Германските Зелени се сеќаваат и на подобри времиња од овие денешни. До 6 мај тие беа дел од владејачката коалиција заедно со социјалдемократите и либералите, а сега се во опозиција – и тоа сè уште ја нагризува нивната самодоверба. Една од причините што предизвикува немир кај Зелените е тоа што партијата на истокот на Германија е мета на бројни напади. Тоа го потврдува и неодамнешниот повик за помош, кој дојде од покраината Тирингија. Кон ...

Србија влезе во исклучително неизвесна и нестабилна фаза од почетокот на протестите. Често повторуваниот манир на Александар Вучиќ, каде со драмска пауза и траорен глас на прес конференција ги поместува наочарите, и изговара „со ноќи немам спиено, а ќе биде уште потешко“, сега навистина му се случува: Србија со ноќи не спие, а ситуацијата најверојатно за него навистина ќе биде уште потешка. Се поставува прашањето, кои се веројатните сценарија ...

Весникот Рајнише пост објави текст на новинарот Томас Розер со наслов „Еден претседател го покажува своето вистинско лице“: „Сликите и вестите од Србија се вознемирувачки. Во канцелариите на владејачката партија беснеат пламени, полицијата тепа граѓани кои мирно протестираат против корупцијата, а кои власта ги прогласува за насилници. Во меѓувреме, шефот на државата Александар Вучиќ, кој секогаш делува нервозно, очигледно најмените силеџии од ...

Рудникот Казандол нема да се отвори, порача премиерот Христијан Мицкоски, по обелоденувањето на веста дека Македонија во арбитражна постапка го доби случајот каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени, со што се заштедени 115 милиони евра. „Ова е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го одобри планот на армијата за освојување на градот Газа, јавуваат медиумите. Тајмс оф Израел објави дека за ова треба да бидат повикани околу 60.000 резервисти. Одобрувањето следеше иако исламистичкиот Хамас претходниот ден предаде, како што рече, „позитивен одговор“ до меѓународните посредници за нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа. Официјалната реакција на Израел се очекува до крајот ...

Неколку претходни препораки на ОДИХР остануваат нерешени, вклучително и оние поврзани со ефикасните заштитни мерки против злоупотреба на државни ресурси, транспарентност на финансирањето на кампањата, подобрена регулатива и надзор врз медиумското однесување, е наведено во извештајот на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права - ОДИХР, во пресрет на локалните избори на 19-ти октомври. Со цел да се процени предизборната ...

Расположението во Вашингтон беше непрепознатливо различно од дебаклот претходно оваа година, кога Володимир Зеленски беше укорен од потпретседателот Џеј Ди Венс пред камерите, а американскиот претседател Доналд Трамп го обвини дека „си игра со Трета светска војна“. Во понеделникот, украинскиот претседател влезе во Овалната канцеларија облечен во елегантен темносин костум, наместо неговата препознатлива маслинеста униформа, и му предаде на ...

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не успеа да понуди ново лидерство додека седи во опозиција и на своите избирачи пред есенските локални избори им нуди ново лого и ново име на Европскиот фронт што го предводи. Освежувањето, особено пред избори, е секогаш позитивен чекор, но ако тоа е само козметичко, граѓаните го сфаќаат трикот и го игнорираат. Така отприлика помина и веста за ребрендирањето, без посериозно внимание во јавноста. ...

Норвешкиот фонд за богатство - најголемиот во светот - се повлекува од израелските фирми, приклучувајќи се на бранот земји што вршат притисок врз Бенјамин Нетанјаху поради Газа. Израелската влада остана забележително тивка по одлуката на Норвешка од 11 август делумно да ги повлече инвестициите во неколку израелски компании, наведувајќи ги етичките дилеми поврзани со војната во Газа. Норвешкиот државен фонд вреден 2 билиони долари (1,71 ...

По девет месеци релативно мирни протести, улиците на Србија повеќе не се полни со поворки од демонстранти, туку со сцени што личат на воена состојба. Судири меѓу демонстрантите и полицијата, палки, солзавец, димни бомби, факели и оштетени канцеларии на владејачката Српска напредна партија (СНС) се повторуваат ноќ по ноќ низ целата земја. Неда Вребац од собирите на граѓаните на Нови Сад е на улиците со месеци. Вели дека луѓето се гневни и дека ...

