
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Љубителите на џес музиката ќе имаат да го проследат концертот кој е дел од програмата „Џез лектира“ на Националниот џез оркестар на 23 април, вторник, во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“. За време на концертот насловен „Џез лектира“ велешани ќе имаат можност да уживаат во дел од творештовото на Каунт Бејси биг бендот. -Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како “Кралот на ...
Новата претстава „Паника“ на велешкиот театар е дуо драма работена според Мика Мулуахо а во режија на Александар Ивановски. Во неа играат младите талентирани велешани Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Претставата е всушност за двајца другари што подолг временски период се немаат бидено и после многу поминати години и случувања во животот тие се соочуваат еден со друг, си помагаат меѓусебе, се провоцираат еден со друг ...
Шеесет и едно годишниот С.Д од Велес, ноќеска околу полноќ, бил пронајден починат во сопствениот дом. Била побарана и помош од велешките пожарникари за отклучување на вратата од домот на сограѓанинот, по што пожарникари се упатиле на лице место со едно против пожарно возило и ја отвориле вратата каде било пронајдено починатото лице. Од Сектор за внатрешни работи Велес соопштија дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи ...
„Владата заклучи 24 април 2024 година, среда и 8 мај 2024 година, среда, да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија. -Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на државата. Овие два неработни дена нема да се одработуваат“,стои во заклучокот од седницата. Одлуката ...
Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. „Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот,“ се посочува во роковникот на Државната изборна комисија. Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска бил успешно реализиран транспорт од Унгарија до Македонија со медицински хеликоптер- „медикоптер“ на болно лице за понатамошна подолготрајна нега. -Конкретно, на 11 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за транспорт од Унгарија до Македонија ...
Пожарот се запалил вчера вечер околу 23:00 часот на отворен простор кај село Горно Јаболчиште во Општина Чашка и зафатил букова шума. Од ЦУК информираат дека веднаш биле извесетни од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, коишто информирале дека утрово ќе упатат вработени за да го гаснат пожарот. Центар за управување со кризи известува дека, во последното деноноќие, биле изгаснати 14 од вкупните 22-те пожари на отворен простор на ...
Средношколците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во текот на претходната недела од стари палети направиле штафелаи и платна со цел, денеска, на Светскиот ден на уметноста да одржат ликовна работилница. Благодарение на нив, денеска, во дворот на училиштето средношколците заедно со нивните гости од четирите основни училишта цртаа и заеднички се дружеа. Идејата за овој настан, од подготовка на штафелаите и платната до целосна реализација денеска била ...
Командата за обука и доктрини (КОД), како носител на традициите на пристигнувањето на првите регрути на отслужување на воениот рок и пополнување на армиските единици, со воена свеченост во касарната „Алексо Демниевски Бауман” во Велес, го одбележа 15 април – Денот на единицата. Министерката Славјанка Петровска пред присутните истакна дека вистинската сила не лежи само во физичката моќ или техничката експертиза, туку и во непоколебливата ...
Велешките учениците од четирите општински средни училишта, денеска, заедно со градоначалникот Марко Колев дебатираа на различни теми значајни за нив и младите во градот. Во пријатна и опуштена атмосфера во Градски парк , учениците даваа свои предлози и иницијативи на коишто во иднина ќе работи општината. Преставнички од Локален младинки совет на средношколците им предложија слободно да ги контактираат и сите идеи што ги имаат за поубав Велес да ...
Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно ...
Армиски припадници ги затекнале вчера Б.А.(49) од село Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од село Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од село Орланци, скопско додека со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки биле во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ. Армијата ја пријавила случката во ОВР Неготино. По пристигнување на ...
Пелосаните плевна или штала била во сопственост на четириесет и две годишниот К.Л. од Горно Јаболчиште. Пожарот ги изгорел балите со сено и сточната храна за потоа да се прошири врз возило, бандера со електрични кабли, сопственост на ЕВН, како и куќа во сопственост на С.Д. Нема повредени лица. Пожарот избил, вчера, околу пладне додека во 12:30 часот веќе бил евидентиран во СВР Велес. Во гаснењето се вклучила екипа на Територијалната ...
Велешанецот Атанас Крлевски овој понеделник испрати фотографија од манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово. Со оваа фотографија испраќа порака до сите фотографи аматери од општина Чашка да фотографираат и да ги испраќаат фотографиите до редакцијата на Дума.мк. -На оваа моја постара фотографија е манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово, во етногеографската област Азот – општина Чашка. Манастирот е изграден во последните години на ...
Седумдесет и три крвни единици биле собрани на традиционалната крводарителска акција којашто се одржа во просториите на Дом на култура Крсте Петков Мисирков во Градско. Од велешки Црвен крст соопштија дека граѓаните во Градско ја докажаа својата хуманост. -Шестмина од дарителите даруваа за прв пат. Акцијата заеднички ја реализиравме со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од Општина Градско. Во реализацијата директно беа ...
Понеделнички шесто нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Коки. Прочитајте ги и започнете ја работната седмица со насмевка. Уживајте! -Во пролет, девојките и жабите најмногу стравуваат…од штрковите. -На нашата политичка сцена секојдневно се приредуваат разно-разни бурлески и циркузи, па отаде и дилемата: од каде се изродија толкуте многу артисти и…кловнови. -Мојот индекс зависи од професорот, а неговиот брак…од мене. ...
