Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Аргентинските фудбалери бурно ја прославија победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство, но нивниот триумф набрзо беше засенет од политичката порака што ја упатија на теренот. По последниот судиски свиреж и победата од 2-1, аргентинската репрезентација развиори транспарент на кој пишуваше: „Las Malvinas son Argentinas“, односно: „Малвинските (Фолкландските) Острови и припаѓаат на Аргентина“. Лисандро Мартинез и Џовани Ло Селсо ...
Доколку Федерацијата го одобри предлогот на Паоло Малдини, Андреа Пирло ќе биде новиот селектор на Италија. Новиот технички директор на Сојузот, прославениот Малдини, веќе ја донесе, засега, најважната одлука откако беше назначен на оваа значајна функција. Неговиот избор за нов селектор е Андреа Пирло, објавија италијанските медиуми. „Се уште нема ’бел чад‘ и има време за повредениот италијански фудбалски тим да го дочека својот нов ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го запиша вториот триумф на Европското првенство кое што се игра во Романија. Нашите надежи денеска во меч за разигрување од 17. до 24. место славеше против репрезентацијата на Турција со убедливи 41-24. Македонија одлично го отвори натпреварот и веќе на пауза имаше предност од убедливи 20-11. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 41-24. Мики ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс вечерва брка пласман во следната фаза од Лигата на конференции на стадионот на ФФМ. Кратовци од 20 часот ја пречекуваат екипата на Динамо Минск во реванш натпреварот од првото квалификациско коло. Македонскиот претставник влегува во овој дуел со одлична предност од 1-0, обезбедена на првиот меч во Стара Загора минатиот четврток. Тренерот на Силекс, Александар Васоски вели дека добро знаат што ги ...
Капитенот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, е задоволен од исходот на ждрепката за вториот круг од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. „Црвено-жолтите“ во новоформираната група „Ф“ за противници ги добија селекциите на Австрија и Кипар, а за пласман во квалификациите ќе одиграат четири натпревари во борба за првото место. Иако ждрепката донесе противници со кои Македонија има позитивни искуства, ...
Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром денеска на ждрепката во седиштето на ФИБА во Европа ги доби противниците во групната фаза во Еврокупот на ФИБА. Ждрепката одлучи македонскиот шампион да се најде во групата E заедно со екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска. По ждрепката со соопштение излезе навивачката група на македонскиот шампион, „Фемили Аеродром“ ...
Шкендија вечерва ја очекува само формална задача на реваншот во Скопје против гибралтарската Европа за пласман во 2. квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. По убедливата гостинска победа од 0-5 минатата недела, тетовци се очекува рутински да одработат за следна рунда, иако шефот на стручниот штаб Артим Положани на вчерашната прес-конференција во Скопје истакна дека не смее да има ниту најмало опуштање во тимот. „Имаме добар ...
По одржаната ждрепка за втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029, познат е и календарот на натпреварите во групата „Ф“, во која машката сениорска репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со селекциите на Австрија и Кипар. Поради тоа што групата брои три репрезентации, Македонија ќе биде слободна во првото коло, а настапите ќе ги започне на 30 август 2026 година со гостување кај Австрија. Првиот домашен натпревар ...
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека барањето на ФК ВАРДАР за одложување на натпреварот од 1. коло на Прва МФЛ за сезоната 2026/2027 не е прифатено. Календарот за натпреварување во Прва и Втора МФЛ и Купот на Македонија за сезоната 2026/27 е веќе усвоен од органите на ФФМ и поради специфичниот распоред на натпреварите, не постои можност за негово дополнително менување. Во новата сезона Прва МФЛ ќе се игра по систем ...
Кошаркаркарската репрезентација на Македонија на ждрепката во седиштето на ФИБА Европа денеска ги доби противниците во втората фаза претквалификации за пласман на Европското првенство 2029 година. „Црвено-жолтите“ кошаркари се најдоа во групата Ф заедно со репрезентациите на Кипар и Австрија. Првите натпревари ќе се одиграат веќе на 27. август оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...
Кошаркарскиот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром денеска на ждрепката во седиштето на ФИБА во Европа ги доби противниците во групната фаза во Еврокупот на ФИБА. Ждрепката одлучи македонскиот шампион да се најде во групата E заедно со екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска. Новата сезона во ова натпреварување започнува на 6. и 7. октомври. Крадењето авторски текстови е ...
