Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар утре ќе има тешка задача на гостувањето во Финска кај КуПС да ја анулира негативата од два гола од првиот натпревар одигран пред седум дена во Скопје. Кристијан Фабијани и неговите избраници денеска го одработија официјалниот тренинг пред утрешниот меч кој е со почеток во 17 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно ...
Холандскиот фудбалски судија Роб Диперинк почина на 38-годишна возраст, соопшти Кралскиот фудбалски сојуз на Холандија (KNVB), изразувајќи длабок шок и тага од трагичната вест. Смртта на елитниот арбитар доаѓа само неколку недели откако Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука да го отстрани од списокот на судии за Светското првенство во 2026 година. Диперинк беше предвиден да ја врши улогата на ВАР-судија на Мундијалот. ...
Сите го критикуваат претседателот Џани Инфантино и ФИФА, но никој не презема ништо конкретно, изјави Марк Пит, поранешен член на ФИФА и швајцарски експерт за кривично право, како што пренесе германската новинска агенција ДПА. ФИФА е на удар на критики, особено за време на тековното Светско првенство, поради бројни очигледни или помалку очигледни афери, а Пит наведува дека клучниот противтег треба да биде европската фудбалска организација. ...
Рома официјално потврди дека Пауло Дибала потпишал нов договор и дека ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година. Аргентинскиот интернационалец формално беше слободен играч во првата половина на јули, бидејќи неговиот претходен договор истече на 30 јуни, но „волчицата“ и искусниот офанзивец постигнаа договор за продолжување на соработката. Според италијанските медиуми, 32-годишниот Дибала се согласил на значително намалување на примањата за ...
Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на Евролига, Шејн Ларкин, официјално е нов кошаркар на Фенербахче. По осум сезони минати во Анадолу Ефес, за време на кои стана клупска легенда и освои две последователни европски шампионски титули, искусниот организатор на играта одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на големиот ривал од Истанбул. Според информациите на „BasketNews“, Ларкин платил околу 400.000 долари од сопствен џеб за да ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија продолжува со подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 29 јули до 7 август ќе се одржи во романскиот град Тулчеа. По двата контролни натпревари против Бугарија, стручниот штаб ги анализираше настапите на националниот тим, а во наредниот период следуваат и нови проверки против селекцијата на Косово. Селекторот Виктор Петровски е задоволен од односот и ангажманот ...
Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед денеска го официјализираше својот прв трансфер за новата сезона. Официјално нов фудбалер на тимот од „Олд трафорд“ е играчот за врска Андре Сантос кој доаѓа од редовите на Челси. 22-годишниот Бразилец од Васко де Гама во Европа дојде токму во редовите на Челси, а неколку сезони помина на позајмица во Нотингем форест и Стразбур. Ready to make his mark. The Manchester United family welcomes you, ...
Раното испаѓање на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе има значителни финансиски последици за Германскиот фудбалски сојуз, објави германската новинска агенција ДПА. Според Штефан Грунвалд, финансискиот директор на сојузот, се очекува дефицит од 9,4 милиони евра. „Планираниот дефицит изнесува 9,4 милиони евра, а поради сметководствените процедури, конечниот резултат ќе можеме да го потврдиме ...
Машката репрезентација на Македонија за кошаркари „под 18“ години влегува во завршната фаза од подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое ќе се одржи во Опатија и Ријека, Хрватска. По двата контролни натпревари против Бугарија во Ботевград, селекторот Миодраг Тодоровиќ изрази задоволство од она што неговите избраници го прикажале на теренот, и покрај проблемите со кои се соочи тимот во подготвителниот период. ...
Славен Билиќ и официјално се враќа на клупата на хрватската репрезентација, откако Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го потврди неговото назначување за нов селектор. Искусниот стратег ќе потпише двегодишен договор, преземајќи ја функцијата од досегашниот предводник Златко Далиќ. Според информациите од хрватските медиуми, Билиќ се согласил на двојно помала плата од онаа на неговиот претходник. Во неговиот стручен штаб се очекува да соработува ...
