
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„Ако се утврди тешка дисциплинска повреда самиот ќе се повлечам. Јавноста ќе цени дали ќе бидам разрешен на законит начин“, порача републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски откако премиерот Христијан Мицкоски побара од него да ја напушти функцијата, бидејќи „имал доволно можност да се покаже како безкомпромисен борец за правда“, но дека таа доверба не ја оправдал. Коцевски вели дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако ...
Повторното отворање на прашањето околу потребата за промена на државниот грб, доведе до разногласие во владината коалиција во Северна Македонија. Додека ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот коалиционен партнер „Вреди“ го ставаат на маса ова прашање, Максим Димитриевски како лидер на третиот коалиционен партнер во Владата - „ЗНАМ“, смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио и неговиот руски колега Сергеј Лавров денеска (18.02.) разговараат околу можниот крај на агресорската војна против Украина, која Русија ја започна пред речиси три години. Разговорот треба да биде подготовка на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин. „Ќе се сретнеме во Саудиска Арабија“, изјави Трамп за печатот само неколку часа по ...
Коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, дадени неодамна, ја оживеаја идејата што претходно ја промовираа тој и неговиот зет Џаред Кушнер. Неговиот планја позиционира Газа во смисла на потенцијал за недвижен имот, а не нејзината хуманитарна или политичка ситуација. Откако изјави дека САД „ќе го преземат Појасот Газа“ и „ќе го поседуваат“, Доналд Трамп рече: „Имаме можност да направиме нешто што може да биде феноменално ...
Македонскиот пат кон ЕУ започна многу пред да започне евроинтегративниот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка, а бајката стана подвижна мета, рече македонскиот премиер Христијан Мицкоски на вчерашниот панел во рамки на Минхенската безбедносна конференција посветен на пристапот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. „Ние сме жртви на билатеризација или да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е ...
Средбата во Париз не испрати никаков сигнал за пробив. Попрво, Европејците полека го опипуваат патот. Во својата изјава по средбата, германскиот канцелар Олаф Шолц го наведе она што е веројатно најголемиот заеднички именител: „Го поздравуваме фактот дека има разговори за постигнување мир. Но, јасно ни е дека тоа не значи дека може да има диктиран мир и дека Украина мора да го прифати она што ѝ е претставено“. Дебата за мировни сили Но, што значи ...
„Во суштина, мислиме дека ова прашање е прерано во овој момент. Треба да почекаме и да видиме дали и како ќе дојде до мир за Украина“, изјави заменик владината портпаролка Кристијане Хофман во понеделникот во Берлин. Според неа, само тогаш „ќе можеме да зборуваме за условите и да се справиме со тоа како ова може да се структурира“, рече Хофман, исто така во поглед на најавата на британскиот премиер Кир Стармер, кој најави дека неговата земја ...
Европската Унија сака да помогне во евроинтеграцијата на Северна Македонија. Проширувањето ќе се случи, но потребно е што поскоро спроведување на неопходните реформи. Ова е пораката којашто ја испратија во Скопје странските амбасадори по презентацијата на најновите анализи коишто покажуваат дека евроскептицизмот се уште е присутен во земјата, а постои и голем отпор за спроведување на обврската за уставни измени, како еден од главните услови за ...
„Откако пристигнаа во Крагуевац, околу 10.000 ентузијастички луѓе се собраа на Плоштадот на слободата пред градското собрание. Тие скокаат, пеат, аплаудираат, веат знамиња и палат факели. Ѓорѓе, 24-годишен студент по јапонски јазик од Белград е пресреќен. Исцрпен, го паркира велосипедот на тревникот. 'Пречекот овде е едноставно нереален', вели Ѓорѓе." Вака известува Оливер Зос, новинар на АРД, првата програма на германскиот јавен сервис, од ...
„Мора прво да го свариме ова“, рече претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс во однос на ефектот врз Европејците што го предизвикал грубиот американски настап во Минхен во неделата наутро. Сите сега треба прво да дојдат до здив, а потоа да се концентрираат на тоа „што може да го направат“, порача тој и додаде дека беа презентирани „многу јасни изјави“ од САД. Прво, советуваше финскиот претседател Александар Стуб, иронично осврнувајќи се на ...
