Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври во однос на истиот месец лани бележи раст од 4,5 %, а цените на мало пораснале за 2,8 %, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата во октомври е резултат на зголемување на трошоците за живот кај храната за 7%, кај алкохолот и тутунот за 6,7%, мебелот и покуќнината за 4,7%. Најголем раст на цените во октомври годинава во однос на октомври лани има ...
Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информираа дека минималните месечни трошоци потребни за егзистенција на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 65.173 денари. Оваа сума претставува намалување од 371 денар во споредба со октомври, кога за минимални трошоци беа потребни 65.544 денари. Доколку семејството изнајмува стан од 60 квадратни метри, вкупните минимални месечни трошоци се искачуваат на 80.548 денари. Најголем дел од ...
Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери во вредност од 15.300 денари, информираше портпаролката на Влада, Марија Митева. Од нив, 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред. „Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати,“ рече Митева. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Плаќаме за ваучери кои дел од ...
Петар Јанков е новиот градоначалник на Општина Струмица. еМагазин во серијал ќе Ви престави каков имот пријавиле новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица Каков имот пријавил На свое име пријавил име пријавил недвижен имот во Струмица, од кој дел е подарок. Недвижен имот поседува и во Охрид. Вози две возила. Поседува и ...
На меѓународната изложба „4 Земји 4 Универзитети“ во Сараево, со свои дела учествуваат и дваестина студенти од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје. Проектот е континуирана меѓународна соработка која во 2024 година беше претставена во Едрене, Турција (на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тракија) и во Ниш (на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш). Секоја година се прави нова, збогатена селекција на ...
Македонската карате репрезентација е најуспешна репрезентација во Македонија, а каратето како спорт има долгогодишна успешност и традиција. Тоа што го одделува од другите боречки спортови е податокот дека по број на освоени медали од сите видови меѓународни натпреварувања, особено од официјални и универзитетски европски и светски првенства, каратето по број на освоени медали рангиран е како спорт број еден во Македонија. За тоа дека е ...
Вчера арената „Тодор Проески“ беше исполнета со детски чекори, насмевки и аплаузи – на третото издание на „Виталиа Детската трка“! Над 800 деца и повеќе од 2.500 посетители ја претворија атлетската патека во сцена на најмасовниот и највеселиот спортски настан за најмладите во Македонија. Атмосферата беше вистински спектакл – трибините преполни со родители и другарчиња, гласна поддршка од публиката и радосни извици што одекнуваа до Градскиот ...
Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Гент, Белгија освои бод во квалификациите за Светското првенство 2026, откако со белгиската репрезентација одигра 0:0. По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови. Втора е Белгија со 11, а трет е Велс со 10 бодови, но овие репрезентации имаат и натпревар помалку. Казахстан е четврти, а следниот меч Македонија во понеделник во Скопје, го игра против неговата ...
Македонија си ги искомплицира шансите за директен пласман на Светското првенство во фудбал следната година, откако македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје одигра нерешено со Казахстан, 1: 1. Нашта репрезентација останува во трка за второто место во групата, но ќе мора да победи во последниот меч од циклусот против Велс во Кардиф, за да обезбеди место во баражот. Во групата на првото место се искачи Белгија, која има уште два ...
Еден од најважните шаховски настани во текот на годината е Европскиот клупски куп (ЕКК), турнир кој традиционално се одржува кон крајот на сезоната, но кој претставува епицентар на шаховските збиднувања поради интересот кој го побудува и квалитетот што го нуди. Популарно наречен шаховска верзија на Лигата на шампионите, ЕКК секоја година го собира кремот, но не само од Европа. Шаховскиот клуб Алкалоид неколку децении го гради својот имиџ ...
На најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), која беше објавена вчера, македонската фудбалска репрезентација е на 65. место и бележи пад од две места споредено со претходната. На врвот останува Шпанија, а по неа во првите десет се и репрезентациите на Аргентина, Франција, Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија си ги искомплицира шансите за директен пласман на ...
Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула, информираат од таму. Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што ...
Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1.390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми во У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: ...
Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Кардиф, Велс, изгуби од тимот на Велс со 7:1. Оваа беше последен натпревар на нашата репрезентација од квалификациите за директен пласман на Светското првенство следната година, кои ги заврши на трето место во нејзината група. Македонија се уште има шанси за пласман на Светското првенство, но по потежок пат – преку плеј-офот на Лигата на нации, каде што можни противници ѝ се репрезентациите на ...
Хрватскиот град Риека неодамна беше домаќин на Балканското првенство, на кое што Данило Божовиќ од „Макпетрол” освои два медала – злато и сребро. На шампионатот за кадети, јуниори и постари јуниори (У21) учествуваа 13 држави со 1,390 пријавени спортисти. Овој успех на Божовиќ уште еднаш ја потврди доминацијата на скопскиот клуб на најквалитетните натпреварувања на балканскиот регион. Успешноста што во континуитет ја постигнува овој спортски ...
Во најзаборавените, но најбогати и живописни предели успеав да најдам приказна што е совршено огледало меѓу животите на белите штркови и човештвото воопшто, вели режисерката Тамара Котевска за нејзиниот најнов документарен филм „Силјан“, кој од филмските работници, едногласно беше избран за претставник на Македонија во трката за Оскар од странско говорно подрачје. Овој филм веќе го забележа и својот прв успех, ја освои „Наградата на музата“, ...