Кандидатите за градоначалници на Чаир, Изет Меџити од коалицијата „Вреди“, и неговиот ривал од ДУИ и кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи нудат модерни визии за оваа скопска општина. Во пресрет на локалните избориво Македонија во октомври тие на гласачите им нудат две различни опции - Мастер план за Чаир по теркот на Истанбул и Бурса, или урбана визија за општината видена низ призмата на светски познат архитект, Мишел Ројкинд кој ќе го ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го прими во Вашингтон својот украински колега, Володимир Зеленски, за да разговараат за можните патишта кон мир. Неколку европски шефови на држави и влади го придружуваа претседателот на земјата нападната од Русија, вклучувајќи го и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, исто така беа во Белата куќа. ...

Како се делеле милионски суми од Еразмус+, каде и какви проекти завршувале парите, кој повеќе се офајдил од европските средства - луѓе блиски до власта или до опозицијата? Темата за злоупотреба на европски средства наменети за млади и образовни проекти е актуелна со години наназад, а се актуелизира повторно во пресрет на локалните избори во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ посочува дека сумите од по 200 илјади евра од Еразмус +, „како од шала“, се ...

Деновиве српскиот претседател Александар Вучиќ го покажува своето вистинско лице, пишува во коментар германскиот јавен сервис АРД. Минатата недела тој испрати маскирани насилници врз досега мирното протестно движење. Додека партиски лојалисти со палки и пиротехника напаѓаа демонстранти, полицијата стоеше настрана и не интервенираше. Тепање под полициска заштита. Ескалација на насилството на улиците Од тогаш, насилството на српските улици ...

Големиотсамит за Украинаво Белата куќа заврши. Еден од важнитерезултатие најавата на американскиот претседателДоналд Трампдека подготвува средба меѓу шефот на КремљВладимир Путини украинскиот претседателВолодимир Зеленски. Трамп го напиша ова на својата платформа Трут соушал по телефонскиот разговор со Путин. Како што објавија неколку новински агенции, повикувајќи се на преговарачките кругови од самитот за Украина во Вашингтон, средбата ја ...

Будилникот на германскиот канцелар Фридрих Мерц ѕвони уште во рани мугри овој понеделник во одморалиштето на езерото Тегерн. Владиниот авион уште в зори полета од аеродромот во баварската престолнина Минхен. Средбата во Вашингтон е закажана за на пладне по локално време. Американскиот претседател Доналд Трамп прво сака да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за можни отстапки кон Русија, а дури потоа се планирани разговори ...

Збишек Пержина на примерот на својата бања демонстрира што сѐ според него е тргнато наопаку во Германија. „Веќе десет или единаесет години немаме ладна вода во тушот“, вели тој, па нему или на сопругата Камила Гирко им се закануваат изгореници кога сакаат да се истушираат. Секако дека не е тушот причината зошто тие се чувствуваат отуѓени во Германија и сакаат да се вратат во Полска. Но, за нив арматурата е мал симбол за нештата што не ...

Нула. Тоа е бројот на загинати лица во сообраќајни несреќи во Хелсинки во текот на изминатата година. Иако и други градови го имаат постигнато ова - како на пример норвешкиот главен град Осло во 2019-та година - Хелсинки, кој брои речиси 690 илјади жители, е меѓу најголемите каде што успеал таков подвиг. Последниот смртен случај во сообраќајот е забележан во јули 2024 година. Бројот на жртви во сообраќајот во финскиот главен град е значително ...

Преспа ќе може да ги раскажува приказните за војните и страдањата кои таа ги памети, само тогаш, кога денешните државни граници ќе станат европски граници. Никогаш не сум била во преспанските села близу границата со Грција, иако нивните имиња ги знам од нашата семејна приказна. Вчера, пред да почнам да ја пишувам понеделничката колумна, погледнав што има ново на ФБ. Една млада жена, Славица П. Диневска, ми беше понудила пријателство, а на ...

Во екот на антивладините протести во Србија, претседателот Александар Вучиќ најави остара пресметка со демонстрантите, нарекувајќи ги „терористи“, пишува јавниот сервис ЦДФ и ги пренесува зборовите на Вучиќ од конференцијата во неделата: „Ќе направиме сè што е во наша моќ за да го вратиме законот, мирот и редот“. Во извештајот, Вучиќ се опишува како „десничарски политичар“, а се наведува и дека рекол оти на неговата влада ѝ се потребни ...

