Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и вториот триумф на Европското првенство Б-дивизија откако вечерва славеше против репрезентацијата на Азербејџан со 67-57. Нашите надежи одиграа едно слабо прво полувреме по кое имаа негатива од 25-32. Сепак, одигравме одлично во вториот дел, па сето тоа беше доволно да се стигне до победа над Азербејџан од 67-57. Коста Ќириловски со 16 поени беше прво име во нашиот табор, ...

Зинедин Зидан со години чекаше можност да седне на клупата на француската репрезентација, но иако заминувањето на Дидие Дешамп го отвори тоа место, потпишувањето на договорот заглави поради законското ограничување на платите. Само еден ден по болната елиминација од Светското првенство и поразот од Шпанија во полуфиналето, Дидие Дешамп потврди дека ја напушта селекторската позиција во француската репрезентација. Иако фудбалската јавност ...

Фудбалската репрезентација на Англија поведува со 1-0 во полуфиналниот меч против Аргентина кој се игра во Атланта како дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Откако гледавме едно здодевно прво полувреме без шанси, Англија поведе со 1-0 со голот на Ентони Гордон во 55. минута на асистенција на Морган Роџерс. England [1] – 0 Argentina – A. Gordon 55' byu/Alsace2025 insoccer Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...

Фудбалските репрезентации на Англија и Аргентина играат без голови 0-0 на полувреме во второто полуфинале на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико. Првиот дел не ни донесе буквално никакви фудбалски возбудувања, но затоа видовме се друго. Натпреварот уште од стартот тргна нервозно, а Аргентинците за само 91 секунда веќе имаа направено два фаули. Истата нервоза продолжи до крајот на првиот дел во кој за издвојување се ...

Светското првенство завршува во недела ќе дознаеме кој ќе ја освои „Златната божица“. Финалниот натпревар во Њу Џерси ќе биде огромен спектакл, во секоја смисла, но плановите на организаторите можат да се предвидат од една (не)предвидена околност. Се работи за времето. Финалето е закажано за 15 часот по локално време во недела на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси. Временската прогноза за недела засега е поволна, се очекува топло време со висока ...

Галатасарај би можел да го приреди едно од најголемите трансфер-изненадувања ова лето, според турскиот весник „Фанатик“, шампионот на оваа држава сериозно размислува да го ангажира фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден. Вредноста на англискиот репрезентативец се проценува на околу 70 милиони евра, и иако наводно постигнал договор со Сити во мај за продолжување на соработката, новиот договор се уште не е официјализиран. Во моментов, неговиот ...

Шкендија утре ја очекува само формална задача на реваншот во Скопје против гибралтарската Европа за пласман во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По убедливата гостинска победа од 0-5 минатата недела, тетовци се очекува рутински да одработат за следна рунда на мечот кој ќе се игра на „Тодор Проески“ во Скопје. Тетовци денеска со полна самодоверба и во одлична атмосфера го одработеа официјалниот тренинг на најголемиот ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс утре брка пласман во следната фаза од Лигата на конференции на стадионот на ФФМ. Кратовци утре од 20 часот ја пречекуваат екипата на Динамо Минск во реванш натпреварот од првото квалификациско коло. Македонскиот претставник влегува во овој дуел со одлична предност од 1-0, обезбедена на првиот меч во Стара Загора минатиот четврток. Тренерот на Силекс, Александар Васоски на официјалната ...

Фудбалерите и стручниот штаб на Англија ќе поделат бонус од 19 милиони фунти (околу 22 милиони евра) доколку го освојат Светското првенство. Од таа сума, селекторот Томас Тухел би добил дури три милиони фунти. Лондонски „Гардијан“ ексклузивно ги објави деталите за распределбата на бонусите што Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) ги договорил со играчите и стручниот штаб пред почетокот на Светското првенство. Доколку англиската репрезентација ...

Двајцата селектори Томас Тухел и Лионел Скалони се решија за тактички изненадувања во стартниот состав на Англија и на Аргентина за вечерашниот полуфинален меч од СП 2026. Тухел направи три измени во стартниот тим, а најголемо изненадување е вклучувањето на Роџерс, и тоа на позицијата десно крило каде Сака и Мадуеке не импресионираа во досегашниот дел од мундијалот. Одлична вест за Англија е рехабилитацијата на Рис Џејмс, кој е „фит“ по ...

Црвена Звезда денеска се пофали со вториот трансфер летово (прв беше оној на Крис Џонс од Хапоел), сосема изненадувачки потпишувајќи договор со Дејвид Крамер. Овој кошаркар во ниту еден момент не беше поврзуван со трансфер меѓу „црвено-белите“, но доаѓа во српскиот тим на барање на новиот тренер Наваро. Крамер целата ланска сезона ја мина греејќи ја клупата на Реал мадрид, а претходно во Шпанија настапуваше за Гранада и за Тенерифе. Станува ...