АИТОНИКС, една од водечките ИТ компании во Македонија, прослави 25 години од своето основање на свечен настан во Скопје. Основана во 2000 година од сегашниот генерален директор Јордан Димитровски, АИТОНИКС е денес една од најголемите компании за ИТ-дистрибуција и развој на софтвер во Македонија, која воедно со тоа ја прошири својата дејност и на пазарите во Бугарија и Србија. АИТОНИКС е официјален дистрибутер на светски познати ИТ брендови ...
Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративната култура на „Алкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и во грижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивните семејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманата мисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, информираа од таму. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа година визуализирана преку симболиката на ...
На свечената церемонија во Монпелје – Франција, Крушево се стекна со престижното глобално признание Топ 100 Зелени дестинации 2025, влегувајќи во група на светски дестинации кои се препознаени по развојот на одржливиот туризам како главен двигател на локалниот економски развој. Ваквото признание е резултат на долгогодишнниот, заеднички и посветен пристап на сите чинители – општината, локалните бизниси, здруженија, институции и граѓани, кои ...
Една од нашите најуспешни интернационални модели е Горјана Кулишевска –Џоја, која веќе со години работи за многу светски брендови и дизајнери, па така настана и соработката со врвниот бренд за козметика Лореал. „Токму оваа линија на козметика е во соработка со модниот дизајнер Тиери Муглер па затоа е насловена L’oreal x mugler. Како ексклузивно лице на оваа козметичка линија е познатата Кендал Џенер, а во новата кампања е токму нашата ...
Еден од најценетите гитаристи на овие простори Влатко Стефановски имаше чест да се сретне со британскиот крал Чарлс и во таа прилика му го врачи својот актуелен албум “London Sessions“, објавен во издание на Кроација рекордс. Со тоа стана единствен музичар од овие простори кои имал лична средба со британскиот монарх. Албумот London Sessions е снимен во легендарното Стдуио 3 Abbey Road во Лондон. „На албумот, со Стефановски свират и неговиот ...
Првпат македонската јавност ќе може да види филм за планинарски клуб – сторија за век љубов кон Шара, храброст и заедништво 100 години истрајност, љубов кон планината и заедништво – сега преточени во филм. Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој првпат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво. ...
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име, а е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Со многу емоции, сеќавања, но и со доза на оптимизам и хумор, вчеравечер (5. ноември) во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, само неколку дена по одбележувањето на една година од заминувањето на „мајката на сите македонски ...
Документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска бележи исклучителен меѓународен успех со освојување на две значајни номинации на престижните Cinema Eye Honors, едни од најреномираните глобални признанија за документарна продукција. Филмот ја освои номинацијата за Audience Choice Prize, признание со особена тежина во документарниот свет. Од Cinema Eye Honors истакнуваат дека „Audience Choice Prize е често клучен ...
Во чест на Светскиот ден на детето (20. ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана едицијата „Големи зборови за мали уши“ од издавачката куќа „Арс Ламина“. Целта на едицијата „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е да им ги доближи големите, „страшни“ и навидум неразбирливи зборови на децата. Понекогаш ...
Викендов во Македонската филхармонија во Скопје во организација на јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, македонската публика имаше можност да ужива во прекрасниот концерт „Јапонско срце бие во македонски ритам“. Котецу е добро познат во Македонија поради неговата одлична интерпретација на македонски традционални песни, а овојпат во Скопје ја донесе и јапонската сопранистка Чихиро Суганума и јапонскиот женски хор Tomoni Utao, кои заедно ...
Денот на ретките болести се одбележува на 28. февруари, но грижата за лицата со ретки болести треба да продолжи во текот на целата година. Оттука, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочуваат, целта е да се подигне свесноста во општествотo за нив и сите чинители активно да се вклучат во решавањето на проблеми кои ги засегаат. Посебно треба да се стави акцент на нивно полесно движење во здравствениот систем, на начин што во Мој термин, ...
Централна алка на компанијата Агриа е кланицата, од каде што излегува целиот вложен труд во фармите, фабриката за сточна храна и земјоделството. Таа е врската помеѓу примарното производство и финалните производи, безбедни за потрошувачите, односно сѐ што се работи во работните единици, како финален производ излегува токму од овој погон. Марјана Караѓорѓиевска, менаџерка на кланицата во интервју за еМагазин.мк вели дека се работи под строго ...
Матевж Томшиќ, e професор на Факултетот за применети општествени студии во Нова Горица, Словенија. Во разговор за еМагазин.мк вели дека овој факултет нуди иновативни студиски програми, постои флексибилност и индивидуален пристап кон секој студент. Искуството со македонските студенти е позитивно, и тие лесно се прилагодуваат на словенечките високообразовни студии. Објаснете ни е која е дополнителната вредност доколку некој студент заврши на ...
Македонските инвеститори покажаа силен интерес за купување на новите хартии од вредност по пат на иницијална јавна понуда (IPO) на Македонската берза, информираа од компанијата Свод Мастер АД Скопје (сопственик на стриминг платформата „Глеј“). Ова е прва историска продажба на акции преку иницијална јавна понуда на која се понудени 200.000 обични акции со продажна цена од 600 денари по акција и вкупна вредност на емисијата од 120.000.000 ...