
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Историја, географија, биологија, физика и хемија се враќаат како посебни предмети во основното образование. Министерството за образование, по сугестии на стручните лица и реакциите во јавноста направи измени на Концепцијата за основно образование. Бирото за развој на образованието во изминатиот ја подготви новата унапредена содржина, со која се предвидува овие предмети да се изучуваат како посебни во третиот воспитно - образовен период од ...
Владата ја започнува реформата на правосудството и покрај критиките на меѓународните организации да не се задира во независноста на судските органи. Веќе од петок (15.11) е планирано да започнат јавни стручни дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет подготвени од страна на работната група формирана од Министерството за правда. Ова ќе биде само еден од неколкуте настани за консултирање на стручната јавност кои ...
АД „Пошта“ тоне во загуби и долгови, но и покрај тоа директорите лани си ги зголемиле платите. Од друга страна расте незадоволството и кај граѓаните и кај фирмите поради ненавременото доставување на пратки. Само 59,7% од пратките биле доставени навремено, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена, што е отстапување од стандардите на Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% ...
Било студеникаво утро, налик на денешново. Веел ситен снег, додека македонските борци низ скопските улици ги воделе завршните битки против фашистичките окупаторски единици - кај учителската школа, поштата, хотелот „Македонија“, женската гимназија, Камени мост, тогашната железничка станица, Народна банка, на Водно, Матка.... Од моментот кога знамето на победата се развиорило на зградата на Офицерскиот дом, испраќајќи ја пораката - Скопје е ...
Даночни олеснувања, поттик на економијата, зголемување на детскиот додаток, опстојувањето на субвенциониран железнички билет - ова се само четири од околу 100-те планови на сојузната влада кои беа стопирани по распадот на семафор-коалицијата во Бундестагот. На СПД и Зелените им недостига парламентарно мнозинство откако беше разрешен министерот за финансии Кристијан Линднер, а Либералите ја напуштија владината коалиција. Во владината изјава ...
Водителот на Фокс Њус, Пит Хегсет Доналд Трамп сака водителот на Фокс Њуз, Пит Хегсет, да биде идниот министер за одбрана. „Со Пит на чело, непријателите на Америка добиваат предупредување - нашата војска повторно ќе биде одлична, а Америка никогаш нема да попушти“, соопшти Трамп во вторникот. Хегсет има служено војска во Ирак, Авганистан и заливот Гвантанамо и во 2012 година неуспешно се кандидираше за место во Сенатот во Минесота, пред да ...
Големината на победата на Доналд Трамп изненади многумина. Дури и ако анкетите подолго време покажуваа извесна предност за неговата кампања, фактот дека победи во Северна Каролина, ја врати Џорџија, и го проби таканаречениот „Син Ѕид“ (традиционални држави со поддршка за Демократите), беа големо постигнување, и нешто кое на анкетите не се гледаше. Неговите резултати се подобри дури и од оптимистичките очекувања кои ги соопштуваа стратезите на ...
СДСМ нема да го поддржи предлог-буџетот за 2025 година, којшто го изготви Владата. Лидерот на опозициската партија, Венко Филипче најави дека ќе поднесат 200 амандмани со цел подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ рече ...
Седум македонски амбасадори ќе се вратат во земјата, по одлуката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за нивно отповикување. Станува збор за повлекување на македонскиот амбасадор во НАТО, Дане Талески, Данчо Марковски од Албанија, Фатон Бејта од Данска, Сали Лимани од Казахстан и амбасадорот Шабан Јашари од Катар. Отповикани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха од функцијата шеф на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во ...
Здодевно, облачно ноемвриско утро. Дваесетина деца од градинка во Келн гласно се обидуваат да пеат за сонцето. „Sal, solecito, caliéntame un poquito" - „Сонце, излези и загреј ме малку“ е името на песната, а посебното во неа е што само мал дел од децата од две до шест години знаат да зборуваат шпански. Меѓутоа, кога ќе ги слушнете децата како пеат, мислите дека сте заталкале во дневен престој за деца во Мадрид. Боливијката Џесика Рохас Флорес ...
