И македонскиот премиер Христијан Мицкоски и службениот премиер на Бугарија, Димитар Главчев, изјавија дека завчера разговарале за пожарите во граничната област меѓу двете земји. Координацијата околу противпожарните активности, според Мицкоски, не треба да биде нешто невообичаено, со оглед дека односите меѓу двете земји се релаксирани, искоординирани, двете држави се партнери во НАТО, но како што рече „за некои работи имаме различни гледишта“. За ...

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид, соопшти Белата куќа во средата (17.07). Бајден, кој е во предизборна кампања во Невада, мораше да откаже клучно обраќање во Унидос, конференција на латино-организација за граѓански права. „Тој е вакциниран и бустиран и има само благи симптоми“, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер додавајќи дека Бајден ќе ги извршува претседателските обврски од неговиот дом во Делавер. ...

Урсула фон дер Лајен извојува само половина од битката кога лидерите на ЕУ ја поддржаа за втор мандат како претседателка на Европската комисија. Сега, ќе треба да го освои мнозинството од 720-те пратеници на Европскиот парламент во говорот во четврток. Таа се претставува како искусен лидер и може да има корист од желбата во главните градови на ЕУ за стабилна рака во време кога беснее војна во Украина и се заканува евентуалното враќање на Доналд ...

Во една многу тензична и високо електризирана атмосфера пред претседателските избори во САД, сондажите на јавното мислење покажуваа без малку мртва трка помеѓу двајцата кандидати. Тоа беше и очекуван развој на настаните, имајќи предвид дека општеството во САД е многу поларизирано и поделено, со еден систем на врзани садови – како еден кандидат добива предност, така противничкиот табор се мобилизира во контратежа, и вкупниот резултат на ...

Хаос и долгови, и економија која е во клиничка смрт со буџетска дупка од 500 милиони евра. Вака министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска ја опиша состојбата во државата на прес-конференција на која ги презентираше ребалансот на буџетот и мерките за санирање на состојбата. „Затекнуваме состојба која значи држава во хаос и долгови. Буџет кој е список на желби, место креиран развој. Предимензионирани плаќања. Економијата е во клиничка ...

На западот на Србија би требало да се наоѓаат едни од најголемите резерви на литиум во Европа, пишува денеска германската агенција ДПА, која цитирајќи српски медиуми известува дека германскиот канцелар Олаф Шолц во петок, 19 јули, ќе ја посети Србија. „Српската влада и покрај долгогодишните протести на заштитниците на животната средина го отвора патот за експлоатација на литиум во долината Јадар, во западниот дел на земјата. Ова го пренесува ...

Како и стотици милиони луѓе во Европа, така и ние имавме можност по овие скопски горештини, со ладни напитоци и одбрано друштво, да уживаме во фудбалската магија на европските репрезентации во нивниот поход кон европскиот фудбалски трон. За жал, овој пат, го немавме тоа задоволство да ги гледаме нашите фудбалери како се натпреваруваат на европските фудбалски арени, но тоа од друга страна ни овозможи рамнодушно, да уживаме во фудбалските ...

Два хеликоптера од Словенија, еден од Србија и еден од Црна Гора од денеска ќе ѝ помагаат на Северна Македонија во справување со пожарите. Вчера претпладне од Турција веќе пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веднаш се вклучија во справувањето со огновите. Ним благодарност им упати европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ. „Како одговор на итната состојба во шумските пожари во Северна Македонија, мобилизиравме ...

Виктор Орбан претседава со Советот на ЕУ помалку од три недели - ротациски. Но, Орбан успешно ја искористи претходно не особено впечатливата позиција за да ѝ предизвика максимална штета на надворешната политика на Европа во најкус можен рок. Унгарецот му се додворува на Путин со тоа што се противи на каква било помош за Украина. Тој им се додворува на властодршците во Пекинг. И, моментално, се претвора во разглас на Доналд Трамп - човекот во ...

Македонија има околу милион хектари шума односно една третина од територијата е под шума. Тие се еден од најважните природни ресурси во земјата и имаат еколошки и економски функции, а истовремено се клучен фактор во одржувањето на јаглеродната рамнотежа, биолошката разновидност и ги ублажуваат промените на климата. Само од 2019 до 2021 година во државата е опожарена површина од 30 илјади хектари или три отсто од вкупната површина под шуми. ...

