Велика Британија официјално ќе признае палестинска држава во текот на викендот, по завршувањето на посетата на земјата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се спротивставува на таквата одлука, објави британскиот весник „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе мерки доколку Израел не преземе мерки за ублажување на страдањата на населението во Појасот Газа и не постигне договор за прекин на огнот по ...

Сопругата на починатиот руски опозиционер Алексеј Навални, Јулија денеска објави видеоснимка во која тврди дека лабораториските тестирања на биолошките примероци потврдиле дека нејзиниот сопруг е убиен со труење во февруари 2024 година, додека отслужувал затворска казна на Арктикот. – Лаборатории во две земји дојдоа до заклучок дека Алексеј е убиен. Поточно: е отруен, наведе Јулија Навални додавајќи оти неговите соработници успеале да пренесат ...

Да го искористиме времето и искуството на другите земји, за да исчекориме напред и да покажеме резултати во преговорите за членство во Европската Унија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче. На денешната работилница „Придонесот на Собранието во ЕУ преговорите“, организирана во рамки на проектот „Поддршка на Европската интеграција на Северна ...

Утревечер, на 18 септември, Македонскиот народен театар ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, кој ќе се одржи од 18 до 21 септември во Ќустендил, соседна Бугарија. Тамошната публика ќе има можност да ја погледне претставата „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов, со искусните актери: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче ...

Папата Лав Четиринаесети денеска ги осуди „неприфатливите“ услови со кои се соочуваат Палестинците во Газа, изразувајќи солидарност со цивилите и обновувајќи го повикот за прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. – Ја изразувам мојата длабока блискост со палестинскиот народ во Газа, кој продолжува да живее во страв и да преживува во неприфатливи услови, повторно принуден да ја напушти својата земја, рече папата Лав XIV во својата редовна ...

Четири лица уапсени откако видео со Трамп и Епштајн беше проектирано на замокот Виндзор пред посетата на претседателот, пренесува Гардијан. Трамп пристигна во Велика Британија доцна во вторникот за невидена втора државна посета, а кралот Чарлс ќе го пречекан во среда за еден ден помпезност во замокот Виндзор, околу 25 милји западно од Лондон. Четири лица се уапсени откако слики од Доналд Трамп заедно со починатиот сексуален престапник Џефри ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, пред училиштето „Киро Глигоров“ ја презентираше својата визија за побезбедни улици и сигурно движење на најмладите скопјани. Шукова нагласи дека безбедноста на децата е највисок приоритет и дека Скопје мора да стане град во кој улиците се безбедни за сите. „Нема ништо поважно од тоа секое дете безбедно да стигне во училиште и безбедно да се врати дома. За жал, ...

Обвинувањата од опозицијата за состојбата со пожарите, според премиерот Христијан Мицкоски се лаги и невистини и обид да се добијат политички поени. Во изјава за медиумите дадена денеска при посетата на Куманово, Мицкоски рече дека опозицијата се занимава со лаги и конструкции и дека тие лаги ќе продолжат и во иднина. – Опозицијата тоа го прави бидејќи мисли дека на тој начин со таа стратегија ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагира дека е шокантно и неприфатливо што државата не обезбедува поддршка за „Бушав буквар“ продолжение на „Бушава азбука. Тој најавува дека во следниот мандат ќе направи сè што е потребно за проектот да продолжи да живее. „Шокантно и неприфатливо е што државата не дава поддршка за еден од најсилните македонски брендови – ‘Бушава азбука’. Мора да направиме сè ‘Бушава азбука’ да продолжи да ...

Израелската полиција ги растера демонстрантите кои протестираа пред приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим повеќе од 24 часа, барајќи договор за размена на заложници. Демонстрантите, меѓу кои имаше и семејства на заложниците, планираа да останат уште една ноќ за да протестираат против неодамнешната копнена офанзива на израелската армија во Газа, објави „Тајмс оф Израел“. Снимките од местото на настанот покажуваат како ...

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во наредните недели ќе биде прикажан на три престижни фестивали – Меѓународниот филмски фестивал на патот на свилата (Silk Road International Film Festival) во Кина, Фестивалот за детски и младински филмови Шлингел (SCHLiNGEL International Film Festival for Children and Young Audiences) во Германија и Галактички Имагинариум (Galactic Imaginarium) во Романија. „Silk Road International ...