Новите избори за германскиот парламент, Бундестагот, треба да се одржат на 23 февруари 2025 година. Според информациите на јавниот сервис АРД, за тој датум се договориле пратеничките групи на СПД и опозициските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ). Се чини дека и либералите (ФДП) и Зелените очигледно го поддржуваат предлогот што треба да ја реши кризата на германската влада . Така, по распадот на таканаречената владејачка „семафор-коалиција“ составена од ...
Доналд Трамп ги сака царините. Во неговиот прв мандат како претседател на САД, тој воведе многу царини - на машини за перење, соларни панели, а потоа и за увоз на челик и алуминиум. Тие ги погодија земјите низ целиот свет, без разлика дали тие беа политички сојузници на САД или не. За време на последната претседателска кампања вети уште повеќе. Сега, за нешто повеќе од два месеца, самопрогласениот „човек на царините“ ќе положи заклетва како ...
Редок квадратен смарагд од 37 карати, сопственост на Ага Кан, достигна цена од речиси 9 милиони долари на аукција во Женева во вторникот, што го прави најскапиот зелен камен на светот. Продаден од Кристи, брошот со дијамант и смарагд Картие, кој може да се носи и како привезок, го симнува од тронот парчето накит изработено од модната куќа Булгари, кое Ричард Бартон и го подари како свадбен подарок на колешката актерка Елизабет Тејлор, како ...
Безмалку цела владејачка партија со се поддржувачи и симпатизери воскликна по изборите во САД дека Северна Македонија ќе има протекции кај победникот Доналд Трамп. Кон триумфот лично се придружи и премиерот Христијан Мицкоски, кој веднаш по гласањето во САД побрза да каже дека и на изборниот ден бил во контакт со луѓето околу републиканскиот кандидат. „Искомунициравме од заднината на самиот настан во текот на денот од Мар-а-Лаго каде што и тие ...
Струјата во Македонија, сепак, минимално ќе поскапи, но колку точно засега е неизвесно. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не очекува драстично зголемување на цената на струјата од 1 јануари. Ако дојде до корекција на цената, тогаш според него, зголемувањето би било од еден до три проценти. „Не очекувам да има зголемување на цената на струјата од 10-15 отсто, како што е случај во повеќе земји од регионот и во Европа. Очекувам, ако има, да ...
Вишиот обвинител Мустафа Хајрулахи, кој во понеделникот (11.11) беше супендиран на фунцијата шеф на Скопското вишо обвинителство, вели дека врз него се врши притисок со цел да се влијае врз актуелни предмети, а еден од нив е и случајот за бонусите на СЈО. Еден ден откако беше соопштено дека е отворена истрага против него за малтретирање во вршење на службата и злоупотреба на службената положба и овластување, Хајрулахи на прес-конференција се ...
Владата ќе бара спас од енормното загадување на воздухот во когенеративни централи коишто ќе произведуваат електрична енергија и гас. На тој начин ќе се намали употребата на дрвото, пластиката и нафтата за затоплување на домовите, а загадувањето на воздухот на тој начин би можело да се намали за 60 проценти. Ваквите планови ги соопшти премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата. „Работиме интензивно, бидејќи најголемиот фактор ...
Али Ахмети од Шуто Оризари со порака: ако се допре албанскиот јазик сите Албанци ќе се кренат на нозе. Вака ДУИ ја соопшти главната порака на партискиот претседател, искажана на синоќешната средба со граѓани во Шуто Оризири. „Вечерва на средбата со народот организирана од огранокот на ДУИ во Шуто Оризари разговаравме за понижувањата, отпуштањата на Албанците, обидите за укинување на албанскиот јазик, балансерот и поништувањето на сите ...
Во Бундестагот во Берлин денеска (12.11) вонредна седница треба да одржи Комисијата за верификација на изборите. Во неа седат повеќе пратеници кои дискутираат за валидноста на изборите и за тоа дали сѐ тече како што треба при нивната подготовка. На јавната седница денеска треба да учествува и раководителката на изборите (или претседателка на изборната комисија - раководителот на изборите ги организира и надгледува изборите и подготовките за ...
Конечно можеме да здивнеме, Македонија ќе биде ол рајт. По големата победа на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во Соединетите Американски Држави и по средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон ќе се оствари се што ветија, а не можеа да остварат „велепредавниците“ на македонските национални и државни интереси, поради успешните блокади на довчерашната патриотска опозиција. Претседателот на САД, Доналд ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побрза да му честита на Доналд Трамп, нарекувајќи го неговиот триумф „најголемото враќање во историјата“. Во воодушевувањето предводат израелските министри од редовите на екстремната десница Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир, кои уште пред официјалната победа му посветија твитови на Трамп. Кабинетот на Нетанјаху објави дека израелскиот премиер „бил меѓу првите“ што разговарал со Трамп по телефон и дека ...
