Мал дел од учесниците на вчерашниот масовен протест во Атина, Грција, на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи, се судри со полицијата откако кон неа почна да фрла молотови коктели. «Χωρίς οξυγόνο» στο #Συνταγμα! Έστειλαν τους γνωστούς-αγνώστους να διαλύσουν τον κόσμο… Γιατί αλλιώς με 5.000 αστυνομικούς δε δικαιολογείται! Telegram: https://t.co/LBucrsbVPk #28_Φλεβαρη #τεμπη_εγκλημα pic.twitter.com/5kJUn6oooO — Καθίκι ...

Остварените единечни вкупни приходи на Витаминка АД Прилеп лани изнесувале 3,751,589 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 7%, информираше Друштвото преку Македонската берза. -Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2023 година се повисоки за 7%. Растотот на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа во Вашингтон, САД, јавно, пред камери, го понижи гостинот Володимир Зеленски, претседателот на Украина. Заедно со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, пред камери го искараа зошто не носи костум, дека не сака прекин на војната, и дека не се заблагодарил за американската помош, по што Зеленски предвреме ја напушти средбата, а немаше ни заедничка прес-конференција. Watch this ...

Имав исклучително значајна и конструктивна средба со претседателот господинот Реџеп Таип Ердоган, по што можам да кажам дека оваа средба е потврда на традиционалното пријателство, силното партнерство и стратешката соработка меѓу нашите две земји, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој е во официјална посета на Турција. „На средбата разговаравме за продлабочување на билатералните односи во повеќе сфери, со особен акцент на економската соработка, ...

„Лажна тема и дефокус на јавноста,“ вака министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска се произнесе за навредите кон пратеничката Славјанка Петровска. „Во однос на ова прашање и вчера бев многу јасна, но еве денес да го заокружиме и јас очекувам со ова за мене да биде затворено. Веќе изразив жалење за целиот контекст, но и самите сте свесни дека народот има поважни теми од лажната тема која ја создаваат за дефокус. И таа самата го ...

Деновиве во јавната сфера сме сведоци на засилени мизогини напади врз жени што поттикнуваат дискриминација и родово-базиран говор на омраза, велат од Платформа за родова еднаквост. „Овие напади се уште позагрижувачки имајќи го предвид фактот дека доаѓаат од истакнати функционери и новинари, односно јавни личности кои имаат значајна моќ и одговорност во јавната сфера. Најостро ги осудуваме нападите на Драган Павловиќ Латас на коишто се изложени ...

Екипа на еМагазин од Солун Во Солун, но и во 261 други места низ Грција, како и во 120 градови низ целиот свет, каде живее грчка дијаспора, денеска се протестира во чест на 57. жртви, кои загинаа на денешен ден пред две години во железничката несреќа кај Темпи во судар на патнички и товарен воз. Загинатите се претежно млади. Во Солун како што се уверивме сами немало никогаш толку масовен протест, за што потврда добивме од бројни граѓани ...

Нашата фолк ѕвезда Влатко Миладиноски, во придружба на големиот оркестар на Златко Миладиноски, ќе одржи голем концерт на 22 март во Македонската Опера и Балет во Скопје со почеток од 20 часот. „Посветената работа на креирање на хитови кои го обединуваат македонскиот народ е една од причините поради која се одлучив на чекорот да го организирам големиот концерт во Скопје, а иницијативата и барањето за тоа доаѓа од граѓаните кои при секоја средба ...

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 27 февруари 2025 година, ги разгледа последните макроекономски показатели, како и информациите за управувањето со девизните резерви во последниот квартал на 2024 година. „Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, меѓународните организации очекуваат стабилизација на глобалниот економски раст во периодот 2024 – 2026 година, со врамнотежени краткорочни ризици, но надолни ...

Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 01.04.2025 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија. „Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 27.02.2025 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2024 ...

Пратеничката Славјанка Петровска најави дека ќе поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација поради денешните изјави на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која и упати лични напади базирани на нејзината семејна состојба. „Ова не е заради мене. Она што денеска се случи во јавноста не е заради Славјанка Петровска туку затоа што еднаш засекогаш мора да се стави стоп на ваквото однесување од страна на ...

Тетекс АД Тетово лани остварил приходи од продажба на готови производи и услуги од 75.965 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во кои се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки, информираше Друштвото преку Македонската берза. -Останати приходи изнесуваат 49.225 илјади денари и во нив се вклучени приходите од продажба на материјални средства -10.982 илјади денари и вредносно ...

Фруктал Мак АД Скопје лани остварил вкупни оперативни приходи од 449.884 илјади денари, информираше Друштвото преку Македонската берза. Во истиот период претходната година Друштвото имало вкупни приходи од 453.554 илјади денари. -Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 432.986 илјади денари и се бележат намалување . Финансиските ...

Наташа Стојановска, новинарка со долгодишно искуство, е новиот главен и одговорен уредник на телевизијата Телма. На новото работно место ќе стартува од март. Таа доаѓа на местото на Снежана Лупевска – Созен, која како што објавија дел од медиумите ќе остане на позицијата директор на телевизијата. Стојановска, на новата позиција доаѓа од Блумберг Адриа. Таа и претходно има работено во Телма како уредник на вести и водител на дебатната емисија ...