Роберт Редфорд, легендарниот актер, режисер и основач на Санденс, почина на 89-годишна возраст. Неговата кариера не беше само низа улоги кои го направија едно од најголемите имиња во Холивуд, туку и трајна врска меѓу уметноста, политиката и активизмот. Во култниот филм „The Candidate“ (1972), Редфорд ја одигра улогата на Бил Мекеј – либерален адвокат кој од аутсајдер станува победник во сенаторска трка. Филмот остана најсилна сатирична анализа ...

Хуманитарните групи ги повикаа светските лидери да сторат повеќе за да ја спречат војната меѓу Израел и Хамас, предупредувајќи дека неактивноста ќе чини повеќе животи, објави ДПА. Групите го упатија својот апел пред Генералното собрание на ОН следната недела. -Земјите мора да ги користат сите расположливи политички, економски и правни инструменти за да интервенираат, се вели во соопштението на групите издадено од „Спасете ги децата“ во име на ...

Обвинителите во вторникот го обвинија Тајлер Робинсон, кој е осомничен за убиството на контроверзниот конзервативен политички активист Чарли Кирк, за тешко убиство и најавија дека ќе бараат смртна казна. Атентатот врз Кирк, извршен пред шест дена на настан во Универзитетот во Јута Вали, предизвика шок низ целата земја и е најнов пример за насилството кое ја потресува американската политика, пишува Си-Ен-Ен. Обвинителството на округот Јута го ...

Извештајот на Европскиот парламент и анкетите за евроинтеграцијата ги заоструваат политичките дебати во земјава, додека Албанија бележи рекорден напредок во преговорите со ЕУ Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Свети Николе испрати силна порака за иднината на државата и за претстојните локални избори. Тој обвини дека земјата се соочува со хаос во институциите, тотална партизација, селективна правда и стагнација на економијата. – Што ќе ...

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери, се истакнува во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. „Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран ...

Помина половина месец од почеток на учебната година, а учебници нема за илјадници ученици. Ова е најдобар доказ за целосната неспособност на министерката Весна Јаневска, изјави Јованче Манасков од СДСМ. Тој почочи дека „иако, самата Јаневска тврдеше дека на 1 септември ќе има учебници за сите ученици, дека нема да има парталави учебници, дека тие ќе бидат заменети со нови, реалноста денеска е поразителна, учебници нема, а тие што ги има се ...

Тематски форум насловен „Одржливо и функционално Скопје“ посветен на клучните предизвици и решенија за иднината на градот, ќе се одржи денеска со почеток од 17 часот во кино „Фросина“, информираат од Центарот за климатски промени. Како што се појаснува, посветен е на „две горливи теми што се од витално значење за квалитетот на животот во градот Скопје – управувањето со отпад и урбанистичкиот развој“. – Преку панел-дискусии и отворен дијалог со ...

Вклучувањето на Северна Македонија во Механизмот за владеење на правото е силна потврда за европската перспектива на земјата и признание за нејзиниот напредок, рече министерот за европски прашања Орхан Муртезани во обраќањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија во Брисел. Како што истакна Муртезани, Извештајот за владеење на правото 2025 за Северна Македонија потврдува реален напредок, но и дека истовремено остануваат ...

Литванското Министерство за одбрана го отвори првото од деветте училишта во земјата каде што деца на возраст од 10 години и постари и возрасни ќе учат да пилотираат, склопуваат и програмираат дронови. „Станува збор за градење воени одбранбени капацитети, што Литванија го сфаќа многу сериозно, бидејќи се граничи со Русија и Белорусија“, рече заменик-министерот за одбрана Томас Годљаускас. Децата и другите учесници ќе бидат обучени да управуваат ...

Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. – Повторно има пожар. Екипите на кумановската подружница на „Македонски шуми“ се на терен, потврди заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов. Минатата недела речиси постојано имаше пожар на оваа локација. Беше зафатена нискостеблеста, деградирана, но и дабова шума на тешко пристапен терен. ...