Литванскиот центар Јонас Валанчиунас се враќа во европската кошарка по 14 години! Според информациите на литванските медиуми, еден од најдобрите литвански кошаркари потпишал двегодишен договор со Жалгирис Каунас, а преостанува само клубот официјално да го објави тоа. „На 7 јули, Денвер Нагетс се откажаа од правата врз литванскиот центар и го пуштија на пазарот, а бидејќи во следните два дена ниту еден тим не сакаше да го преземе неговиот ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и четвртиот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија, откако денеска во групата за разигрување од 13. до 24. место беше поразена од Австрија со 28-24. Нашите избраници одиграа едно израмнето прво полувреме против соодветната селекција на Австрија, по кое имаа негатива од само еден гол 15-14. Сепак, Австријците одиграа далеку посконцентрирано во одбраната во ...
Манчестер Јунајтед ја отвори касата и плати 41 милион евра со што ја активираше откупната клаузула за Јури Тилеманс, кој „Вила Парк“ ќе го замени со „Олд Трафорд“. Еден од клучните играчи на белгиската репрезентација, кој одигра одлични натпревари на Светското првенство, се препорача кај „црвените ѓаволи“. Со неговото доаѓање, тие треба да го добијат токму она што им е потребно, искусен играч за врска кој знае како да го диктира темпото на ...
Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје го назначи Саша Димитријевиќ за нов координатор на својата младинска школа. Димитријевиќ се враќа во клубот каде претходно работеше како дел од стручниот штаб. Тој зад себе има богато искуство, предводејќи ги речиси сите младински селекции на Македонија. Низ неговата долгогодишна кариера поминаа голем број кошаркари кои подоцна станаа столбови на националниот тим. Главна задача на новиот координатор ...
Славен Билиќ се враќа на клупата на хрватската репрезентација. По речиси девет години на позицијата селектор, Златко Далиќ се пензионираше и направи повторно место за Билиќ, кој ќе го започне својот втор мандат. Од заминувањето на Далиќ, па дури и пред тоа, Билиќ се наметна како главен кандидат за селекторската функција, и покрај тоа што е надвор од теренот две години, откако беше отпуштен од саудискиот Ал Фатех. Билиќ треба да има помала ...
Освојувачот на ЕХФ купот ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на клубот. Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор. „Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го забележа и четвртиот пораз на Европското првенство кое што се игра во Романија, откако денеска во групата за разигрување од 13. до 24. место беше поразена од Австрија со 28-24. Нашите избраници одиграа едно израмнето прво полувреме против соодветната селекција на Австрија, по кое имаа негатива од само еден гол 15-14. Сепак, Австријците одиграа далеку посконцентрирано во одбраната во ...
Големо изненадување во Италијанската фудбалска асоцијација – Леонардо ќе биде специјален советник на новиот технички директор на репрезентацијата, Паоло Малдини. По неколку недели преговори, Малдини ја прифати позицијата технички директор во италијанската репрезентација, а улогата практично беше создадена за него, со цел да се донесе поголема структура, континуитет и долгорочна визија за „аѕурите“. Сепак, неочекуваниот дел од целиот проект е ...
Светското првенство би можело дополнително да се прошири во иднина, иако актуелниот турнир оваа година за првпат се игра во формат со 48 национални селекции. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека по Светското првенство 2026 ќе се дискутира за можноста за проширување на натпреварувањето на дури 64 селекции. „Сите овие се прашања што ќе ги разгледаме по Светското првенство“, изјави Инфантино. Првиот човек на ФИФА верува дека ...
Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол ги „зовре страстите“ пред големиот полуфинален натпревар на Светското првенство 2026 меѓу Англија и Аргентина. Поранешниот играч од средниот ред на Челси и Ливерпул е убеден дека „Гордиот Албион“ ќе најде начин да го запре Лионел Меси и да се квалификува во големото финале. Кол верува дека Англија нема да има проблем што ќе игра против Меси за првпат на ова Светско првенство. „Меси за првпат против ...
Долгогодишниот македонски суперлига, РК Пролет денеска официјално ја информираше јавноста дека се повлекува од учество во македонската Суперлига во следната сезона. Причина за оваа одлука на скопскиот клуб е завршувањето на договорот со долгогодишниот генерален спонзор на клубот. СООПШТЕНИЕТО ОД РК ПРОЛЕТ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ: Ракометниот клуб Пролет 62 ја известува јавноста дека, поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен ...
