„Судството во Македонија има 1 отсто доверба? Не, многу е и тоа. Направен е преседан, кој досега не се случил во оваа држава. Како може да биде осуден пратеник за искажано мислење и став од говорница на Собрание?“ – реагира на својот фејсбук-профил Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, откако судијата Неџати Мемети од судот во Куманово на барање на пратеникот и функционер на СДСМ Мартин ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на интервјуто на францускиот претседател Макрон за Би-Би-Си, во кое тој го повика Израел да престане да убива жени и бебиња во Газа и го повтори повикот за прекин на огнот во војната. Нетанјаху рече дека сите нации треба да го осудат Хамас, а не Израел, тврдејќи дека неговата армија се обидува да ги отстрани цивилите од конфликтот додека Хамас ги користи како жив штит. „Злосторствата извршени ...

Приватните превозници во вторник ќе одлучат дали ќе продолжат со работа или повторно ќе излезат на улица да протестираат. Според информации на Телма тие три месеци се без примања. Како што се дознава, им било ветено дека советниците на Град Скопје на седница во вторник ќе ги изгласаат субвенциите за ЈСП со кои би се покрил и долгот кон приватните превозници. Приватните превозници пред околу половина година почнаа повторно да сообраќаат и да ги ...

Градоначалникот на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, вели дека доколку се интонира химната која етничките Македонци ја чувствуваат за своја, тогаш во општините со мнозинско албанско население треба да биде дозволено и интонирање на националната химна на Албанија која, како што вели, етничките Албанци ја чувствуваат како своја. „За и Албанците да ја чувствуваат химната како своја, мора да бидат дел од таа химна“, вели Касами за ТВ ...

Наместо за злоупотреба на службената положба, обвинителот Трајче Пеливанов побара обвинетите за случајот „Трезор“,во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да се судат за пречекорување на службените овластувања. Според новото кривично дело, казната затвор е од 6 месеци до 3 години, што е помалку од претходното кривично дело за кое беше пропишана можеше да затворска казна од 6 месеци до 5 години. „Трезор“ е единствениот ...

Мистериозната инфлуенсерка Ина Многу фина чиј вистински идентитет е речиси непознат за најголем дел од јавноста го анализира одличниот перформанс на актерот Сашко Коцев кој со стенд ап вчера ја наполнил салата на Македонскиот народен театар. Ина Многуфина во својот коментар на скопски сленг освен за настапот на Коцев прави кратка но моќна анализа на душевната состојба на македонскиот народ кој со години катадневно се соочува со разни видови ...

Непрекинатите поројни дождови во последните денови во северна Франција предизвикаа излевање на речните корита, поплавени домови и обработливо земјиште и наложија евакуација на локалното население. Повеќе од 100 населени места се во состојба на готовност, а околу 200 училишта во областа беа затворени. Спасувачките екипи мораа да евакуираат и добиток. Министерот за животна средина Кристоф Бешу рече дека ќе биде прогласена вонредна состојба во ...

Унгарија бара од Европската комисија да отвори кривична постапка против Бугарија поради неодамна објавената нова такса за транзит на руски гас низ земјата. Унгарскиот министер за прашања на ЕУ, Јанош Бока, во објава на социјалните мрежи посочи дека Унгарија смета оти таксата која ја наметна Бугарија е во спротивност со правилата на Европската Унија за царина и трговија. Дополнително, посочи дека таксата сериозно ја загрозува енергетската ...

Убеден сум дека на овие избори ќе се стави крај на владеењето на ДУИ и тие ќе заминат во опозиција, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Република“. – Очекувам следните избори ДУИ да бидат многу непријатно изненадени од број на освоени гласови. Ова раководство на ДУИ е сериозно и длабоко вплеткано во криминал. Нашата посакувана опција е да се даде шанса на т.н албанска опозиција. Гледате како збунуваат со пораките – од ...

Судијата Неџати Мемети од судот во Куманово на барање на функционерот на СДСМ Мартин Костовски го осуди пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски за говор во собранието иако пратениците уживаат имунитет за искажани ставови од собраниската говорница. Петрушевски кој според пресудата ќе треба да плати 2,5 илјади евра вели дека и покрај пресудата не се плаши ниту притисокот може да го натера да гласа за уставните измени. ,,За првпат во историјата ...

