Бугарски државјанин бил пртеран денеска од Македонија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Изречена му е и едногодишна забрна за влез во земјата откако бил фатен на Граничниот премин Деве Баир со боксирач и транспарент со навредлива содржина. -На 12.01.2026 во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л. (47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик, информираат од таму. -На 11. јануари, осомничениот од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец. Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да ...

Бидејќи адвокатката на обвинетиот поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, Сузана Јошевска Анастасовска, стана член на Судскиот совет, е одложено утрешното рочиште за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани. Џаферовски ќе треба да си најде нов адвокат. Судењето ќе продолжи на 26. јануари, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јошевска Анастасовска и Кадри Шахиновиќ избрани за ...

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарската групација „Фор-ај-џи“ е избран за трет мобилен оператор, информираа од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Операторот беше единствениот кој се јави на тендерот за избор на трет мобилен оператор во Македонија. За да стартува со работа во следните 10 денови, компанијата треба да го плати еднократниот надоместокот за трите фреквенциски опсези, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Компанијата ...

Бројот на загинати во антивладините протести во Иран драстично порасна. Досега загинаа над 500 лица, од кои најмалку 490 се демонстранти, претежно млади, меѓу кои и деца, а најмалку 48 се членови на иранските безбедносни сили. Над 10.000 лица пак се уапсени. Од четвртокот минатата недела во земјата е исклучен интернетот и мобилната комуникација, па се стравува дека бројот на загинати е поголем. И покрај тоа протестите поради економската ...

Од денеска стартуваат зимските распродажби во Грција. Истите ќе траат до 27. февруари, а со распродажбите намалени цени ќе имаат облеката, обувките, аксесоарите и апаратите за домаќинство. Пристапот до Грција периодов е проблематичен поради протестите на грчките земјоделци, па границата за влез во земјата е често затворена, а од утре е најавен и штрајк на такстите. Ако не успеете да ги фатите зимските распродажби нови ќе има од 13. јули. Како ...

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новата одлука цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 70,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 72,50 денари за литар. Цената на Еуродизелот (Д-Е V) останува иста и тој понатаму ќе се продава за 64,50 денари за литар. За ...

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници, што е зголемување од 9% во однос на 2024 година, информираат од таму. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година. „Успехот што го постигнавме во 2025 година не е случаен. Тој е резултат на јасна ...

Бугарската амбасада во Македонија објави снимка од видео надзор на која се гледа како е скршено стаклото на влезната врата на Амбасадата во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Скршено стаклото на вратата на бугарската Амбасада во Скопје На неа се гледа како непознато лице со рака го крши стаклото. За инцидентот остро регираше бугарското Министерство за надворешни работи, а истиот го осуди и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна ...

Кандидатот на опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, Валбон Лимани, победи на повторените избори за градоначалник во Општина Гостивар, кои се одржаа вчера. Тој е кадар на поделената Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари. Лимани според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) од преброени 99,97% од гласовите освои 64,48%, а неговиот противкандидат Невзат Бејта од владејачката коалиција ...

На повторените избори за градоначалник, кои се одржаа вчера, во Општината Маврово и Ростуше, победи кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција, Онер Јакупоски. Во Општина Врапчиште нов мандат доби кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција на ДУИ, Исен Шабани. Во Општина Центар Жупа пак за градоначалник е избран Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците. Тоj беше единствен кандидат, а доби подршка од ...

Зекирја Таири од владејачката коалиција “Вреди“ стана нов пратеник откако денеска во македонското Собрание беше верификуван неговиот мандат. Тој доаѓа на местото на Беким Сали, кој стана прв вицепремиер и министер за европски прашања. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Зекирја Таири нов пратеник, доаѓа на местото на Беким Сали Кој е Беким Сали, новиот министер за европски прашања Каков имот пријавил Беким Сали, новиот министер за европски прашања Зекирја Таири ...

Маж на возраст од 54 години од Скопје е лицетото кое вчера со рака го оштети стаклото на влезната врата на бугарската Амбасада во Скопје. Се работи за Ш.А., а како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, тој е уапсен од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) Центар и Бит Пазар. По документирање на случајот за него ќе биде поднесена соодветна пријава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Објавена снимка ...

Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска и професорката на МИТ Универзитетот, Арлинда Кадри Шахиновиќ, денеска во македонското Собрание беа избрани за нови членови на Судскиот совет. Тие беа предлози на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Претседателката има право да предложи двајца кандидати, осум членови избираат судиите од своите редови на непосредни избори, тројца членови избира Собранието, со Бадентерово мнозинство, а уште двајца ...

И исклучувањето на интернетот и мобилната комуникација не ги смирија протестите низ цел Иран. Истите започнаа на 28. декември, поради економската криза, високата инфлација и цени. Досега од страна на иранските власти се убиени над 79 лица, меѓу кои и деца, а се приведени над 2.300 лица. На социјалните мрежи се објавени вознемирувачки снимки од убиените. Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги предупреди тамошните власти да ...

Вчера се урна дел од таван во трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“, лоциран во близина на Солун, Грција, пренесоа грчките медиуми. Таванот се урнал на првиот кат од центарот каде се рестораните. Повредена е една жена на возраст од 45 години. Центарот важи за една од омилените дестинации за шопинг на македонските граѓани во Грција. Фото: Унсплеш/видео: Εφημερίδα Μακεδονία Вчера се урна дел од таван во трговскиот центар „Mediterranean ...

