На крајот, сè заврши со омекната и необврзувачка изјава. „Со целосно почитување на даночната автономија на поединечните земји, ќе се потрудиме многу богатите ефективно да се оданочат.“ Покрај тоа, иницијаторот и домаќин на состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20, бразилскиот министер за финансии Фернандо Хадад, го изрази своето задоволство од оваа необврзувачка заедничка изјава. „Борбата против гладот, сиромаштијата, нееднаквоста, ...

Американскиот претседател Џозеф Бајден, зборувајќи за домашните медиуми, во март 2024 година го предупреди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не врши копнена офанзива во Рафах: „Не смее да има уште 30.000 мртви на палестинската страна. Тоа е црвената линија“. Во февруари 2023 година, Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, ѝ се закани на Кина: Ако Пекинг ја снабди Москва со оружје за руската агресорска ...

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека поранешниот претседател на САД и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп бил застрелан во уво со куршум за време на обидот за атентат врз него на 13 јули во Пенсилванија. ФБИ во соопштението наведува дека „она што го погодило поранешниот претседател Трамп во увото е куршум, цел или фрагментиран на помали парчиња, испукан од пушката на починатиот субјект“. Нејаснотии и расправија ...

Минатата сабота пишувавме за тоа како Германија и Полска преку историчарите почнаа да разговараат и објавуваат учебници за нивната меѓусебна долга, комплицирана и крвава историја. И како научниците успеаја да изградат мостови онаму каде што политичарите и војниците ги уриваа. И ја претставивме меѓусебната историја на двете држави и двата народи од 10. век до годините по Втората светска војна, која заврши со шест милиони жртви во Полска од ...

Во средината на Рурската област има четири големи високи печки во кругот на фабриката за челик ТисенКруп во Дуизбург. „Тие произведуваат околу десет милиони тони челик секоја година“, вели Матијас Вајнберг, шеф на металуршкиот центар во фирмата. „Во исто време, секоја година се создаваат околу 20 милиони тони јаглерод диоксид. Тоа сега треба да се промени. До 2045 година, ТисенКруп има намера своето производство на челик да го направи климатски ...

Во последните недели повторно сѐ почесто се разговара за можноста за завршување на руската инвазија врз Украина на преговарачка маса. Пример за тоа се таканаречената „мировна мисија“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која самоиницијативно ја покрена, како и изјавата на американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп дека „ќе ја заврши војната во рок од 24 часа“. Поранешниот британски премиер Борис Џонсон пак, го поврза ...

Последниот годишен извештај на Европската комисија за владеење на правото за првпат направи пресек и на состојбите во четирите земји кандидати од Западен Балкан – Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Овие земји влегоа во извештајот поради нивниот најнапреден статус во преговорите, со цел да се стават на исто рамниште со земјите-членки. Извештаите опфаќаат четири главни области: правосуден систем, антикорупциска рамка, медиумски ...

Американската политика секогаш била своевидно шоу, но тоа што случува во последниот месец и што допрва ќе се одвива во преостанатите денови до 5 ноември, има шанси да ја промени историјата на претседателските избори и на политиката како таква. Историјата се забрза во изминатиов месец и сигурен сум дека на изненадувањата не им е дојден крајот. Во еден месец, од 27 јуни и катастрофалниот настап на дебатата на Бајден, се случи атентатот врз Трамп, ...

Колку спортисти учествуваат на игрите? Околу 10.500 спортисти и спортистки од 206 нации ќе настапат на Олимписките игри. Во текот на 19 олимписки денови, од 26 јули до 11 август, тие ќе се борат за подиумот во една од 32 спортски дисциплини. Севкупно, ќе се поделат 329 златни медали. Меѓу најголемите ѕвзеди на Игрите е американската гимнастичарка Симон Бајлс. Четирикратната олимписка првенка на Олимпијадата во Токио пред четири години се бореше ...

Унгарскиот заем кој го најави премиерот Христијан Мицкоски и понатаму ја бранува јавноста. Откако Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви закон за заемот од половина милијарда од Унгарија, претседателот на СДСМ, Венко Филипче побара тој што поскоро да биде доставен во Собрание. Тој на брифинг со новинарите, Филипче изрази загриженост дека се договара фирми од Унгарија да купуваат меѓу другото и медиуми во земјата. За лидерот на ...

