Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што најавува УХМР, следува период на стабилно време, освен ...
Попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста. Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, ...
Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20:30 часот гласале 7.935 гласачи. Од вкупно 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18:30 часот гласале 1.400 гласачи, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). Во установите за вонсемејна грижа до 18:30 часот од 442 лица сместени во овие установи гласале 297 гласачи. – Гласањето за сите овие категории на ...
Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на 135, соопшти денеска Министерството за здравство на Појасот управуван од Хамас. Според договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел требаше да ги врати телата на 15 Палестинци за секој вратен починат израелски заложник, објави „Тајмс оф Израел“. Претходно денеска, канцеларијата на ...
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги искажа своите очекувања за спринтот на Големата награда на САД. – Квалификациите поминаа добро. Сè помина добро, но нè очекува тесна битка во спринтот. Сепак, мислам дека токму тоа сакаме да го видиме. Задоволен сум од пол-позицијата. Најважното нешто во спринтот е добриот почеток. Патеката е доста широка на првата кривина, па се надевам дека сите ќе можат да покажат добро темпо, изјави Верстапен за „F1 ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет привлече внимание на социјалните мрежи поради вратоврската во боите на руското знаме што ја носеше на средбата меѓу претседателите на Украина и САД, Володимир Зеленски и Доналд Трамп. Хегсет се појави на средбата носејќи вратоврска во боите на руското знаме – бела, сина и црвена – и марамче во боите на американското знаме, а комбинацијата на овие бои, кои ги симболизираат знамињата на двете земји, ...
Раководното тело на Формула 1 ја прогласи претстојната трка за Големата награда на САД на патеката во Тексас за ризична поради високите температури. Ова е втора трка по ред што е прогласена за опасна поради топлината, по трката во Сингапур пред две недели. Се предвидува дека температурите ќе надминат 31 степен Целзиусов претстојниот викенд во Остин што е индексот на топлина кој Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го користи за да ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на ...
„Месечината го шепоти балансот, а срцето одговара со светлина.“ Месечината овој викенд се движи од Девица кон Вага, подарувајќи ни мост меѓу редот и убавината, меѓу логиката и срцето. Венера и Сонцето се во Вага — носат нежна хармонија, потреба за мир, за љубов што не повредува. Марс и Меркур во Скорпија додаваат страст и длабочина, потсетувајќи нè дека вистинската поврзаност не е секогаш лесна, но секогаш вреди. Јупитер во Рак го шири домот на ...
Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска ...
Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија. Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори. Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас ...
Двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од шест отсто во однос на истиот период минатата година. Бројот на летови, пак, во истиот временски период е зголемен за три отсто, односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември. Како што информира денеска ТАВ Аеродроми, за овој ...
Иран објави дека повеќе не е обврзан со ограничувања на својата нуклеарна програма, откако денеска истече меѓународниот договор што ја регулира таа програма, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Отсега натаму, „сите одредби (од договорот), вклучително и ограничувањата на нуклеарната програма на Иран и поврзаните механизми, се сметаат за комплетни“, се вели во соопштението. Спогодбата, потпишана во 2015 година од Иран, ...
Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на ...
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и ...
На премиерата на новата драма на Рајан Марфи „Сѐ е дозволено“ (All’s Fair) што се одржа во Лос Анџелес, Ким Кардашијан ги привлече погледите во елегантен метално-сјаен фустан без ракави. Тоалетата, направена со рефлектирачка ткаенина во сјајна сребрена нијанса, совршено ја следи линијата на телото и фигурата на глумицата. Елегантните детали, пак, дополнително ја збогатија силуетата, давајќи му на фустанот луксузен и софистициран изглед. Ким го ...
Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ Може ли некој нормален да ми објасни на што се должи оваа самобендисаност и апсолутна сигурност во победа кај кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ? Па нели тоа се луѓето што веќе се градоначалници во 90% од општините, и токму тие ја имаат најголемата одговорност за состојбата во која е потонато Скопје и Македонија. Од каде толку ароганција во реториката и уверување во „сигурна победа“, кога резултатите им се ...
