Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Интернет-страниците на неколку дански институции и компании од областа на одбраната беа мета на хакерски напад, соопшти денеска Службата за цивилна безбедност на Данска. Одговорноста за хакерските напади ја презеде проруската хакерска група „НоНејм057“ (NoName057). Според Службата, сајтовите биле мета на ДДоС напади. „НоНејм057“ на социјалните мрежи објави дека ги нападнала веб-страниците на одредени дански институции, меѓу кои и ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа на сериозната економска состојба во државата поради промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, поради што негативен резултат е веќе регистриран кај странските инвестиции, но и кај другите економски параметри. Филипче предупреди дека и домашните и странските инвеститори веќе отпушаат вработени, со што сериозо се ...
Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско ...
Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите оцени дека евроинтегративниот процес на Македонија не се движи напред, туку се враќа децении наназад, и дека Европската унија продолжува да врши политички притисоци врз земјата преку уставните измени. „Срамежливо стоеше во извештајот на ЕК една реченица. На тој начин мислеа дека ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, преку некои поранешни структури да се промени Уставот. Не им успеа“, рече ...
Д-р Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпретседател на СДСМ, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата Венко Филипче. Филипче денеска предлогот ќе го соопшти на седница на Извршниот однор на партијата закажана за 18 часот. Предлагот Трајановски да биде нов потпретседател на СДСМ треба да помине и пред членовите на Централниот комитет, но засега седница на ова највисоко тело на опозициската партија не е закажана. ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Русија јасно ставила до знаење дека не сака мир, наведувајќи дека Москва продолжува со своите долгорочни напади врз украинската инфраструктура и дека неделно губи 7.000 војници. -Тие и натаму ја напаѓаат украинската електрична мрежа и се обидуваат да ја деморализираат земјата, додека губат околу 7.000 војници неделно. Мислам дека јасно ставиле до знаење што сакаат, а тоа е дека го ...
Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно до врвот во власта. Повеќе од јасно е дека овој скандал не е изолиран случај, туку само ја потврдува системската корупција која ДПМНЕ ја воспоставило во агенцијата. Тоа не е изненадување, историјата не учи дека секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, секој скандал или злоупотреба е со амин на раководство на ...
Би-Би-Си „Флота во сенка“, „зомби танкери“ или „танкери-духови“. Така Русија ги нарекува бродовите кои, и покрај санкциите, транспортираат милиони барели нафта за да ловат купувачи низ целиот свет за зделки со поволни цени. Врз основа на ова, Кремљ тврди дека Русија е имуна на санкциите на американскиот претседател Доналд Трамп и на црната листа на нејзините две најголеми нафтени компании. Нејзините клиенти вклучуваат ирански ајатоласи, ...
Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да делуват, отфрлајќи ги шпекулациите на опозицијата дека и други луѓе од власта се вмешани во злоупотребата на финансиски средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од ...
Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во бездна длабока околу 200 метри по судир со друго возило. Несреќата се случила во раните утрински часови на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, што ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си. Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина, заедно со САД, започнаа со производство на дронови-пресретнувачи. Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг изјави дека во иднина ќе има поголема соработка меѓу Украина и САД во воената индустрија. Украинскиот претседател тврди дека рускиот претседател Владимир Путин започнал целна кампања на заплашување во Европа со неодамнешните упади на дронови и борбени авиони во ...
Во Македонскиот народен театар вечерва ќе се одржи премиера на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин. Премиерата ќе се одржи вечерва, а следната изведба е закажана за 14 ноември. Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ или воздржан, денеска констатираше дека предлогот на Законот за изменување и дополнување на законот за правото на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Македонија е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање пред пратениците. Овој предлог на закон, комисијата го разгледа како матично тело, на денешната 41 ...
Туберкулозата останува водечка причина за смрт од заразни болести во светот, убивајќи само минатата година приближно 1,23 милиона лица, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), посочувајќи на кршливоста на напредокот во борбата против болеста. Бројот на смртни случаи од туберкулоза се намали за три проценти во 2024 година во споредба со 2023 година, додека бројот на случаи на болеста се намали за речиси два проценти, се наведува во ...
Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, одговори на прашање за можно враќање во Далас по отпуштањето на генералниот менаџер Нико Харисон, кој го смени Словенецот. -Далас, неговите навивачи, неговите играчи – сето тоа секогаш ќе има посебно место во моето срце. Мислев дека ќе останам таму засекогаш, но тоа не се случи. Значи, секогаш ќе биде посебно место за мене. Секогаш ќе го нарекувам дом. Враќање во Далас? Во моментов сум ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија планира да започне голема агресија на европскиот континент во 2029 или 2030 година, наведувајќи го зголеменото производство на руско оружје како доказ. Зеленски објави на Телеграм дека зголеменото производство на оружје, исто така, покажува дека Русија не е подготвена да ја заврши војната против Украина. „Со оглед на ситуацијата на бојното поле, не гледаме дека Русија сака да ...
