Ричард Гренел, поранешен специјален американски пратеник за Балканот и амбасадор на САД во Германија за време на првиот мандат на Доналд Трамп , би можел да се врати во високата политика и на позицијата шеф на Стејт департментот во администрацијата на новоизбраниот претседател, пишуваат германските медиуми. „Билансот на Гренел во Западен Балкан е историјат на сомнителни договори со автократи“, пишува за тоа германскиот весник Франкфуртер ...

Функцијата на Ули Греч звучи бирократски: сојузен ополномоштеник за полиција. Тој беше именуван од Бундестагот овој март, па затоа го има мандатот на највисокото демократско тело во Германија. Греч беше член на СПД, но го врати мандатот за да биде целосно независен во своето делување. Не е дел од полициските структури, ниту пак на Министерството за внатрешни работи. Самиот Греч бил полицаец 21 година. Тој сега е лице за контакт во случаи на ...

Дали Србија планира да ги дестабилизира или дури и воено да ги нападне соседните држави Косово и Босна и Херцеговина? Косовската претседателка Вјоса Османи и босанскиот претседател Денис Бечировиќ неодамна предупредија од вакво сценарио. Османи во телевизиско интервју пред два месеца рече дека има надеж за влез на Западен Балкан во ЕУ и НАТО, „но предуслов е Србија да се третира како тоа што е: сателитска држава на Русија, која ја продлабочува ...

Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси. Ова го сподели македонскиот премиер на неговиот профил на Фејсбук по вчерашната средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на маргините на петтиот самит на Европската политичка заедница што ...

Откако беше јасно дека Доналд Трамп ги освои потребните 270 електорски гласови, новоизбраниот американски претседател им се обрати во Мар-а-Лаго во Флорида околу 2,30 часот на своите егзалтирани поддржувачи ветувајќи дека ќе го води „златното доба на Америка“ откако го започна „најголемото политичко движење на сите времиња“. „Никогаш немало вакво нешто во оваа земја, а можеби и пошироко. И сега ќе достигне ново ниво на важност бидејќи ќе ѝ ...

Властите во Јужна Кореја јавија за нова провокација на Корејскиот полуостров. Соседна Северна Кореја од петокот спроведува кампања за блокирање на сигналите од сателитскиот навигациски систем ГПС, која погоди повеќе бродови и десетици цивилни авиони во Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска. „Северна Кореја вчера и денеска спроведува провокативно попречување на ГПС“, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на ...

Техеран остро ги отфрли обвиненијата од САД за наводна вмешаност на Иран во планови за атентат врз републиканецот Доналд Трамп . Тврдењето е „целосно неосновано и неиздржани“, рече портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Исмаил Багаи. Слични обвинувања имаше и во минатото. Портпаролот го опиша актулното повторување на ваквите тврдења како „гнасен заговор“, чија цел е дополнително да ги комплицира односите меѓу САД и Иран. ...

Таканаречениот „планински пожар“ во близина на градот Камарило (околу 80 километри северозападно од метрополата Лос Анџелес) беснее на површина од повеќе од 40 квадратни километри и веќе принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови. Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани на безбедно пред налетот на огнената стихија. Противпожарната служба на округот Вентура зборуваше за „многу опасен“ пожар. Загрозени се над 3.500 куќи и деловни објекти во ...

„Имаме проблем“, призна минатата недела ко-претседателот на СПД, Ларс Клингбајл на јавниот сервис АРД во врска со економската криза. Нешто почнува да им бега од рацете на многу фирми, па затоа сега нешто мора да се преземе. Документот кој тогаш го претстави министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП), за СПД делумно не беше ништо повеќе од „неолиберална идеологија“. Во меѓувреме - од средата вечерта (6 ноември 2024 година) - „ „семафор - ...

Набргу откако беше објавено дека владејачката германска, т.н „семафор коалиција“ пропадна, се слушнаа гласни барања да се одржат предвремени избори што поскоро. Побрзо отколку што замислуваше канцеларот Олаф Шолц. Овој социјалдемократ во средата вечерта најави дека има намера да постави прашање за доверба на владата на 15 јануари во Бундестагот, што значи дека предвремените избори може да се одржат на крајот на март. Опозицијата, пак, бара ...

