• Саше Љолес
Младиот Карлос Алкараз не престанува да го воодушевува светот со своите маестрални тениски изданија. Најпрво со чудесен пресврт го совлада Јаник Синер во финалето на Ролан Гарос, а неговата победничка низа не запира и продолжува и натаму.
Шпанскиот ас има серија од дури 16 мечеви без пораз, која започна на Мастерсот во Рим, а трае до турнирот во Квинс, каде се пласираше во четвртфиналето. Таму ќе се сретне со сонародникот Роберто Баутиста-Агут, против кого повторно ќе биде голем фаворит.
Во моментов Алкараз е втор тенисер на АТП листата, а неприкосновен лидер е Италијанецот Јаник Синер.
ФОТО/PHOTO: Carlos Alcaraz/Facebook