
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ најави дека ќе побара средба со новиот бугарски премиер Росен Жељазков, кој доаѓа од партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, за која “навиваше„ Мицкоски на последните избори таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бугарија денеска на избори, Мицкоски „навива“ за Борисов „Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги ...
Службено возило БМВ на Министерството за односи меѓу заедниците, вредно 60 илјади евра, од времето кога истото го водеше бегалецот Артан Груби е пронајдено без неколку оргинални делови во сервисот „Авто лакер Буњо“ во Куманово. Од фотографиите кои ги сподели Министерството се гледа дека левата предна врата и левото предно крило се демонтирани, а на нивно место се монтирани врата и крило во друга боја од некое друго возило. Моторот од возилото е ...
Заради неоправданото зголемување на цените од страна на трговците, Хрватска „повлече нога“ во бојкотот на продавниците и супермаркетите. Нивниот пример го следат уште две балкански земји, најпрво Босна и Херцеговина, а по неа и Црна Гора. Бојкотот во БиХ е закажан за на 31 јануари (петок), на истиот датум кога во Хрватска ќе се организира нов, откако првиот помина успешно. Црногорската невладина организација Институт алтернатива исто така повика ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје беше одложено рочиштето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, откако првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара изземање на обвинителката Жаклина Јосифовска и на целото Основно јавно обвинителство од случајот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Палевски го одложи судењето за убиството на Вања и Панче, побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ...
По извршната наредба на новиот американски претседател Доналд Трамп, со која се замрзна странската помош за сите земји, на 90 дена, освен за Израел и Украина, Амбасадата на САД во земјава ги информираше невладините и другите организации да ги запрат проектите, дури и тие кои се во тек. САД преку Амбасадата и американската агенција УСАИД изминативе години и помогна на Македонија со милиони евра за реформи во судскиот систем, битката со Ковид-19 ...
Албанската амбасадорка во Бугарија, Инид Мило во интервју за бугарската Нова.бг, ги нарече Македонците во Албанија, „Северномакедонци“. На оваа остро и со длабока загриженост реагираа од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), единствената партија на Македонците во Албанија, кои реагираа и до албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани. Во нивната реакција, како што информираа од таму, стои дека ваквата ...
Во Воената академија „Г.С.Раковски“ во Софија, Бугарија, на 4. февруари по повод на роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев ќе се одржи концерт на класична музика и поезија. Во Академијата, која некогаш била училиште, учел Делчев. Концертот го организира Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија, под покровителство на бугарскиот претседател Румен Радев. На концертот, како што информираат од ...
Членот на клубот „Макпетрол“, Петар Спасеновски, прикажа добри борби на Светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција. Тој беше близу до пласман во четвртфиналето. Спасеновски имаше одлична борба со Андриј Торашанко од Украина која заврши 2-2, а победата му избега на две секунди пред крајот. И во вториот настап, исто така, прикажа добра борба и беше близу до победата и при водство со 3-2, а по преглед на акција, загуби 3-4 од Јапонецот ...
Биолошките лекови што недостигаа за пациентите од Клиниката за онкологија, ќе ги има до крајот на неделата потврди министерот за здравство Арбен Таравари. Дефицитот наскоро ќе биде решен – за дел со донации, а за дел од лековите со анекси на договорите во јавните набавки. „Недостасува само биолошка терапија и тоа само шест-седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале ...
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото Основно јавно обвинителство Скопје од случајот поради несоодветно спроведена истрага. Судењето од страна на судијата Ивица Стефановски, беше одложи за 3. февруари, за да се остави простор републичкиот јавен обвинител ...
Сведокот Гоце Трајковски и денеска нема да сведочи на судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, информираа од Основното јавно обвинителство. Тој е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е помеѓу обвинетите, со кого заедно прегледувале снимки по нејзиното исчезнување. Трајковски до пред неколку дена беше во бегство, откако беше осомничен за ...
Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 31 јануари со почеток во 20ч. „Кавалерија рустикана“ е едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, чиј успех не успеал да го повтори во останатите опери кои ги создал по неа. На нашата сцена ќе ...
Филмот на македонскиот режисер Георги Унковски, „Диџеј Ахмет“, кој му е прв, по неодамнешната светска премиера на престижниот филмски фестивал за независен филм „Санденс“ во САД, собра бројни позитивни рецензии, меѓу кои и во реномираните „Холивуд репортер“ и „Варајети“. Дејствието на филмот е сместено во јуручкото село Коџалија во Источна Македонија и ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој наместо да чува овци сонува да стане диџеј. ...
Еден месец нѐ дели од најавеното музичко патување со музиката на уникатните Barcelona Gipsy Balkan Orchestra (БГКО) – еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата. За БГКО не постојат граници, апсолутно никакви, а нивната музика инспирирана од различни музички традиции од Балканот, но и светот е емотивно патување кое ветува уникатно и автентично искуство, какво што нѐ очекува уште еднаш ...
И по повеќе од 18 месеци откако е отворен случајот за купородажбата на трговскиот центар Соравиа, внукот од брат на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети се уште не дали исказ во Јавното обвинителство за истиот. Тоа го открива самиот во интервју за Република, каде вели дека ниту еден обвинител досега не го побарал тоа од него. Единствено дал исказ во Обвинителство за друг случај поврзан со концесијата за каменолом на компанијата „Еверест“. ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Се очекува на истото конечно да сведочи Гоце Трајковски, кој до пред некој ден беше во бегство, откако беше осомничен за пожар во кафуле во скопска Кисела Вода. Тој сам и се предаде на полицијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сам се предаде на полицијата Гоце Трајковски, сведокот во судскиот ...
Актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко (70) останува на истата позиција. Тој по седми пат е избран за претседател на земјата на вчерашните избори, објавија тамошните државни медиуми, според кои освоил над 87% од гласовите. Лукашенко, кој е близок пријател на рускиот претседател Владимир Путин, немаше конкуренција на изборите, опозициските политичари се или во егзил или се затворени. Другите четворица кандидати кои учестуваа ...
И во Босна и Херцеговина по примерот со Хрватска ќе се организира бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани, поради високите цени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера Граѓаните на земјата преку социјалните мрежи се повикуваат на бојкот на 31. јануари Целта на акцијата е да се изврши притисок врз властите и работодавците да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, ...
Според најновата проценка на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), вирусот Ковид-19 е најверојатно создаден во лабораторија, во Кина. Во извештајот на ЦИА објавен вчера, како што пренесуваат американските медиуми, се наведува дека е „поверојатно“ вирусот да „излегол“ од лабораторија при некое истражување, отколку да се пренел од животни на луѓе. Агенцијата истовремено предупреди дека за ова тврдење има „низок степен на доверба“. ...
По објавувањето на аудио снимка од телефонски повик на бројот за итни случаи 112, веднаш по сударот на двата возови кај Темпи во Грција, на 28. февруари 2023 година, во која се слуша дека неколку патници од патничкиот воз го преживеале сударот, но по биле живи изгорени три минути подоцна поради експлозијата во товарниот воз, денеска низ Грција се организираат масовни протести. Во снимката која ја шокираше Грција, се слуша како девојка вели: „Не ...
Реки од луѓе се слеа по улиците на Грција на денешните масовните протести по објавувањето на новите докази за железничката несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 лица, претежно млади, јавува дописникот на еМагазин од Солун. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ По нов доказ за железничката несреќа кај Темпи, денеска масовни протести низ Грција Δεν το έχω ξαναδεί αυτό! H κορυφή στον Βαρδάρη (πλατεία Δημοκρατίας), ουρά στη Θεολογική. Μια από τις μεγαλύτερες συγκεντρώσεις ...
Маглата вчера и денеска одложи неколку летови од Меѓународниот аеродром во Скопје. Денеска се одложени летовите од Истанбул, Фридрихсхафен, Дортмунд и Ајндховен, пренесува државната агенција МИА. Вчера беше откажан летот од Истанбул, а летот од Цирих беше пренасочен. На скопскиот аеродром вчера не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да ...
И Наама Леви (20), Израелка со далечно македонско потекло е дел од новата група на заложници кои вчера ги ослободи исламистичката група Хамас. ❤️ Naama Levy is home! ❤️ We all know her from one of the most famous videos from October 7th 2023 Today, after 477 days, Naama finally embraced her family again! Here's a recap of her story 🧵👇 pic.twitter.com/UTCxlqA8qN — Hamas Atrocities (@HamasAtrocities) January 25, 2025 Таа заедно со другите три ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека вчера од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС), Одделот за криминалистичка полиција (ОКП) и СВР Битола е извршен претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б. во Битола, поради основи на сомнение за сторено кривично дело “оддавање службена тајна”, по член 360 од Кривичниот законик. ...
Денеска автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, кој сообраќал на линијата 58, се запали додека се движел кај кружниот тек во скопското село Сопиште. За среќа нема повредени патници, кои биле евакуирани навреме. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, само едно лице вдишало чад и му е укажана помош на лице место. Во гасењето на запалениот автобус учестувале осум пожарникари со две противпожарни возила, кои ...
Маж на возраст од 80 години вчера загина во сообраќајка која се случи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Станува збор за Б.П., кој починал на лице место, а бил сопатник во возило “фолксваген голф” со кривопаланечки регистарски ознаки, кое излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка, информираа од полицијата. Со повреди се здобиле возачот Б.С. и другиот сопатник М.П.. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Вчера илјадници граѓани ги преплавија улиците низ Србија, во која имаше генерален штрајк, по повик на студентите, кои со недели протестираат поради трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, во кој животот го изгубија 15 лица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Србија денеска ќе застане: На генерален штрајк студенти, уметници, медиуми, адвокати… Не работеа многу училшта, продавници, кафулиња, ресторани, ноќни клубови…, а подршка дадоа и ...
Четворица полицајци биле повредени додека вршеле увид за сообраќајката, која се случи вчера на патот Ранковце – Крива Паланка, во која загина едно лице. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Маж загина во сообраќајка на патот Ранковце-Крива Паланка Втората несреќа на истото место, како што информираа од Основното јавно обвинителство Куманово, се случила откако во полицајците удрило возило, најверојатно поради неприлагодена брзина. Покрај полициските службеници, ...
По 41 година е најдена песната „Hot for You, Baby“, која требало да се најде на албумот „Private Dancer“ на легендарната Тина Тарнер. Песната се сметала за изгубена, а не се нашла на албумот за да се направи место за хитови од истиот како „What’s Love Got to Do with It“ и „Better Be Good to Me“. Албумот „Private Dancer“ издаден во 1984 година постигна огромен успех, а по повод 40. годишнината, ќе биде издадено специјално издание на албумот на ...
Меѓу протераните 13 странски државјанки пред неколку дена од Србија е и македонската државјанка Искра Росо, извршна директорка на здружението на граѓани за поддршка на лица со попреченост „Солем“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Со Хрватките, од Србија протерана и Македонката Искра Росо Тие според српските власти беа протерани од земјата, бидејќи биле “безбедносен ризик“ за Србија. Росо за Радио Слободна Европа (РСЕ) вели дека во лобито од хотелот во кој ...