Лионел Скалони продолжува да испишува историја со аргентинската репрезентација, откако кормиларот на „гаучосите“ успеа да ја одведе својата селекција до уште една битка за големиот мундијалски трофеј. Со вчерашниот триумф над Англија, аргентинскиот селектор си обезбеди место во историјата, како само седми во одбраното друштво на кормилари кои имаат две мундијалски финалиња. Скалони сега е рамо до рамо со Дидие Дешамп (2018 и 2022), Франц ...
Веќе нема дилеми, Аргентина и Шпанија ќе излезат на мегдан во големото финале на СП 2026, што значи и продолжување на неверојатната серија на италијанскиот гигант Интер, кој има најмалку по еден играч на сите мундијалски финалиња уште од 1982 година. Лаутаро Мартинез беше аргентинскиот херој на полуфиналето со Англија, а токму одличниот голгетер е претставник на „нероаѕурите“ во мечевите за светскиот фудбалски трон во 2026 и во 2022 година. ...
Хари Кејн сонуваше да го крене шампионскот пехар на овој мундијал, но Англија беше елиминирана во драматичното полуфинале од Аргентина, по што капитенот на „гордиот албион“ не го криеше разочарувањето од конечниот исход. „Имавме толку добри моменти на овој турнир, одигравме добри мечеви, стигнавме до уште едно полуфинале. Секогаш говориме дека сме блиску до еден голем успех. Секогаш сме толку блиску, а сепак, не успеваме да го најдеме тоа ...
Фудбалското совршенство има име – тоа е Лионел Меси, како што аргентинската суперѕвезда покажа и во синоќешното полуфинале против Англија. Ја презеде одговорноста кога беше најтешко, ја бараше секоја топка, ги разигра соиграчите, и со две асистенции – го овозможи големиот пресврт. Меси имаше 94 искреирани четири искреирани шанси за соиграчите, две асистенции, неверојатни девет дриблинзи (рекорд на ова СП) од вкупно 11 обиди да ги мине ...
Има моменти во животот кои те менуваат засекогаш, а за Матеј, млад фудбалер, тој момент дојде на едно неверојатно место: трибините на митскиот стадион „Ацтека” во Мексико Сити, токму на отворањето на Светското првенство. Со само 19 години, преку наградната игра „Кој ти брани да одиш во Мексико?“ организирана од Hisense и Gorenje, тој доби нешто што малкумина некогаш ќе го доживеат, да биде дел од историјата на едно од најсветите места во ...
Патот кон ФИБА Евробаскет 2029 продолжува со ждрепката за втората рунда од претквалификациите, која ќе се одржи денеска (четврток, 16 јули) со почеток во 12:45 часот во Минхен. Во оваа фаза ќе бидат распоредени 12 репрезентации, меѓу кои и Македонија, која обезбеди пласман како победник во својата група од првата рунда. Според веќе утврдениот систем на ФИБА, формирани се по две селекции кои ќе се најдат во четирите групи и се чека да се ...
Лаутаро Мартинез е играчот чие име ќе остане запишано со оној фантастичен погодок во судиското продолжение со кој Аргентина славеше со 2-1 над Англија и обезбеди плласман во големото мундијалско финале. „Ова е судбина, сонував како го постигнувам голот за победа. Им го кажав тоа и на дел од соиграчите пред да влезам, дека ќе го постигнам погодокот што сите го посакувавме. Се колнам, му кажав на Алексис, потоа и на Медина… Англичаните беа ...
Целокупната фудбалска јавност покажа со прст кон Томас Тухел како главен виновник за елиминацијата од Аргентина, но тоа сепак не е доволно за германскиот стратег да добие отказ од селекторската функција. Првиот човек на Фудбалската Асоцијација, Марк Булингем, ги следеше во живо настапите на „гордиот албион“ на овој мундијал, по што веднаш по елиминацијата од Аргентина тој му соопштил на Тухел дека соработката дефинитивно продолжува и отказ за ...
Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Аргентина стигна до своето седмо мундијалско финале, со што сега е на второто место на ова рангирање зад Германија со 8. Ова е вторпат „гаучосите“ да врзат две мундијалски финалиња, откако претходно успеаја такво нешто 1986/1990. Англија е елиминирана во последните три полуфиналиња на светските ...
Вилијам Салиба настапуваше повреден за Франција на овој шампионат, одличниот дефанзивец влечеше незгоден проблем со грбот уште од напорната сезона со Арсенал, но реши да ризикува и да биде дел од „триколорите“ на СП 2026. Ризикот за жал не се исплатеше, па Салиба мораше поради влошување на состојбата да побара да биде заменет на полуфиналето со Шпанија. „Ова веќе не се издржува, грбот ми се распаѓа“, му се пожалил Салиба на дефанзивниот ...