Вкупните приходи на Современ дом АД Прилеп лани биле 113.418 илјади денари и истите се помали за 12,52% во однос на истиот период во 2023 година, информираше Друштвото преку Македонската берза. -Во овој период остварен е позитивен финански резултат во нето износ од 22.000 илјади денари и споредбено со истиот период од минатата година е зголемен за 6,51%. Вкупните расходи изнесуваат 91.417 илјади денари и истите се намалени за околу 16,13%, во ...

Денеска на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, претежно млади, Грција буквално ќе биде блокирана, јавува екипата на еМагазин од Солун, каде ќе биде и еден од централните протести за кој ќе информираме од терен. Во земјата ќе има 345 протести на 243 различни локации, а најавени се и 120 протести и на грчката дијаспора низ целиот свет. Во Грција денеска нема да функционира бродскиот, авионскиот, железничкиот и ...

Врз основа на доказниот материјал прибран во текот на истражната постапка, предметните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот кривичен суд – Скопје поднесоа Обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица, информираа од Обвинителството. -Според наводите во диспозитивот првообвинетиот сторил кривично дело Несовесно работење во службата, додека шестмина се обвинети за ...

Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека гувернерката на Народна банка издала претходна согласност за именување на Георгиос Тагарис за член на Надзорниот одбор (НО) на Стопанска банка Скопје, со мандат од четири години. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Евангелија Калуптси избрана за член на УО на Стопанска банка Скопје Панајотис Карандреас избран за член на НО на Стопанска банка Скопје Колку пари чувале лани граѓаните и фирмите во ...

Остварените вкупни приходи на Скопски пазар АД Скопје лани изнесувале 746.933 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2023 година бележат зголемување од 96,77%, информираше Друштвото преку Македонската берза. Лани Друштвото остварило нето добивка од 425.597 илјади денари. -Остварените вкупни расходи во периодот јануари – декември 2024 година изнесуваат 281.398 илјади денари и во споредба со истиот период од 2023 година ...

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица и тоа: Ф.А. (42) за сторени кривични дела „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ по член 373 од КЗ, „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ и „овозможување бегство на лице лишено од слобода“ по член 372 од КЗ, С.К. (53), П.А. (40), Ѓ.Р. (34), С.П. (48), Т.Н. (37), Е.О. (46), ...

На пратенички прашања денеска, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ја навреди пратеничката Славјанка Петровска, за нејзината семејна состојба. На пратеничко прашање за потрошувачката кошничка Димитриеска Кочоска дрско одговори на Петровска дека „не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца.“ „Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја ...

Државниот јавен капитал на Општина Кавадарци, за седум години се зголемил четирикратно, информираше градоначалникот Митко Јанчев. „По преземањето на функцијата градоначалник во 2017 година, вредноста на државниот јавен капитал на Општина Кавадарци изнесуваше 799.932.000 денари (13 милиони евра). Во 2024 година, таа вредност порасна на 3.142.918.000 денари (51 милион евра), што претставува четирикратен раст. Овој значителен напредок е резултат на ...

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски денеска на седница на Советот си поднесе неотповиклива оставка. Тој посочи дека „очигледно е дека единствено раководството на Општина Сарај ја има формулата за добра соработка со градоначалничката Данела Арсовска, затоа што тој, како ни другите во државата, не успеал да се справи „со ова чудо од карактер и начин да дејствување“.“ „Поради неконзистентноста на јавните политики, ...

Атлантик Група во 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 1,08 милијарди евра, што во споредба со истиот период минатата година претставува раст од 10,8%. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) порасна за 12,0% на 97,0 милиони евра, додека нето добивката изнесува 26,5 милиони евра и е намалена за 15,2% во однос на 2023 година. Во рамките на најавите, се работи за негативното влијание на силните притисоци на историски ...

За прв пат во живо со голем филмски оркестар премиерно ќе се одржи концерт на филмска музика на Кирил Џајковски. Неговата работа како композитор на музика за филм беше придружен елемент на многу домашни и интернационални филмови меѓу кои: „Големата вода“ (за која доби награда за најдобра музика на филмскиот фестивал во Валенсија, Шпанија), „Прашина“, „Сенки“, „Балканот не е мртов“, „Врба“, „One more game“, „Бал-кан-кан“, „Piargy“, „Трето ...

Утринава се вршат претреси низ повеќе локации во Скопје, кај полициски лица и и припадници на затворската полиција „Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за ...

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември 2024 година продажбите достигнуваат 13.433.299.470 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 19.005.696.029 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени ...

Вчера со одлука на МНР се отповикани девет амбасадори, пишува Kурир.мк. Тие биле отповикани поради „неисполнетост на членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори. Според извори од Министерство за надворешни работи, станува збор за амбасадорите: Мето Белески, Брисел, Кралство Белгија Катерина Ставревска, Лондон, ВБ ...

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе известување, врз основа на кое двајца 14-годишни малолетници од Скопје, ќе бидат пријавени за случајот со праќање лажни закани за бомби во училишта. „Имено, пријавените малолетни лица на 19.02.2025, од мобилниот телефон на едниот ...

На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
37%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.57
52%
1022
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
63%
1022
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.74
54%
1021
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
47%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.12
24%
1020
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
51%
1021
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
45%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
60%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62