
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, во средата одделно разговараше за војната со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски и им нареди на американските официјални лица да започнат преговори за завршување на речиси тригодишниот конфликт. Телефонските повици уследија кратко откако секретарот за одбрана Пит Хегсет им рече на воените сојузници на Украина во Брисел дека враќањето на границите на ...
По бојкотот на маркетите и барањето на граѓаните да е воведат итни мерки со цел да се спречи вртоглавиот пораст на цените на храната, премиерот Христијан Мицкоски најави дека малопродажната и големопродажната маржа ќе се ограничи на 10 проценти. Ваквата мерка тој очекува дека ќе повлече драматично намалување на цените на оние производи коишто им се неопходни на граѓаните. Планот е мерката да важи до 30 април, по што ќе се види во кој правец ќе ...
Судскиот совет, по најавите за интерпелација и повиците до членовите самите да дадат оставки од функцијата, бара да престанат притисоците врз нив. Тие оценуваат дека секој обид за поткопување на независноста на судската власт преку притисок против членовите на Судскиот совет и судиите претставува директна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото во Северна Македонија. Ова тело коешто изминативе месеци е во фокусот ...
Опозициската СДСМ е против идејата за менување на државниот грб. Лидерот на партијата, Венко Филипче на прес-конференција порача дека најостро ќе се спротивстават на оваа идеја и праша дали освен за овој предлог коалицијата ВМРО-ДПМНЕ- Вреди не разговара и за промена на химната. „Ние сметаме дека грбот хералдиски ги отсликува сите карактеристики на ова поднебје, јасен е континуитетот и од придобивнките на народно-ослободителната и антифашистичка ...
Скопје и Софија играат топло-ладно во пресрет на Безбедносна конференција во Минхен, каде се очекува средба меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија.Пораките коишто деновиве ги испрати македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Бугарија се доживуваат како провокација. Бугарското МНР во остра реакција изразува длабоко разочарување и категорично ги осудува изјавите на Мицкоски, кои оценуваат дека „не само што ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонирал со првиот човек во Кремљ, Владимир Путин, и договори неодложни преговори за ставање крај на агресорската војна на Русија против Украина. Ова го соопшти по разговорот самиот Трамп а потврда стаса и од Кремљ. Двајцата претседатели според наводите се договориле за тесна соработка и средба во скоро време. Трамп потоа разговарал и со украинскиот претседател Зеленски. Истовремено владата на Трамп за ...
„Али Ахмети ја прелеа чашата! Време е за оставка!“, порача еден од лидерите на ВРЕДИ, Арбен Таравари. Преку објава на Фејсбук тој побара оставка од лидерот на ДУИ, поради повеќе причини. Меѓу клучните што ги наведе се неколку: злоупотреба на власта што доведува до нечесно богатење на него и на членовите на неговото семејство; тоа што со децении го држи народот во заложништво со формулата „кај нас – вработен, против нас – уништен“; дека е водач ...
Законски е изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје, наведе државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во изјава за медиумите, откако беше најавено дека Владата го задолжила Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за негово разрешување. Во образложението за таа иницијатива, портпаролката на Владата го наведе како последен пример посочениот избор во Вишото јавно обвинителство, а му претходеше ...
Пред само неколку години Португалија, Италија, Шпанија и пред сѐ Грција беа проблематичните деца на Европската унија (ЕУ) и на еврозоната. Но тоа веќе не е така. Шпанскиот премиер Педро Санчез неодамна на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос го изрази своето уверување. „Ние на југот можеме да придонесеме и за решенија за заедничките проблеми.“ Тој зборуваше за можноста за производство и извоз на повеќе чиста енергија - во Шпанија ова е ...
Некои од најживописните описи на воздушните напади на Дрезден на 13 и 14 февруари 1945 година му ги должиме на Виктор Клемперер. Романистот и лингвист Клемперер во своите познати дневници вака го има опишано инферното: „Многу брзо можеше да се слушне сè подлабокото и погласното брмчење на ескадрилите што се приближуваа, светлата се изгаснаа, пад во близина... пауза за да се земе здив, луѓето клечеа меѓу столовите, од некои групи се слушаа лелек ...