Во анализа на Си-Ен-Ен, американскиот претседател Доналд Трамп се прикажува како лидер кој сè повеќе ја надминува идејата за „America First“ и ја претвора во нешто многу поцентрализирано – „Trump First“. Наместо изолационизам, неговата политика добива форма на личен геополитички проект, во кој САД стануваат алатка за амбициите на еден човек. Во текот на само неколку дена, Трамп се закани дека ќе го „разоружа Хамас“ доколку не се предаде, се ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон изјави дека претстојната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Будимпешта, Унгарија, ќе биде само за две земји, но истакна дека САД ќе бидат во контакт со Зеленски. -Тоа ќе биде двонасочна средба. Но, претседателот ќе биде во контакт со Зеленски. Има многу лоши односи меѓу двајцата претседатели и не претерувам кога го ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја би можела да им обезбеди на САД „илјадници дронови“ ако Вашингтон им дозволи да „користат ракети Томахавк“. -Затоа ова е место каде што можеме да соработуваме, каде што можеме да го зајакнеме американското производство, изјави Зеленски за новинарите пред средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, објави Си-Ен-Ен. Американскиот претседател рече ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за време на средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон изјави дека САД би можеле да размислат за испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, но нагласи дека е важно САД да задржат доволен број од ова оружје за „својата безбедност“. „Ракетите „Томахавк“ се одлична работа, но морам да кажам дека и нам ни се потребни. Не сакаме да дадеме она што е потребно за да ја заштитиме нашата ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнувањето мировен договор за Газа на почетокот од нивниот состанок денеска, велејќи дека тоа би можело да биде „моментум“ за завршување на војната во Украина. На отворањето на работниот ручек во Белата куќа со американскиот претседател, Зеленски денеска изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „не е подготвен“ за мир, но ...
Неполни два дена остануваат неодговорени нашите прашања упатени до премиерот Христијан Мицкоски во врска со посетата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на 15 октомври, која заврши без заедничка изјава. Прашањата што останаа без одговор, испратени преку официјалната мејл адреса на портпаролот, беа едноставни: Да потсетиме, по посетата, Фон дер Лајен се задржа само на објава на Х во која се вели „топката е во вашиот двор“. „Вашиот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа пред неколку моменти, објави Скај њуз. Тој беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, со кого позираше пред камерите. Трамп пред средбата вели дека ќе разговара со Украинецот за вчерашниот телефонски разговор со Владимир Путин. „Мислам дека постигнуваме голем напредок“, вели Трамп. „Денес ќе разговараме за тоа. Ќе разговараме за тоа што се случи вчера по телефон со ...
Порталот 24. Инфо, објави дека „Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ) на својата советничка листа за Град Скопје кандидирало лице кое е починато уште во јануари 2024 година“. Според информациите што ги пренесува 24. Инфо, станува збор за кандидат на реден број 15, со иницијали Б.Љ., родена во 1940 година, која, и покрај тоа што починала пред повеќе од една година и девет месеци, се уште фигурира како активен кандидат. „Овој случај ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: ...
Палестинската милитантна група Хамас денеска изјави дека останува посветена на договорот за прекин на огнот со Израел, вклучително и ветување за предавање на телата на сите свои заложници, Израелци. Изјавата следеше по острото предупредување од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека ако Хамас не го исполни својот дел од договорот и не ги врати телата на сите заложници, ќе го поддржи Израел во продолжувањето на војната. Хамас тврди ...
Рускиот претседател Владимир Путин треба да биде уапсен на пат кон планираниот самит со неговиот американски колега Доналд Трамп во Будимпешта, пресуди Меѓународниот кривичен суд (МКС), објавија холандските медиуми. Според соопштението на судот, земјите-членки на Статутот на МКС се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење, кои важат и за Унгарија и соседните земји, кои Путин очигледно би морал да ги заобиколи. Унгарија сака да биде домаќин ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, на последниот ден од кампањата им се обрати на своите сограѓани, упатувајќи повик за излезност и избор на промени во недела, се наведува во соопштението од ЗНАМ, кое МИА го објавува интегрално. „Ви се обраќам со срце исполнето со благодарност, одговорност и верба дека Центар може повторно да блесне,“ истакна Лабудовиќ. „Ова не е само повик за избори – ова е повик за промена, ...
Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори од гласачи од Валандово и еден приговор од гласач од Карбинци. Иако, рокот за приговори за гласање во домашни услови заврши на 14 октомври, како што информираше претседателот на ДИК Борис Кондарко, разгледани се овие четири приговори затоа што решенијата на гласачите им се дадени од страна на ОИК на 14 октомври. – ...