Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Премиум пристап кон климатизација, сега и на локално ниво Енерџи Нет Електрик, авторизиран дистрибутер на Мицубиши Електрик, го донесе својот препознатлив пристап кон климатизацијата и на македонскиот пазар, преку два продажни центри во Скопје кои веќе функционираат и нудат поинакво искуство при избор на клима уред. Лоцирани во Мичурин и на улица Илинденска, овие простори не се класични продажни салони, туку внимателно конципирани изложбени ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март највисока цена за стан во земјава е постигната за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода. Истиот бил продаден за 130 илјади евра, или метар квадратен чинел 2.888 евра. Бројот на продадени станови во овој период бележи пад од 27%, споредено со последниот квартал од минатата ...
Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...
ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“, информираат од таму. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
SPAR официјално влегува на македонскиот малопродажен пазар со отворање на својот прв INTERSPAR маркет во земјата, сместен во комплексот Retail Fresh Store во Скопје (Булевар “Македонско-косовска бригада“ 11/1), со што се одбележува значаен чекор во развојот на современиот малопродажен сектор во Македонија, информираат од таму. Официјалниот настан за лансирање ќе се одржи утре (13. мај), кога SPAR ќе го отвори својот прв маркет и формално ќе ...
Од Жито лукс АД Скопје, преку Македонската берза информираа дека со Решение од Централниот регистар се направени промени во Управниот одбор (УО) на Друштвото. Методи Пишев, кој беше одговорен за за набавки и логистика е отповикува од позицијата член на УО, а Василики Вацхлиоти е назначен за нов член на УО. Во УО на Жито лукс се и Николаос Воудоурис, кој е претседател на УО, генерален директор на Друштвото и извршен директор на ELBISCO SA, ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот од јануари до март годинава освен станови, помалку се продале и куќи, земјоделско земјиште и деловни простори. За овој период бројот на продадени куќи во Македонија е намален за 23%. Пад од 8% има и кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми, а кај деловните простори, падот изнесува 11%. Во скопската општина ...
Од ПроКредит Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Народната банка издала решение за претходна согласност за именување на Маида Захировиќ Салом за независен член на Надзорниот одбор (НО) на Банката. Таа ќе има мандат од четири години. Од таму информираат и дека воедно е извршено и бришење од Централниот регистар на независниот член на НО, Каспар Линус Бауман, поради истек на мандат. Во НО се и Јованка Јолеска Поповска, ...
На автопатот Кичево-Охрид од Коридорот 8, проблемот со 14. свлечишта кои се појавија и дополнително го одложија неговото завршување, се решава со т.н. галерии. Станува збор за комплициран инженерски потфат. Автопатот, кој се гради 12 години, треба целосно да биде пуштен на крајот на мај следната година, а неодамна Јавното претпријатие за државни патишта и кинескиот изведувач Синохидро склучија нов анекс, осми по ред, вреден 186 милиони евра. ...
Запрена е истрагата за случајот за набавка на мазут за потребите на државната ТЕЦ Неготино, во кој според Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше сомнеж за криминал од над 167,5 милиони евра, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Со истрагата беа опфатени 13 лица меѓу кои и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир ...
Поради провокацијата на новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, која во изјава наместо македонски употреби “северномакедонски“ партнер вчера на бугарскиот амбасадор во Македонија, Жељазко Радуков, во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) му бил упатен усен демарш во врска со употребата на терминот, информираа од МНР. „На средбата му е упатен усен демарш во врска со ...
По налог на американскиот претседател Доналд Трамп, Пентагон декласифицираше нови документи за неидентификувани летачки објекти (НЛО). Истите се базираат на сведоштва ма цивили и од астронаути, а се однесуваат на период од неколку децении, пренесуваат светските медиуми. Станува збор за околу 160 датотеки, кои се достапни на страната на американското Министерство за одбрана. Се најавува објавување на уште документи. Во нив меѓу друго има и ...