Фашизмот започнува со цензура и газење на слободата на изразување - како што е забраната на театарските претстави. Тоа во Бугарија го направија јуришници со развиорени национални тробојки, а официјалните власти не реагираа на варварството во храмот на уметноста, кое со недели се загреваше во медиумите и социјалните мрежи. Претставата и Бугарите Во една земја-членка на ЕУ, толпа националисти упаднаа во најголемиот театар и не дозволија над 700 ...

Институтот за јавно здравје преку отворање на Центар за откажување од пушење цигари ќе се бори против преголемата употреба на никотин во земјата. На телефонската линија којашто е отворена стручни лица ќе нудат совети и стратегии за успешно одвикнување од цигари. Квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Телефонскиот број 078 285 873 ќе биде достапен секој понеделник и среда од 11 ...

По потврдата дека Доналд Трамп ќе се врати во Белата куќа, европските лидери не кажаа ниту еден лош збор за него. Огромното мнозинство од 47-те шефови на држави и влади кои се собраа во Будимпешта на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЦ), организација на која, покрај земјите од Европската унија, Турција, Украина, Исланд, Норвешка и Велика Британија, како и земјите од Западен Балкан, смета на продолжување на партнерството со САД. Знаејќи ...

Што следува сега? Сè се сведе на тоа прашање по пропаѓањето на владината таканаречена „семафорска коалиција“. Прашање на кое канцеларот Олаф Шолц (СПД) нуди сосема поинаков одговор од опозицијата, која бара работите да се движат многу побрзо. Ова првенствено се однесува на Демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ), кои според сегашните испитувања на јавното мислење би имале најголеми шанси да се појават како најсилна сила на новите избори. Раководствата на ЦДУ ...

„Премногу често потребните компромиси беа фрлени во сенка со јавно исценирани спорови и гласни идеолошки барања. Премногу често сојузниот министер Линднер некомпетентно блокираше закони. Премногу често тактизираше од тесни партиско-политички мотиви, премногу често ми ја изигра довербата“, рече со јасно видлива фрустрација канцеларот Олаф Шолц вчеравечер (6.11) околу 21:15 часот, кога официјално го соопшти разрешувањето на Кристијан Линднер. ...

Стравот и осаменоста владејат во Брисел, во европските институции и низ главните европски канцеларии по победата на Трамп. Иако очекувана, сепак, брзата и кристална победа на тајкунот како да го смести Стариот континент во еден вид на лимбо, заробен помеѓу старите и изгубени рамнотежи и логики и новите и се уште недоформирани правила на игра. Многу прашања се во игра, додека висат одговорите околу идната американска политика кон Украина, кон ...

„Имаме нова ѕвезда - Илон!“. Речиси четири минути траеја фалбите на Доналд Трамп упатени до Илон Маск на изборната ноќ. Маск е „посебен човек, супергениј“, рече Трамп кога ја објави својата изборна победа во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. Дури и во моментот на својот најголем триумф, Трамп не кажа повеќе зборови за себе. Зошто? Пред се, тука се 119 милиони долари кои Маск ги одвои за изборната кампања на Трамп. Во најскапата изборна ...

Конзервативниот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ), осврнувајќи се на исходот од американските избори, пишува: „Овој пат, речиси никој не би му противречел на Доналд Трамп : „Постигнавме неверојатна работа“, рече републиканецот ноќта кога се случи неговиот триумф. „Многумина речиси и не можат да веруваат дека околу половина од гласачите повторно го сакаа тој себичен, груб, осудуван политичар на хаосот“, пишува коментаторот. Според ...

„Она што е прифатено - треба да биде исполнето. Тоа е предуслов и на тоа ќе работиме со Северна Македонија. Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот како што вети. Ништо повеќе и ништо помалку“, порача кандидатката за комесар за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на сослушувањето за потврдување на нејзината кандидатура. Таа вели дека „може да разбере дека понекогаш постојат внатрешни причини во конкретната држава, кои на некој начин ...

Европа мора да стане понезависна и поотпорна - без разлика на тоа кој е во Белата куќа, предупреди Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, уште во јули годинава во интервју за ДВ за време на четвртиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Велика Британија. Непосредно по претседателските избори во САД, ЕПЗ и нејзините 47 земји членки се состануваат на петти самит во Будимпешта. Во фокусот на средбата е прашањето - каков став ...