По американскиот претседател Бајден, израелскиот премиер Нетанјаху се сретна со Камала Харис. Потпретседателката и можна претседателска кандидатка јасно стави до знаење дека е на страната на Израел, но изрече и критики за неговите постапки во Појасот Газа. Американска потпретседателка и можна демократска претседателска кандидатка, Камала Харис употреби јасни зборови за Израел по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како ...

Грција ја прославува 50-годишнината од обновувањето на нејзината демократија: со државни чинови, изложби, концерти и со ковање на јубилејна монета од две евра. Владее радост затоа што демократијата се покажа отпорна толку долго за првпат во модерната историја на земјата. Но, има и замисленост, затоа што нејзиното обновување во 1974 година се засноваше на трагедија која сè уште трае. Колапсот на воената хунта е тесно поврзан со поделбата на ...

Понизок раст, повисок дефицит, зголемено задолжување. Ова накусо се контурите на прекроената државна каса со која Владата планира да ги истурка преостанатите пет месеци од 2024 година. Еден месец откако стапи на функција, власта влегува во реализација на планот кој тврди дека е неминовен за да се спаси што може да се спаси од состојбата на клиничка смрт во која ја затекнала економијата. Се кратело и прераспределувало секаде каде што имало ...

Првото прашање до канцеларот Олаф Шолц (СПД) за време на неговата летна прес-конференција во Берлин беше поврзано со САД, но секако не на начин кој на Шолц би му одговарал : дали ќе го следи примерот на Џо Бајден и ќе се откаже од својата кандидатура за канцелар есента 2025, со оглед на тоа дека неговата влада стои многу лошо на анкетите? Шолц уморно се насмевна и рече: „Ви благодарам за убавото и исклучително пријателско прашање. Не, СПД е ...

Во основа, сѐ што опонентите на ДУИ имаат изјавено за мотивите во позадината на предлогот за реорганизација на државата е точно. Според истата основа, сите изнесени аргументи против предлогот на ДУИ се неточни, лажни или непринципиелни. Да почнеме по ред. Нема сомнеж дека мотивот во позадината на барањето на ДУИ е политички и рејтиншки тактички мотивиран. Но за разлика од претходните PseJo! и еколошки агенди, овојпат нивната иницијатива е и ...

Новиот лидер на СДСМ, Венко Филипче на брифинг со новинарите во Скопје рече дека згрешиле со измените во Кривичниот законик, коишто доведоа до намалување или застарување на казните на голем број функционери обвинети за злоупотреби. По бројните критики во јавноста и меѓународните институции, Филипче вели дека е време да се донесе нов Кривичен закон кој ќе ги исправи направените грешки. „Треба да бидеме чесни и да признаеме дека згрешивме со ...

Идејата за нов уставен поредок според демографската реалност била една од темите кои синоќа во Гостивар ги разгледало Централното претседателство на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села. „Кога се прекршува договор, се гледаат модалитетите за нов договор, со меѓународни експерти бараме решенија кои го гарантираат легитимитетот на Албанците", објави Села на неговиот профил на Фејсбук. Пред почетокот на седницата на Централното ...

„Слонот во собата“ Тој не споменува ни „Д“ од Доналд Трамп, но мислеше на него кога зборуваше за закана за демократијата. Искреноста, пристојноста и почитта не се вбројуваат меѓу неговите силни страни. Не е ни чудо што американскиот претседател токму тие поими ги стави во фокусот. Тоа што реторички го помести накај монарси и диктатори, тешко дека ќе придонесе политичките блокови во длабоко поделената земја повторно да се приближат. Ослободувачки ...

Наследивме опљачкана и на колена клекната држава, рече вчера во Собранието премиерот Христијан Мицкоски, еден месец по формирањето на новата Влада. Скенирањето на состојбите во изминатите недели открило многу случаи на „безмилосно трошење“. „Во овие четири недели констатиравме дека за железница што завршува во тунел кој нема излез се трошат половина милијарда евра пари на македонските даночни обврзници, дека се давани незаконски лиценци за игра ...

Претседателската кампања на Камала Харис е во полн ек. Прв ја поддржа американскиот претседател Џо Бајден. Набргу откако на социјалните мрежи го објави своето повлекување од претседателската трка во САД, Бајден повика Харис да биде поддржана како демократски претседателски кандидат. Овој пример го следеа поранешниот американски претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, Ненси Пелоси, поранешна претседателка ...