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, ја презеде одговорноста за злосторството на платформата за пораки Дискорд (Discord), потврди портпаролот на оваа компанија за Си-Би-ЕС Њуз (CBS News). Според портпаролот, 22-годишниот Тајлер Робинсон им испратил пораки на пријателите во групен разговор неколку часа пред да биде уапсен минатата недела за пукањето во Кирк за време на настан на Универзитетот Јута Вали ...

Катар изјави дека кршењата на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да останат неказнети“. Нетанјаху во понеделникот изјави дека израелскиот напад од минатата недела во кој беа убиени пет членови на Хамас во Доха бил „порака“, тврдејќи дека нападот не е неуспешен. -Навикнати сме израелскиот премиер да се обидува да го одвлече вниманието и да ги оправда своите неуспеси по секој неуспех што го претрпува ...

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА Јавноста се згрозува на секој фемицид, убиство, или самоубиство на тинејџер, но тоа трае само неколку дена. Со чудење се прашуваме што не е во ред, по три дена темата се заборава, а се ре-актуелизира кога повторно ќе се случи трагедија. Се разбира, постојат конкретни институционални решенија чија имплементација би придонела да не се случуваат повторно вакви потресни приказни. Сѐ започнува од образованието. Како основа ...

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во кочани, на плоштадот се одржа протестен собир на кој граѓаните им оддадоа почит и заедничко сеќавање за загинатите. Собирот почна во 20:16 часот, со минута молк за 62 млади девојки и момчиња кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, а беше организиран од иницијативата „Кој е следен“. На плоштадоте беше поставена и кутија во која ...

Повеќе од две недели по почетокот на учебната година мнозинство ученици и училишта сѐ уште се без учебници, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ. Оттаму посочуваат дека „денешните изјави на минисерката Јаневска дека недостатокот на учебници ќе го решавале со донации се признание за дебаклот и неспособноста на оваа власт“. „На 11 јуни министерката Јаневска изјави дека сите учебници, вклучувајќи ги и оние ...

Од СВР Велес попладнево соопштија нови детали за вчерашното двојно убиство и самоубиство во Велес. Новите искази се дадени од сегашниот партнер на убиената Р.К. На местото, како што соопшти СВР Велес, бил затекнат Ф.Т. од Велес, сегашен партнер на Р.К., кој изјавил дека заедно отишле во домот на нејзиниот татко затоа што не се јавувал, а откако Р.К. ја отворила вратата со остар предмет ја нападнал нејзиниот поранешен партнер И.С.(39) од Скопје, ...

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска изјави дека Минск нема никаква врска со дроновите кои прелетуваа над Полска и Литванија. Тој додаде дека Белорусија не се жали кога над нејзина територија прелетуваат дронови од Украина, Русија, преку Полска и Литванија, туку „реагира мирно, во согласност со соодветните линии“. – Ги соборуваме и тоа е тоа. Неколку од нив не можевме да погодиме. Потрошивме многу пари за да ги уништиме ...

ВМРО-ДПМНЕ им удри шамар на скопјани кои со денови се гушат во канцерогени честички од пожарите на Дрисла. После сите токсични чадови и еколошка катастрофа што ја трпат скопјани, ВМРО-ДПМНЕ го наградува човекот кој има одговорност за Дрисла. Замислете, за носител на советничката листа во Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ го постави претседателот на Управниот одбор на Дрисла, Даме Димитровски, изјави на прес-конференција Кети Штерјова, кандидатка за ...

Кинескиот претставник за меѓународна трговија Ли Ченганг денеска потврди дека Кина и САД постигнале рамковен договор за сопственоста над социјалната мрежа ТикТок. Тој додаде дека „основниот рамковен консензус“ е постигнат за време на трговските преговори што се одржаа викендот во Мадрид. Средбата во Мадрид беше четвртата рунда трговски преговори меѓу Вашингтон и Пекинг откако американскиот претседател Доналд Трамп влезе во царинска војна со Кина ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1015
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 11ᴼ
6.69
66%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.86
97%
1015
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
5.66
84%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
77%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
100%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
93%
1015
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.05
97%
1017
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1018
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.59948

Currency

1.25929