Мнозинството македонски граѓани по поддржуваат европскиот пат на Северна Македонија. Вкупно 62% од населението дава поддршка на аспирациите за членство во ЕУ, што претставува пораст од два проценти во споредба со претходната година. Овој благ пораст значи запирање на четиригодишниот пад на поддршката за интеграцијата во ЕУ. Во исто време, процентот на евроскептично население останува речиси ист и тој изнесува 11%. Групата на неопределени и ...
По предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори за војната во Украина, Франција денеска е домаќин на самит на неколку европски земји, на кој треба да се разгледува ситуацијата во Украина, како и „предизвиците за безбедноста во Европа“. Преглед на најважните прашања на самитот Топ тема е прашањето како Европа да реагира на драстичната промена на курсот во американската политика во однос на Украина. Новата политика на САД се ...
Пред еден месец, една пријателка ми го испрати линкот за напис во ФАЦ, со забелешка дека темата била мистериозна. Насловот и мене ми се стори конспиративен. Повеќе одговара за некој модерен трилер или за роман на Ден Браун. Најреален е како наслов на извештај за масовни гробници од последните балкански војни. Сепак, во насловот, „Масовното убиство во Скупи” (Der Massenmord von Scupi), ме зачуди името на римскиот град. Тоа минато навистина нема ...
Како ќе изгледа политиката на проширување на ЕУ во иднина во атмосфера на безбедносни и економски ризици со кои моментално се соочува Европа? Дали конечно ќе се постигне значителен напредок во мандатот на новата Комисија во однос на интеграцијата на балканските земји? Кои земји се најблиску до членство во Унијата? И како можат да придонесат за стабилизација на ЕУ? Ова беа дел од прашањата за кои се разговараше на панелот на кој присуствуваа ...
Кога двајца политичари се расправаат на телевизија, тоа во најдобар случај е дискусија. Кога се во прашање четворица политичари, па уште и сите кандидати за канцелар, често расправата е како пинг-понг. На двочасовната дебата на германската телевизија РЛ, актуелниот канцелар Олаф Шолц (66) од СПД, како и противкандидатите Фридрих Мерц (69) од демохристијанската Унија, Роберт Хабек (55) од Зелените и Алис Вајдел (46) од АфД, дискутираа и жестоко ...
Германскиот канцелар Олаф Шолц остро ги критикуваше изјавите на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во корист на АфД и се изјасни против какво било мешање во германската изборна кампања. Политичарот на СПД на Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ) рече дека националсоцијализмот и неговите монструозни злосторства биле банализирани од редовите на АфД. Произнесувањето против оживувањето на нацизмот од страна на Венс претходно за време на ...
Конференцијата и публикацијата се заклучок од проектот „Иницијативата на Аспен за Западен Балкан: посветеност на напредокот и стабилноста“, кој траеше од април 2023 до декември 2024 година. Проектот собра експерти од целиот регион, кои се обидоа да одговорат на прашањето како да се забрза и ревитализира процесот на помирување на Западен Балкан. „Целите на проектот се промовирање на дијалогот и соработката во регионот, изработување конкретни ...
Само пред два месеци тоа изгледаше како бомба чии шрапнели уште долго ќе летаат низ македонската политика. Артан Груби, тој најдоверлив аѓутант на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше ставен на црната листа на Америка поради корупција. Во одлуката беше наведено дека назначувањето на листата било поради тоа што тој и апелацискиот судија Енвер Беџети биле во некаков комплот за спас на Сашо Мијалков од судските прогони. Амбасадорката Анџела Агелер во ...
Странските компании во Северна Македонија се соочуваат со низа проблеми коишто ја отежнуваат нивната работа. Недостигаат инженери и стручни кадри, а проблем се и зголемените оперативни трошоци, бирократијата и несоодветното постапување на институциите. Компаниите се незадоволни и од легалната несигурност и честата промена на бизнис регулативата, но и од судството. „Ова е е новост - овие проблеми се провлекуваат низ годините“, вели Виктор Мизо, ...
Терористичките организации Хамас и Исламски џихад повторно ослободија дел од израелските заложници. Утрото тие предадоа тројца мажи во рацете на Меѓународниот Црвен крст. Ослободените луѓе во меѓувреме се вратија во својата татковина: израелската војска ги пренесе преку граница. Војската соопшти дека ослободените заложници се на пат кон воен објект во јужен Израел. Според информациите, таму треба да се сретнат и со своите роднини. Како и со ...