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, во средата изјави дека членството на Украина во НАТО е нереално и сугерираше дека земјата треба да се откаже од надежите за враќање на своите граници од пред 2014 година и да се подготви за договорено решение со Русија, кое ќе биде поддржано од меѓународни трупи. Хегсет ги даде овие коментари за време на првата посета на НАТО од страна на член на новата администрација на Доналд Трамп. Сојузниците со ...
Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик, кои доведоа до застарување и „паѓање“ на многу случаи со висока корупција. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на прес-конференција информираше дека ќе му биде наложено на Собранието на Северна Македонија во наредните шест месеци да ги направи неопходните измени на законот и да се усогласи со аргументите на Уставниот суд. Костадиновски смета дека законодавецот ...
Првичниот период од вториот мандат на Доналд Трамп во Белата Куќа изгледа како бура – торнадо од иницијативи, извршни наредби, прес конференции и изјави во кои се промовираат фасцинантни и контроверзни идеи кои ги оставаат подзинати и новинарите, и светските лидери, политичките елити во САД секако, но и гледачите дома пред екраните. Од укинување странска помош, до „Газа на води“ – проект кој сигурно би му се допаднал на Александар Вучиќ, особено ...
Пратениците тешко се откажуваат од привилегиите. Иако големите издатоци од собранискиот буџет за патни трошоци се наоѓаат на дневен ред на секој нов парламентарен состав, ваквата иницијатива досега не наиде на поддршка кај мнозинството пратеници, кои секој месец влечат „фантастични“ суми по оваа ставка. Во Собранието на Северна Македонија не помина ниту последната иницијатива којашто дојде од Левица, откако тие не ја добија поддршката од ...
Пратениците тешко се откажуваат од привилегиите. Иако големите издатоци од собранискиот буџет за патни трошоци се наоѓаат на дневен ред на секој нов парламентаренн состав, ваквата иницијатива досега не наиде на поддршка кај мнозинството пратеници, кои секој месец влечат „фантастични“ суми по оваа ставка. Во Собранието на Северна Македонија не помина ниту последната иницијатива којашто дојде од Левица, откако тие не ја добија поддршката од ...
Рекордни топлотни бранови, поплави, шумски пожари - додека порастот на екстремните временски неприлики го доведуваат во опасност исполнувањето на климатските цели, еден клучен фактор често останува незабележан. Тоа е корупцијата. Индексот за перцепција на корупцијата (ИПК) на Транспаренси Интернешнл (ТИ) за 2024 година открива дека во многу земји, поткупот и злоупотребата на моќ или позиција масовно ги попречуваат напорите за заштита на климата. ...
Технолошкиот милијардер Илон Маск, кој моментално го „тресе“ американскиот владин апарат, на настап во Белата куќа беше конфронтиран со неговите лажни изјави за трошењето на американската влада. „Некои од работите што ги кажувам ќе бидат неточни и треба да се коригираат“, изјави Маск. Тој беше задолжен од американскиот претседател Доналд Трамп да ги прегледа и намали владините трошоци. И двајцата со денови тврдат дека покрај залудно потрошени ...
Владата се однесува како акробат на разбој по прашањето за Судскиот совет, а јавноста како публика која втренчено гледа дали изведувачот на сцените ќе падне или успешно ќе ја заврши точката до крај. Овој жежок костен во рацете на секоја влада може да доведе до изгореници со трајни последици. Уставот вели дека извршната, законодавната и судската власт се строго разделени. Но изјавите што доаѓаат од Владата го демантираат тој темелен принцип на ...
Само две недели по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа, четири држави сојузници на САД подлегнаа на притисокот од американскиот претседател. Трамп им се закани со царини и други казнени мерки. Мексико и Канада ветија дека ќе ги зајакнат безбедносните сили долж своите граници со САД за со засилени патроли да се борат против илегалната имиграција и трговијата со дрога. За возврат, Трамп одобри 30-дневно одложување на најавените царини од 25 ...
