
Скопје
35ᴼ /
35ᴼ



Макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со октомвриските проекции, оценува Советот на Народната банка. На редовната седница, како што информираат од централната банка, бил усвоен најновиот квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции. – Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот на проекциите 2025 − 2027 година. За оваа година се очекува раст од 3 ...
Разговорите за нова влада во Романија завршија во уште еден ќорсокак во четврток, спречувајќи го очекуваното објавување на кандидат за премиер, пренесува Еурактив. Ќорсокакот се врти околу прашањето за ДДВ. Зголемувањето на ДДВ од 19% на најмалку 21% е меѓу предложените мерки за намалување на буџетскиот дефицит. Сепак, планот наиде на силна реакција од јавноста. Претседателот Никушор Дан вети за време на својата кампања дека ДДВ ќе остане ...
Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во споредба со вчера. Новата малопродажнa цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72 денари за литар, ...
Индискиот регулатор за цивилно воздухопловство издаде предупредување до авиокомпанијата „Ер Индија“ поради непочитување на безбедносните прописи откако три од нејзините авиони „Ербас“ полетаа без претходно да ја проверат опремата за итни случаи. Според извештајот на Индискиот регулатор за цивилно воздухопловство, инспекциите спроведени во мај откриле дека авионите летале без потребните проверки на опремата за итни случаи, што претставува ...
Утре официјално започнува летото. Утрешниот ден ќе биде најдолгиот ден во годината т.н летен солстициум. Негде околу 4 часот по полноќ официјално започнува летото. Веќе следниот ден денот ќе почне постепено да се скратува, а ноќта да се продолжува, пишува Скопско астрономско друштво на својот фејсбук профил. Тие споделуваат фотографија на која се гледа движењето на сонцето во текот на целата година, фотографијата е направена во Скопје, а нејзина ...
Дел од американската национална телефонска линија за спречување на самоубиства што се грижи за ЛГБТК млади луѓе вели дека наскоро ќе се затвори, откако администрацијата на Трамп го намали нејзиното финансирање. Администрацијата ја обвини услугата за „радикална родова идеологија“, пренесува Би-би-си. Се вели дека сè уште ќе ја финансира пошироката линија за самоубиство и криза 988 – од која опцијата за ЛГБТК млади е еден дел – и дека сите ...
Ланс Ренмарк беше дел од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите и за граѓаните по трагедијата во клубот „Пулс“. Како научник и доктор во областа на социјалната заштита, тој пренесе дел од сопствените искуства за начинот на закрепнување по траумата што го погоди Кочани, регионот и државата. Учествувал во повеќе практични проекти во рамки на Центарот за ...
Возрасно женско лице смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера вечерта околу 22 часот се случи во центарот на Охрид. Според првичните информации, жената била прегазена на тротоар кога во неа удрило патничко моторно возило „Волксваген Голф“ со охридски регистерски таблички. Несреќата се случила на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај поранешниот Мини Маркет, кога возачот на „голфот“ преминал преку кружниот тек, ја пробил заштитната ...
Во Италија денеска има 24-часовен генерален штрајк наречен „Црн петок“, кој го прогласија пет синдикати, а главните барања се намалување на буџетските средства за одбрана и пренасочување на парите во здравството, образованието, јавниот превоз и безбедноста на работа. Протестот ги опфаќа сите категории, од здравствена заштита до училишта. Синдикатите бараат и зголемување на платите, обновување на колективните договори и намалување на работното ...
Локалните избори оваа есен во Македонија се обликуваат како клучна пресметка за зајакнување на позицијата на албанскиот политички фактор и за нова конфигурација на теренскиот баланс. Две паралелни разврски го привлекуваат вниманието: мобилизацијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и консолидирањето на коалицијата ЗАЕДНО (BASHKË), која ги вклучува Алијансата за Албанците (крилото на Арбен Таравари) и Европскиот фронт. ДУИ повикува на ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица, информираа од АМСМ, задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска ја предупреди либанската група Хезболах да биде претпазлива, велејќи дека трпението на Израел со „терористите“ кои му се закануваат е при крај. Лидерот на Хезболах, поддржан од Иран, Наим Касем, вчера изјави дека групата ќе дејствува како што смета за соодветно во услови на она што тој го нарече „брутална израелско-американска агресија“ против Иран. Во други изјави, групата не се обврзала ...
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, тој е последица на нивната некадарснот во водењето на државата. Граѓаните препознаваат некадарност, живеат се потешко, куповната моќ им се намалува, платите ги јаде инфлацијата, а власта нема решенија, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска при нејзиното гостување во емисијата „Пресврт“ на „Слободен печат“. –Според внатрешните истражувања што ги спроведуваме, СДСМ бележи напредок. Истовремено, ...
– СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советник на СДС повреди општинска службеничка, не е случаен. Вчерашното насилство на советникот на Венко Филипче е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е периодот кога кажавме дека Филипче 6 ...
Фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово во соработка со Основното училиште „Карпош“ и Рурал Ума Сто oд Умин Дол денеска ќе одржи филмска ревија во рамки на настан замислен како летно кино на отворено. Настанот ќе се одржи на училишното игралиште во Умин Дол. Ќе бидат прикажани филмски проекти изработени од учениците со кои имаат учествувано на државниот конкурс „Средби под jаворите“ во чест на Видое Подгорец, а ФИЛМАЈ ревијата ќе ги прикаже ...