Звук на полициска сирена и порака од мегафон: „Почитувани професори и професорки, ве известуваме дека започна блокадата на Филозофскиот факултет.“ Така започна бранот студентски блокади на Универзитетот во Нови Сад. Студентката од прва година по комуникациски студии, Олга Пантиќ, во тоа време била на смена во кафетеријата на факултетот. Ја напуштила работата и им се придружила на колегите. Оттогаш, факултетот е нејзин дом – таму спие, јаде и ...
Низ салата се ширеше тишина, тензијата беше речиси опиплива додека Џ. Д. Венс приоѓаше на говорницата на Конференцијата за безбедност во Минхен. Само 48 часа порано, светот сè уште изгледаше поинаков. На Европејците, се разбира, им беше јасно колку тешко ќе биде со Доналд Трамп, каков тест за издржливост ќе претставува неговиот втор претседателски мандат за трансатлантските односи. Сепак, телефонскиот разговор меѓу Трамп и шефот на Кремљ ...
Од драстични промени во имиграциската политика до демонтирање на административниот апарат, или она што Трамп го нарекува „Длабока држава“. Доналд Трамп сака темелно да ги промени САД и притоа нема почит кон неговите политички противници. Енергичниот настап на Трамп навистина има историски преседани, анализира политикологот Томас Гревен од Институтот Кенеди на Слободниот универзитет во Берлин. Тој мисли на поранешниот американски претседател ...
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер оцени дека новата американска администрација е безобѕирна кон остатокот од светот. Таа „има поинаков светоглед од нас“, рече Штајнмајер: „(Светоглед) кој нема обѕир за воспоставените правила, за воспоставените партнерства и доверба.“ Зборувајќи на почетокот на безбедносната конференција во Минхен (МСЦ), која ќе трае до 16 февруари, шефот на германската држава предупреди: „Нередот не смее да стане ...
Идејата за менување на државниот грб, којашто се најде повторно на политичкото мени по една деценија, ги отвори апетитите на партиите. Покрај тоа што нудат идеи како би изгледал новиот државен грб, желбите се шират и на барања за промени на химната и „други застанати прашања“ од минатото. На ваквата идеја жестоко се спротивстави опозицијата, којашто најави дека ќе ги искористи сите демократски средства за да спречи менување на државниот грб. ...
Традиционално блиските врски меѓу Соединетите Американски Држави и Европа со децении ја обликуваа Минхенската безбедносна конференција. И покрај некои разлики, во основа постоеше единство. Имаше добра соработка, а партнерите се ценеа еден со друг. Но, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата, оваа сигурност се распаѓа. Конференцијата, која започнува во петок (14.02) и е меѓународно позната како Минхенска безбедносна ...
Последен пат кога еден американски претседател разговарал директно со Путин беше во февруари 2022 година, кога Џо Бајден бараше објаснувања за натрупувањето војска на украинската граница. Кратко потоа Русија ќе ја започне инвазијата врз Украина која овие денови влегува во својата четврта година од конфликтот. Деновиве директниот дијалог помеѓу Доналд Трамп и Владимир Путин беше воспоставен, дијалог кој во апсолутна тајност започнал веднаш по ...
Премиерот Мицкоски предводи владина делегација која ќе учествува на 61-та Минхенската безбедносна конференција, каде во престолнината на Баварија од денеска до 16 февруари во хотелот „Бајерише Хоф“ ќе се сретнат светски лидери, креатори на политики и експерти. Во делегацијата се министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и министерот за ...
Кога Украина ќе ги организира претседателските избори кои беа прекинати заради руската инвазија која започна пред речиси три години? Претседателот Володимир Зеленскисѐ почесто се соочува со ова прашање. Одговорот секогаш е ист. „Избори ќе се одржат по завршувањето на жешката фаза на војната, кога веќе не се применува воена состојба“, рече Зеленски и неделава во интервју со британскиот новинар Пирс Морган. Избори во Украина како план на Трамп? ...
Минхен е во шок - и во потрага е по одговори зошто е извршен нападот со автомобил на демонстрации во центарот на градот. Во нападот се повредени најмалку 30 лица, од кои дел потешко. Осомничениот, 24-годишен Авганистанец, е уапсен и денеска треба да се појави пред истражен судија. Дали има индиции за неговиот мотив? Полицијата планира да одржи прес-конференција претпладнево. На местото каде што е извршено злосторството денеска во знак на тивко ...