По сѐ што сум поминал и видел во мојот долг живот, тешко нешто да ме шокира. Сепак веста за одликувањето на еден од најосудуваните криминалци на „заробената држава“ од страна на МПЦ, за мене беше шок. Читам и не верувам. Не ми се верува. Тоа е таква вест што човек ја дочекува со извик: „Отвори се, земјо, голтни ме”! Веста помина како неутрална медиумска информација, претпоставувам, поради деликатноста кон нашата црква и нејзините иманентни ...
„Како земја богата со фосилни горива, ние ќе го браниме правото на другите земји да ги користат и да инвестираат во овие горива“, рече азербејџанскиот претседател Илхам Алијев на климатскиот дијалог во Петерсберг во Берлин во април, кој со тоа го трасираше ставот што неговата земја би можела да го заземе на претстојните климатски преговори. По 29-ти пат, шефови на држави и влади од речиси 200 држави се среќаваат на Светската климатска ...
Ограничена е подготвеноста на Македонија, а останува малку време за исполнување на условите до први јануари 2026 година, кога Македонија ќе треба да плаќа такса од 70 до 80 евра од мегават час, ако произведува електрична енергија од јаглен, но и други производи чие производство е поврзано со високи емисии на јаглерод диоксид (CO2). Во прашање е механизмот за јаглеродно гранично прилагодување - СВАМ (Carbon Border Adjustment Mechanism (2023/956) ...
Македонска делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во чиј состав се првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствуваат на 29-тата Конференција на страните на Конвенцијата на ОН за климатски промени COP29) во главниот град на Азербејџан, Баку. „Во рамки на учеството на самитот, претседателката ...
Скопје повторно е еден од најзагадените градови во регионот. Со почетокот на грејната сезона енормното присуство на ПМ честички во воздухот се чувствува не само во главниот град, туку и во речиси сите градови во внатрешноста. Опасноста од загаден воздух демне и во затворените простории речиси на исто ниво како и на отворено. Најголеми загадувачи во текот на зимата и понатаму се согорувањето на дрвата, минералната прашина, којашто е поврзана со ...
На Германија добро би ѝ дошло охрабрување по распадот на семафор-коалицијата составена од СПД (црвени), од Зелените и Либералите (жолти) кои веќе подолго беа „дежурните виновници за сѐ“. Според анкета на Аленсбах од септември годинава, само три проценти од испитаниците биле и натаму убедени дека таквата влада е добра за земјата. Пред само четири години, Џон Камфнер, поранешниот дописник на новинската агенција Ројтерс во Германија, објави ...
Енергетската криза ја забрза транзицијата на Македонија кон искористување наобновливи извори на енергија. Расте бројот на капацитети за производство на струја од сонце, но порасна и интересот за изградба на ветерници. Голем интерес за изградба на ветерни електрани во јужниот дел од земјата, меѓутоа дека интересот се проширува и на останатиот дел од државата. Ветерниците се ефикасен и еколошки начин на добивање на електрична енергија. Тие не ...
Во многу области на Германија, терминот „Петто годишно време“ се однесува на неделите во кои се прославува карневалот - односно периодот од 11 ноември до таканаречената Среда пепелница, која во актуелната карневалска сезона за паѓа на на 5 март наредната година. Денеска, значи како и впрочем секоја година, на 11.11 во 11 часот и 11 минути во многу места во Германија, во прв ред во Рајнската област, ќе започне тоа „Петто годишно време“. ...
ДВ: Изборите во САД беа најголемиот настан годинава. Многу одлуки во Европа и во Германија беа одложувани во очекување на нивниот исход. Се чини дека сега дојдовме до пресвртна точна, почеток на нова историја. Дали се согласувате со тоа? Фукујама: Не сум сигурен дека е нова историја, но секако е огромна промена за САД, а поради влијанието на САД, мислам дека победата на Доналд Трамп ќе има негативно влијание врз остатокот од светот. Сметате ли ...