Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Со седум гласа наспроти четири, судиите пресудија дека американскиот претседател Доналд Трамп немал право да воведува царини на многу земји низ целиот свет. Тие го „распарчија“ неговиот аргумент дека трговскиот дефицит или дури и шверцот со дрога претставуваат вонредна состојба против која тој може да воведува царини. Според апелацискиот суд, само Конгресот има вакво овластување. Нил Катијал е воодушевен. Тој застапува дел од тужителите, ...
Македонската јавност со забележливо љубопитство, па дури и со одреден степен на љубомора, ги следи многу честите вести од Албанија каде властите раководени од премиерот Еди Рама уриваат стотици дивоградби. И дека сето тоа се прави за да ѝ се докаже на Европската Унија дека Албанија е максимално посветена да го изоди што е можно побрзо својот пат кон ЕУ. Не е важно каде се наоѓаат тие дивоградби – дали во чудесните предели на север, во областа ...
Иако на социјалните мрежи врие од „сознанија" за корумпирани политичари, судии, обвинители, премиери, министри, пратеници, градоначалници, и директори, бројките покажуваат дека граѓаните во пракса ретко одлучуваат да пријават случаи во кои препознале коруптивни ситуации. Според податоците што организацијата Транспаренси Интернешнел Македонија ги објави во вторникот (26.08.), до нивниот Центар за правни совети отворен за пријавување на ...
„Седиме на куфери“, вели жена која се претставува како Наталија од Свјатогоривка, село на периферијата на градот Добропил во источна Украина. Руската армија напредуваше и сега е само десет километри од нејзината куќа. Украинските војници успеаја да повратат некои места, но селата околу неа сè уште се под постојано бомбардирање. Единствената причина зошто Наталија сè уште не ја напуштила Свјатогоривка е тоа што нејзините постари родители ...
Во сенка на сериозната политичка криза во Париз, германската и француската влада се состануваат овој петок на Азурниот Брег за да разговараат за економската и безбедносната политика. Таканаречениот Министерски совет, што се одржува во тврдина од 19 век во крајбрежниот град Тулон, ќе го претседаваат германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) и францускиот претседател Емануел Макрон. Ова е првиот француско-германски состанок во овој формат по ...
Вообичаено владата се состанува во кабинетот на канцеларот, но во средата (27.08.2025) својот прв состанок по летната пауза владата го одржа во Бендлерблок, седиштето на Министерството за одбрана во Берлин. Изборот на локацијата требаше да го потенцира значењето на темата – фокус на состанокот беше идното ориентирање на Бундесверот. Со оглед на заканата од Русија и новите обврски во НАТО, Германија не само што сака подобро да ги опреми своите ...
Дали Доналд Трамп ненамерно ги зближува земјите од БРИКС, лабава група на некои од најбрзо растечките економии во светот, со тоа што им наметнува повисоки царини отколку на другите земји? Најголемата членка на БРИКС, Кина, сè уште се соочува со можност за царина од 145% доколку не постигне договор со Трамп, додека Бразил и Индија добија стапка од 50% – половина од индиската казна е поради купување руска нафта по попуст. Јужноафриканската ...
Во 2011 година Германија го укина задолжителниот воен рок. Сега сојузната влада воведува „нова воена служба“ која за пример го зема шведскиот модел со пополнување прашалници и првично ќе се заснова на доброволно учество. Сепак, од 1 јули 2027 година сите мажи од генерацијата ќе бидат повикани на задолжителен медицински преглед, додека жените доброволно може да се пријават за истиот. Секој што ќе се пријави за воен рок во Бундесверот мора да ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, наиде на исмејување на социјалните мрежи откако во телевизиско интервју тврдеше дека на Втората светска војна ѝ бил ставен крај преку преговори, бранејќи ги дипломатските напори на претседателот Доналд Трамп во војната на Русија против Украина. „Втората светска војна заврши со безусловната капитулација на Германија и Јапонија, а не со преговори“, беше потоа објавено на профил на платформата Х наречен ...
Изборната понуда со кандидати за градоначалници на Скопје се збогатува. Во изборната трка влегува и реномираниот професор и декан на Градежниот факултет на УКИМ, д-р Горан Марковски. „Инфраструктурни конструкции“, „Армиранобетонски мостови“, „Трајност на бетонските конструкции“, „Санација и зајакнување на бетонските конструкции“, се само дел од предметите што ги предава на факултетот, а овојпат пред него ќе биде голем предизвик - да понуди ...