И покрај намалувањето на прагот за учество на локалните избори во Македонија во октомври, граѓанските иницијативи продолжуваат со собирање потписи за формирање партии, со коишто ќе им се отвори патот за непречено учество во изборните процеси. Државната изборна комисија (ДИК) донесе правилник со кој се овозможува независните да учествуваат на локалните избори со собрани два граѓански потписи, но од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ ...

Здружението „Инженери на Република Македонија“(ИНРМ) поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од Правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика. Причината за оваа иницијатива е продолжувањето на праксата за издавање „паушални фактури за струја“, иако од 29 мај 2025 година, Законот за енергетика законот наложува фактурите да се засноваат исклучиво на ...

Американскиот претседател, по тричасовен разговор со рускиот лидер Владимир Путин во американската воена база во близина на Анкориџ, рече само дека имале „исклучително продуктивен состанок“. Се согласиле за многу работи, но „една голема работа“ останала нерешена. „Сè уште не сме го направиле тоа. Но, има големи шанси да го направиме тоа“, рече Доналд Трамп во обид да звучи пријателски. Не беше поконкретен. Не го изговори зборот „Украина“. ...

Само два граѓански потписа ќе бидат нужни за да може независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на локалните избори во октомври годинава. Оваа можност ја предвиде новиот правилник кој Државната изборна комисија (ДИК) го донесе вчеравечер со шест гласа „за“ и еден „против“. Таквата потреба произлезе заради правната празнина што настана откако Уставниот суд во мај годинава укина две одредби од Законот за изменување и ...

„Нè убедуваат дека Русија многу направила за нас. Но, јас чувствувам само дека немам доволно пари за да живеам како порано. Порано живеев не само добро, туку одлично, а сега се обидувам некако да врзам крај со крај“, вели Оксана (името е сменето од безбедносни причини) од Новоајдар, за ДВ. Населбата се наоѓа 60 километри од Луганск, кој е под окупација од 2014 година. На почетокот на руската инвазија во пролетта 2022 година, руската војска ...

По самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска, европските лидери ја гледаат Украина на потег. „На Украина е да донесе одлуки за нејзината територија. Меѓународните граници не смеат да се менуваат со сила“, се вели во заедничката изјава во саботата од Германија, Франција, Велика Британија, Полска, Италија, Финска и лидерите на ЕУ. Лидерите на ЕУ му се заблагодарија на американскиот претседател Доналд Трамп за неговите напори да ја ...

Првата средба на Доналд Трамп и Владимир Путин по 2018 година траела два часа и 45 минути. Главната тема на состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска требаше да биде да се стави крај на агресорската војна на Русија против Украина. Но, се чини дека нема конкретен исход. Трамп и Путин извлекоа позитивен заклучок од нивните разговори, кои според изјавата за медиумите на Путин, кој ...

Речиси цело столетие „Чешкото море“ беше во Хрватска. Таму одеше поголемиот дел од туристите од земјата со единаесет милиони жители, која нема свои морски плажи. Но, во меѓувреме, сè повеќе Чеси се насочуваат кон север – на полското крајбрежје на Балтичкото Море. „Климата се смени“, објаснува 50-годишната Лудмила, која сега оди во Полска. „Не сакам повеќе да патувам на жештината во Грција или Хрватска. Сакам да уживам во одморот без тропски ...

Германското министерство за заштита на животната средина сака подобро да ги подготви градовите и општините за екстремни временски услови. Целта е да се задржи повеќе вода во природата и да се обезбеди природно ладење. „Природата е нашиот најважен сојузник – и против жештините и сушите, и против силните дождови и поплавите“, изјави министерот за заштита на животната средина, Карстен Шнајдер за неговата нова иницијатива. „Ако го направиме тоа ...

Точно пред една година Владата донесе одлука да се спојат Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) заради поголема ефикасност за гаснење на пожари, но и помош при други природни катастрофи. Чекорот се покажа како неопходен откако повеќе експертизи покажаа дека меѓу двете институции постои преклопување во надлежностите што се рефлектира на терен со префрлање на одговорноста едни на други и неефикасност ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
998
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
75%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
93%
997
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.05
99%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
88%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1000
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1001
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
90%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
62%
1003
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Калај

48.47

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54