Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, по повод чествувањето на Св.Кирил и Методиј. „Особено е значајно за нас, оти тоа е местото каде што светите браќа ја носат глаголицата и каде што за прв пат се одобрени словенските богослужбени книги. Положив венец пред спомен-плочата на македонски јазик, поставена во сеќавање на големите дела на светите браќа Кирил и Методиј, втемелувачите на ...
Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, пишува „Скопје1“. За разлика од претходните ослободувања кои дојдоа по предлог на Обвинителството, овојпат, тие се уште немаат добиено ниту решение. За тоа време, Салиу, веќе може да се шета слободно, а како мерка на претпазливост му е одземен само пасошот и треба да се јавува во скопскиот Кривичен суд двапати неделно. Салиу има ...
Овие двајца браќа, благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски на прославата на споменот и делото на Св.Кирил и Методиј. “Свети Кирил, со духовна проникливост, ја создаде глаголицата, првото словенско писмо, кое подоцна, со трудот на учениците, ќе се развие во кирилицата — нашето писмо. Неговиот брат, Свети Методиј, како мудар учител, се бореше ...
По четиригодишна пауза, од 27 октомври 2025 година, граѓаните повторно ќе можат да патуваат од Скопје до Ларнака, Кипар, преку директни летови на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. Синоќа, на прославата на 15-годишнината на ТАВ Македонија, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, најави дека е потпишан договор за субвенции за 11-тата дестинација од скопскиот аеродром – но без да ја открие дестинацијата. Сега е јасно: станува ...
Отворени се две нови телефонски линии за информирање на граѓаните и здравствените лица со мајмунските сипаници. Граѓаните можат да добијат информирации на телефонскиот број 076/233-791, а здравствените работници на 076/233-792. Од Институтот за јавно здравје информираат дека епидемиолози исконтактирале со лицата кои биле во контакт со позитивните лица со Mpox и оти тие немаат никакви симптоми на заболување. Двете лица кај кои е констатиран ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска информира дека епидемиолози искомуницирале со контактите на позитивните лица со Mpox (мајмунски сипаници) и истите посочиле дека немаат никакви симптоми на ова заболување. „Позитивните лица се во добра состојба. Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови позитивни случаи. Во текот на вчерашниот ден беа објавени препораки на веб-страницата на ИЈЗ до граѓаните. ИЈЗ изработи ...
Нов гувернер на Народната банка во македонското Собрание ќе се избира на седница на 28. мај. Кандидат за таа функција, како предлог на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, што е дел од процедурата, е актуелниот претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии, Трајко Славески, од ВМРО-ДПМНЕ. За да биде избран потребни се 61 глас „за„, а имајќи го во предвид актуелниот распоред на „силите„ во Собранието, тој ...
Мимоза Муса, пратеничката на поделената Алијанса за Албанците (АА), од крилото на поранешниот министер за здравство, Арбен Тарвари, информираше на Фејсбук дека останува во коалицијата “Вреди“. Како што е познато крилото на Тарвари поради одлуката да настапи самостојно на престојните локални избори, прво ја напушти коалицијата, а потоа и Владата. Пред неколку денови пратеникот од крилото на Таравари, Салим Сулејмани поднесе оставка и го ...
Вчера во Струга се отвори “Набизи Ритеил Парк“, кој се протега на 85.000 метри квадратни и е најголем во Македонија. Од оваа површина, 40.000 метри квадратни се деловен и логистички простор, а има и паркинг за 1.000 возила. Инвеститор е компанијата Набизи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Кој е инвеститорот на “Набизи Ритеил Парк“ во Струга, кој се отвори денеска View this post on Instagram A post shared by Shkelzen Ajrullai Mtb (@shkelzen92) Во склоп ...
Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и поранешниот организациски директор на Клиниката, Нехат Нухи, добија куќен притвор, откако вчера Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје информираше дека се подигнати две обвиненија за случајот познат како „Онкологија“, во кој тие беа осомничени, а сега се обвинети. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинение за поранешните директори Нино Васев и Нехат Нухи за случајот „Онкологија“: Сите ...
Од денеска во Струга и официјално со работа почна “Набизи Ритеил Парк“, најголемиот во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во Струга денеска се отвара “Набизи Ритеил Парк“ Истиот се протега на површина од 85.000 метри квадратни, од кои 40.000 метри квадратни се деловен и логистички простор. Паркот има и паркинг за 1.000 возила. Кој е инвеститор? Инвеститор е компанијата Набизи, која има 42-годишна традиција. Почнала со работа во 1983 година со ...
На денешната прес-конференција со високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, македонскиот премиер Христијан Мицкоски откри дека се согласил на заедничка билатерална средба на Македонија и Бугарија на маргините на Самитот на НАТО, кој ќе се одржи на 24 и 25. јуни во Хаг, Холандија, а на која ќе присуствуваат и преставници на ЕУ, НАТО и САД. Тој се согласил за средбата на денешната средба со ...
Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, која денеска е во посета на Македонија, на заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, рече дека за европскиот пат на земјата се уште е во игра планот А, односно усвојување на уставните измени и другите услови предвидени од преговарачката рамка, кои ги наметна Бугарија, а откако беа прифатени од претходната македонска ...
Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, кој ќе се игра во недела во Скопје, од тимот на денешната прес-конференција упатија апел до сите поддржувачи за фер и спортско навивање. -Во пресрет на финалниот ракометен напревар од ЕХФ Европскиот куп меѓу РК „Алкалоид“ и РК „АЕК“, упатуваме искрен апел до нашите поддржувачи – да jа покажеме љубовта кон македонскиот ракомет и кон ракометниот ...
По речиси 15 години се враќа А2 телевизија, која засега ќе може да се следи на официјалните профили телевизијата на Фејсбук и Инстаграм, facebook.com, instagram.com. -А2 телевизија започнува ново поглавје – посветено на иновативност, свежина и уште поголема поврзаност со публиката. Со нов освежен визуелен идентитет, и голем фокус на домашната продукција, А2 ја осветлува медиумската сцена интернет просторот во Македонија со нова енергија. Под ...
Една од најатрактивните и најпрепознатливи туристички дестинации кај нас – Grizzly Igloos, информира дека Grizzly го презема и целосно трансформираше поранешниот ресторан Аурора Козјак, кој сега прерасна во Grizzly Планински Еко Центар, место каде природата, забавата и едукацијата се спојуваат во уникатно планинско доживување. -Овој нов центар претставува природно проширување на оригиналната понуда на Grizzly, која досега беше позната по ...
Македонската претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска е во посета на Италија и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Таа ја предводи делегацијата во која се и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, државниот секретар во Министерството за надворешна политика и надворешна трговија, Елена Кузмановска-Биондиќ, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера ...
Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во државна сопственост, Скопје, склучи договор за набавка на челични лимови, со друштвото за производство, трговија и услуги Мај комерц-леар ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Вредноста на договорот е 88.715.686 денари или 1.442.531 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор вреден 537,2 илјади евра склучи ЕСМ со “Руд-коп“ Која е фирмата “Топлина“ со која ЕСМ склучи ...
Од Основното јавно обвинителство информираа дека по неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведувал јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска под раководство на предметниот ...
Во Лондон денеска беше потпишан договорот „влада со влада“ помеѓу Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Договорот го потпишаа македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас. Договорот како што е познато е во вредност од 6 милијарди евра, а парите од заемот ќе се инвестираат во транспорт, образование, здравство, животна средина и ...
Д Фестивал, најголемиот летен open-air музички фестивал во Македонија оваа година одбележува јубилејно 15 издание кое ќе се одржи од 4 до 6. јули во Штип со бројни новости во својот програмски концепт. Единствениот мултимедијален настан каде што музиката, уметноста и заедништвото се спојуваат во едно уникатно доживување, оваа година добива поголема хуманитарна мисија која Фестивалот ја реализира во соработка со иницијативата „Support Kocani“. ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2025 година изнесувала 44.763 денари, што претставува пораст од 10,5% во споредба со истиот месец претходната година. Според ДЗС, ова покачување првенствено се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во следните области: Образование за 15,8%, Рударство и вадење на камен за 14,1% и Административни и ...
Како и што претходно беше најавено, досега во истрагата за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица, на распит биле над 300 сведоци, информираше денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во истрагата за пожарот во Кочани се вклучуваат уште 11 обвинители, ќе се испитуваат повеќе од 300 сведоци Истрагата ќе заврши во рамките на законскиот рок од три месеци, односно како ...
Од Основното јавно обвинителство денеска информираа дека се поднесени две обвиненија за случајот во јавноста познат како „Онкологија“, а меѓу обвинетите е и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев. -Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката опфаќа две лица. Првиот обвинет, во својство на службено лице – медицински директор и вториот обвинет, во својство на организациски директор на Клиниката се ...
Шестте најголеми пекари во Македонија во 2024 година оствариле вкупен приход од над 51 милион евра, а нивната вкупна добивка изнесувала над 2,5 милиони евра, покажува анализата на порталот Пари направена во соработка со БизнисМрежа. „Жито лукс“ Скопје, според анализата лани остварил приход од 20,5 милиони евра, што е повеќе од двојно повисок приход од второпласираниот “Жито леб“ Охрид, кој пријавил 8,7 милиони евра. Третата позиција ја држи ...
Предлог за нов гувернер на Народната банка е актуелниот претседател на Советот на Град Скопје, и поранешниот министер за финансии, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Трајко Славески е предлогот за нов гувернер на Народната банка Предлог како што предвидува процесот за избор го дава претседателот на државата, во актуелниот случај, претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Тој е веќе доставен во македонското Собрание, каде треба да ...
По новата намера за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта Гроуп, Македонската берза ја стави Банката на Листата на набљудување. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Алта Гроуп од Белград сака да ја преземе Стопанска банка Битола -Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Стопанска Банка АД Битола на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација. ...
Актуелниот претседател на Советот на Град Скопје и поранешен министер за финансии, Трајко Славески е предлогот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за нов гувернер на Народната банка. Од нејзиниот Кабинет информираа дека истиот е доставен до македонското Собрание. -При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 20.05.2025 година во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријавил дека од почетокот на 2025 до 20.05.2025 на социјални мрежи се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков. -Исто така, според пријавеното, на страната почнала да се врши продажба ...
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје заврши доказната постапка за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. На денешното рочиште беа презентирани дополнителни докази од обраната на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Другите обвинети, Велибор Манев и Влатко Кешишев, не предложија нови докази. Следното рочиште е на ...