Фудбалерите на Вардар дадоа 100% од своите можности, славеа на реваншот во Финска против Купс, но и тоа беше недоволно да се избегне елиминација на стартот од квалификациите за Лигата на шампионите. Пресуден се покажа оној слаб прв меч во Скопје и поразот од Финците од 0-2, па меѓу „црвено-црните“ владее решителност веќе следната седмица, на домашен терен против Рига во квалификациите за Конференциската лига да биде поправен впечатокот од тој ...

Жељко Обрадовиќ доби највисока плата во историјата на европската кошарка, но и огромен буџет за засилувања со кои најтрофејниот стратег ќе треба да го врати Панатинаикос на врвот на Евролигата. Веќе се доведени неколку врвни засилувања како Бонга, Јабуселе и Фал, но српскиот стручњак сега бара и врвен плејмејкер како последно парче од „мозаикот“ во грчкиот гигант. И тоа, ни помалку ни повеќе, туку Факундо Кампацо. Аргентинскиот ас и минатата ...

Раководството на Фенербахче делува помотивирано од било кога досега да состави моќен тим со кој би го симнал Галатасарај од тронот на турскиот фудбал. За летово беше најавуван целосен ремонт во навалната линија што почна да се реализира, веќе е комплетиран трансферот на Гринвуд од Олимпик Марсеј, а сега вниманието е насочено кон уште еден врвен офанзивец – Маркус Рашфорд. Англискиот репрезентативец имаше добра сезона во Барселона, па ...

Барселона веќе го потпиша Ентони Гордон од Њукасл, додека Карим Адејеми пристигна во каталонската престолнина, на лекарски прегледи и потпис со овој фудбалски гигант. Преговорите со Атлетико Мадрид за Хулијан Алварез очеувано се одолговлечени, а во меѓувреме тренерот Ханси Флик инсистира и на ангажман на нов дефанзивец, играч што би бил стандарден во срцето на одбраната на Барса крај младиот Пау Кубарси. Како што информира каталонскиот весник ...

ФИФА и организацискиот комитет на овој светски шампионат веќе подолго време е мета на критики на фудбалските фанови ширум светот, но врвот се чини е достигнат со цените на билетите за претстојното финале што ќе биде на програмата в недела со почеток во 21 часот на стадионот во Њу Џерси. Илјадници шпански фанови го чекаа исходот на нивната селекција во полуфиналето против Франција, но по победата и пласманот во големото финале, тие доживеаја ...

Дани Олмо е уште еден во низата шпански фудбалери кои играат во топ-форма на овој светски шампионат, па поранешниот ас на Динамо Загреб стигна до извонредно достигнување против Франција, израмнувајќи се со Цеск Фабрегас како играчи со најмногу асистенции во дресот на Шпанија на големите натпреварувања. Олмо маестрално го проигра Педро Поро за вториот гол против „триколорите“, што беше осма асистенција на плејмејкерот на Барса на светските и ...

Шпанските репрезентативци собираат комплименти од сите страни откако „црвената фурија„ синоќа целосно ја надигра Франција и заслужено се пласираа во големото финале на СП 2026. Легендарниот Французин Тиери Анри очекуваше радост на својата репрезентација, но фантастичниот голгетер по дуелот имаше само пофални зборови за шпанските фудбалери, издвојувајќи двајца како пример. „Не можам да поверувам како одиграа, навистина одлично… Видете го ...

Дубаи цело лето беше поврзуван со бројни трансфери, за актуелниот првак на АБА лигата денеска конечно да го претстави првото засилување за новата сезона. Челниците на Дубаи чекаа најпрвин да го промовираат новиот тренер – Чави Пасквал, а денеска почнаа и со играчките засилувања почнувајќи од Џером Блосомгејм. Крилниот центар доаѓа од редовите на Монако, каде не беше прва опција, но речиси секогаш даваше значаен придонес од клупата. Во ...

Аргентина и Англија вечерва ќе водат битка што ќе го даде вториот финалист на овој фудбалски мундијал, а политичарите во јужноамериканската држава не ја пропуштија можноста на дуелот да му дадат политичка конотација. Претседателката на Аргентина, Викторија Виљаруел, со отворена омраза говореше за Англичаните, како дополнителна мотивација за Меси и соиграчите на ова полуфинале. „Денеска играме против пирати узурпатори. Ова не е само некоја ...