Европските лидери во ретко видена демонстрација на единство му дадоа силна поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата посета на Вашингтон на 18 август, залагајќи се за безбедносни гаранции за Украина пред американскиот претседател Доналд Трамп. Но, вистинските предизвици допрва следат, особено кога треба да се разгледаат конкретни чекори, како што е евентуално распоредување на војници. „Подготвени се да ...
Холивудските ѕвезди од А-листата - од Џулија Робертс до Џорџ Клуни и Кејт Бланшет - ќе ги красат големите екрани во Венеција оваа година, а овогодинешниот фестивал ќе го одбележат политички набиените играни филмови и документарци. Џулија Робертс, која за прв пат ќе оди по Лидо, игра во филмот на Лука Гвадањини „По ловот“, трилер инспириран од движењето МиТу (#MeToo). Холивудската икона игра професорка по филозофија на Универзитетот Јеил која ...
Од почетокот на руската војна против Украина во февруари 2022 година, малиот јужен сосед на Украина - Република Молдавија - сè почесто се појавува во медиумските извештаи. Во пролетта 2022 година, се чинеше дека Русија наскоро би можела да ја нападне и Молдавија. Со окупирање на воена, речиси целосно незаштитена територија, Украина би била принудена да води војна на два фронта, а Русија би стоела на југоисточната граница на НАТО и Европската ...
Пред неколку недели, сојузниот министер за одбрана. Борис Писториус (СПД) во телевизиско гостување зборуваше за тоа како на Бундесверот итно му е потребен повеќе персонал. „Како тоа да функционира - без регрутација?“ праша модераторката, а министерот одговори, малку вознемирен: „Тоа е популарно прашање, на кое секогаш со задоволство одговарам.“ Писториус е свесен и дека е важно прашање. Тој е свесен и дека одговорот е незгоден. Тој е заглавен ...
Помина времето кога големите партии за најпрестижните функции пуштаа во трка познати личности докажани прво во своите професии, а потоа и во политиката. Орце Ѓорѓиевски, фаворитот за градоначалник на Скопје има шест и пол реда биографија од кои два се информацијата за неговиот претходен избор за градоначалник на скопската општина Кисела Вода. Во неговата повеќе од скромна биографија е запишано дека е роден на 05.08.1987 година во Скопје. ...
Од повторниот избор за претседател на САД, Доналд Трамп повеќепати се соочи со обвинувања дека профитира од својата функција. Навистина, Трамп и неговото семејство неодамна склучија бројни зделки – од недвижности и криптовалути до обврзници и акции. Дали постои шема што укажува на лично богатење? Во САД, Законот за етика во владата од 1978 година, донесен како одговор на скандалот „Вотергејт“, бара од претседателот, потпретседателот и други ...
Германската индустрија е во канџите на длабока криза, а автомобилската индустрија е особено силно погодена. Таму, во рок од една година, се загубени околу 51.500 работни места, што е еквивалентно на речиси седум проценти од работните места. Ова е заклучокот од анализата на консултантската фирма EY, врз основа на податоци од Сојузниот завод за статистика. Ниту еден друг сектор не затворил толку многу работни места. Пад на прометот – не само во ...
Набрзо по постигнувањето трговско примирје со Доналд Трамп, Европската Унија повторно се најде на нишан на американскиот лидер, откако тој се закани дека ќе ги казни земјите кои се обидуваат да ја ограничат моќта на големите технолошки компании. Брисел усвои моќен правен арсенал насочен кон зауздување на технолошките гиганти — главно преку Законот за дигитални пазари (DMA), кој се однесува на конкуренцијата, и Законот за дигитални услуги ...
Франсоа Бајру игра на само една карта и ја става својата политичка иднина на коцка. На прес-конференција, премиерот објави дека ќе побара гласање за доверба во парламентот на 8 септември. Станува збор за создавање јасност, рече Бајру. Затоа тој побара од претседателот да свика посебна седница на парламентот. „Потоа, по владина изјава, ќе побарам гласање за доверба“, рече Бајру. „Централното прашање ќе биде дали постои опасност за нацијата - ...
Посетата беше ненајавена од безбедносни причини, како и во пресрет на слични претходни патувања. Германскиот министер за финансии и вицепремиер, социјалдемократот Ларс Клингбајл, пристигна во Киев со специјален воз во понеделникот утрото (25.08) во 7:30 часот. На почетокот на оваа недела, германската влада сака да испрати јасни пораки за својата политика кон Украина - ќе им обезбеди целосна поддршка на Украинците кои се под притисок од Русија ...
