Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде уапсен на пат кон планираниот самит со неговиот американски колега Доналд Трамп во Будимпешта, пресуди Меѓународниот кривичен суд (МКС), објавија холандските медиуми. Според соопштението на судот, земјите-членки на Статутот на МКС се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење, кои важат и за Унгарија и соседните земји, кои Путин очигледно би морал да ги заобиколи. Унгарија сака да биде домаќин ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го објавува интегрално. „Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ. „Ова не е само повик за избори – ова е повик за промена, ...
Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори од гласачи од Валандово и еден приговор од гласач од Карбинци. Иако, рокот за приговори за гласање во домашни услови заврши на 14 октомври, како што информираше претседателот на ДИК Борис Кондарко, разгледани се овие четири приговори затоа што решенијата на гласачите им се дадени од страна на ОИК на 14 октомври. – ...
Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ По две недели ветувања, емоции и меѓусебни обвинувања, денес завесата паѓа врз изборната кампања за најважните општини за Албанците во земјава: Чаир, Тетово, Гостивар, Струга и Дебар. Неделата, 19 октомври, ќе биде моментот кога граѓаните ќе го разделат зборот од делото и ветувањето од реалноста. Во суштина, оваа кампања понуди повеќе политичка нарација отколку конкретни програми. Јавниот дискурс беше доминиран од судирите ...
Дијан Китон, добитничка на „Оскар“ и една од најпрепознатливите актерки на својата генерација, почина на 79-годишна возраст во болницата „Сент Џон“ во Санта Моника, Калифорнија. Според посмртниот извештај, причината е примарна бактериска пневмонија, без наведени други компликации. Во текот на повеќе од пет децении, Китон остави длабока трага во филмската уметност со над сто улоги во филмови, телевизиски серии и на Бродвеј. Публиката ја обожаваше ...
Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција. Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, ...
Чаир е општина со најголема густина на население во Европа и не може да успее со сопствен буџет. Секако, треба поддршка од Град Скопје и од Владата. Од моментот кога дојдовме на власт почнавме нова ера на инвестиции. Градиме нови улици, современо осветлување, нови канализации и безбедни тротоари во секоја населба, од Сераво, Гази Баба, Топанско Поле и Дижонска до центарот на градот, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник ...
Претставата „Куршуми над Бродвеј“ премиерно ќе биде изведена на 18 октомври во Драмскиот театар. Претставата е работена според текстот на Вуди Ален и Даглас Мекграт, а адаптацијата и режијата е на Ненад Витанов. Во претставата играат 15 актери, од кои 13 актери од Драмскиот театар и двајца гости дипломци од Факултетот за драмски уметности. Директорот на Драмскиот театар-Скопје, Роберт Вељановски денеска на прес-конференција рече дека драго му е ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека очекува уште држави да го потпишат Абрахамовиот договор, со кој се нормализираат дипломатските односи помеѓу Израел и арапските земји. Тој се надева дека Саудиска Арабија наскоро ќе го потпише Абрахамовиот договор. – Се надевам дека Саудиска Арабија ќе се придружи и се надевам дека и другите ќе се приклучат. Мислам дека кога Саудиска Арабија ќе се придружи, сите ќе се приклучат, истакна ...
Бети Стаменкоска Трајкоска, кандидат за градоначалник за општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, и она што го истакна е тоа дека во првите 72 часа со поддршка на Град Скопје и градоначалникот иден на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во една тимска акција ќе пристапат кон средување на општината Кисела Вода и Градот Скопје, во насока на справување со ...
Секој ден има своја приказна. Во новата рубрика „Временско ЕХО“ на Фронтлајн, се навраќаме на приказните што го обликувале светот и човечката свест. Во шест сегменти – наука и космос, историја и општество, култура и уметност, симболика, личност и спорт – времето добива глас што одекнува од минатото до сегашноста. Од протести до музика, од храброст до добрина, од титули до ѕвезди – времето секогаш остава трага. Денот кога искрата на ...
Пред нас е најважниот избор ,избор меѓу застојот и иднината, меѓу апатијата и надежта, меѓу лажните ветувања и она што можеме заедно да го изградиме, порача на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Павел Иванов. -Веќе видовме што значи неработење, нечесност и заборавени граѓани. Но , знаеме и колку вреди нашата енергија, нашата упорност и нашата желба Штип повторно да блесне. Во недела, имаме моќ да го ...
„Топката е во вашиот двор,“ порача Урсула фон дер Лајен од Скопје, оставајќи недвосмислена порака дека уставните измени се единствениот клуч за отворање на пристапните преговори. За професорот Нано Ружин, ова не е изненадување – тој за Фронтлајн вели дека проблемот не е во Бугарија, туку во нашата неспособност да ги исполниме договорените услови со Европската Унија. и предупредува дека без тој чекор земјата нема никакви шанси да се придвижи ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска ја упати својата завршна изјава пред гласањето в недела, и ги повика граѓаните на Скопје да излезат на 19 октомври и да гласаат за број 5 за визија, знаење и резултати. „Скопје е нашиот дом и време е да се избориме за него“, порача Шукова, нагласувајќи дека целата кампања се водела со фокус на конкретни решенија што го враќаат животот во градот. Таа го претстави јасниот ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати недвосмислена порака од Скопје – иднината на европската интеграција на Македонија зависи единствено од нејзината подготвеност да ги исполни преземените обврски, пред сè уставните измени. Во објава на социјалната мрежа Х, по средбите со државниот врв, Фон дер Лајен ја потврди поддршката на Европската унија, но истовремено и предупреди: – Ние стоиме цврсто зад Северна Македонија ...