Розевите очила очигледно ги има само Бојан Маричиќ и власта, и буквално никој друг. Дека полош извештај сме немале со години покажува и анализата на Институтот за европски политики- Скопје, именувана „Разнишани преговори“. Од таму велат посебно проблематично е што во оценките за Македонија се вели дека никаков напредок немаме во клучните полиња за европскиот напредок, она што е најважно за Европската Унија, односно корупцијата и условите во ...

Извештајот на Европската комисија дава реалистична слика за македонската економија во периодот на енергетска и ценовна криза, со нагласен критички тон за клучни реформски приоритети за кои постои ограничен напредок и кои се повторуваат во секој извештај, посочува „Фајненс тинк“ во својот последен коментар посветен на извештајот на ЕК. – Извештајот ја нагласува потребата мерките за справување со последиците од енергетската криза да бидат ...

Повеќе од два месеци македонската јавност ја тресе најголемата афера во здравството поврзана со Клиниката за онкологија. “Слободен печат” ги праша граѓаните колку се задоволни од македонското здравство и дали досега давале мито за лекови кои им следуваат бесплатно? За дел од нив лекувањето е добро, но поголем дел велат дека не се задоволни од услугите по Клиниките. – Не знам колку сме задоволни, сите имаме по некој на лекување – вели еден ...

ЕУ веќе не може да го поднесе македонскиот феномен: ,,Клати врата земај плата” со кој се објаснува случајот со огромен број вработени во јавната администрација кои не работат ништо а земаат плата. Универзитетскиот професор Борче Давиткоски во разговор за „Локално“ вели дека како и претходните извештаи така и овој е негативен по однос на напредокот на реформите во јавната администрација. Според него, за ваквата состојба постојат повеќе причини, ...

Додека јавноста и медиумите се насочуваат најмногу на политика, за наука речиси и да не се зборува. Без наука, просперитетот на една земја е сведен на неуспех, доказ за тоа е колку се вложува за истата кај нас, вели Петре Макрески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет. „Буџетот за наука, кој беше предвиден за оваа година, е еден од најниските во последните десет години. Само како споредба издвојувањето на средствата од БДП во ЕУ ...

Пратеникот на Алтернатива, Хисни Исмаили синоќа во Тетово е избран да раководи со Координативниот совет на фракцијата, на состанок на кој присуствувале претставници на 13 ограноци на партијата. „Синоќа во Тетово одвоената фракција од политичката партија „Алтернатива“ која во текот на овие месеци во повеќето ограноци одлучуваше да ги прекине своите внатрепартиски активности, едногласно одлучи да формира Координативен совет. На синоќешната средба ...

Планот за раст на Западен Балкан е одлична идеја, но дали земјите ќе ги видат парите – зависи од заслугите. Тие 6 милијарди евра никој не ги дава на тацна – Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Македонија ќе мора да се потрудат. Покрај конкретни социо-економски реформи, се споменуваат и фундаменталните како владеење на правото, демократијата и почитувањето на основните човекови права и слободи. Тука се и макрофинансиската ...

Шлаканицата од Брисел за правосудниот систем ги размрда надлежните, барем на зборови. Министерот за правда најавува дека на маса ќе седне актуелни и поранешни судии и универзитетски професори на чело со академик Владо Камбовски, да пишуваат нови законски решенија за Судскиот Совет. Но, ад хок решенија нема да не донесат до реформирано судство, вели универзитетскиот професор Ѓорги Сламков. Според него само со суштински промени, кога на очиглед на ...

Во денешното гостување во вестите на Канал 5 Телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека логично е изборите да бидат споени затоа што на Македонија напролет треба да и се случат претседателски и парламентарни избори. „Логично е изборите да бидат споени затоа што на Македонија напролет треба да и се случат и претседателски и парламентарни избори. Максимално еве и да се тегнат роковите разликата помеѓу едните и ...

Израел и Хамас се договорија за делумна размена на затвореници, јави телевизијата Ал Арабија. „Постигнат е договор за размена на палестински жени и деца приведени од Израел за стотина израелски заложници држени од Хамас“, соопшти саудиската телевизија. За време на борбите во јужен Израел, Хамас зароби, според различни извори, до 250 луѓе. Меѓу нив има војници и цивили. Освен тоа, како заложници биле земени и државјани на трети земји. Военото ...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе Предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Анкетната комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, со која бараме продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции, посочи Рашела Мизрахи, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. -Досега се сослушаа повеќе од 50 ...

Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да ѝ наштети на постапката, реагира Јавното обвинителство по изјавата на министерот за здравство Фатмит Меџити дека е крајно време Обвинителството да излезе со име и презиме за случајот со Клиниката за онкологија. Обвинителството по изјавата на министерот излезе со реакција во која посочува дека ...

30 отсто покачени плати или штрајк- Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги најави протести и штрајк доколку не ги добијат ветените повисоки плати. Од КСОМ велат решението е во тоа да Управата да се врати во рамкии на МВР. Од Независниот синдикат на судска администрација кои повеќе од 7 месеци се на протести барајќи 78 посто повисоки плати и враќање на додатокот од 30 постро велат дека протестите продолжуваат и најавија ...

Европската унија веројатно ќе западне во рецесија до крајот на годината, изјави за „Фајненшл тајмс“ поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка Марио Драги. Економијата на еврозоната во периодот од јули до септември е намалена за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните проценки на статистичката агенција Еуростат. „Речиси е сигурно дека ќе имаме рецесија до крајот на годината. Сосема е ...

Најновиот извештај Европската комисија е и повеќе од реален во однос на економската стабилност на земјава, велат за Алфа од Бизнис конфедерацијата на Македонија. Според Миле Бошков, проблеми има, и ако во иднина немаме добра инфраструктура за развој на стопанството и бизнисите, но пред се и едукација на квалификуван кадар, до година ќе биде уште полошо, објави Алфа Телевизија. Дека македонската економија цела година тапкала в место, потврдува и ...

Пакувани мандарини во тони од Хрватска наменети за извоз на српскиот пазар неодамна запрени на границата со Србија и беше наредено нивно уништување поради откривање на нелегален пестицид. Невен Матага, производител на мандарини од Опузен, гостуваше во N1 каде зборуваше за забраната за извоз и пестицидите. Тој рече дека не знае зошто Хрватската земјоделска комора или некоја друга институција сè уште не добиле јасни информации зошто системот за ...

Извештајот на Европската комисија констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, а договорите во четири очи го јадат системот, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Директното доделување на договорот за изградба на Коридорите 8и 10д предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на Законот за јавни набавки – наведува ВМРО-ДПМНЕ. „ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот ...

„Кон какви европски придобивки и кон каква евроинтеграциска визија се ‘насочени’ Али Ахмети и албанските градоначалници во македонски општини, кои толку цврсто го прегрнуваат албанското знаме, што забораваат сѐ почесто дека постои и македонско државно знаме, општоприфатено во ЕУ и целиот свет? Со какво знаме ќе продолжи да мавта лидерот на ДУИ во коридата на соживотот во Македонија со неговите закоравени националистичко-шовинистички намери?“ – ...

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко пред пет месеци се најде на црната листа на САД поради корупција, но предметите за него започнати во судот, практично, застаруваат поради измените на Кривичниот законик. Специјално формираната комисија на Јавното обвинителство по извршениот вонреден надзор над работата на обвинителството во Струга во Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во јули објави дека ...

Во Унгарија треба да се заострат правилата за азил и миграција за да се издржи зголемениот миграциски притисок, во спротивно постои опасност од – „губење на земјата“. Ова денеска во интервју за државното радио го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Орбан рече дека сегашната регулатива може да се справи со „мигрантската криза“ по 2015 година, но дека мора да се зајакне во време кога се соочуваат со зголемен притисок. Новиот закон за азил ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
94%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
90%
1013
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1014
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.79
94%
1011
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.51
95%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
55%
1012
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
90%
1009
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.79
93%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
53%
1012
Currency

61.535

Currency

54.285

Currency

72.3635

Currency

35.2035

Currency

39.4153

Currency

65.6886

Currency

7.52137

Currency

0.66604

Currency

0.37967

Currency

0.52626

Currency

1.4049

Currency

0.64114

Алуминиум

2.44

Кобалт

33.70

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1068.02

Злато

109135.71

Бакар

9.60

Паладиум

31202.30

Платина

31386.49

Родиум

172810.26

Цинк

2.57

Иридиум

134266.78