Обединетите нации официјално прогласија глад во градот Газа, што е прв ваков случај на Блискиот Исток. На други места, вакви примери веќе се забележани. Сѐ почесто и погласно се бара кривично гонење на изгладнувањето како намерна стратегија во вооружени конфликти. „Гладот е оружје во војна, кое моментално се користи ширум светот. Тоа мора да престане, бидејќи се прекршува меѓународното хуманитарно право“, изјави неодамна за ДВ Шејна Луис, ...
„Мора да успеам човечки достоинствено“, вели Ангела Меркел. „За мене пристапот кон темата е важен“, посочува таа во документарецот на АРД „10 години од 'Ќе успееме!'“. Ова звучи како порака што поранешната канцеларка сака да ја испрати во поглед на бегалската политика на канцеларот Фридрих Мерц - за неа човековото достоинство и човечноста и натаму остануваат водечки принципи во бегалската политика. Поминати се речиси десет години откако ...
Германскиот вицеканцелар и сојузен министер за финансии Ларс Клингбајл во Украина ги разгледува можностите за германски придонес во евентуален мировен процес. „Во координација со канцеларот разменуваме мислења околу тоа како Германија на најдобар начин би можела да ја поддржи Украина во евентуален мировен процес“, изјави Клингбајл изутринава по пристигнувањето во Киев. „Се работи за украинската, но и за европската безбедност“, нагласи тој и ...
Есента што доаѓа треба да биде „есен на реформи“, најавија партнерите во владејачката коалиција во Берлин, ЦДУ/ЦСУ и СПД. А, со оглед на тоа дека минуваат последните денови од летото, црвено-црната коалиција своето внимание засилено го насочува токму на тоа прашање. Унијата (ЦДУ/ЦСУ) денеска (25.08) започнува со подготовките. Според извори од владини кругови, раководството на ЦДУ/ЦСУ ќе разговара за коалициските теми и нивната комуникација. ...
Дебатна телевизиска емисија за литература, какви што има во секоја земја што ја почитува својата култура, денес во Македонија нема. Иако имаше во југословенското време, кога за литература се зборуваше редовно во култната емисијата за култура на некогашната МРТ, „Клепсидра”, но и во посебни емисии посветени на литературата. Од друга страна, од тоа што го гледам кога сум на посета во Македонија, Македонците станаа дефинитивно „телевизиска ...
На почетокот на август два натпревара (кошаркарски и фудбалски) се истакнаа со националистички и навредливи скандирања, а месецот финишира со двајца повредени фудбалери од младинската екипа на ФК Брегалница. Со повредите не се здобија во текот на натпреварот, туку им биле нанесени од родител на фудбалер од гостинскиот ФК Шкупи. Инцидентот предизвика вознемиреност и реакции во земјата. Станува збор за фудбалери од младинските категории ...
Загревањето за кампањата за локалните избори почна со горливите национални теми -минималната плата, економскиот стандард, пруги и автопати, дивоградби, Рамковниот договор, а се појави и една „јахта" - глисер која вплови во високите теми под знамето на богатиот политички фолклор. Тие ги држат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на штрек речиси цело лето. Фреквенцијата на партиските соопштенија и прес-конференции, укажува на нервоза но и на уверување дека ...
Штом Себастијан Карл Шулте ја презеде функцијата директор на фабриката за мотори „Дојц“ во Келн – се соочи со големата политика. На директорската позиција седна на 13 февруари 2022 година, а само единаесет дена подоцна Русија ја нападна Украина. „Оттогаш светот, секако, се промени“, вели денес Шулте. Она што на почетокот на неговиот мандат изгледаше незанимливо, сега е реалност. Земјите-членки на НАТО се согласија да трошат 3,5 проценти од ...
Ситуацијата во Србија е тензична: секој ден пристигнуваат нови извештаи за полициско насилство врз демонстрантите, апсења - и обвинувања дека владата ангажира банди насилници против граѓаните. Протестите, кои започнаа по падот на настрешницата во Нови Сад во ноември, беа мирни долго време - но во последните денови насилството ескалираше. А популистичкиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, сега сака да се справи со протестите уште ...
„Уште денес на колена би одела до црквата во Мегалохари само за да најдам на време работник за следната година“, вели Матина, сопственичка на елегантниот бутик „Армонија“ на Тинос. Таа алудира на најпознатото грчко поклонение, кое секоја година на 15 август се случува на островот Киклад. Поклониците на колена се движат по долгата угорнина до црквата молејќи се Дева Марија да им ги исполни желбите за здравје, помош и поддршка. И Матина се ...