
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Повеќе од 24 лица се уапсени во Иран по смртоносниот напад врз политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, пренесува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца Иранци запознаени со истрагата. Меѓу уапсените, како што се вели, има високи по ранг разузнавачи, воени службеници и вработени во армиска гостинска куќа во Техеран, каде Ханија беше убиен во бомбашки напад во средата вечерта (31.07). Апсењата на високо ниво се одговор на големото и срамно ...
Најмалку 32 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад и напад на вооружени лица на популарна плажа во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти полицијата. 63 лица се повредени, од кои некои потешко, изјави денеска (3.08) портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан. Според полициските наводи, бомбаш самоубиец прво се разнел вчеравечер пред вооружени лица да упаднат на плажата Лидо. Сите пет напаѓачи, како што се вели, се убиени. Според ...
Американската демократка Камала Харис го обезбеди неопходното мнозинство делегатски гласови за претседателска кандидатура во нејзината партија. Врвот на Демократската партија соопшти дека на онлајн-гласањето Харис го надминала прагот за неопходни гласови за номинација. Тоа значи дека Харис во ноември на претседателските избори во САД ќе се соочи со републиканецот Доналд Трамп. Нејзината предизборна каса е полна „до пукање“: во јули таа прими ...
Бројот на странски работници кои доаѓаат на хрватскиот пазар на труд е во пораст веќе неколку години, медиумите објавуваат податоци за веќе пристигнати над 100.000 лица, а некои очекуваат двојно повеќе за оваа година. Јавноста е добро запознаена со исклучително тешките, експлоататорски услови во кои живеат и работат во Хрватска. Тие се оставени на милост - всушност повеќе на немилост - на посредничките агенции за вработување, како и на ...
Македонија го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани - Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ. Државниот врв повика на сплотеност, жртвување за иднината на младите, создавање на нова - четврта македонска република и европеизација на земјата преку почитување на правото и борба против корупцијата. Делегации положија цвеќе и одадоа почит на вечното почивалиште на ...
Руската Федерација, САД и некои сојузнички западни држави разменија затвореници. Руси кои беа осудени на различни затворски казни на Запад се префрлени во нивната матична земја. За возврат, руски државјани во политичко заробеништво и американски и германски државјани беа ослободени од руските затвори. За време на владеењето на Владимир Путин, доаѓаше до чести размени на затвореници, дури и ако некои од нив предизвикаа огорченост во јавноста. Еве ...
Посебно кога станува збор за Блискиот Исток, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, посочува дека по секоја цена треба да се спречи натамошна ескалација на конфликтот. „Таа мора да се спречи бидејќи никој не може да сака натамошна ескалација, ниту да замисли дека тоа ќе биде така“, изјави министерот за новинарите на ДВ. „Тоа не ни е потребно. Ние не го сакаме тоа. Мора да направиме сѐ за да го вратиме мирот во тој регион што е можно ...
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова и нејзиниот српски колега Александар Вучиќ заедно го одбележаа 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, во манастирот „Свети Прохор Пчински“ каде што во 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ. Сиљановска-Давкова положи цвеќе пред спомен плочата на АСНОМ во манастирот и заедно со Вучиќ запалија свеќи во црквата на манастирскиот комплекс. „Местото за нас има огромно историско ...
Тој беше првиот што излезе од авионот во Москва - а рускиот претседател Владимир Путин го прегрна: Вадим Красиков, кој во Германија стана познат како „убиецот од Тиергартен“. Тој беше на списокот на руски државјани осудени на различни затворски казни за злосторства на Запад, кои беа ослободени во последната размена на затвореници. Красиков ја отслужуваше казната во германски затвор - и тој е посебен случај. Затоа што шпиони, предавници, двојни ...
По упатеното барање за помош од Северна Македонија, Германија и Шведска мобилизираа по два авионa од флотата на ЕУ намената за справување со пожарите – РескЕУ, а оваа помош беше надополнета со хеликоптер од флотата стационирана во Чешка и со по еден хеликоптер од Словенија и Србија, соопшти Европската комисија. „Како дел од постојаната борба против шумските пожари, веднаш реагираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Благодарен сум на земјите ...