По повод 13 Ноември – Денот на ослободување на градот Скопје, делегации од повеќе институции оддадоа почит на паднатите борци. Цвеќе беше положено на Партизанските гробишта во Бутел и на Алејата на великаните на гробот на генерал Михајло Апостолски. На чествувањето присуствуваа претставници од Сојузот на борци, од Градот Скопје предводена од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставници од Собранието и Владата на Република Северна ...
„Нашите во светот“ е насловен 50-тиот фестивал „Млад отворен театар“ кој од 19 до 25 ноември ќе се одржува во организација на Младинскиот културен центар. МКЦ соопшти дека за јубилејното издание на МОТ подготвиле внимателно селектирани претстави, концерти и изложба и дека оваа година во фокусот се македонските автори кои „успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти“. ...
Во Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) денеска ќе биде отворена интернационална групна изложба „Истокот e сè уште можен“. Изложбата, составена од избор на дела од колекцијата „Артист 2000+“ на Модерна галерија и националните колекции од Љубљана, во дијалог со колекцијата на солидарноста на Музејот на современата уметност во Скопјe, се занимава со постојано еволуирачкиот сеприсутен потенцијал и визија за трансформација и ...
Кинотеката на Македонија од денеска до 18 ноември ги отвора својот простор и платно за уште еден циклус на јапонски филм, нудејќи уникатно патување низ повеќе декади на јапонската кинематографија. Неделата на јапонски филм, како што истакнуваат од Кинотека, е еден од најзначајните филмски настани во годината, кој носи ретка можност за македонската публика да се запознае со длабочината, комплексноста и уникатната естетика на јапонската ...
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана но ниту презеде одговорност ниту понуди решенија. „Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и ...
Македонската фудбалска репрезентација вечер ја пречекува Летонија во контролен натпревар. За селекторот Благоја Милевски овој дуел ќе биде можност за проверка пред гостувањето кај Велс. -Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и ...
Денес Месечината патува низ Девица, носејќи смирена енергија на ред, анализа и самоусовршување. После неколкуте емоционални дена под влијание на Лав, оваа фаза нè повикува да се вратиме кон конкретното, кон делата и дисциплината. Девицата е знак што сака да помогне, да исцели, да разбере и да средува – но и знак што понекогаш заборава да биде благ со себе. Денот е идеален за расчистување на мислите, навиките и просторот, за мали добри дела и ...
(Сведоштва за ослободувањето на Скопје на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ – Михајло Апостолски) На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, ...
Професорот на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа, Насир Селими, предупредува дека довербата што граѓаните им ја даваат на градоначалниците за подобро управување со јавните пари често се изневерува. – Една од главните задачи што ја презема новиот градоначалник, без сомнение, е довербата што му ја даваат даночните обврзници за подобро управување со јавните пари. Сепак, реалноста и секојдневието се далеку од ...
„МедиГруп“ доцна синоќа објави дека Дијана Хрка е примена во Општата болница на тој приватен здравствен систем поради влошување на нејзината здравствена состојба и дека, по дијагнозата, и е обезбеден постојан медицински надзор и соодветна терапевтска нега. „Приоритет на сите преземени мерки е зачувувањето на нејзиното здравје и целосна медицинска безбедност“, соопшти „МедиГруп“ и побара од медиумите и јавноста да го разберат и почитуваат ...
За студентите кои го испуштија рокот за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможува дополнителен рок за пријавување – од денеска до 16 ноември 2025. МОН објави дека кандидатите треба да се пријават електронски на линкот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и при пријавувањето да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран ...
Општина Крива Паланка се најде на првото место во државата според најновата анализа на Индексот за отвореност на општините за 2024 година, кој го спроведува организацијата ЗМАИ (Здружение за истражување и анализи), информира Службата за комуникација со јавноста при Општината. Оттаму посочуваат дека ова е значаен успех што ја потврдува континуираната заложба на Општината за транспарентно, отчетно и одговорно правување со јавните средства, како ...
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го потврди распоредот на натпреварите за Европското првенство 2028, според веб-страницата на организацијата. Домаќини на завршниот турнир ќе бидат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Вкупно се закажани 51 натпревар. Првиот натпревар од првенството, во кој ќе учествуваат екипи од Групата А, ќе се одржи на 9 јуни 2028 година, на Националниот стадион на Велс во Кардиф. Полуфиналињата (4 и 5 јули) и финалето (9 ...
Движењето „Кој е Следен?“ на 13 ноември 2025 година спроведе герила-акција на споменикот на Олимпија, кој го обви во црно за симболично да ја претстави црнината што мајките на децата во Кочани ја носат последниве 8 месеци. „Со оваа акција сакаме да ги повикаме жителите на Скопје да излезат на солидарниот марш што Здружението “16 март” го организира оваа сабота (15. ноември), во 12:05 на Плоштадот Македонија како зборно место. Маршот на ...