Можеби зад Реал не е успешна сезона, но нивните играчи испишаа историја на Светското првенство. И покрај тоа што ниту еден шпански играч од „кралскиот клуб“ не настапува на Светското првенство, странските фудбалери на Реал доминираат. Белингем во саботата ја предводеше Англија до полуфиналето, а Мбапе веќе е таму со Франција. Двајцата заедно постигнаа 14 гола на овој турнир, а кога на тоа ќе се додадат четирите гола на Винисиус за Бразил и ...

Една од најталентираните македонски кошаркарки, Ања Начевска, ја продолжува својата кариера во Соединетите Американски Држави, каде што ќе настапува во престижната женска НЦАА лига за тимот на Универзитетот Хемптон. Начевска, која важи за огромен потенцијал на нашата кошарка, ги помина младинските категории во Вардар, каде што брзо стигна и до сениорскиот тим. Минатата сезона ја помина во српскиот клуб Мега Баскет, каде што дополнително го ...

Контроверзниот гол на Џуд Белингем против Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство е главна тема на светската фудбалска јавност. Спорната ситуација се случи во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме кога норвешкиот голман Орјан Ниланд ја дегажираше топката што стигна до англискиот играч од средниот ред Елиот Андерсон на средината од теренот, кој ја започна акцијата што резултираше со голот на Џуд Белингем за 1-1. ...

Раководството на Реал Мадрид му постави јасен ултиматум на Винициус Жуниор или наскоро ќе стави потпис на нов договор, или ќе биде продаден уште ова лето. Клубот бара експресна одлука од бразилскиот репрезентативец со цел да се дефинира неговата иднина пред почетокот на новата сезона. Сепак, шпанските медиуми откриваат дека клучната улога во разрешувањето на оваа драма ја одиграл тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег лично му се јавил ...

Експедицијата на ФК Црвена Звезда се соочи со вистинска драма во воздухот за време на летот кон Санкт Петербург, каде црвено-белите треба да одиграат пријателски натпревар против екипата на Зенит. Патувањето на српскиот шампион кон Русија го одбележаа силни и непријатни турбуленции кои предизвикаа немир меѓу патниците. Дополнителна паника и загриженост кај навивачите предизвика моментот кога авионот накратко исчезна од системите за следење на ...

Поранешниот португалски фудбалер Мануел де Хесус Ортиз, во јавноста познат како Ману, трагично го загуби животот во саботата наутро во тешка сообраќајна несреќа на 43-годишна возраст. Несреќата се случила околу 6.30 часот наутро. Според првичните информации, поранешниот фудбалер патувал сам во своето возило кога изгубил контрола над управувачот, по што автомобилот излетал од патот и се превртел на покрив. Надлежните служби веднаш пристигнале ...

Женската јуниорска репрезентација на Македонија загуби и на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија, одигран денеска во Ботевград. Домаќинот беше подобар и славеше со 77-56. Ослабена поради неиграњето на неколку важни кошаркарки Ива Колева, Глорија Груевска, Ана-Марија Димитровски, а на овој натпревар и Вања Милосаљевиќ македонската репрезентација тешко успеа да му парира на противникот, кој уште во првата ...

Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „Под 18“ години го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари против соодветната селекција на Бугарија, одиграни викендов во Ботевград. За разлика од првиот меч, во кој домашната селекција славеше со 87:77, и вториот дуел заврши во корист на Бугарија, овојпат со резултат 85-75. Македонските јуниори одиграа квалитетно прво полувреме и на одмор заминаа со минимална предност од 42-41. ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека проширувањето на Светското првенство на 48 репрезентации ги исполни сите очекувања, но наговести дека бројот на учесници би можел да биде уште поголем во иднина. Првиот човек на светскиот фудбал оцени дека сегашното Светско првенство покажа како поголем број репрезентации придонесуваат за квалитетот и неизвесноста на натпреварувањето. Инфантино се осврна и на соработката со претседателот на ...

Фудбалската федерација на Сенегал официјално објави дека 45-годишниот Пап Чоу повеќе не е селектор на националниот тим, кој беше елиминиран од Светското првенство. Во шеснаесеттинафиналето на Светското првенство, Сенегал водеше против Белгија со 2-0 се до 86-тата минута. На крајот, Сенегалците примија два гола, по што Белгија победи со 3-2 по продолженијата и обезбеди пласман понатаму. Чоу беше на чело на сенегалската репрезентација од 2024 ...