Кристијан Ромеро одигра уште еден максимално борбен меч во одбраната на Аргентина, а дефанзивецот на Тотенхем по големиот триумф веднаш го „поздрави“ Гери Невил, од кого беше жестоко критикуван во пресрет на ова полуфинале. Невил во емисијата “Overlap” ги опиша Ромеро и Лисандро Мартинез како најлош штоперски тандем во историјата, примајќи гол по нивна вина на речиси секој натпревар. „Би сакал да ја искористам можноста да испратам прегратка ...
Лео Меси крајно емотивно ја прослави големата победа над Англија, во првиот меч што аргентинскиот генијалец го одигра против „гордиот албион“ во кариерата. Меси победата ја посвети на легендарниот Диего Марадона, кој во текот на својата кариера имаше блескави моменти против Англичаните. „Сигурен сум дека Диего ужива и слави гледајќи од „горе“. Оваа победа е за него, ова беше навистина специјален ден, специјален меч, среќен сум што ја ...
Џуд Белингем собираше комплименти за добрите партии на овој светски шампионат, се до синоќешниот дуел со Аргентина на кој асот на Реал Мадрид не беше на посакуваното ниво. Видно нервозен од самиот почеток,, Белингем ги загуби нервите пред крајот влегувајќи во конфликт со Меси, но Англичанецот најголемиот скандал го направи по последниот судиски свиреж, удирајќи еден аргентински фудбалер додека се радуваше. Ударот не беше силен, но Белингем ...
Лионел Меси продолжува со испишување на нови страници во мундијалската историја откако аргентинската суперѕвезда со синоќешниот триумф над Англија стигна до уште еден рекорд. Имено, Меси ќе игра три мундијалски финалиња во својата кариера (2014, 2022, 2026), нешто што досега му има успеано само уште на еден фудбалер, бразилскиот десен бек Кафу, кој беше дел од големите финалиња на СП во 1994, 1998 и 2002 година. Кафу има две победи во ...
Томас Тухел се најде на удар на јавноста поради катастрофалните дефанзивни измении со кои англискиот селектор се обиде со бункер да брани предност од 1-0 против Аргентина, но прими два гола и беше елиминиран во полуфиналето од СП 2026. Очекувано, Германецот застана во своја одбрана, сметајќи дека измените не биле пресуден фактор за елиминацијата, а критиките од јавноста ги оцени како очекувани. „Разочарани сме бидејќи бевме многу блиску, но ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина заслужено стигна до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако вечерва во второто полуфинале со пресврт славеше над плашливата Англија на Томас Тухел со 2-1. Првиот дел не ни донесе буквално никакви фудбалски возбудувања, но затоа видовме се друго. Натпреварот уште од стартот тргна нервозно, а Аргентинците за само 91 секунда веќе имаа направено два фаули. Истата нервоза продолжи до ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина заслужено стигна до финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако вечерва во второто полуфинале со пресврт славеше над плашливата Англија на Томас Тухел со 2-1. Англија имаше се во свои раце, а тогаш се појави Томас Тухел. Одигра како просечен тренер во 5. сојузна лига и стави 9 дефанзивци во исто време на теренот. Следуваше казна и големо славје за Аргентина. ЛУЗЕРСТВОТО ИМА НОВО ИМЕ ...
Актуелниот светски шампион Аргентина заслужено стига до израмнување на 1-1 против Англија во второто полуфинале на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Томас Тухел по постигнатиот гол играше тотално плашливо и буквално во игра го стави секој дефанзивец кој го имаше. Казната заслужено дојде во 86. минута кога Енцо Фернандез со прекрасен гол израмни на 1-1. England 1 – [1] Argentina – Enzo Fernandez 85' byu/ayoefico insoccer ...
По 14 години во НБА, Јонас Валанчиунас се враќа во Европа. Литванскиот центар официјално потпиша за Жалгирис Каунас откако беше ослободен од обврските кон Денвер Нагетс. Од Жалгирис соопштија дека Валанчиунас потпишал двегодишен договор, до крајот на сезоната 2027/28, со што литванскиот гигант го комплетираше составот за претстојната натпреварувачка година. Според информациите на „Баскетњуз“, Валанчиунас во Жалгирис би требало да заработи ...