Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата за период од три години за пролетната и есенската орална ...
На протестите низ Франција денеска беа уапсени 55 лица, од кои 22 беа уапсени во Марсеј и седум во парискиот регион, според извештајот на француската полиција. Полицијата и жандармеријата регистрираа 170 протести во Франција, вклучувајќи 63 блокади, а протестите го нарушија сообраќајот на неколку линии на јавен превоз во парискиот регион, објави телевизијата БФМ. За денеска во Франција се најавени 250 собири по повод Денот на социјалната ...
Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените. Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат ...
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, постигна гол синоќа во победата од 3:2 над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите во првото коло. Овој гол беше неговиот 48-ми во најсилното европско натпреварување. Триесет и тригодишниот Египќанец се искачи на 11. место на листата на стрелци на сите времиња во Лигата на шампионите, израмнувајќи се со Андриј Шевченко и Златан Ибрахимовиќ, кои двајцата застанаа на 48 гола. Пред Салах е напаѓачот на ...
Се чинеше дека Сонцето оди кон историски период на слаба активност, но трендот се сврте во 2008 година. Ново истражување на НАСА покажува дека од тогаш нашата ѕвезда повторно станува сè поактивна, што може да донесе поинтензивни соларни бури и влијание врз Земјата. „Сите показатели укажуваа дека Сонцето ќе влезе во подолга фаза на ниска активност. Затоа беше изненадување кога тој тренд се сврте. Сонцето полека се буди,“ изјави Џејми Јасински од ...
Бројот на лекови што беа во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 година. Недостатокот на клучни лекови во ЕУ веројатно ќе продолжи и во иднина, според извештајот на Европскиот суд на ревизори. И покрај контрамерките, останува ризикот дека некои лекови, вклучително и вообичаените антибиотици, повремено нема да бидат достапни. Бројот на лекови што беа во недостиг во земјите-членки достигна рекордни нивоа во 2023 и 2024 ...
Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла, што предизвикаа загадување на воздухот во Скопје, претставуваат сериозен екоцид за кој директна одговорност носат институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ, обвини заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на ТВ24. „Управувањето со Дрисла и Вардариште е надлежност и на општините, и на Градот Скопје, и на централната власт. А ВМРО-ДПМНЕ управува со сите нив и ...
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изнесува навреди и омаловажувања кон жените. Ваквото однесување мора веднаш и најстрого да биде санкционирано, изјави на денешната прес-конференција Панче Милевски Панта од Комисијата за спорт на СДСМ. „Бараме Миленко Неделковски веднаш да биде ...
Пишува: ДЕСТАН ЈОНУЗИ Скопје денес е во период на интензивни промени, раст и модернизација. Меѓу кандидатите кои се појавуваат за функцијата градоначалник, Каја Шукова од СДСМ се издвојува како најпогоден и најиновативен избор за оваа важна позиција. Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје, најави амбициозен план за зелено обновување на градот во следните 15 месеци. Таа најави изградба на 15 нови паркови, засадување на 10.000 ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на својата веб – страна ќе ги објави описите на 3480 избирачки места за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври 2025. Општинските изборни комисии (ОИК) исто така ќе ги објават описите на избирачките места. Како што беше нагласено на денешната 135. седница на ДИК, од понеделник започнува обуката на избирачките одбори за изборите за што беше усвоен план за работа. На седницата се донесени шест ...
Четворица кандидати ќе ја водат битката за градоначалничката функција во Охрид на претстојните локални избори закажани за 19 октомври. Тоа се актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата, Гоце Цветкоски како незвисен кандидат и Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија. Независниот кандидат Гоце Цветкоски учествуваше во изборниот процес за градоначалник како кандидат од ...
Конечно се случува. По месеци економска дебата и зголемени напади од американскиот претседател Доналд Трамп, американската централна банка ги намали каматните стапки, пренесува Би-би-си. Федералните резерви соопштија дека ја намалуваат клучната каматна стапка за кредитирање за 0,25 процентни поени. Тоа ќе ја стави во опсег од 4% до 4,25% – најниско ниво од крајот на 2022 година. Се очекува овој потег – првото намалување на каматната стапка на ...
Во Франција, за денеска се најавени 250 собири по повод Денот на социјалната мобилизација, а според француските медиуми се очекуваат помеѓу 600.000 и 900.000 демонстранти низ целата земја. Според проценките на француското Министерство за внатрешни работи, се очекува да протестираат во Париз помеѓу 50.000 и 100.000 луѓе. Синдикатите најавија масовен одѕив на просветни работници, студенти, транспортни работници, таксисти и работници во ...
На најновата рејтинг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА) објавена денес, македонската репрезентација назадуваше едно место и сега е 63-та. Од квалификациската група за Мундијалот 2026 во која настапуваат македонските фудбалери, најдобро котира Белгија (8. место), Велс е на 30. позиција, Казахстан се наоѓа на 118. место додека Лихтенштајн е 204-ти. Нов лидер е Шпанија, втора е Франција додека Аргентина падна две места и сега е трета. ...
НАСА најави пионерски експеримент кој има за цел да ја однесе персонализираната медицина на ново ниво. Експериментот е дел од стратешкиот план за собирање вредни научни податоци за време на мисијата „Артемис II“, со цел агенцијата да „знае пред да тргнеме“ назад кон Месечината и потоа кон Марс. Истражувањето, наречено AVATAR (A Virtual Astronaut Tissue Analog Response), ќе користи орган-чипови – минијатурни уреди со човечки клетки кои имитираат ...