Европската комисија во Извештајот за владеење на правото во ЕУ за 2024 година, во кој годинава првпат се вклучени и државите опфатени со процесот на проширување, изразува загриженост за независноста на судството во Северна Македонија, но и за големиот ризик од корупција кој останува распостранет во многу области. „Нивото на утврдена независност на судството е многу ниско. Загриженоста останува и во однос на функционирањето и независноста на ...

Северна Македонија за пет години изгубила речиси 170 илјади работници. Само во првите три месеци од 2024 година работоспособното население е намалено за 2.738 лица, а претпоставките се дека тој тренд продолжил па дури и се забрзал во пресрет на летото, кога голем број македонски граѓани заминаа на сезонска работа во соседните земји и во Европа. „Загрижувачко е што анкетите кај младите деца - средношколците и студентите покажуваат катастрофални ...

По бројните пожари во земјата коишто предизвикаа огромна материјална штета, се размислува за коренити промени во системот за справување со кризи. Една од опциите е спојување на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) и формирање на специјално тело коешто би имало и материјални и кадровски капацитети да се справува со вакви кризи во иднина. Ваквите предлози биле ставени на маса на средбата на Управувачкиот ...

Последниот пат кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборуваше пред американскиот Конгрес, тој го критикуваше еден од најважните дипломатски проекти на администрацијата на Обама, нуклеарниот договор со Иран - и со тоа ги затегна односите со Белата куќа. Девет години подоцна, Нетанјаху се очекува повторно во Капитол - тој беше поканет од лидерите на двете партии во американскиот парламент. А овој пат околностите се уште понапнати. Тајмингот ...

Петмина осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието во наредните 30 дена ќе бидат на слобода, откако добија право на прекин на казна поради лекување. Од затворот во Штип информираа дека прекин на казна од 30 дена имаат Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски, Митко Чавков и Митко Пешев, а на 25 јули на слобода ќе излезе и Душко Лазаров, исто така со прекин на казна од 30 дена. Потпис на ваквите решенија ставил ...

Во политиката наголемо се врти нова страница. Во Северна Македонија дојде друга власт, во Велика Британија и во Франција се консолидираат централно-левичарските партии, ЕУ доби старо-ново раководство, НАТО во октомври добива нов шеф во холандскиот премиер Марк Руте, а САД во ноември ја чекаат неизвесни претседателски избори кои предизвикаа сеизмички потреси дури и пред да се одржат. Како се снаоѓа новата Влада во Македонија во овие промени на ...

Интерконекторот со Грција и модернизација на пругата на Коридорот 10 се дел од проектите за кои премиерот Мицкоски очекува да бидат одобрени средства од ЕУ со т.н. План за раст. „Очекувам да се финансира интерконекторот со Грција. Наместо да се пролонгира или да ретендерира, очекувам да се реализира. Сега од финансиската институција велат дека требало да се ретендерира. Зошто? Послед 9 месеци констатирале пропусти во тендерската документација. ...

Директорката Кимберли Читл ги информирала вработените во агенцијата со и-мејл за своето заминување од функцијата, објави агенцијата Асосиејтед Прес. Читл, која е директорка на агенцијата од август 2022 година, беше соочена со повици да си даде оставка и со истраги за тоа како атентаторот успеал да пријде толку блиску до републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за време на митинг во сојузната држава Пенсилванија. „Ја преземам ...

Пожарите коишто ги опустошија македонските шуми на повеќе локации и се опасност за околните села, ги разбудија институциите, коишто најавија дека ќе се носи нов закон за пожарникари, којшто во најбрз можен рок ќе биде доставен до Владата. „Изминативе неколку години работни групи од повеќе институции надлежни за оваа проблематика работеле на изработка на нов закон за пожарникарство. Министерството за одбрана во периодот што следува ќе ги разгледа ...

Неколку министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија очекуваа повлекување на американскиот претседател Џо Бајден од изборната трка, додека други само се надеваа на тоа. Овој чекор на Бајден би можел да ги зголеми шансите за спречување на вториот мандат на републиканскиот тврдолинијаш Доналд Трамп во САД, според оценка на европски дипломати во Брисел. Таму на нивната редовна средба се собраа 27 министри за надворешни ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1022
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.0
68%
1021
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
43%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.18
41%
1023
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.0
85%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.0
44%
1022
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
50%
1023
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1020
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1024
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409