Израел во моментов се соочува со последиците од својата агресија врз Иран, изјави врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. -Ционистичкиот непријател е казнет. Тој е казнет токму сега, напиша Хамнеи во соопштение од неговата прес-служба на мрежата „X“. По нападите со дронови во текот на ноќта, од кои неколку беа соборени, Иран лансираше ракета кон Израел која падна во населено место, оштетувајќи ги блиските згради и запалувајќи неколку ...
Книгата „Околу три по полноќ“ од авторот Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана вечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Промотори на делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат Влада Урошевиќ, кој го напиша пoговорот на книгата, и уредничката – Оливера Ќорвезироска. „Околу три по полноќ“, која е прва публикација на Дурацовски по пауза од една деценија, е уникатно издание, отпечатено со две ...
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија , Франција и Канада) и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 23 до 30 јуни 2025 година, во Кинотеката на Северна Македонија. Официјален партнер на Неделата на ...
Во ликовна галерија, НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп вечер ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Автопортрет“ на академскиот уметник Дарко Талески. Изложбата „Автопортрет“ претставува интерактивно мултимедијално дело, кое ја истражува темата на индивидуалниот идентитет и себесознавањето. Преку уникатниот пристап на користење „магично“ огледало – дигитално платно на кое се проектираат прашања и анимации – посетителите ќе бидат поттикнати на ...
Федералниот апелационен суд му дозволи на американскиот претседател Доналд Трамп да ја распореди Националната гарда во Лос Анџелес, објавија светските агенции. Трамп ја донесе оваа одлука во екот на протестите во метрополата против неговата имиграциска политика, што доведе до акции на имиграциските власти за апсење на мигранти кои нелегално живеат во земјата и до масовни депортации. Протестите ескалираа во немири што траеја неколку ноќи. Поради ...
Очекувам најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори и издвојување на уште поголема победа споредбено со изборите во 2021 година, истакна во гостувањето на “Само Интервју”, вицепремиерот Александар Николоски. „Она што е важно и што со сигурност можам да го кажам е дека ќе имаме далеку подобар резултат од 2021, кога имавме одличен резултат, кога освоивме 42 општини. Сега очекувам бројката да е далеку повисока и не е нерално ...
Пишува: ДЕЈВИД Е. САНГЕР / Њујорк Тајмс Звучи толку хируршки, толку прецизно, токму таков вид на воздушен напад што само американските воздушни сили би можеле да го извршат. Низа бомбардери Б-2 полетуваат од воздухопловната база Вајтман во Мисури или островот Диего Гарсија во Индискиот океан. Дополнети со гориво во воздухот, тие се упатуваат кон далечна планина во северно-централен Иран, далеку од цивилно население, каде што на нишан ја ставаат ...
Руските сили нападнаа станбени згради во Одеса ноќта на 20 јуни, при што загина еден цивил и беа повредени најмалку 14 други, вклучувајќи тројца работници во итни случаи, соопшти Канцеларијата на државниот обвинител, пренесува Кијив Индипендент. Нападот, кој службата го опиша како „масивен“, се случил околу 1 часот по локално време. Беспилотните летала погодиле над 10 цели, вклучувајќи седум станбени згради, и довело до повеќе пожари од големи ...
Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта нападнала десетици воени цели во Иран, вклучувајќи ја и Организацијата за одбранбени иновации и истражувања (СПНД), за која вели дека е вклучена во развојот на иранско нуклеарно оружје. Војската соопшти дека извршила серија напади во центарот на Техеран и нападнала неколку погони за производство на ракети во иранската престолнина. Повеќе од 60 борбени авиони на израелските воздухопловни сили ...
Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и стои зад Иран во неговиот конфликт со Израел, објави Анадолија. -Хезболах и Исламскиот отпор не се неутрални кон легитимните права и независност на Иран и лагите на Америка, нејзината агресија, заедно со канцерогениот тумор на Израел и арогантните сили“, рече Касем во изјава на Телеграм. „Ние стоиме зад Иран во лицето на оваа глобална неправда ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека промената или падот на раководството на Иран не е цел на нападите на Израел, туку може да биде резултат. „Прашањето за промена на режимот или падот на овој режим е пред сè прашање на иранскиот народ. Никој друг не може да го стори тоа. Затоа не го претставив како цел. Може да биде резултат, но тоа не е наведена или официјална цел што ја имаме“, рече Нетанјаху во интервју за израелскиот ...
Додека лидерите на НАТО се подготвуваат да разговараат за зголемување на трошоците за одбрана на 5% од БДП на самитот следната недела во Хаг, шпанскиот премиер Педро Санчез отворено го отфрли предлогот во писмо испратено до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во четврток. „Посветувањето на целта од 5% не само што би било неразумно, туку и контрапродуктивно“, објаснува Санчез во писмото до кое дојде Euractiv. Зајакнувањето на европската ...
Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“. Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот. ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција и Германија денес во Женева ќе одржат разговори со својот ирански колега Абас Арагчи, како и со највисоката дипломатка на ЕУ, Каја Калас, како дел од напорите за прекин на конфликтот меѓу Израел и Иран, пренесува Би-би-си. Министерството за надворешни работи на Велика Британија вели дека Дејвид Лами ќе ги повтори „долгогодишните загрижености на Велика Британија за нуклеарната програма ...