена Ристеска и Дарио со Миг-21. Вечерта ќе ја води Вера Јанковиќ. Музичарот Дарио Панковски преку видео обраќање ги поканува сите скопјани наредната сабота да бидат дел од овој музички хепенинг. „Би сакал да ве известам дека на 13 Септември во сабота ќе ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната тенисерка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:4) за 2 часа и 15 минути игра. Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, ...
Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во текот на денешниот ден бил во обиколка на неколку локации за кои ветува сообраќајни решенија кои ќе му донесат нов лик на главниот град. -Сабота, работна. Денес, заедно со дел од мојот тим, направивме увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет уште во првите месеци од мандатот. Некои од овие проекти со години беа закочени, но ...
Тениската алка — елегантна, иконична и безвременска — стана неизоставен дел од колекциите на фин накит ширум светот. Позната по својот вечен дизајн, потеклото на оваа алка не е поврзано со кралски семејства или антички цивилизации, туку со изненадувачки момент на тениски терен во 1980-тите години. Првично позната како алка со ред дијаманти, името (tennis bracelet) „тениска алка“ произлегува од ненамерен инцидент со накит за време на тениски меч. ...
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, би можел да добие акции во вредност од еден трилион долари доколку во следните 10 години ги исполни амбициозните цели на компанијата, соопшти Управниот одбор. Меѓу целите се осмократен раст на вредноста на компанијата, продажба на еден милион роботи со вештачка интелигенција и 12 милиони возила. Наградата нема да биде исплатена во готово или бонуси, туку во акции, чија вредност би достигнала трилион ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на турнирот во романскиот град Слобозија што се играше за награден фонд од 40.000 долари. Таа во финалето ја совлада домашната тенисерка Елена Бертеа со 2-1 во сетови (3:6; 6:3 и 6:4) за 2 часа и 15 минути игра. Во првиот сет до резултатот 3:3 во гемови немаше брејк, а потоа домашната тенисерка со два брејка го освои сетот и поведе со 1-0 во сетови. Во вториот сет Бертеа водеше со 3:1 во гемови, ...
Повеќе од 7.000 деца под петгодишна возраст беа ставени на програми за закрепнување од акутна неухранетост во клиниките управувани од УНИЦЕФ во Газа за само две недели од минатиот месец, покажуваат бројките, објави Гардијан. УНИЦЕФ го собира вкупниот број за август, но се очекува да надмине 15.000 нови пациенти, повеќе од седум пати повеќе од вкупниот број во февруари. Минатиот месец беше прогласен глад во градот Газа, на север од опустошената ...
Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја декласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на Мицкоски, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Методија Илиевски. Не само што власта нема храброст да ја декласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ ...
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова. Таа истакна дека многу јавни простори денес изгледаат запуштено, а ѕидовите се уништени со безлични и хаотични графити кои ја ...
На 700-тиот ден од геноцидната војна на Израел против Газа, израелската армија ги интензивираше своите воздушни и копнени напади низ опколената енклава, објави IMEMC. Резиденцијалните области и камповите за раселување повторно беа цел, што резултираше со десетици жртви, додека гладот продолжува да одзема животи во засолништата и урнатините. Палестинското Министерство за здравство потврди дека шест Палестинци, вклучувајќи едно дете, починале од ...
На јужниот тревник на Белата куќа следната година ќе се одржи првиот UFC настан во мешани боречки вештини, објави „Волстрит џурнал“. Првично борбата беше планирана за 4 јули 2026 година, по повод 250-годишнината на САД, но е поместена за јуни. Настанот ќе биде проследен со повеќедневни фестивали на Националниот мол. Директорот на UFC, Дана Вајт, минатата недела се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп и добил одобрение за одржување ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Мицкоски рече дека неговата филозофија не е да урива. Ако не ги сметаме уставот и законите, Македонија и нејзината граѓанска и национална супстанца. Додавам јас. Филозофијата на нашиот Шоп ен Хауер била да гради! Најмногу сака да гради рејтинзи според моделот на неговиот другар од Белград кој цела година се клати и ќе падне, а може и да умре од што многу градеше. На парадата во Пекинг му реков на Си да му прати табла ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва, возвраќајќи со предлог рускиот лидер да го посети Кијив, во интервју за ABC News. „Тој може да дојде во Кијив. Јас не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракети, под напади, секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, рече Зеленски. Според него, предлогот на Путин всушност имал за цел одложување на ...
Хрватска планира да се приклучи на меѓународната Коалиција за дронови предводена од Летонија и Велика Британија, чија цел е безбедна набавка на беспилотни летала и поддршка на Украина, соопшти хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Радман, кој е во официјална посета на Рига, истакна дека Хрватска и Летонија споделуваат слична историја и се добри партнери, со простор за унапредување на соработката. Коалицијата за дронови, ...
Научници од Соединетите Американски Држави дојдоа до заклучок дека ситните честички во загадениот воздух можат да предизвикаат појава на тешки облици на деменција, и да го забрзаат нивниот развој, преку предизвикување токсични протеински грутки, коишто ги уништуваат нервните клетки додека се шират низ мозочното ткиво. Истражувањето на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, САД, проучува податоци од повеќе од 56,5 милиони пациенти во ...
Само од почетокот на септември рф употреби против Украина повеќе од 1300 ударни дронови, речиси 900 наведувани авионски бомби и 50 ракети од различни типови. рф продолжува да ја одолговлекува оваа војна, напиша на ИКС украинската амбасадорка, Лариса Дир, на 1291 ден од руската инвазија во Украина. Украина се бори. #StandWithUkraine Ден 1291. Само од почетокот на септември рф употреби против Украина повеќе од 1300 ударни дронови, речиси 900 ...