„На Мицкоски му одговара партизирано судство преку кое ќе може да влијае на одлуките, и тоа не е ништо ново, граѓаните веќе го виделе тоа, а некои и го почувствувале на своја кожа“, истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево. Филипче нагласи дека Мицкоски очигледно нема волја за реформа на судството, а одговорноста е исклучиво само кај него. „Од уста не ги вади обвинителите, ...
Во најновиот американски воен напад врз брод во Карибите за кој постоело сомнение дека превезува дрога за првпат има и преживеани, потврди висок американски функционер. Засега не е познат бројот на луѓе што биле на бродот, ниту колку преживеани се пронајдени, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News). Во досегашните шест напади врз бродови во водите на Карипско Море има најмалку 27 загинати лица. Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, ...
На два дена пред локалните избори, независниот кандидат за градоначалник на Општина Гостивар, Висар Адеми, ги повика граѓаните да го искористат своето уставно право да гласаат и да ја изберат иднината на својот град. Во своето обраќање, Адеми ја потенцира важноста на активно учество на изборите и го поставува прашањето до граѓаните: – Дали денес сме подобро отколку пред осум години кога размислуваме за отпадот, кучињата скитници, корупцијата, ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека заразните болести во Појасот Газа се „надвор од контрола“, при што само 13 од 36-те болници на територијата делумно функционираат. „Без разлика дали станува збор за менингитис… дијареја, респираторни заболувања, зборуваме за огромно количество работа“, рече Ханан Балки, регионална директорка на здравствената организација на ОН. Во посебна изјава, СЗО соопшти дека ги зголемила ...
Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, д-р Шабан Салиу, во видео обраќање упатува порака до жителите на оваа скопска општина дека ќе стави крај на понижувањето и по добивањето на довербата за градоначалник веднаш ќе започне со системска акција за чистење на отпадот, се вели во соопштението од ДСР, што МИА го објавува интегрално. „Секој здив во Шуто Оризари денес носи понижување. Миризбата од ѓубрето ни ја понижува секоја улица, ни ги гуши ...
Европската фудбалска унија (УЕФА) почна нова истрага против Јувентус поради можни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј, поради кои италијанскиот клуб веќе доби суспензија од европските натпреварувања во сезоната 2023/24. „Во врска со параметрите на правилата за приходи, на ден 18 септември, како што е вообичаено во слични случаи, Јувентус доби известување од УЕФА за отворање постапка поради можното надминување на финансискиот лимит за ...
„Диши, диши – јавно здравје во хаотичен град“ беше последното предавање во рамки на кампањата на овие локални избори на професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“. Од Независни заедно, истакнуваат дека овие настани имаат за цел да вклучат граѓани и стручни лица да зборуваат и разменуваат идеи на конкретна тема. На овој час се дискутираше за аерозагадувањето како ...
Списокот на изневерени очекувања од Муцунски и Митески е голем, во Долно и Горно Лисиче денес не е реализиран ниту еден проект од многу ветените проекти на Муцунски пред четири години. Недостигот на основни инфраструктурни инвестиции зборува за сериозен неуспех на ВМРО-ДПМНЕ во овој дел од општина Аеродром, изјави д-р Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Аеродром. „Посебен срам е што и по четири години, патот меѓу ...
Денот започнува со Месечината во Девица, во фаза на опаѓање — симбол на ослободување и внатрешно расчистување. Вселената нè повикува да го средиме и видливото и невидливото, да ги исчистиме мислите, домот и срцето. Девицата е знак на ред, грижа, совесност и тивка добрина. Денес е време да ги препознаеме малите нешта што создаваат хармонија: уреден простор, внимателен збор, топла мисла. Ова е ден кога душата бара чист воздух, нежност и искреност. ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во подкастот „Каде се парите?“ истакна дека градот мора веднаш да се фокусира на три приоритети решавање на проблемот со отпадот, воспоставување функционален јавен транспорт и спроведување брзи мерки за намалување на загадувањето на воздухот. „Мора да се среди отпадот, да се воспостави систем за интегрирано управување со отпад, мора да се реши јавниот транспорт и мора да се спроведат ...
Јавното претпријатие „Лајка“ денеска одбележува пет години од своето постоење, период во кој, како што посочуваат од претпријатието, со голема посветеност и љубов кон животните е создадена институција што го покажува хуманиот потенцијал на системот. – ЈП „Лајка“ е живо сведоштво дека и во ограничени услови – со труд, посветеност и заедничка волја може да се создаваат успеси, среќни судбини и вистински промени. Во изминативе години ја ...
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври. Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори. Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите. Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние ...
На 19-ти октомври, граѓаните со едно гласање, ќе и дадат нов правец на историјата. Ова, во интервју за ТВ Шења, го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, и уште еднаш направи паралела помеѓу денот на гласањето со 13-ти август, стои во соопштението на кандидатот на НАИ за Чаир, што МИА го пренесува интегрално. „Затоа реков, 19-ти октомври е ‘вториот 13-ти август’. Како што денес сите прашуваат ‘каде беше на 13-ти август’, ќе ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, информираат од МВР. -Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ...
ФИФА одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го исклучи Бостон од листата на градови домаќини за Светското првенство во 2026 година. Трамп ја критикуваше градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, за уличните немири и изјави дека би можел да му предложи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ги премести натпреварите доколку смета дека градот е небезбеден. – Безбедноста, секако, е одговорност на ...