ABC го повлече доцноноќниот водител Џими Кимел од емисија на неодредено време поради коментарите што ги даде за пукањето во десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк, пренесува Би-би-си. „Емисијата „Џими Кимел во живо“ ќе биде повлечена на неодредено време“, изјави портпаролот на мрежата во сопственост на Дизни. Според Си-ен-ен, зачудувачката одлука дојде само неколку часа откако службеникот на администрацијата на Трамп одговорен за лиценцирање на ...
Вечер во Народниот театар во Гевгелија Македонската Филхармонија ќе го одржи концертот „Бајка“ под диригентска палка на Ана Кондратенко, која ќе настапи и како солист на виолина. Како што информираат од Тетарот од Гевгелија, концертот се одржува во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а на програмата се повеќе познати дела. Геледачите ќе ги слушнат „Чукни и влези“ од рускиот композитор Владимир Мартинов за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва изјави дека е факт оти има хибриден напад кон државата, и дека е факт оти во последните неколку дена имаше пожари на четири критични точки. Тошковски не сакаше да открива детали за истрагите за последните пожари во Скопје, но рече дека има основи за сомненија и индиции за вклученост на над дваесет лица. На новинарско прашање во Тема на денот на ТВ Сител дали мотивот за овие хибридни напади ...
Комесарот во НБА лигата, Адам Силвер ги изложи плановите за проширувањето на Европа. – Кошарката е најбрзорастечкиот спорт во светот. Втор по големина спорт во Европа. Имаме одлична можност пред нас. Ми се допаѓа европскиот фудбал, но не сакаме лига како Лигата на шампионите со јасни фаворити, каде што само неколку тима го одредуваат конечниот победник. Ќе се обидеме да моделираме систем со кој сме запознаени. Без цврст плафон, но со можност за ...
Дмитриј Козак, долгогодишен соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поднел оставка од функцијата заменик-шеф на кабинетот на Кремљ, објави рускиот новински медиум РБЦ на 17 септември, пренесува Кијив Индипендент. Козак е еден од ретките високи руски функционери кои се спротивставија на инвазијата на Украина во 2022 година. Повикувајќи се на неименувани извори, РБЦ соопшти дека Козак размислува за транзиција во деловниот свет. Њујорк ...
Ливерпул синоќа на домашен терен го победи Атлетико Мадрид со 3:2 дома во првото коло од Лигата на шампионите. Дефанзивецот на домаќините, Ендру Робертсон, го отвори резултатот во четвртата минута. Само две минути подоцна, Мохамед Салах го постигна вториот гол за Ливерпул. Атлетико успеа да го намали дефицитот кон крајот на првото полувреме преку Маркос Љоренте. Истиот фудбалер израмни 81. минута со својот втор гол. Победата за домаќните ја ...
Инфо Центар Гостивар известува дека Гостивар е една од избраните општини на повикот WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која ќе донесе бесплатен и брз интернет во јавните простори. „Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет. Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е поддржана од ...
Американски инвестиции во вредност од вкупно 150 милијарди фунти беа објавени за време на втората државна посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија. Околу 7.600 „висококвалитетни“ работни места ќе бидат создадени во Обединетото Кралство како резултат на приливот на пари од големите американски компании, соопшти британската влада. Британскиот премиер Кир Стармер го поздрави објавувањето на инвестициите, кое дојде еден ...
Локалните жители и очевидци велат дека десетици израелски тенкови и воени возила навлегле во голема станбена област во Газа, на вториот ден од израелската копнена офанзива насочена кон окупирање на областа, пренесува Би-би-си. Видео снимките покажуваат тенкови, булдожери и оклопни транспортери како се движат по рабовите на Шеик Радван, во северниот дел на Газа. Густи облаци од чад може да се видат додека израелските сили пукаат со артилериски ...
Во светлo на тековната агресија на Русија врз Украина и по постојаното кршење на воздушниот простор на земјите членки на Европската Унија од страна на руски беспилотни летала, воена вежба како „Запад-2025“ не манифестира посветеност кон деескалација и мир, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Во писмена изјава упатена во името на ЕУ по повод воената вежба „Запад-2025“ што се одржа на ...
Граѓанската организација „Стела“ повикува на протест на 18 септември пред МВР во 17:30 и блокада пред Жена Парк Борец 18 часот, против како што велат „колективниот крах на системот и игнорантниот однос на надлежните институции“. „Повикуваме на протест против колективниот крах на системот и игнорантниот однос на надлежните, полицијата, обвинителството и судовите кои дозволуваат да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до ...
Велика Британија официјално ќе признае палестинска држава во текот на викендот, по завршувањето на посетата на земјата од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се спротивставува на таквата одлука, објави британскиот весник „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе мерки доколку Израел не преземе мерки за ублажување на страдањата на населението во Појасот Газа и не постигне договор за прекин на огнот по ...
Талибанската влада го забрани интернетот во делови од северен Авганистан за да „спречи неморални активности“, соопштија талибанските власти. Ова е прва ваква забрана за интернет откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година. Талибанците им забранија на девојчињата да одат во средно училиште, а на жените да работат во многу сектори. Забраната се однесува на пет провинции – Кундуз, Бадакшан, Баглан, Такар и Балх – на северот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското, антифашистичко движење „Антифа“ за терористичка организација, по убиството на десничарскиот политички активист Чарли Кирк. -Исто така, ќе препорачам оние што ја финансираат „Антифа“ да бидат темелно истражени според највисоките законски стандарди и практики“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social. Белата куќа ја објави изминатите денови својата намера да се справи со ...
Заврши мерката „училишната кошничка“, заштедата за двајца ученици е околу 3.000 денари, соопшти денеска од Куманово, заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој најави дека во петок ќе достават известување до Владата со конечните сознанија за мерката. „Училишната кошничка“ како мерка почна од 15 август и траеше до 15 септември, годинава. -Мерката беше одлична можност за сите ученици пред сè за родителите на учениците и ...