Откако беа завршени четвртфиналните натпревари, суперкомпјутерот на Опта пресмета нови проценки за освојување на Светското првенство. Според неговата анализа, најголем фаворит за титулата е француската репрезентација. „Триколорите“ имаат 34,5 проценти шанси да се искачат на врвот на светот, што ги става пред сите преостанати полуфиналисти. На второто место е Шпанија, на која Опта и дава 23,45 проценти веројатност за освојување на трофејот, ...

Таткото на Ерлинг Халанд е бесен откако Англија ја елиминираше Норвешка во четвртфиналето на Светското првенство. Фудбалската репрезентација на Англија се квалификуваше за полуфиналето на Светското првенство откако ја победи Норвешка со 2-1 по продолженијата во четвртфиналето во Мајами. Натпреварот беше обележан со две контроверзни одлуки. Првата е израмнувачки гол за Англија, кој се чини дека дојде откако топката удри во кабелот на камерата. ...

Италијанската фудбалска федерација одлучи да спроведе темелна реорганизација на системот на репрезентациите по период на исклучително слаби резултати, а клучната улога во тој процес му ја довери на еден од најголемите великани на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини. Како што пишува „Ла Газета дело Спорт“, поранешниот капитен на Милан и на италијанската репрезентација ја прифати понудата на претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго, и ...

Четвртфиналниот натпревар на Светското првенство помеѓу Англија и Норвешка беше обележан со сцена на крајот од првото полувреме, кога Џуд Белингам израмни на 1-1 во втората минута од судиското продолжение. Поточно, станува збор за чудна траекторија по ударот на голманот на Норвешка, Александар Нјиланд, па дури и во преносот во живо се чинеше дека топката го погодила кабелот над теренот, чија функција е да ја држи телевизиската камера. ...

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, не го криеше своето разочарување по поразот од Аргентина (3-1) во четвртфиналето на Светското првенство, велејќи дека исклучувањето на Брил Емболо целосно го промени текот на натпреварот. Швајцарците пружија силен отпор против актуелните светски шампиони, добивајќи продолженија, но од 72-та минута играа со играч помалку откако Емболо доби втор жолт картон за симулирање. Судијата првично досуди прекршок во ...

Англија е полуфиналист на Светското првенство, откако по продлженијата ја сопре Норвешка со 2-1, и обезбеди место во завршницата на Мундијалот во Северна Америка. Апсолутен херој беше Џуд Белингем, кој постигна два гола. Најпрво израмнувачки во регуларниот дел, а потоа во продолженијата и победнички. Ѕвездата на Реал Мадрид уште еднаш покажа дека е вистински лидер на оваа генерација на англиски фудбалери и повторно кога беше најпотребно успеа ...

Ерлинг Халанд го заврши Светското првенство во 2026 година со измешани чувства. Норвешка беше на чекор до историски пласман во полуфиналето, но беше поразена од Англија со 2-1 во четвртфиналето на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, по продолженија. Сепак, најдобриот норвешки фудбалер смета дека турнирот засекогаш го променил него, како и перцепцијата за неговата репрезентација. „Тоа беше неверојатно патување. Искрено, мислам дека ми го промени ...

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува активно да го гради играчкиот кадар за претстојната сезона. Управата на клубот официјално ја продолжи соработката со младото десно крило Стефан Зенговски, кој потпиша нов договор со важност до 2028 година. Зенговски е еден од клучните играчи во младинскиот погон, но веќе има и исклучително важна улога во првиот тим на Бутел. Со овој потег, клубот јасно ги покажува своите амбиции за новата сезона, каде ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во трилер меч во последното четвртфинале славеше со 3-1 против Швајцарија. Напаѓачот и херој на Аргентина, Хулијан Алварез, беше пресреќен поради пласманот во полуфиналето на Светското првенство. „Пресреќен сум. Се боревме до самиот крај. Во еден момент натпреварот стана многу тежок, иако имавме бројчана предност, а потоа ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Откако постигна голови во девет последователни натпревари на Светското првенство, серијата на Меси на голови заврши тука, но сепак остави впечаток. Тој сега има 10 асистенции на Светското првенство, две повеќе од кој било друг играч од 1966 година (Диего Марадона има осум). Голот на Мек Алистер во 10. ...