Македонските пратеници лани зеле 14.369.470 денари за патни трошоци, објави infomax.mk. Најмногу пари зел пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кире Божиновски, 637.233 денари, по него е уште еден пратеник на партијата, Петар Ристески, со 602.187 денари, а трет е Јован Митрески од СДСМ, со 464.150 денари. Во првите десет се и Јулија Тушевска (ВМРО-ДПМНЕ), 446.854 денари, Зоранчо Јованчев (ВМРО-ДПМНЕ), 426.640 денари, Беким Ќоку (Алијанса за Албанците), ...

Министерот за транспорт Александар Николоски направил увид на превоите Стража и Пресека и уверува дека сите патишта низ земјава се проодни и дека снегот редовно се чистел од „Македонија пат“. „Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од “Македонија пат“, кои даваат сè од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата. Повикувам внимателно да се вози и возачите да се прилагодат на ...

Бидејќи на последните локални избори во октомври во првиот круг не беше постигнат потребниот законски цензус од 33,33% излезност, денеска во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, се одржуваат повторни избори за градоначалник Гласањето започна во 7:00 часот, а гласачките места се затвораат во 19:00 часот. Првичните резултати се очекуваат по 20 часот. Фото: Игор Бансколиев Бидејќи на последните локални избори во ...

Вчера било скршено стаклото на вратата на бугарската Амбасада во Скопје. Случајот е пријавен во македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), а истиот таму го пријавил офицерот за безбедност на Амбасадата. Тој преку системот за видео надзор го забележал оштетувањето. Лицетото кое го скршило стаклото засега е непознато, а како што велат од МВР, тоа со рака го оштетило стаклото. Од таму велат и дека биле преземени соодветни полициски ...

Крипто пазарите го завршија декември под продолжен притисок, со вкупна пазарна капитализација која се намали за 3,8%, продолжувајќи го негативниот тренд од претходниот месец. Ова се случи и покрај олеснувачките чекори на Федералните резерви, кои ги намалија каматните стапки и формално го завршија периодот на квантитативно затегнување. Сепак, дополнителната ликвидност не се прелеа кон крипто средствата, бидејќи инвеститорите останаа ...

Министерството за внатрешни работи склучи договор за сервисирање на компјутери и компјутерска опрема, со друштвото за производство, трговија и услуги Латрон солушнс ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Договорот е во вредност од 14.160.000 денари или 230.244 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 942,2 илјади евра склучи МВР со Анхоч Договор од 1,1 милион евра склучи МВР со „Технокооп“ Договор од 3,8 милиони евра склучи МВР со „Еуроимпекс“ Министерството за ...

Министерството за одбрана склучи договор за набавка на сувомеснати производи, со друштвото за производство, трговија и услуги Мип-марфил увоз-извоз ДОО Прилеп. Вредноста на договорот е од 16.934.818 денари или 275.363 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,7 милион евра склучи Министерството за одбрана со “Пуцко петрол„ Договор од 1,7 милион евра склучи Министерството за одбрана со „Супертрејд„ Министерството за одбрана склучи договор за набавка ...

Состојбата со поплавите по обилните дождови се стабилизира, но се уште постои опасност за излевање на реките, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Кочани и Штип Кај Оризарска река во селото Грдовци има излевање. Водостопанство Брегалница интервенира со багер гасеничар. Механизацијата е сѐ уште на терен. Од понеделник ќе започне чистење на речното корито на Оризарска река од Грдовци кон Оризари со цел да се спречат идни ...

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.5%, соопшти Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 4.8%, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.3%. Цените во угостителството, кај групите Храна, Алкохолни пијалаци, Безалкохолни ...

Барот „Ле Констеласион“ во швајцарскиот ски центар Кран Монтана, кој се запали за време на новогодишната ноќ, имал еден означен итен излез за евакуација во подрумот, покажува истрагата. Како што пренесуваат локалните медиуми тој бил нефункционален и запечатен, што го правело неупотреблив. Станува збор за сервисна врата која водела кон подрумски простории и скалиштето на зградата. Па, единствениот можен пат за бегство бил тесното и стрмно ...

Антивладините протести кои започнаа на 28. декември од главниот град Техеран се шират низ цел Иран, а тамошната власт го исклучи интернетот и мобилните комуникации. Истите започнаа поради економската криза, падот на вредноста на ријалот, валутата на земјата, и инфлацијата од над 40%. Кризата е резултат на санкциите за земјата, претежно од САД, но и на лошото управување и корупцијата. Во протестите засега загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои и ...

Според податоци на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за третиот квартал минатата година, А1 Македонија има најголем, 47,41 процент удел, во вкупниот број на претплатници во мобилната телефонија. Следи Македонски Телеком со 46,68 проценти, М ТЕЛ со 4,55 проценти, Телекабел со 1,27 проценти и Греен мобиле со 0,10 проценти. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој има поголеми приходи, Македонски Телеком или А1 Македонија? Според податоци на Агенцијата за ...

Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот на декември лани девизните резерви на Македонија биле 4.925,3 милиони евра. Во однос на ноември истите бележат зголемување за 63,1 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти). Фото: Унсплеш Податоците на Народната банка покажуваат дека на ...

Пониски вредности за десетици пати од законски утврдените гранични вредности забележаа мерните станици на Макстил во четвртиот квартал од 2025 година, што уште еднаш ја потврдува високата енергетска ефикасност на технолошките процеси и системи инсталирани во компанијата, информираат од таму. Според редовниот мониторинг на емисиите, кој се спроведува согласно методологии за мерење на стационарни извори, измерените вредности на цврсти честички ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
29%
1012
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
36%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
64%
1010
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
31%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.23
43%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.66
37%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
52%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.81
38%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
42%
1008
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
42%
1016
Currency

61.635

Currency

52.6778

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Калај

50.03

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Цинк

3.35

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Алуминиум

3.57