
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Како последица на успехот на Трамп и десничарскиот политички проселитизам кој како вирус се шири низ Европа, за првпат после Втората светска војна и победата над фашизмот и комунизмот, делува дека либералната демократија и социјалдемократијата повеќе не се во линија со светските текови, делуваат досадни, изгубени и надминати, без ветар во своите едра. Политиката на Трамп потекнува од внатрешната криза и контрадикцијата на либерал-демократските ...
Сланината за појадок се пече на скарата на сопственикот на снек бар, Дејв Брент. Тој повеќе од 15 години ги продава своите плескавици со сланина во пазаришната хала во малиот англиски град Мелтон Моубреј. На референдумот Брент гласаше за Брегзит, како и повеќето жители на градот со 26.000 жители во близина на Нотингем. Тој би го направил тоа повторно - но се надевал на нешто повеќе. „Имиграцијата е надвор од контрола. Но, ние сега сме господари ...
Речиси половина од најголемата житница во Македонија - Пелагонија последниве години не се обработува. Голем дел од нивите коишто во минатото беа посадени со жито, пченка и јачмен, сега се обраснати во трева и коров. Пелагонискиот и Североисточниот регион се најзагрозени - на земјоделските површини на кои порано се саделе јачмен и пченица, сега речиси воопшто не се произведува ништо. Се намалуваат и земјоделските површини и приносот од засеани ...
Среда, 29 јануари 2025 година, ќе остане во колективната меморија на политичката историја на Германија. Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) кои заедно ја сочинуваат најголемата опозициска сила во Бундестагот, го ставија на гласање „планот во пет точки“ за заострување на политиката за доделување на азил во Германија. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените кои формираа малцинска влада ...
Пад на прометот од речиси педесет проценти – тоа е резултатот од минатонеделниот еднодневен прекин на набавките во големите трговски синџири во Хрватска, како бунт на потрошувачите поради високите цени на храната. Водени од успехот што ваквото изразување на незадоволство го создаде кај соседите, слична акција е на сила и во Србија. Имено, Здружението Ефективна заштита на потрошувачите ги повика граѓаните да го бојкотираат купувањето на намирници ...
Податоците јасно покажуваат дека денес луѓето можат да добијат многу повеќе стоки и услуги за своите пари отколку во минатото, пишува германскиот јавен сервис АРД и го илустрира ова со следниот пример: Во 1960 година, за купување црно-бел телевизор биле потребни повеќе од 339 часа работа. Денес, во Германија, просечно може да се купи паметен телевизор со висока резолуција по само 24 часа работа. Истото важи и за многу други технички уреди, ...
Ригорозните мерки, инспекции и казни коишто ги најави Владата во пресрет на бојкотот закажан за в петок, 31 јануари, поради енормно високите цени на храната, не ги оставија рамнодушни трговците. Граѓаните сметаат дека бојкотот уште незапочнат ги дава првите ефекти, откако дел од маркетите објавија летоци и најавија големи попусти на храната во наредниот период. Во фокус на надлежните институции се најдоа неколку поголеми ланци на маркети, а на ...
Замислувањето на хипотетички светови може да биде полезно за разоткривање меѓузависности и противречности. Ве повикувам да си претставите свет без математика, без Питагора, Архимед, Евклид, Њутон... Со какво предупредување, во овој хипотетички свет, би биле пречекувани посетителите на Платоновата академија? Нека не влегува оној кој не знае ______________1. Како би изгледала Етиката на Спиноза? Секако, не би постоела аналитичката философија. ...
Не е автентичен активизам ни експеримент, туку лавина што стигна до Македонија, откако тоа го направија купувачите во Хрватска, по што се активираа и Словенците. Тие бојкотираат одредени продажни синџири и маркети до втори февруари, со повик до граѓаните да го продолжат бојкотот и од 3-ти до 9-ти февруари. Според податоците на Статистичкиот завод на Словенија, денес за храна Словенците плаќаат во просек 44% повеќе отколку пред десет години. ...
Пратеници на опозициските партии СДСМ и Левица покренаа иницијатива за свикување Надзорна расправа во Собранието на Северна Македонија, на која би се расправало за мерките и активностите за подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, коешто е едно од најгорливите проблеми со коишто се соочува земјата. Според пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, иницијативата произлегува од поразителните резултати за квалитетот на воздухот. Главниот ...