Англија е третиот полуфиналист на Светското првенство, откако по продлженијата ја сопре Норвешка со 2-1, и обезбеди место во завршницата на Мундијалот во Северна Америка. Апсолутен херој беше Џуд Белингем, кој постигна два гола. Најпрво израмнувачки во регуларниот дел, а потоа во продолженијата и победнички. Зборовите на селекторот на Англија, Томас Тухел, ја отсликуваат блискоста на неговиот тим по победата над Норвешка. Тој не е задоволен ...

Голот на Џуд Белингем за израмнување на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство се покажа како нерегуларен, на што се обидоа да укажат играчите и стручниот штаб на Норвешка пред францускиот судија Клемон Турпен. За време на еден потег на Орјан Ниланд во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме, топката удри во кабелот што ја држи „висечката“ камера над теренот и наеднаш го промени правецот, што доведе до брза ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во трилер меч во последното четвртфинале славеше со 3-1 против Швајцарија. Тој се осврна на ситуацијата од 72. минута, кога жолтиот картон на Леандро Паредес беше поништен по прегледот со ВАР, а главниот судија Жоао Пињеиро го испрати напаѓачот на, Брил Емболо, во соблекувалната поради симулирање, доделувајќи му втор жолт ...

Фудбалската репрезентација на Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во трилер меч во последното четвртфинале славеше со 3-1 против Швајцарија. Аргентина до водство од 1-0 стигна со голот на Мекалистер во 10. минута. Швајцарија успеа да израмни на 1-1 во 67. минута преку Ндоје, а само пет минути подоцна по една ВАР дискутабилна одлука Емболо поради симулација доби втор жолт. Натпреварот ...

Англија е третиот полуфиналист на Светското првенство, откако по продлженијата ја сопре Норвешка со 2-1, и обезбеди место во завршницата на Мундијалот во Северна Америка. Апсолутен херој беше Џуд Белингем, кој постигна два гола. Најпрво израмнувачки во регуларниот дел, а потоа во продолженијата и победнички. Шјелдеруп во 36. минута ја шокираше Англија. Одкосо постигна прекрасен гол и ја одведе Норвешка до предност. Доби топка од Одегард, и се ...

Шпанија е апсолутен владетел на младинскиот фудбал во Европа. „Фуријата“ целосно го оправда својот прекар, бидејќи денес во финалето на Европското првенство до 19 години во Рексам успеа да ја победи Германија со 2-0 (1-0). Лопез им донесе водство на Шпанците во 44-тата минута, а на почетокот на второто полувреме, по само три минути игра, Ривас ги постигна конечните 2:0. На овој начин, Шпанија успеа да ја освои титулата со неверојатен настап, ...

Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини, во иднина ќе работи за домашната федерација. Поранешниот дефанзивец на Милан и на репрезентацијата е назначен за технички директор на Федерацијата. Неговиот договор ќе биде на четири години. Поранешниот спортски директор на Милан, Леонардо е назначен за советник. „Газета“ пишува дека двајцата ќе бидат задолжени да бараат нов селектор на италијанската репрезентација, која не успеа да се ...

Новиот менаџер на Фулам, Алваро Арбелоа, се стреми да го засили својот тим со доведување на некои поранешни играчи на Реал Мадрид. Офанзивниот играч од средниот ред Франко Мастантуоно, бекот Фран Гарсија и напаѓачот Гонзало Гарсија се на неговата листа на желби. Мастантуоно е достапен на позајмица, иако најмалку 12 клуба низ Европа се наводно заинтересирани за неговиот потпис, додека Фран Гарсија би можел да биде на продажба откако Реал го ...

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, има само две опции во врска со својата иднина. Доколку одлучи да ја заврши кариерата, Реал Мадрид има отворена врата за него во една од директорските столчиња. Претседателот Флорентино Перез сакаше Модриќ да преземе важна улога надвор од теренот, користејќи го своето огромно искуство и статус на една од најголемите легенди на клубот. Новиот проект на Реал Мадрид ќе го води Португалецот Жозе Мурињо, кој се ...

ПСЖ се подготвува за евентуално заминување на Бредли Баркола. Претходно беше објавено дека парискиот клуб постигнал прелиминарен договор со Феран Торес. Според „Л’Екип“, потпишувањето на Шпанецот се чини дека е можно само ако Баркола биде продаден. ПСЖ веќе неколку месеци е во преговори за продолжување на договорот со 23-годишникот, но тие разговори беа прекинати за време на Светското првенство. Тековниот договор на Баркола со клубот е до ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87