Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира ...

Државниот завод за статистика соопшти дека цените на угостителските услуги во ноември 2025 година се зголемени за 0.2% во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги во ноември годинава во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 4.1%. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5%, додека во однос на декември 2024 ...

Адем Чучуљ е новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој вчера даде свечена изјава во македонското Собрание и меѓу друго најави транспаретна и ефикасна работа на ДКСК во име на јавниот интерес. Неговиот мандат е пет години. еМагазин разгледа каков имот пријавил до Антикорупциската комисија кога станал нејзин генерален секретар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Адем Чучуљ, кој е избран за нов претседател на ...

Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов е во фокусот на јавноста откако од Министерството за внатрешни работи (МВР) заработи кривична пријава за набавка на 10 електрични автобуси, вредни околу 430 милиони денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за поранешниот градиначалник на Струмица Костадин Костадинов Според МВР, тој заедно со уште пет лица е осомничен за проневера на околу 7 милиони евра. Тој ги отфрли обвинувањата и ...

„Филип Морис Интернејшнл“ (PMI) објави ново поглавје во својата соработка со „Скудерија Ферари ХП“ (Scuderia Ferrari HP) и „Ферари челинџ трофео Пирели“ (Ferrari Challenge Trofeo Pirelli), престижен шампионат во мотоспортот кој постои од 1993 година, информираа од таму. Проширувањето на партнерството носи важна новина – од сезоната 2026, водечкиот светски бренд на никотински ќесички ZYN ќе се појавува на болидите на Ферари за време на одбрани ...

Општина Велес склучи договор за реконструкција на улицата “Белградска“ – втора фаза, реконструкција на дел од улицата “Алексо Демниевски“, реконструкција на улицата “Васил Главинов“, реконструкција на потпорен ѕид на улицата “Васил Главинов“, зад Благој Ѓорев, реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“ и реконструкција на улицата “11 Октомври“, со друштвото за градежништво и трговија Градба промет ДОО Кавадарци. Договорот е во вредност од ...

Водечки експерти од финансискиот и ИТ-секторот, ќе бидат говорници на годинешнава конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10. декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На овој престижен настан, организиран од EOS Матрих Македонија, ќе се дискутира за најактуелните трендови и предизвици што ја обликуваат иднината на финансискиот сектор, а во центарот на дебатите ќе бидат иновациите во финансиските услуги, дигиталната ...

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, организира Community Meetup настан, кој ќе се одржи на 11. декември 2025 година во 17 часот во хотел Мериот во Скопје. На настанот, крипто-ентузијастите и сите заинтересирани за дигитални средства и блокчејн технологии ќе имаат уникатна можност да се сретнат со тимот на Binance, да ги разберат глобалните трендови во крипто-индустријата, да научат како да заработуваат безбедно преку ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информираше дека од 1. јануари следната година надоместокот за користење на електродистрибутивниот систем Електродистрибуција ДООЕЛ се намалува за 3,64%. Надоместокот за користење на преносниот систем МЕПСО пак се намалува за 2,67%, а намалување има и кај цената на МЕМО од 3,40%. Од таму велат дека сега кога се познати сите елементи кои ја ...

Бруто-домашниот производ (БДП) порасна за 3.8% во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Во третото тримесечје поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 21% и Ѕ – Информации и комуникации од 7.4%. Според ДЗС, во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. ...

Државниот завод за статистика соопшти дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – октомври 2025 година, изнесува 413.102 милиони денари и бележи пораст од 2.26% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак за истиот период изнесува 589.092.3 милиони денари, што е за 4.16% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговската размена по производи според ...

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција најави објавување на „бомби 2.0“ за коруптивни скандали на власта. Рече дека „бомбите“ веќе биле подготвени, а за истите во партијата имале докази и документи. Партијата исто така ќе формирала нов антикорупциски тим во рамките на програма наречена „Нова сила“, кој ќе бил составен од советници, експерти по право и финансии и млади истражувачи кои ќе ги анализирале ...

За градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира и Општина Струга ќе има прекршочна постапка, бидејќи на Денот на aлбанското знаме, не го истакнале и државното знаме, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) -ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ. (65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од ...

Песната „Параходот“ е вториот сингл кој го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски“ и воедно најава за албумот што следи, насловен како „Море“. Како гости на песната Параходот е истата екипа како и на „40 Години Девојка од Бронза“. Музичарите кои ќе го изнесат концертот се: Александар Таушанов – гитара (Троја) , Тодор Стефанов – бас (Троја), Зоран Павлов – гитара и Дејан Јефремов – тапани. Како гости на концертот ќе се појават: ...

Јадранка Дабовиќ Анастасовска не е повеќе уставна судијка. Откако поднесе оставка поради лични и здравствени причини, македонското Собрание вчера ја констатираше истата. Таа не ја образложи пред пратениците. Уставниот суд по нејзината оставка остана со седум судии, а треба да има девет. еМагазин разгледа каков имот пријавила до Антикорупциската комисија кога станала уставна судијка. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е уставната судијка Јадранка Дабовиќ ...

Групацијата го оживува своето минато со вештачка интелигенција и иновации, за да го прослави првото столетие и да ги трасира наредните 100 години. Од своите почетоци во 1926 година како мала, креативна агенција на Монтмартр, до својата меѓународна експанзија, преку прифаќање и имплементација на податоци и технологии, до денешната позиција на водечка Групација во индустријата, Publicis помина низ повеќе трансформации во изминативе 100 години. ...

На престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка Скопје ја понесе титулата „Банка на годината“ за 2025 година. Ова признание ја потврдува континуираната посветеност на Банката кон извонредност, иновации и услуга на клиентите во банкарскиот сектор, информираат од таму. Наградата „Банка на годината“ претставува репер за квалитет и достигнувања во глобалната банкарска индустрија. Секоја година, The Banker ...

Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25. Генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на овогодишното Собрание, за член на Одборот на директори на ...

Телефоните и лаптопот за кои на минатато рочиште за трагедијата во Кочани, судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека се пронајдени во ќелијата на обвинетиот во случајот, Џеваир Камбери, кој е во притвор, не биле негови, кажа на денешното рочиште неговиот адвокат Насер Рауфи. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во ќелија на обвинет за трагедијата во Кочани најдени 13 мобилни и лап топ Според него бил „детектиран“ вистинскиот сопственик, кој се пријавил ...

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, од одбраната на тројцата обвинети овласетени општински градежни инспектори во случајот, Огњен Ѓеорѓиев, Љупчо Стаменков и Љупчо Гоцев, посочија дека тие никогаш не добиле налог од Општина Кочани или пријава од друга институција за да извршат контгрола во т.н. дискотека „Пулс“. Беше посочено и дека поради законски ограничувања тие имаат одредени овластувања. Адвокатот на Ѓеорѓиев, Зоран ...

Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струмица поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). Со истата се опфатени и ...

Ратко Димитровски, еден од тројцата обвинети поранешни градоначалници на Општина Кочани за трагедијата во “Пулс“, на денешното рочиште кажа оти тој бил единствениот кој пред 13 години барал од надележните институции да не и дадат лиценца за работа на т.н. дискотека, уште пред таа да почне со работа. Од одбрана на Димитровски, кој беше градоначалник на Општината во периодот од 2012 до 2017 година, посочија дека обвинението за него било ...

Од одбраната на еден од обвинетите тројца поранешни градоначалници на Општина Кочани, Николчо Илијев, на денешното рочиште посочија дека нема ниту еден факт против него и дека тој постапувал според законот и прописите и не ја злоупотребил својата позиција. Неговиот адвокат Синиша Станковиќ, меѓу друго рече дека истрагата за случајот била нецелосна, дека никој никогаш не го известил неговиот клиент за т.н. дискотека/кабаре, дека немал контакт ...

Од одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов, еден од тројцата обвинети поранешни градоначалници на Општината, на денешното рочиште посочија дека пропустите во случајот биле резултат на институционални слабости и дека законот барал утврдување на индивидуална вина. Неговиот адвокат Мите Левков кажа дека Папазов не презел никакви директни дејствија што довеле до пожарот, а одговорноста за инспекциските надзори и ...

Директорот на затворот Скопје во Шутка, Бобан Утковски го демантира адвокатот на обвинетиот Џеваир Камбери за трагедијата во Кочани, Насер Рауфи, кој на денешното рочиште рече дека 13. телефони и лаптоп пронајдени во неговата ќелија, каде е во притвор, биле на друго лице, кое само се пријавило, објави порталот Сакам да кажам. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Телефоните во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери не биле негови, се јавил вистинскиот сопственик, ...

Поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил информираше дека во целост ги офрла наводите од кривичната пријава која му ја поднесе Министерството за внатрешни работи (МВР) за јавната набавка на електричните автобуси во Струмица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кривична за поранешниот градиначалник на Струмица Костадин Костадинов -Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со ...

Електронскиот систем за сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој моментално во тест период функционира само во Скопје, до крајот на декември ќе почне да функционира и во Куманово и Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи (МВР), Маја Арсовска Манов во Топ Тема на Телма. Како што е веќе познато системот до средината на следната година треба да функционира низ целата држава. Таа кажа ...

Одбраната на обвинетите обезбедувачи во т.н. дискотека “Пулс“ на денешното рочиште меѓ друго посочи дека обвинението за нив е неосновано, без конкретни докази, подвлекувајќи дека дел од нив имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, која беше причината за пожарот. И тие кажаа дека пожарот е резултат на институционални пропусти и недостиг на надзор. Адвокатот на обвинетиот Јане Јанчевски, директорот на агенцијата за ...

На 5. декември од 21 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде прикажен документарецот „К-15: Од другата страна“. Режисер и сценарист е Ико Каров, син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров. Истиот трае 100 минути, а е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media. Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14. декември, исто така во МНТ. Картите веќе се пуштени во продажба и може да се купат само ...

За наводна злоупотреба на европски средства вчера беше приведена поранешната претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика, Федерика Могерини, добро позната и на македонската јавност. Во истрагата се осомничени три лица, а претходно белгиската полиција изврши претрес во седиштето на Европската служба за надворешни работи во Брисел, во Колеџот на Европа во Бриж, престижен универзитет, кој е финансиран од ЕУ, каде таа е ректор, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
42%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
6.17
53%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
38%
1015
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
54%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.72
78%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
44%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
63%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
31%
1011
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
27%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.72
70%
1017
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
35%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
100%
1012
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Иридиум

258288.78

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Бакар

10.65