На Ангела Меркел, родена во Хамбург и израсната во Темплин, во регионот Укермарк, политиката не ѝ била предодредена. Ќерка на свештеник, физичарка, која не припаѓала на движењето на отпорот - вака се карактеризира нејзиното време во Германската Демократска Република (ГДР). Дури со падот на Берлинскиот ѕид и промените што следеа кај неа се буди желбата за политика, за тоа да придвижи нешто. Тогаш е веќе во средината на своите триесетти. Тогаш се ...

„Нападот е за осуда, но американското општество е многу поларизирано и Доналд Трамп го жнее она што го сееше низ годините“, вели Кизеветер, кој е пратеник на опозициската ЦДУ во Бундестагот. Прашан дали ваквиот негов коментар е фер, Кизеветер одговори: „Не знам дали е фер. Но точен е и тоа е жално“. Трамп со години е длабоко поларизирачка фигура, додава тој. Кизеветер раскажа дека при неодамнешната посета на Вашингтон учествувал на дебата на ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагира на соло потезите на унгарскиот премиер Виктор Орбан во делот на политиката за Украина со одлука за бојкот. Фон дер Лајен најави дека на идните неформални министерски состаноци под водство на актуелното унгарско претседателство на Советот на ЕУ нема да учествуваат комесари, туку само високи функционери. Освен тоа, ЕК се откажува од традиционалната инаугуративна посета кај ...

САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија, целта на САД е да ги поддржат и да не се мешаат во внатрешните работи на земјата, порача амбасадорката на САД во РСМ, Анџела Агелер во интервју за емисијата „200“ на ТВ Алсат. Одговорот го даде на прашање за изјавата на премиерот Мицкоски - дека станало пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Тоа беше неговиот одговор околу изјавите на дел амбасадори, кои ...

Републиканецот Доналд Трамп го именуваше Џејмс Дејвид Венс (Џ.Д. Венс) како кандидат за потпретседател за изборите во ноември и со тоа на своја страна донесе човек познат по својот остар јазик. И покрај стравот од можна спирала на насилство по атентатот врз Трамп, од овој двоец не може да се очекува прифаќање на поумерени тонови во изборната кампања. Поранешниот критичар на Трамп, Џ.Д. Венс, сега се смета за близок соработник на поранешниот ...

Францускиот скокач со стап Рено Лавинели со олимпискиот факел стои пред Олимписките прстени на Ајфеловата кула во Париз. Француската џудистка Кларис Агбењену пак ја имаше честа да го претстави олимпискиот оган на највисоката платформа на Ајфеловата кула висока 330 метри. Церемониите на доделување на наградите ќе се одржат во подножјето на знаменитоста во Париз за време на Олимписките игри (26 јули - 11 август 2024 година). Како посебен белег, ...

До изборот на нов претседател на САД има уште околу четири месеци. Веројатно, како и последниот пат, ќе треба да треба да се бира помеѓу Џо Бајден од Демократите и Доналд Трамп од Републиканците. Ако Трамп успее да победи, ќе го чека веќе готов нацрт од 900 страници за програмата за работа на владата. Според предговорот се работи за „Дело на целокупното конзервативно движење" во САД. Кај Демократите и нивните приврзаници манифестот кој го носи ...

Само еден ден по завршувањето на Европското фудбалско првенство , во понеделник на 15 јули, Германската железница (Дојче Бан) ја започнува најголемата програма за санација во својата историја: обновување на целата мрежа на 40 главни линии (4200 км). Планирано е да чини 45 милијарди евра и да трае до 2030 година. Во исто време, тоа значи дека многу важни железници во Германија ќе бидат целосно затворени со месеци . Прва на ред пругата Франкфурт ...

Ретки се писател(к)ите кои барем еднаш немале „писателска блокада“. Ретки се тие во македонската литература кои за блокадата зборуваат јавно. Можеби од страв дека со тоа би покажале творечка слабост. Напротив, историјата на лутературата нѐ учи дека „блокираните“ писател(к)и се во ексклузивно друштво. Најголемите писатели ги знаеле маките со блокадата во пишувањето. Со нив се соочиле и Бекет и Пруст. Повремено во писмото бил „блокиран“ и Гете и ...

На 13 јули во Батлер, Пенсилванија, на собир во рамки на кампањата на Доналд Трамп, одеднаш се слушнаа истрели. Куршум го погоди десното уво на претседателскиот кандидат, но тој се спаси од сериозни повреди. Двајца присутни на митингот се сериозно повредени, еден загина. Агентите на тајните служби го ликвидираа атентаторот. Истражителите на ФБИ не објавија детали околу можните мотиви на 20-годишниот атентатор, кој иако бил републиканец, во еден ...

