Прво би сакале јасен и официјален одговор на прашањето колку и какво точно е нашето право на загарантирана културна автономија, и кога и каде - ни изјави Никола Вукобратовиќ, претседател на српското културно друштво „Просвјета“ во Хрватска. Со него разговаравме по досега невиден бран на вербално и физичко насилство врз Србите, барем во овој век. Потсетуваме, во неколку хрватски градови во изминатите денови и овој месец беа организирани напади ...

Државата побрза да го грабне својот дел од колачот од донациите, но кога станува збор за делот од одговорноста за трагедијата во Кочани, работите одат многу побавно. Семејствата на загинатите и повредените во ужасната кочанска трагедија добија уште една шлаканица од државата. Уредно е наплатен данокот од донациите кои беа собирани за унесреќените што ја преживеаја кобната ноќ. Од речиси 11 милиони денари собрани преку хуманитарната ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, како успешна ја оцени акцијата за чистење на натрупаниот смет во главниот град, за период од 72 часа. Во акцијата биле ангажирани над две и пол илјади работници, а биле собрани над четири и пол илјади тони отпад, што е четири до пет пати повеќе од количините што вообичаено се собирале во денови од викендот. Кога Ѓорѓиевски ја презел функцијата, „Комунална хигиена“ имала 16 функционални камиони, сега ...

Почетоците на германската армија по Втората светска војна Во 1945 година имаше малку нешто што укажуваше дека десет години подоцна Германија повторно ќе има армија. По завршувањето на Втората светска војна, која ја започна нацистичка Германија, земјата беше окупирана, а Вермахтот беше распуштен. Победничките сили - Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и Франција - темелно продолжија со демилитаризација на земјата: за војната никогаш повеќе ...

Обвинителството со засилени капацитети – 15 обвинители ќе го водат случајот Следната недела започнува судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека предметот ќе го застапуваат околу 15 обвинители, со веќе утврден план за нивната координација. Во јуни беше поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица, кои се гонат за тешки дела против општата сигурност. Меѓу ...

Гласините се толку упорни што Кремљ вчера (10.11) се чувствуваше принуден повторно да ги негира. Не, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров не падна во немилост, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повторувајќи го точно она што веќе јавно го изјави во петокот. „Сите овие извештаи се апсолутни лаги што треба да се игнорираат“. Сè е во ред. „И кога повторно ќе има соодветни јавни настани, ќе го видите министерот“. Отсуството на ...

Нов бран инвестиции По најавите дека американските компании „Аптив“ и „Дура“, кои работат во индустриската зона „Бунарџик“ во Скопје, планираат да го напуштат македонскиот пазар, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема простор за загриженост. „Ќе има компании, и домашни и странски, што ќе се отвораат, ќе има и такви што ќе се затвораат.Тоа не треба да се сфаќа како крај на светот“, рече Мицкоски при посетата на компанијата „Костал“ во ...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави најновото истражување за јавните набавки во здравствениот сектор за периодот од 2015 до 2024 година. Според податоците, трошоците за јавни набавки за 10 години се зголемиле за 2,5 пати – од 126 милиони евра во 2015 на над 315 милиони евра во 2024 година. Овој пораст не е проследен со подобрување на здравствените услуги. Напротив, бројот на прегледи во 55 клиники и болници е намален за 14%, а ...

Земјоделците затекнати од суспензијата Суспензијата на средствата од ИПАРД 3 програмата од страна на Министерството за финансии предизвика загриженост кај земјоделците и стопирање на проекти за рурален развој. Станува збор за привремена мерка која ќе влијае врз понатамошната реализација на програмата, која истекува во 2027 година. Последици за земјоделците и руралните бизниси Извршната директорка на Рурална коалиција, Лилјана Јоноски, за ДВ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека привремениот претседател Ахмед ал-Шара во Белата куќа, како прв сириски шеф на држава откако арапската земја стекна независност во 1946 година. „Сакаме Сирија да стане многу успешна земја. И верувам дека овој лидер може да го постигне тоа“, изјави Трамп. По зближувањето на САД со Сирија по соборувањето на долгогодишниот владетел Башар ал-Асад пред речиси една година, Трамп веќе ги суспендираше ...