Премиерот Христијан Мицкоски во Крушево, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во „Свети Прохор Пчински“ а претседателот на Собранието, Африм Гаши во Скопје ќе ги предводат делегациите на одбележувањето на 2 Август - Денот на Републиката, кој годинава ќе се одбележува под слоганот „Борбата трае“. Со тој слоган, како што беше речено, Владата сака да ја пренесе пораката дека стремежот за напредок, слобода и благосостојба на државата ...
Македонската полиција го истражува инцидентот на скопскиот аеродром поврзан со проверката на багажот на косовската претседателка Вјоса Османи, а опозициските партии од македонскиот и албанскиот блок бараат транспарентност и негово итно расветлување. СДСМ бара да се открие вистината што се крие зад инцидентот, откако во јавноста се појавија неколку верзии за случувањата, во коишто се наведува дека бил вклучен и полициски службеник од ...
Залудно се бранеле – мајки со мали деца, стари и болни луѓе... Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година масовно се убиени во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Само во текот на таа ноќ, есесовците убиле 4300 лица, што е страшна епизода на геноцидот на Синти и Роми во Европа. Нацистичка Германија уби околу 500 илјади припадници на најголемото европско малцинство - во логори и гета. Овие луѓе биле убивани со гас, стрелани, изгладнувани до смрт, ...
Залудно се бранеле – мајки со мали деца, стари и болни луѓе... Во ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година масовно се убиени во концентрациониот логор Аушвиц Биркенау. Само во текот на таа ноќ, есесовците убиле 4300 лица, што е страшна епизода на геноцидот на Синти и Роми во Европа. Нацистичка Германија уби околу 500 илјади припадници на најголемото европско малцинство - во логори и гета. Овие луѓе биле убивани со гас, стрелани, изгладнувани до смрт, ...
Два авионa со ослободени затвореници, според новинската агенција ДПА, слетале на аеродромот Келн/Бон во четвртокот (1 август, 2024) околу 23 часот. Таму ги пречека германскиот канцелар Олаф Шолц. „Сите пристигнаа тука во добра состојба“, изјави канцеларот, кој имал опсежен разговор со нив: „Беше многу трогателно. Многумина не го очекуваа тоа“. Шолц ја означи размената на затвореници со Русија како правилна одлука. „Иако постоеја сомнежи во ...
„Европската перспектива на РСМ во моментов е блокирана. И она за што добиваме поддршка, е дека РСМ нема да направи ниту еден чекор напред додека не ги исполни барањата што сме ги поставиле. И тоа е големата заштита што ја добиваме.“ Вака одговори заменикот министер за надворешни работи на Бугарија, Иван Кондов, при сослушувањето пред собраниската Комисија за политики за Бугарите во странство, на прашањето како ќе се заштити позицијата на ...
По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, во Пелинце, ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Потоа, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред ...
Добро позната јавна тајна за сите, особено за израелските и за арапските тајни служби е фактот дека помеѓу двајцата не течела добра крв, поточно, дека се мразеле. И дека се бореа за превласт околу водството, она вистинското, не само формално и духовно, над Хамас. Исмаил Ханија се сметаше за највлијателен лидер на Хамас, но надвор од Газа. Синвар пак, кој инаку беше мозокот на масакрот од 7-ми октомври, се смета за највлијателниот лидер на Хамас ...
По повлекувањето на Џо Бајден од трката за Белата куќа , американскaта потпретседателка Камала Харис се смета за заменска кандидатка и за нова надеж за Демократската партија. Денеска започнува гласањето, со кое Харис треба официјално да биде номинирана за нов претседателски кандидат за изборите во САД во ноември годинава. За електронското гласање се предвидени пет дена. Според партиската централа, Демократскиот национален комитет (ДНЦ), 99 отсто ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод празникот Илинден помилува пет осудени лица, од кои две потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор. Петмина осудени лица се помилувани во траење од два до четири месеци, коешто кај двајца од нив доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор. Потполно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица ...