Според есенските макроекономски проекции на Народната банка, се очекува раст на македонската економија од 2,3 отсто и инфлација од 3,5 отсто. Минатата година инфлацијата беше 9,4 отсто. За наредната година се очекува економски раст од 3,3 отсто, а инфлацијата ќе се намалува до ниво од 2,5 отсто. Најавите се дека ќе има забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските прогнози. ...

Петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што денеска (7.11) се одржува во Будимпешта, без дилема ќе биде еден од позначајните - не само поради темите за кои ќе се разговара, туку што сите тие ќе бидат анализирани доминантно низ призмата на изборниот епилог во САД. Во конгресниот центар Aрена „Пукаш", домаќин на 47 шефови на држави и влади од членките на ЕУ, од земјите кандидатки за членство и од држави кои граничат со ЕУ, домаќин ќе ...

Според секоја и секаква политичка логика, Доналд Трамп не би можел да биде претендент за втор претседателски мандат, дабетер помалку победник на избори како во САД. Да не арчам време и простор, причините ги знаете и самите. Сосема е поинаква приказната доколку логиката ја одделите од политиката и ликот и се фокусирате на културата која го донесе Трамп на врвот на светската моќ. Двапати! Скраја сите политички нелогичности. Спротивно на ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и лидер на партијата на Либералите, помалиот коалициски партнер во Владата. Со таквиот потег на Шолц им беше ставен крај на разговорите за изнаоѓање компромис во трипартитната владина коалиција во Германија, која ја сочинуваат Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП). Во изјава по состанокот, Шолц рече дека ја изгубил довербата во Линднер кој ...

Кога Доналд Трамп го именуваше за свој потпретседателски кандидат на американските избори во јули годинава, многумина го видоа тоа како доказ за подемот на Џеј Ди Венс во Републиканската партија. По овие избори и победата на Доналд Трамп, многу набљудувачи го гледаат како наследник на движењето на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America great again) - и затоа и како перспективен кандидат на Републиканската партија за ...

Доналд Џ. Трамп е поранешен и и ќе биде нов претседател на САД. Тој победи во клучните сојузни држави и така ги доби изборите во оваа 2024 година. Неговиот прв мандат како претседател беше од 2017 до 2021 година. Поддржувачите го гледаат како спасител и херој подготвен да ги брани нивните вредности против либералите во САД. Критичарите, пак, посочуваат дека тој е осуден криминалец и со неверување ја следеа неговата кампања, изразувајќи ...

Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп ќе биде 47-миот претседател на САД. Две демографски групи кои традиционално со големо мнозинство гласаат за Демократската партија овојпат му помогнаа на Трамп да го постигне овој успех. Тој оствари значителни продобивки и ја намали разликата во однос на Демократската партија кога станува збор за гласовите на младите луѓе под 30 години, а уште повеќе меѓу многу млади мажи. За оваа група ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговаа за можните ефекти од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Портпаролот на германската влада рече дека двајцата ветиле дека ќе соработуваат уште потесно во иднина. „Ќе работиме во овој нов контекст за пообединета, посилна, посуверена Европа. Во соработка со САД и бранење на нашите интереси и вредности“, напиша Макрон на социјалната мрежа X. Министрите ...

На вечерниот состанок на коалицискиот одбор ќе се разговара дали СПД , Зелените и ФДП можат и сакаат нивната заедничка влада да продолжи со работа. Во последно време најмногу се зборува за нивните конфликти. Актуелниот спор е околу тоа што владата во Берлин може и што треба да направи за да и помогне на болната економија на Германија. Покрај тоа, СПД, Зелените и ФДП мора да постигнат договор за буџетот за наредната година, како и да одлучат кои ...

На вечерниот состанок на коалицискиот одбор ќе се разговара дали СПД , Зелените и ФДП можат и сакаат нивната заедничка влада да продолжи со работа. Во последно време најмногу се зборува за нивните конфликти. Актуелниот спор е околу тоа што владата во Берлин може и што треба да направи за да и помогне на болната економија на Германија. Покрај тоа, СПД, Зелените и ФДП мора да постигнат договор за буџетот за наредната година, како и да одлучат кои ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1021
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.32
42%
1020
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
58%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
24%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
38%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62