Војната помеѓу САД и Иран продолжува. Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на американскиот предлог за завршување на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Одговорот на Техеран во 14 точки вклучувал итен прекин на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има понатамошни напади врз Иран. Во него исто така се барало надомест на ...
Поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зиобро, кој беше политички азилант во Унгарија, заедно со неговата сопруга, избегал во САД, пренесуваат полските и европските медиуми. Оваа следи откако новиот премиер на Унгарија, Петер Маѓар најави негова екстрадиција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар Информација ја потврди и државниот обвинител на Полска, Валдемар Зурек, како и Зиобро. Не е ...
Пекабеско АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил нето добивка од 55.646.098 денари, која е помала од остварената во истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Лани Друштвото имало нето добивка од 63.919.719 денари. Остварените вкупни приходи изнесуваат 1.325 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2025 година бележат зголемување од 1%. -Во структурата на вкупните приходи најголемо ...
Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. амбасадорот Метју Лосон, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, информираат од таму. -За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените ...
Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828), информираат од таму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно ...
За две години е продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8. Сега новиот рок е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Причината за продолжување на рокот според Николоски е тоа што имало застој од две години, бидејќи претходната влада не направила ништо, а во ноември лани надзорниот инженер побарал да се продолжи рокот за завршување ...
Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за четири денари, а цената на бензинот Еуросупер БС-98, за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе биде 89,50 денари за литар, а на бензинот Еуросупер БС-98, 86,50 денари за литар. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 не се менува и тој понатаму ќе се продава за 85 ...
Новиот рок за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчни од Коридорот 8 е декември 2029 години, информираше денеска министерот за транспорт Александар Николоски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За две години продолжен рокот за завршување на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчни Од делницата Тетово-Гостивар се завршени 8,4% од предвидените работи. На оваа делница се работи на 14 од предвидените 17,5 километри. Од ...
Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...
Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека нови членови на менаџментот купиле акции на компанијата. Катерина Ѓердовска, член на Управниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 0,22% од вкупниот број на акции. Виолета Божиноска, член на Надзорниот одбор купила 250 акции. Сега поседува 1,58% од вкупниот број на акции. Како што веќе пишуваше еМагазин, повеќе членови на менаџментот на Друштвото изминатиов период купуваат акции ...
Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ за српскиот национален сервис РТС го кажа тоа што веќе беше познато, но се изгуби во бројните непроврени информации во македонските и српските медиуми – ако соседна Грција за време на летниот период повремено го суспендира систем за влез и излез (ЕЕС) на нејзините гранични премини, тоа ќе го прави за патници од сите држави, кои во тој момент се нашле на ...
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето и за 13. полицајци за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, еден од трите предмети за трагедијата. Сите се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност. На рочиштето беше донесена одлука за одржување на главната расправа, а Судот го одби барањето за иземањето на вториот судија Лидија Петровска, која била четврта братучетка со сопруга на полномошник на оштететен. Во ...
Катерина Зајковска е предлогот за нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Таа треба да дојде на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка. Вака денеска со мнозинство гласови одлучи собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Зајковска е дипломиран економист и магистер по сметководство, финансии и ревизија, од Скопје. Таа сега треба да биде избрана и на пленарна седница во Собранието. ПОВРЗАНИ ...
Апелацискиот суд Скопје денеска на жалбена расправа ги разгледуваше жалбите на осудените на доживотен затвор – Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Тие бараат укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење во Основниот кривичен суд Скопје. Според нив, првостепената пресуда ...
Новата бугарска министерка за надворешни работи, Весислава Петрова Чамова, избрана пред некој ден, провоцираше уште со првата изјава во врска со Македонија. Наместо македонски партнер, таа во изјава за бугарските медиуми употреби термин “северномакедонски„. На тоа реагираше нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски, кој преку статус на Фејсбук и објасни дека користењето на тој термин е неточно и несоодветно. -Македонците се Македонци. Ова не ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 ...