„Атентатот е најлошото нешто што можеше да се случи во денешна поларизирана Америка. Мора да очекуваме повеќе насилство“, гласи коментарот на политичкиот аналитичар Ијан Бремер на платформата Х, кого го следат околу 800 илјади луѓе и кој го навестува драматичното влијание од нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Трамп беше пукано викендов, за време на предизборна манифестација во сојузната држава Пенсилванија. Куршумот му го ...

„Атентатот е најлошото нешто што можеше да се случи во денешна поларизирана Америка. Мора да очекуваме повеќе насилство“, гласи коментарот на политичкиот аналитичар Ијан Бремер на платформата Х, кого го следат околу 800 илјади луѓе и кој го навестува драматичното влијание од нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Трамп беше пукано викендов, за време на предизборна манифестација во сојузната држава Пенсилванија. Куршумот му го ...

Серија истрели предизвикаа паника за време на митингот, а раскрварениот Трамп, кој подоцна соопшти дека бил погоден во уво, беше веднаш опколен од агенти на тајната служба и извлечен од говорницата. Од кампањата на Трамп соопштија дека тој се чувствува „добро“ по нападот од кој му било пробиено десното уво. „Веднаш знаев дека нешто не е во ред откако слушнав звук на свиркање, истрели, и го почувствував куршумот како ја корне кожата. Многу ...

Европските фудбалски кралеви со кралот на Шпанија во екстаза по освојувањето на пехарот на ЕУРО 2024! Шпанската фудбалска репрезентација е шампион рекордер - на европскиот трон седнува по четврти пат - по 1964, 2008 И 2012 година. Победата над Англија од 2:1 во финалето на европското првенство беше заслужена, оценуваат експертите за најдобриот тим на турнирот. Непоразени, неприкосновени, неспоредливи! Со 15 гола, Шпанците го надминаа претходниот ...

Ние мислевме дека ВМРО-ДПМНЕ и неговиот лидер имаат визија за Македонија во наредните години и за таа визија граѓаните им ја дадоа довербата на изборите. Но изгледа дека не било така, или барем не е во овој момент. Затоа што тие да ти биле подизведувачи. Визијата доаѓала од некое друго место. Додека нѐ држеше незаспани за време на гостувањето на телевизија Алфа, потпретседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во една ...

„Средствата за заштита од сонце се една од најголемите измами на сите времиња!“ Со таквата порака преку социјалните мрежи се споделува видео кое го содржи најпопуларниот наратив на заговор. Особено во езотеричните кругови и круговите на теоретичари на заговор, долго време постои сомневање за тврдењата за придобивките од кремот за сончање. Меѓу другото, се тврди дека не УВ-зраците од сонцето, туку кремовите за сончање предизвикуваат рак. Некои ...

Дали се одбројани деновите на Виктор Орбан на престижната функција откако Унгарија на 1-ви јули го презеде претседавањето со Советот на ЕУ, кое се ротира на секои шест месеци? Интензивната активност на Орбан по преземањето на претседателството со Советот на ЕУ на 1-ви јули предизвикува бес во ЕУ - првично посетата кај рускиот претседател Владимир Путин, а потоа патување во Пекинг на средба со претседателот Ши Џинпинг. И конечно, Орбан рано го ...

Шефицата на дипломатијата Аналена Бербок нема повторно да биде кандидатка на германските Зелени за канцелар. Таа го потврди ова во разговор за Си-Ен-Ен, велејќи дека сака целосно да се посвети на своите должности во светот на дипломатијата додека се разгоруваат меѓународните кризи. „Светот очигледно е поинаков од пред последните избори“, вели Бербок (43). Таа додаде дека е потребна поголема дипломатија во светлината на руската агресија врз ...

Линијата на фронтот на руската агресорска војна против Украина е долга повеќе од 1.200 километри. Борбите се водат во Херсонската област на југ, Запорожје на југоисток и Харков, Доњецк и Луганската област во источна Украина, при што регионот Луганск е речиси целосно окупиран од Русите. Сергеј Осачук е офицер на граничните трупи стационирани во градот Краматорск и е одговорен за интеракцијата со армијата и распоредувањето на сите баталјони и ...

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче е загрижен дека потезите на премиерот Христијан Мицкоски ја водат земјата кон политичко заложништво во однос на Унгарија и вели дека стравува дека Мицкоски сака да го имплементира системот на Виктор Орбан во Македонија. Мицкоски во четвртокот соопшти дека со унгарскиот премиер Виктор Орбан договорил државен заем од 500 милиони евра со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1022
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
68%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
43%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.18
41%
1023
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
85%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
44%
1022
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
50%
1023
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409