Радикалниот лидер на босанските Срби Милорад Додик имаше два часа слава во Скопје, главниот град на Северна Македонија - држава членка на НАТО. Притоа тој го отпеа својот редовен репертоар, со малку примеси на поддршка кон домаќинот осудувајќи ја политиката на ЕУ кон нашата земја. Премиерот Христијан Мицкоски изрази разочарување, што несомнено е искрено, особено затоа што и тој беше во публиката па мораше да ја слуша беседата на Додик. Милорад ...
Германија во иднина масовно ќе ги враќа мигрантите и барателите на азил од своите граници, откако Бундестагот со тесно мнозинство во средата го изгласа предлогот на опозициските конзервативци ЦДУ-ЦСУ, за заострување на политиката. Парламентот усвои предлог со пет точки, кој, меѓу другото, бара трајни гранични контроли, враќање на барателите на азил и притворање на странци кои имаат обврска да ја напуштат земјата. За првпат за еден предлог на ...
За не повеќе од две недели, впечатокот за политичката ситуација во Србија се смени драстично. Молскавичната брзина со која, проценkите дека естаблишментот во Белград е непобедлив, се претворија во анализи кои веќе се прашуваат дали на сегашните елити воопшто им има спас, говори дека под површината на авторитарната и технократска стабилократија со одлични перформанси и стабилен рејтинг, која ја гледаме долго време кај нашиот северен сосед, ...
Унијата (ЦДУ/ЦСУ) денеска во Бундестагот ќе стави на гласање два предлози, а в петок предлог-закон со заострени одредби за миграцијата и азилот. Прекршување на уставот, уцени, кршење табуа? Предлозите што кандидатот за канцелар на конзервативните Демохристијани, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц,ги става на дневен ред во Бундестагот предизвикуваат поделби меѓу партиите од демократскиот центар и ги лутат преостанатите партии во владата - ...
Европската Унија и Соединетите Американски Држави се согласиле дека е потребно да се одржи „максимален притисок“ врз Москва за да се постигне преаведен и траен мир во Украина. Според европски претставник, ова било речено за време на вчерашниот разгoвор на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас и американскиот државен секретар Марко Рубио – прв разговор откако администрацијата на Доналд Трамп ја ...
Студенти, новинари, галеристи - долга е листата на лица и професионални профили од Хрватска кои официјален Белград ги обвини за шпионажа и заговорни активности во Србија во последните недели. Освен што биле приведени за време на посетите во таа соседна земја, на некои од нив им биле објавени и нивните лични документи во локалните медиуми. Некои од нив се казнети со привремена забрана за влез во Србија. Секако, причина за сето ова се масовните ...
Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници во неговиот тим - дел од нив се и поранешни најблиски соработници на експремиерот во бегство и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Листата на советници од денеска е и официјално достапна на страницата на Владата на Северна Македонија. Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески,се враќа во политиката како надворешен советник за финансии и банкарство. Поранешниот собраниски спикер, ...
Владата на Северна Македонија ја започна првата поголема рокада на амбасадорките места - ја започна постапката за отповикување на деветмина вонредни и ополномоштени амбасадори и постојани претставници и именуваше четворица нови во Јапонија, Хрватска, Украина и во Франција. На дел од позициите, партиски кадри ќе треба да го заземат местото на професионалните дипломати. Од Владата поврдуваат дека донеле неколку барања за покренување на иницијатива ...
Новиот концепт за гимназиско образование продолжува да ја бранува професорската фела во Северна Македонија. Незадоволство има и меѓу наставниот кадар по ликовната уметност, коишто сметаат дека со еден час неделно уметничко образование, во трите суштински години за развојот на една млада личност, се прави непоправлива штета. Деветнаесет професори во отвореното писмо до јавноста, наведуваат дека концептите и реформите се прават долгорочно, за ...
Повикот за бојкот на продавниците в петок, кој почна да се шири на социјалните мрежи, добива се поголема поддршка кај македонските граѓани. Во делови на Скопје се делат и летоци со кои се повикуваат граѓаните да се воздржат од пазарување на 31 јануари со што јасно ќе им се стави до знаење на трговците дека нема толеранција за енормно високите цени на храната. Организацијата на потрошувачи информираше дека го поддржува граѓанскиот повик за бојкот ...