Се оствари долго посакуваната цел на велешкиот рок и поп пејач Горан Мишев Мишка. Издадена е неговата дуетска песна со пејачката Драгана Мајкич. И Мишка и Мајкич се натпреварувачи во музичкото шоу на Гранд „Никад није касно“. Ова е прв дует на двајца учесници во деветте сезони на оваа музичко шоу. Автор на текстот и музиката на песната е Јелена Арангеловска додека на аранжманот и продукцијата Валентино Скендеровски. Велешкиот рок и поп пејач ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост за поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) кон новинарот Фуркан Салиу за наводно попречување во работата на службено лице и бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да ја отфрли. Кривичната пријава од МВР за попречување службено лице во извршување на својата службена ...
За прв пат во историјата на било кој спорт во Македонија формирана е лига за сениори во одбојка. Во неа се вклучени осум екипи од државата, поточно од Велес, Скопје, Гевгелија, Прилеп, две екипи од Струмица и две екипи од Тетово и секоја од нив ќе биде домаќин за време на турнирите. Одбојкарската лига на ветерани започна претходниот викенд, на 6 април, во Гевгелија каде првиот турнир го одиграа ветераните на велешки ОК „Борец“ со екипата на ОК ...
Заклучокот со 20 гласови „за“ и два „против“ бил донесен на итна седница на Совет на Општина Велес, одржана во вторникот, на 9 април, годинава. Седницата била закажана откако СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ испрати Информација со која ги информира членовите на Советот за указот на Министерот за образование Јетон Шаќири со којшто треба да се отвори втора албанска паралелка, во прва година во велешка Гимназија, согласно објавениот Конкурс за запишување ...
На автопатот „Пријателство“ на делницата Велес – Неготнино, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност за одговорно управување со моторно возило. -Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас и се потенцира заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна ...
Опасен бил нападот од мечка на возрасниот сточар Ц.С (61) на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, која што се наоѓа во атарот на село Оморани, во Општина Чашка. За среќа сточарот се здобил само со телесни повреди,на грбот и телото, и каснувања на двете нозе, од кои на едната биле во по сериозна форма. Тој едвај успеал да се спаси од мечката. Според информации на семејството, дадени на Центар за управување со кризи, сточарот бил под многу голем ...
Се почесто граѓаните слушаат совети за воведување на здрав начин на живот во кои се потенцира практикувањето на здравата исхрана. Што тоа значи? Под здрава искрана се подразбира конзумирање на здрава, разновидна и по можност што помалку обработена храна. За да ги обавуваат дневните активности и за да биде здраво, човечкото тело има потреба од 90 есенцијални хранливи материи што се неопходни за нормален раст, развој и многу други процеси. Поточно ...
Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник. Во денешното соопштение наведуваат дека и покрај одржаниот протест на приватни специјализанти на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. -На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на Влада. ...
Песните од албумот „ Nostalgic Love“ и звуците од кларинетот на Благој Ламњов, велешани ќе имаат можност во живо да ги слушнат на првиот самостоен концерт којшто го организира во родниот град. Ламњов којшто настапува на светски сцени, овој пат, придружуван од шведскиот гитарист Петер Тегнер ќе приредат вистинско уживање и за неговите сограѓани кои со години го подржуваат и ја слушаат неговата музика. Дума.мк го праша Ламњов какво чувство буди ...
Педесет и четири годишниот М.Р од Кавадарци, вчера во 17:45 часот, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци. Тој се сомничи дека истиот ден, 15 минути пред да биде приведен, од паркинг простор во село Марена одзел патничко возило „рено клио“. -Патничкото возило било со кавадаречки регистарски ознаки и во сопственост на една година повозрасниот кавадарчанец Ј.О. Возило било вратено на ...
Триесет и осум годишна кавадарчанка, вчера вечер, околу 21: 00 часот во Полициска станица на ОВР Кавадарци пријавила дека на почетокот на месец март врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. -Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за ...
Вкупно 12 уметнички дела од постановката на изложбата „Храбриот нов свет“ на проф. др Јордан Ѓорчев во Ликовен салон Велес денеска се подарени на двете јавни здравствени установи во велешко. Шест слики во техника масло на платно ќе го разубавуваат внатрешниот изглед на Општа болница Велес и исто толку во Специјализирана болница за белодробни заболувања „Јасеново“ во општина Чашка. За мотивот на донацијата проф. др Јордан Ѓорчев изјави: ...
Шеесет годишниот Ц.С. од село Дреновци, прилепско, вчера вечер во 21: 30 часот, бил примен во Општа болница Велес откако го нападнала мечка додека на планината Мукос, во атарот на село Оморани, напасувал крави. Мечката го нападнала и го искасала. Прилепчанецот го спасиле неговите кучиња кои едвај успеале да ја избркаат мечката. Ц.С бил пренесен во Општа болница Велес каде му била пружена медицинска помош. Случајот бил пријавен во Полициска ...
Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната против пожарна единица Велес спрелича експлозија на цистерната којашто утрово се запалила на автопатот Велес – Градско. Како што соопштуваат од ТППЕ Велес, дојава за запалениот шлепер цистерна во близина на бензиската „Дади Компани“ добиле во 09:08 часот по што веднаш се упатиле кон местото. -Со две против пожарни возила и пет пожарникари веднаш излеговме на лице место. По пристигнување ...