Тие се лицето на политиката на лице место, но честопати локалните политичари во Германија се соочуваат со страшен отпор. Закани, па дури и насилство не се реткост во Германија. Тој проблем го идентификуваше и сојузната влада и основаше служба на која може да се обратат засегнатите политичари. „Централата за заштита на локални функционери“ е новата служба во склоп на сојузното Министерство за внатрешни работи, која со работа почнува денеска ...
Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас, по информациите дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во средата (31.07) намерно било исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести. „Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле предизвикани од еден таков чин, како и можноста да станува збор за ...
Британскиот премиер Кир Стармер денеска (1.08) ги повика шефовите на полицијата на итен состанок по безредијата кои се случија по нападот со нож во кој беа убиени три девојчиња во Саутпорт во северозападна Англија. Нападот врз децата ја шокираше земјата во која насилството со употреба на нож е долгогодишен проблем. Трагедијата ја искористија припадниците на екстремната десница за да предизвикаат гнев против мигрантите и муслиманите, иако ...
Пожарите коишто го зафатија источниот дел на Северна Македонија предизвикаа пустош на планините. Битката со огнената стихија сè уште трае, а опасноста од нови жаришта демне на повеќе локации. Временските услови не им даваат оддишка на пожарникарите кои веќе неколку недели водат битка со огнот. Изминатото деноноќие имаше вкупно 43 пожари, од кои девет се активни, четири се под контрола и 30 се изгаснати, информираше Центарот за управување со ...
Северна Македонија страда поради спорови со нејзините соседи, што е еден од проблемите за пристапување во ЕУ и влијае на менување на условите постојано, рекол помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О`Брајан на сослушување за иднината на Европа пред Комитетот за надворешни работи на Сенатот. Тој бил прашaн од демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин - што можат САД да направат повеќе за да ги охрабрат ...
Убиствата на двајца лидери на Хезболах и Хамас, милитантни групи кои уживаат поддршка од Иран, ги зголемија тензиите на Блискиот Исток. Кели Петило, истражувач за Блиски Исток при Европскиот совет за надворешни односи, вели дека двете убиства со голем интензитет ќе се одразат на целокупниот регион. „Прерано е да се каже какви ќе бидат резултатите, но ќе има повеќекратен одек на полошо“, оценува таа за ДВ. Петило објаснува дека убиствата на ...
Со кош и баскет на глава на натпреварот во кошарка 3х3 помеѓу Летонија и Литванија на Олимписките игри во Париз. Победник беше Летонија, а радоста на навивачите, како на човекот на оваа фотографија - неизмерна. Кошарката 3х3 е варијанта во која на полето се по тројца играчи од секој тим и за разлика од кошарката со по пет играчи, се игра на еден кош. Кошаркарската федерација ФИБА направи проба со овој вид натпревари во 2007 година во Азија, а во ...
Варшавското востание, кое започна на 1 август 1944 година и заврши со капитулација на востаниците по 63 дена жестоки борби, се смета за основачки мит за независната полска држава (или мит на кој почива независната полска држава). Тоа ја симболизира желбата за слобода и борбениот дух на Полјаците против окупацијата и тоталитаризмот. По Втората светска војна, германските политичари не беа добредојдени на комеморациите и на годишнините од ...
Унгарија издава „национални картички“ на апликантите од Русија и Белорусија од 9-ти јули. Тоа не се шенген визи, туку работни дозволи и дозволи за престој кои важат за Унгарија. Секоја земја-членка на ЕУ може да издава такви „национални дозволи“. Вакви „национални картички“ Унгарија издава и на граѓани од Украина, Молдавија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Апликацијата може да ја поднесат луѓето од овие осум земји ...
Додека состојбата со пожарите низ Северна Македонија е алармантна и загрижувачка, партиите се препукуваат кој е виновен за ваквата состојба. Според опозициската СДСМ, лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите изминатите денови. Според партијата, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, покажал неспособност да ја координира активноста на ...