Владата покренува постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Таа го задолжи Министерството за правда да ги преземе неопходните активности за негова смена. Одлуката на прес-конференција ја соопшти владината портпаролка, Марија Митева. Таа вели дека ваквата одлука се темели на „разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности и разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира“. ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, со цел производство на електрична енергија за над 20 илјади домаќинства и заштита на животната средина во Северна Македонија.Тој во Владата го означи почетокот на процесот за изградба на два енергетски проекти во енергетскиот сектор - втора фаза од ветерниот парк Богданци, како и изградба на фотонапонската централа Битола 2. За таа цел беше потпишан договор помеѓу ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека има исчекор и гледа можност за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, кој не зависи само од Македонија. „Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара“, вели претседателката. „Креативни предлози“ Според нејзините сознанија - има исчекор. „Ново е ...
Ви се згади?! Многумина го губат апетитот само при помислата на црви во храната. Оваа реакција науката ја нарекува „хранлив табу“: одредени животни, растенија или габи, иако технички се јадливи, се сметаат за табу во одредена култура или општествена група и затоа не се консумираат. На пример, практикувачите на хиндуизмот не јадат говедско месо, муслиманите и евреите не јадат свинско месо, а во западните култури многумина чувствуваат одвратност ...
Северна Македонија е на 88. место од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата за 2024 година,којшто годишно го објавува Транспаренси Интернешнел. Со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјата бележи пад од два поени. Таа е 12 места подолу во однос на претходното рангирање за 2023 година, кога беше на 76 место и беше критикувана поради измените во Кривичниот законик. Северна ...
Откако терористичкиот Хамас го прекина ослободувањето на израелските заложници, американскиот претседател Доналд Трамп им постави ултиматум на исламистите. Тој се заложи за прекин на примирјето меѓу Израел и палестинската терористичка организација доколку сите преостанати заложници не бидат ослободени до сабота во 12 часот. Во спротивно, „ќе настане пекол“, се закани Трамп во Вашингтон. Тој, исто така, им се закани на Јордан и Египет, два важни ...
Голем дел од времето за германската внатрешна политика, неколку минути за војната во Украина и ставот спрема американскиот претседател Доналд Трамп – тоа беа темите на првиот ТВ дуел меѓу Олаф Шолц и Фридрих Мерц. Дебатата траеше 90 минути и се емитуваше во ударниот термин на двата јавни радиодифузни ТВ канали. Модераторки беа новинарките Сандра Мајшбергер (АРД) и Мајбрит Илнер (ЗДФ). Тешко дека ситуацијата би можела да биде подраматична за ...
Опасен ТикТок предизвик со земање на големи дози „парацетамол“ ги загрижува лекарите. Алармот неодамна пристигна од Швајцарија, а засега во Северна Македонија нема пријавено ваков случај. Токсиколозите алармираат на внимателност. Труењата со „парацетамол“ се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт. Нема пријавено ...
Многу познати личности најавија присуство на „ВИ самитот“ што се одржува на 10 и 11 февруари во Париз. Шефови на држави и влади, директори на меѓународни организации и компании, научници, уметници и членови на граѓанското општество ќе учествуваат во самитот кој се одржува во Гранд Пале, една од локациите за минатогодишните Олимписки игри. Францускиот претседател Емануел Макрон ќе копретседава со самитот заедно со индискиот премиер Нарендра Моди. ...
Општините со поголеми казни за оштетување на урбана опрема и воведување општокорисна работа во којашто би се вклучиле и децата и родителите ќе се борат против вандализмот којшто е се почесто присутен кај малолетниците. По повеќето случаи кадешто во центарот на Скопје, малолетници неконтролирано се однесуваа, кршеа и предизвикуваа големи штети во парковите, обија багер и влегоа во комунален пункт во населбата Капиштец, општините сметаат дека и ...
По иницијатива на Гете-институтот и на Германскиот совет за јазикот, во 2008 беше објавен конкурс за избор на најубавиот „збор со миграциско потекло”. Треба да се истакне дека „луѓе со миграциско потекло” (Menschen mit Migrationshintergrund) денес во Германија се нарекуваат тие кои до 90-те уште беа само „гастарбајтери” (Gastarbeiter). Најголемиот број од нив припаѓаат на втората генерација во „гастарбајтерските” фамилии. Тие се нивните деца, ...