Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 96,94% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во Скопје и во 21 општина. Коалицијата ВРЕДИ во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, ...
Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, ...
Од обработени 80,85 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 75 368 глас или 59,41 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 44 149 гласа или 34,80 проценти од вкупниот број гласови. Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 33,08 отсто. ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Јовановски води во изборната трка за градоначалник на Кичево пред неговиот противкандидат од НАИ Фатмир Дехари. Според податоците на ДИК од преброени 72,83 отсто од гласачките ливчиња, за Јовановски гласале 10 760 кичевчани (53,81%), а за Дехари 8 597 (42,99%). Во Кичево право на глас имаа 51.016 граѓани, а денеска во вториот круг од локалните избори гласаа 26.169. Според првичните резултати на ДИК во ...
ДИК информира дека точно во 19:00 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на Локалните избори 2025 година. Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, изборите беа спроведени согласно Изборниот закон и на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, информира претседателот на ДИК Борис Кондарко. Од вкупно 97,60 проценти обработени избирачки места, ...
Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода во интервју за Алсат М оцени дека актуелниот изборен процес во земјава „на површината“ може да делува добро, но дека зад таа слика стојат сериозни и долгогодишни проблеми кои го поткопуваат легитимитетот на гласањето. „Овој изборен процес во целата низа на површината изгледа добро но тоа не е така“, изјави тој во интервју за Алсат М, додавајќи дека за реална оценка не е доволно да се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ги разбира „последиците“ од потенцијална кинеска инвазија на Тајван, но одби да прецизира дали САД ќе ја бранат островската нација во случај на напад. Трамп ова го соопшти во интервју што денес го емитуваше американската телевизија Си-Би-Ес (CBS). -Ќе знаете доколку тоа се случи, а тој го разбира одговорот на ова прашање, одговори американскиот претседател ...
Јавното обвинителство информира дека изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до нив во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. -Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во ...
о вториот круг од локалните избори, денеска во 32 општини и во Градот Скопје се гласаше за двајцата кандидати кои во првиот круг добија најмногу гласови, а за градоначалник ќе биде избран кандидатот кој ќе освои поголем број гласови. Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата. По добивањето на ...
До 17 часот излезеноста во Скопје е 28,52 проценти, а во сите општини низ државава каде што се гласа во вториот круг од локалните избори процентот на избирачи што излегле на гласање е 39,28, соопшти на прес-конференција Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на ДИК. Најголем одѕив на гласање има во Конче (64,44), а најмал во Сарај 8,77 проценти. Во Скопје до 17 часот излегле 28,52 проценти односно 134.586 избирачи врз основа на 99,56 ...
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Денеска не се гласаше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се повтори во рок од 60 дена по завршување на Локалните избори. Во вториот изборен круг за ...
Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен објави рекорден промет од речиси една милијарда евра за изминатата сезона. Информацијата беше објавено за време на Генералното собрание на баварскиот гигант на кое на Херберт Хајнер му беше доделен нов мандат како претседател на клубот. Извршниот директор Јан-Кристијан Дрисен изјави дека Баерн остварил промет од 978,3 милијарди евра за сезоната 2024/2025, што е зголемување од 2,8 проценти во однос на ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на селекторот ...
До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати од 656 избирачки места или 95,77 отсто. -Статистиката ...
Јаник Синер запиша триумф од двојно значење на турнирот Ролекс Париз Мастерс, освојувајќи ја својата петта титула од серијата АТП Мастерс 1000 и враќајќи се на врвот на АТП ранг-листата. Покажувајќи ја својата препознатлива смиреност и прецизност, 24-годишниот Италијанец во финалето го совлада енергичниот Феликс Оже-Алијасиме со 6–4, 7–6 и ја освои првата титула на францускиот Мастерс турнир. Со овој беспрекорен настап во Париз, Синер стана ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. „Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху, исто така, нагласи дека заштитата на израелските сили во ...
Актерката Џенифер Лоренс се праша дали нејзините јавни ставови за Доналд Трамп и американската политика воопшто имаат каква било смисла. Гостувајќи во подкастот „The Interview“ на The New York Times, ѕвездата на The Hunger Games рече дека по првиот мандат на Трамп чувствувала паника и потреба да реагира, но дека денес не е сигурна дали тоа има ефект, пренесува Индипендент. „Не знам дали треба. Првата администрација на Трамп беше толку ...
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, доделувајќи ги признанијата за најдобра ракометарка на Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров и за најдобар ракометар на Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер. Во гласањето на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ, признанијата во двете категории ги понесоа Теодора Гулицоска и Никола Митревски. За ...
Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и на Кодексот за набљудување. Едниот приговор беше поднесен од лицето ...
Dictionary.com го прогласи најнеобичниот „збор на годината“ досега – фразата „6-7“, интернет-феномен што ги збунува возрасните и ги забавува младите. Терминот, кој повеќе личи на шега отколку на вистински збор, експлодираше на социјалните мрежи во текот на летото. Сè започнало со песната “Doot Doot (6-7)” од раперот Skrilla, а потоа ја презедоа TikTok корисниците и спортските ѕвезди како LaMelo Ball, висок точно 6 фути и 7 инчи. Еден клип со ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во саботата дека му наредил на Министерството за одбрана да се подготви за можна воена акција во Нигерија, додека продолжува да ја обвинува нацијата дека не прави доволно за да го спречи насилството врз христијаните – обвинение што Нигерија постојано го негира, пренесува Си-ен-ен. Во објава на социјалните мрежи во која го критикува она што го нарече „масовно колење“ на христијаните во земјата, Трамп ...
Анимираната научно-фантастична комедија „Јон Вардар против Галаксијата“ на Гоце Цветановски денеска има белгиска премиера на Razor Reel Flanders Film Festival во Бриж. Фестивалот е дел од Мелиес организацијата – европска мрежа на филмски фестивали посветени на фантастичниот филм, именувана по пионерот на кинематографијата Жорж Мелиес, француски режисер кој уште на почетокот на 20 век ги постави темелите на филмската фантазија и специјалните ...
Катедралата Нотр-Дам ја одржа првата свадба од 1995 година, давајќи еднократен исклучок за занаетчија кој учествуваше во обновата на оваа легендарна градба. Мартин Лоренц (29), дрводелец кој три години ја реконструираше средновековната дрвена носечка конструкција користејќи методи од 13 век, се венча со својата свршеница Џејд под новообновените готски сводови. Церемонијата, за која известија „National Catholic Register“ и „France 24“, беше ...
Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах го постигна својот 250. гол во дресот на Ливерпул, со што актуелниот англиски фудбалски шампион ја прекина серијата без победа во Премиер лигата со победа од 2-0 над Астон Вила во саботата вечер во рамки на 10. коло. Ливерпул, кој беше во серија од четири последователни пораз во англиското првенство и шест на последните седум натпревари во сите натпреварувања, сега е третопласиран на табелата, ...
До 13 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 19,96 проценти, а за Скопје 15,28 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто. Досега не се пристигнати ...
Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори во Судан, велејќи дека со „длабока тага“ ги следи извештаите за тешки манифестации на насилство во градот Фашир, во суданскиот регион Дарфур. „Неселективното насилство врз жените и децата, нападите врз беспомошните цивили и пречките за хуманитарните мисии предизвикуваат неприфатливо страдање“, рече папата во својата неделна молитва во Ватикан. Тој ја ...
Лос Анџелес Доџерс го совладаа синоќа Торонто Блу Џејс со 5-4 по продолжение во решавачкиот седми натпревар од големото финале во американската професионална бејзбол лига (МЛБ), станувајќи првиот шампион во Светската серија што ја одбрани титулата по пауза од 25 години. За клубот од Лос Анџелес, ова е деветта титула вкупно, а трета во последните шест години, која ја освоија во драматичен натпревар. Торонто Блу Џејс, кој е единствениот ...
По годините скандали и падот на јавниот рејтинг, Крал Чарлс го изолира братот од официјалните резиденции: долгорочниот закуп на Royal Lodge се прекинува, а преселбата на Сандрингам се очекува по празниците. Крал Чарлс III го направи најрешителен потег во своето владеење за да ја изолира монархијата од контроверзиите поврзани со Ендру: братот на кралот ќе го напушти Royal Lodge кај Виндзор, каде живееше повеќе од две децении, и ќе се пресели ...
Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 9, 21 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94 проценти. Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти. Денеска се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а се ...
Астролошки хроники со Анаис Во секој хороскопски знак се крие лик достоен за филм. Некој што би можел да се појави во сцена на спасување, да скокне во космос или да ги исправи рамениците пред светот, токму како неговиот холивудски двојник. Астрологијата и филмот имаат повеќе заедничко отколку што изгледа: двете раскажуваат приказни за карактер, судбина и трансформација. Анаис открива кој филмски херој го носи твојот знак во себе — и што тоа ...