Кога во 2015 година беше постигнат Парискиот договор, течеа солзи, шефовите на држави се ракуваа, а учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП21 го поздравија со овации. Тоа беше клучен момент во политиката за климата. За првпат речиси 200 нации усвоија обврзувачки договор за ограничување на глобалното затоплување на значително под 2 степени Целзиусови и во идеален случај - под 1,5 степени Целзиусови. Научниците прагот од ...

Автомобилот како оружје евоцира спомени од нападот на исламистот Анис Амри на Божиќниот пазар на Брајтшајдплац во Берлин. Тунижанецот, кој подоцна беше застрелан додека беше во бегство во Италија, со камион со полуприколка влета во толпа во декември 2016 година, убивајќи дванаесет лица и повредувајќи 67, од кои некои сериозно. Амри го уби и возачот на украденото возило. Уште полош беше бројот на жртви од религиозно мотивираниот напад извршен ...

ИПАРД 3 програмата под закана ИПАРД 3 програмата, инструментот на ЕУ за поддршка на руралниот развој, се соочува со суспензија на неопределено време поради сериозен корупциски скандал во Платежната агенција, вели Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ и поранешен министер за земјоделство. Според него, одлуката за суспензија е донесена во петокот и веднаш стапила на сила. „Се прекинуваат исплатите кон земјоделците и компаниите кои веќе имаат ...

Затоа што често границите на соседните национални држави минуваат и низ нашите семејни биографии, за Македонците мора да е многу важно Македонија да има одлична соработка со првите соседи. Сигурно се ретки македонските фамилии кои немаат роднини што заминале по Илинденското востание или по Втората светска војна во Бугарија, во Србија или во Грција. Многу од моите пријатели од Скопје отсекогаш раскажуваа за тетките и братучетките во Бугарија, ...

Учебниците како пречка во работата Комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија претставува еден вид алиби во моментално многу комплицираните билатерални односи. Ова го изјави бугарскиот професор, Ангел Димитров, копретседател на Заедничката експертска комисија, во емисијата „Денот започнува“. На прашањето „до каде е стигната работата на Комисијата, Димитров одговори: „Најкраткиот одговор е - до никаде. По осум години ...

Два брода за крстарење веќе се мирно вкотвени во специјално проширеното пристаниште во близина на метрополата Белем, на северот на Бразил. Тоа ќе служи како привремено прибежиште за повеќе од 10 илјади учесници на овогодишната климатска конференција. За 30-тото издание на годишната Конференција на ОН за климатски промени, КОП30, се очекуваат меѓу 40 и 50 илјади учесници, вклучително и шефови на држави или влади од речиси 200 земји. Тие треба ...

Позитивен став кон ЕУ, но без верба во членство Иако 41% од младите во Македонија имаат позитивен став кон Европската Унија, речиси половина од нив не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка. Ова го покажува истражувањето спроведено во јуни 2025 година, во соработка со платформата „Студентарија“. Кога станува збор за иднината на земјата во ЕУ, истражувањето покажува дека46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека државата некогаш ќе ...

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, по повод 9 ноември, повика на единство и одбрана на демократијата во Германија. „Мојата искрена желба на овој 9 ноември е: Да се обединиме за самоафирмација на демократијата и човештвото! Да не се откажуваме од она што нè дефинира“, рече Штајнмајер вчера на матине во палатата Белви во Берлин. „9 ноември претставува светлина и сенка, најдлабоките бездни и најсреќните моменти од нашата историја“, ...

Во вторникот вечерта во елегантниот арт деко културен центар во Брисел, „Бозар“, претставниците на Молдавија, вклучувајќи ја и претседателката Маја Санду, го славеа извонредниот пробив на земјата на патот кон ЕУ по објавувањето на годишните извештаи на Европската комисија. Еврокомесарката за проширување Марта Кос дента ги групираше земјите кандидати за тоа колкав напредок направиле изминатава година: Црна Гора и Албанија се на чело на ...

Палестинското семејство Абу Алија бере маслинки во Турмус Аја, на окупираниот од Израел-Западен Брег. Но атмосферата е далеку од празнична – семејството живее во постојан страв од напади од израелски доселеници. Оваа година жетвата е засенета од насилство врз Палестинците од страна на доселеници од Израел. „Сите се плашат“ – сведоштва од терен „Се разбира дека ми е страв. Сите тука се плашат. Страв ми е од доселениците и од армијата која ...

