Не звучи како добар старт кога пред почетокот на разговорите една страна вели: „Имаме добра волја, но немаме доверба во другите“ – како што изјави шефот на иранската делегација, претседателот на парламентот Багер Галибаф. Неговиот соговорник, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, пред поаѓањето за Исламабад предупреди дека нема да дозволат да бидат измамени. Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф, посредник и домаќин на преговорите меѓу САД и ...
Разговорите ќе се одржат во пакистанскиот главен град во услови на засилени безбедносни мерки, поради што властите прогласија дводневен државен празник и ги испразнија улиците во градот. Американската делегација ја предводи потпретседателот на САД, Џej Ди Венс, заедно со специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер. Пред состанокот, Венс рече дека САД влегуваат во преговорите со чувство на оптимизам, ...
Пакистански медиуми јавија дека во Исламабад пристигнала американската делегација, предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс. Доцна синоќа беше најавено пристигнувањето на иранската делегација, предводена од претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи, во пакистанскиот главен град. Министерот Дар уште еднаш ја нагласи желбата на Исламабад да продолжи да им помага на страните да ...