Александар Серлот ја објасни ситуацијата која го одбележа болниот пораз на Норвешка од Англија во четвртфиналето на Светското првенство. Напаѓачот на Атлетико Мадрид објасни зошто не го проиграл осамениот Ерлинг Халанд во моментот кога неговиот тим имаше одлична можност да поведе со 2-0. Норвешка водеше со 1-0 против Англија кога, во 44. минута, Мартин Едегор направи брилијантен пас за да го испрати Серлот во 100% шанса. Серлот и Халанд беа ...
Извонреден трансфер на еден од најголемите македонски кошаркарски таленти Александар Сотир кој на свои 17 години потпиша со еден од најдобрите клубови од Шпанија, Уникаха Малага! По извонредните сезони во младинските шпански конкуренции со досегашниот свој клуб Елче, Сотир сега со трансфер во дефинитивно еден од најпрепознатливите кошаркарски брендови на Шпанија, Уникаха Малага, член на АЦБ лигата. Сотир престојнава сезона, ќе се приклучи на ...
Нови детали поврзани со одлуката на ФИФА за укинување на автоматската забрана на американскиот напаѓач Фоларин Балогун привлекоа големо внимание од фудбалската јавност, а начинот на кој наводно се спроведувал целиот процес би можел да отвори бројни прашања за процедурите во рамките на светскиот фудбалски чадор. Според информациите што се појавија во јавноста, одлуката не ја донел целиот одбор, туку само неговиот претседател Мохамед Ал Камали ...
Младинскиот репрезентативец Димитар Данев, една од најголемите надежи на македонскиот фудбал, е селектиран од најпрестижната агенција за фудбалски таленти во Европа, шпанската „ПХ Спорт“. Одличните настапи за Вардар, но и за младата репрезентација на Македонија изминатава година, на 20-годишниот Данев, не останаа незабележани од Шпанците кои го вклучија македонскиот крилен офанзивец во сопствената програма за фудбалски развој. Сето тоа без ...
Поранешниот премиер на Шпанија, Маријано Рахој, предизвика остри коментари, благо кажано, со контроверзна изјава против француската репрезентација. Рахој изјави дека „Франција е одличен тим само уште да имаше и Французи во неа“. Работите стануваат појасни ако се знае дека Рахој е поранешен лидер на крајно десничарска партија во Шпанија. И тој не е првиот што ги „таргетира“ црнокожите француски фудбалери за време на Светското првенство. Пред ...
Иранскиот фудбалски стручњак Амир Галаноеи го продолжи договорот со Иранската фудбалска федерација до Азискиот куп во јануари. Галаноеи ја предводи репрезентацијата од 2023 година, а под негово водство Иранците остварија три нерешени резултати на Светското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза. Тие одиграа 2-2 против Нов Зеланд, 0-0 против Белгија и 1-1 против Египет. „Галаноеи останува селектор на репрезентацијата. ...
Белгискиот репрезентативец Леандро Тросар е пред трансфер во Бешикташ. Кога се зборува за хероите кои придонесоа титулата по 22 години повторно да заврши во витрините на Арсенал, мора да се спомене и Леандро Тросар. Од вкупно шесте гола во Премиерлигата, Белгиецот го постигна и оној што веројатно беше клучен за титулата, бидејќи беше единствениот стрелец на натпреварот против Вест Хем, одигран три кола пред крајот на првенството. Сепак, ...
Франција добива огромно засилување за полуфиналниот супер-дерби натпревар против Шпанија на Светското првенство. Аурелиен Чуамени е целосно закрепнат од повредата и ќе се врати во стартниот состав на „триколорите“ за клучниот дуел во вторник. Францускиот играч од средниот ред ја санираше повредата поради која го пропушти претходниот натпревар и е 100 проценти подготвен за игра. Со неговото враќање на теренот, Ману Коне повторно ќе се пресели ...
Македонскиот фудбалски прволигаш, Арсими денеска го официјализираше договорот со Матео Софијаноски. Софијаноски, во Арсими доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, со кого на 31 натпревар постигна два гола и четири асистенции оваа година, а во минатото играше и за Брегалница, Воска и Тетекс, а како дете ја помина академијата на Вардари и Њу Старс. Фудбалерот од средниот ред, е репрезентативец на репрезентацијата на Македонија до 21 ...