Искусниот напаѓач од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, се соочува со нов предизвик во својата богата кариера. Според последните информации, тој ќе го напушти Олимпик Марсеј и наскоро ќе стане нов играч на Депортиво Ла Коруња. Веста ја објави новинарот Санти Ауна, кој наведува дека трансферот е практично договорен и дека Обамејанг официјално ќе потпише договор со шпанскиот клуб во наредните денови, со што се враќа во друштвото на најдобрите. ...

Веќе извесно време, социјалните мрежи ја шират тезата дека Аргентина е повеќекратно привилегирана на Светското првенство 2026. Денеска, кога се игра полуфиналето против Англија во 21 часот, тие приказни се интензивираат. Откако започна нокаут фазата, љубителите на теориите на заговор истакнуваат дека нејзината привилегирана позиција се рефлектира во фактот дека нејзините противници на патот до полуфиналето беа Зеленортските острови, Египет и ...

Вардар долго го чекаше своето враќање во елитното европско клупско натпреварување. И на крај, не успеа да помине ниту една квалификациска рунда. И покрај огромните очекувања. И, и покрај тоа што пред себе имаш како ретко кога убава можност против, објективно, на терен смешен тим како фински Купс. Кога се ќе се сумира од двомечот во Лигата на шампионите, без разлика на резултатскиот пресврт во Финска и фактот дека беше одигран подобар ...

Кавадаречки Тиквеш и официјално го промовираше Никола Влајковиќ како свое ново засилување за престојната сезона во прволигашкото друштво. „Искусен, борбен и докажан дефанзивец кој добро ги познава балканскиот фудбал и предизвиците што ги носи нашето првенство. Веруваме дека неговиот карактер, професионализам и квалитет ќе бидат значајно засилување за нашиот тим во сезоната што претстои“ – порачаа од Тиквеш. Влајковиќ доаѓа од редовите на ...

Шкендија утре ја очекува само формална задача на реваншот во Скопје против гибралтарската Европа за пласман во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По убедливата гостинска победа од 0-5 минатата недела, тетовци се очекува рутински да одработат за следна рунда, иако шефот на стручниот штаб Артим Положани на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека не смее да има ниту најмало опуштање во тимот. „Имаме добар резултат ...

ФИФА ќе почека до крајот на Светското првенство 2026 пред да ги казни играчите и селекторите кои го критикуваа судењето. Во текот на целиот турнир, судиите беа цел на остри критики, вклучително и од селекторот на Англија, Томас Тухел, швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи и египетскиот селектор Хосам Хасан, но и францускиот селектор Дидие Дешамп. ФИФА одби да коментира за можните дисциплински постапки, но информирани извори наведуваат дека ...

Лука Модриќ е блиску до потпишување нов едногодишен договор со Милан, објавува „Скај Спорт Италија“. Модриќ полни 41 година во септември, а неговиот договор со Милан истекуваше на 30 јуни, но се чини дека ќе потпише нов и ќе се приклучи на тимот на предсезонската турнеја во Австралија. До неодамна, Модриќ беше фокусиран на настапот со хрватската репрезентација на Светското првенство 2026. Според „Скај Спорт Италија“, раководството на клубот и ...

Некои натпревари го одлучуваат финалистот – овој одлучува за место во фудбалската вечност. Кога Аргентина и Англија ќе се сретнат вечерва (21 часот) во Атланта, тоа нема да биде само битка за финалето на Светското првенство 2026. Тоа ќе биде ново продолжение на едно од најголемите соперништва во историјата на фудбалот, натпревар исполнет со емоции, контроверзии, легенди и играчи кои се подготвени да напишат нова страница од историјата. Од ...

панската фудбалска репрезентација е во ново финале и по Лигата на нации, Европското првенство, може да го освои и Светското првенство. Шпанците целосно ја надиграа и здробија Франција со резултат од 2:0, а сега имаат шанса да го повторат успехот на своите претходници кои во 2010 и 2012 година (па, го направија тоа и во 2008 година) ги изедначија трофеите на Европското и Светското првенство. Играчот од средниот ред на Шпанија и Барселона, ...

Искусната македонска ракометарка Елена Ѓорѓиевска е ново засилување за српскиот тим Црвена Звезда. Ѓорѓиевска доаѓа како аквизиција на „црвено-белите“ на позицијата десен бек, што треба да го зголеми квалитетот на тимот од Белград. 36-годишната Ѓорѓиевска има големо интернационално искуство. Минатата сезона беше дел од турскиот Одунпазари, а ја освои и ЛШ со Будуќност. Црвена Звезда во квалификациите на Лигата на Европа ќе игра против ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32