По 38 дена, најдолгата финансиска блокада во историјата на САД, дојде до извесно движење во политички заглавената ситуација. „Ајде да најдеме начин што ќе ги земе предвид обете позиции“, изјави лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, во петокот. „Ние, Демократите, сакаме крај на ’шатдаунот’“. Неговата партија сака да ја почитува желбата на Републиканците во Сенатот да не преговараат за програмата за здравствена заштита Обамакер пред ...

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, руските сили ноќеска извршиле напади со околу 450 дронови, а биле испукани и четириесет и пет проектили врз цели во Украина. Нападите биле насочени кон енергетскиот сектор и другата инфраструктура. Според наводите на украинската влада, оштетени се неколку големи енергетски објекти во три региони.- Погодени се Киев и Полтава во центарот на земјата, како и Харков на североисток, објави ...

Од 1989 година, на 9 ноември се потсетува на настанот што го промени светот: падот на Берлинскиот ѕид. На 3 октомври 1990 година, Германија беше повторно обединета по 41 година поделба. Со исчезнувањето на втората диктатура на германско тло, со крајот на ГДР, од политичката карта исчезна целиот реал-социјалистички табор во Европа. Конфликтот Исток-Запад беше завршен. 9 ноември 1989 година беше судбоносен ден во историјата на Германија и ...

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на старосната граница за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот е одговор на порастот на смртоносното насилство меѓу бандите. Полицијата тврди дека криминалните мрежи за изведување пукотници и транспорт на оружје сè повеќе регрутираат деца, бидејќи децата под 15 години не можат да бидат гонети. Владата ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ одобри на Унгарија привремено ослободување од енергетските санкции против Русија. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот, по состанокот меѓу Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа, зборуваше за „сеопфатно и неограничено ослободување од санкциите за нафта и гас“ што САД ѝ го доделиле на Унгарија. Но, функционер на американската влада изјави за новинската ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ одобри на Унгарија привремено ослободување од енергетските санкции против Русија. Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, во петокот, по состанокот меѓу Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа, зборуваше за „сеопфатно и неограничено ослободување од санкциите за нафта и гас“ што САД ѝ го доделиле на Унгарија. Но, функционер на американската влада изјави за новинската ...

Каде ќе биде лоцирана одговорноста за изборниот пораз, дали партискиот претседател може да се изземе од неа, како СДСМ да излезе од политичката анемија и да си ја врати нејзината идеолошка есенција? Ова се само дел од прашањата за кои поддржувачите на партијата бараат јасни одговори, а истите ќе ги бара и СДСМ. Во периодот пред најавената интроспекција за изборниот исход, владее одредена воздржаност во првата постава на партијата. Досегашната ...

Хиба Каузер, советник од редовите на СПД во Офенбах, ниту секунда не размислувала дали да го потпише отвореното писмо до Фридрих Мерц - 60 познати жени во него бараат од канцеларот загриженоста за „ќерките“ да ја претвори во дела. Во писмото се вели дела „би сакале да разговараме за безбедноста на ќерките, односно жените. Но, ние тоа сакаме да го сториме сериозно и да не го користиме како евтин изговор за оправдување на расистички наративи. ...

Луксузен хотел место армиска зграда Парламентот на Србија во петокот изгласа посебен закон за забрзано уривање на разурнатата зграда на Генералштабот на Југословенската армија, лоцирана во центарот на Белград. На оваа локација е планиран луксузен хотел поддржан од Џеред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. Проектот за хотел на семејството Трамп во Србија отвора прашања за културна заштита, политичко влијание и јавен интерес. Додека властите го ...

Кога претседателите на Сојузната служба за заштита на Уставот (БфВ) зборуваат за закани за внатрешната безбедност на Германија, речиси секогаш станува збор за политички и религиозно мотивиран екстремизам. Но, од нападот на Русија врз Украина, во ниту еден говор не недостасува споменувањето на она што во стручниот жаргон се нарекува хибридна закана. Секојдневни закани: саботажа, шпионажа, сајбер-напади Синан Селен, актуелен шеф на ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
36%
1011
weather icon

Белград

13ᴼ / 13ᴼ
8.23
47%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
53%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
5.04
76%
1017
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
3.6
47%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
68%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
25%
1012
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
8.75
69%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
32%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
85%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Злато

144593.23