Што точно се случува во моментов? Од неговата инаугурација на 20-ти јануари, американскиот претседател Доналд Трамп продолжува со апсења и депортации на мигранти без дозвола за престој - и покрај сите критики од активистите за граѓански и за човекови права. Тој прогласи вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико. Покрај тоа, американскиот Конгрес веќе донесе построг закон за миграција. Според законот, мигрантите без важечки статус на ...
Унијата денеска во Бундестагот ќе стави на гласањекдва предлози, а в петок еден предлог-закон со заострени одредби за миграцијата и азилот. Прекршување на устав, уцени, кршење табуа? Предлозите што кандидатот за канцелар на конзервативните Демохристијани, претседателот на ЦДУ, Фридрих Мерц,ги става на дневен ред во Бундестагот предизвикуваат поделби меѓу партиите од демократскиот центар и ги лутат преостанатите партии во владата - ...
Неизвесност владее во граѓански организации кои се корисници на американска помош во Македонија, најчесто преку проектите кои се спроведуваат со помош на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Освен неизвесност, владее и воздржаност. „Не би избрзувале со оценки, да почекаме“, беше кусиот одговор од една од организациите, откако извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за замрзнување на помошта за странство на 90 ...
Неброени редови се напишани за состојбите на Клиниката за онкологија во Скопје, неброени новинарски прилози се направени на телевизиите, но како да прифативме дека е нормално лековите често да ги нема, и да вртиме глава од насолзените очи на граѓаните на кои им се потребни. Веќе стана пракса при секоја криза во оваа здравствена устанува да се појават директорите на Фондот за здравствено осигурување и на самата клиника, да кажат дека состојбата ...
Седум часа откако водечките луѓе во државата и на Српската напредна странка повикаа на дијалог, во Нови Сад „работеа“ палките. Според пишувањата на медиумите, приврзаниците на СНС истрчале од партиските простории, ги бркале и тепале студентите кои сакале таму да залепат налепници со повици за нов протест. Една девојка завршила во болница со изместена вилица. Едвај шеснаесет часа по тој повик за дијалог, премиерот Милош Вучевиќ поднесе ...
Претставниците на некои од највлијателните земји, како по команда, изразија одредена поддршка за власта во Србија во изминатите неколку дена. Интересно е што на иста задача се најдоа високи претставници на администрациите на САД, Русија и ЕУ, кои понекогаш како да препишувале едни од други. Реакцијата на Русија можеби не беше неочекувана, бидејќи руската влада нема многу симпатии за уличните протести. Портпаролката на руското Министерство за ...
По бојкотот на маркетите во Хрватска, којшто зема залет во целиот регион, расте незадоволството и во Северна Македонија од високите цени на храната. Граѓаните на социјалните мрежи повикуваат со еднодневен бојкот во петок, 31 јануари, кога граѓаните ќе треба да се воздржат од пазарување во продавниците и големите маркети. Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон бојкотот за да се испрати јасна порака до одговорните за ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи на Фондот на пензиско и инвалидското осигурување за 2023 година, при што е утврдено неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиската состојба. Идентификувани се слабости во спроведувањето на јавните набавки, пописот на средства и внатрешните контроли. Иако има зголемување на приходите, тие не се доволни за покривање на растечките трошоци за социјални ...
На церемонијата отпатуваа 56 преживеани затвореници. На 27 јануари 1945 година, Црвената армија го ослободи логорот на смртта, Аушвиц-Биркенау, кој бил создаден од нацистичка Германија во окупирана Полска. Ослободителите нашле само 7.000 затвореници оставени во логорот, целосно исцрпени и гладни. Помеѓу 1940 и 1945 година, нацистите убија повеќе од еден милион луѓе во Аушвиц и околниот комплекс на логори. Најголемиот број од нив биле Евреи, но ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на одбележувањето на 80- годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау. Под големиот шатор поставен пред портата на поранешниот логор ќе пристигнат околу педесетина државни делегации од целиот свет, предводени од шефови на држави и влади, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации. За значајноста на денешното сеќавање ...