Половина час по полноќ, вчеравечер, во просториите на СВР Велес бил извршен службен разговор со малолетно лице од село Горно Оризари, при што присуствувал негов родител и претставник од Центарот за социјални работи Велес. Поточно, во истото село, малолетникот управувајќи мотоцикл без регистарски таблички, одбил да застане на знак од полициски службеници кои извршувале службени задачи. При тоа, удрил во еден од полицајците, а потоа и во паркирано ...

Ланиот бран од северозапад пристигна до централен Балкан и во следните часови ќе започне полека да ја зафаќа и Македонија. Сето ова ќе биде проследено со повремен локален дожд во западните и во северните предели на државата и со силен ветер, во западните предели од западен и од југозападен правец, а во северните предели од северен правец. Ветерот повремено и локално ќе постигне брзина до околу 60/70 км/час, соопшти метео прогнозерот Славчо ...

Ладниот бран од северозапад преку алпскиот регион се спушти до Балканот и денес, вторник, 8 јули, донесе снег на Словенечките планини, односно снег падна на Кредарица, висока планина во Словенија, соопшти метеро прогнозерот Славчо Поповски. „Ладниот воздух понатаму ќе се спушта кон југ и југоисток од Балканот и до утре, среда 9 јули, доцна попладне и навечер, а особено ноќта кон четврток, 10 јули, ќе стигне во Македонија, условувајќи засилен ...

Мостот на реката Вардар кај Башино село денеска е повторно пуштен во употреба, откако заврши санацијата што започна во март годинава. Со ова се врати стабилноста и мостот е ставен во функција во два правци, а во наредниот период ќе биде извршена санација и на горниот дел. Санацијата има за цел да го продолжи векот на користење на мостот за наредните 5 до 10 години, сè додека не се изгради нов. Под мостот е поставена современа опрема за ...

Идентификуван е пронајдениот, пред два дена машки леш, во водите на река Вардар во близина на “Бентот“ во Велес. Станува збор за 70 годишен велешанец којшто неколку минути пред да се удави бил забележан од страна на кајакар којшто тренирал во реката. Човекот со две торби во рацете се движел на брегот на Вардар. „Спортистот при наредниот круг на веслање со кајакот ја забележал една од торбите на брегот за потоа да го види и телото на велешанецот ...

Во услови на високи температури и најавен топлотен бран, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст на РСМ – Велес спроведоа теренска акција насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните за заштита од жештините. Членовите на Клубот на млади делеа флаширана вода и едукативни флаери со информации за правилна заштита при екстремни временски услови. -Граѓаните беа информирани за важноста од избегнување напорни физички активности на ...

Полициски службеници од СВР Велес, вчера, на 7 јули, го привеле 21-годишниот В.Н. од село Раштани, кој е осомничен дека со мотоцикл удрил во пешак на улицата „8 Септември“ во Велес и побегнал од местото на незгодата. Според информациите на Сектор за внатрешни работи Велес, сообраќајната незгода се случила на 26 јуни годинава, околу 19:40 часот, кога В.Н., управувајќи мотоцикл, удрил во 79-годишниот пешак П.З. од Велес. Во незгодата, пешакот се ...

Постојат индиции дека пожарот кој што во неделата изби покрај магистралниот пат Скопје-Блаце да е подметнат. Ова денеска го изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Според него, биле пронајдени дрвени палети. Тој истакна дека на местото на избувнувањето на пожарот, видел како линијата на оган е многу широка како пожар кој би се појавил од фрлен отпушок од цигара. -Пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно намачкани и ...

Територијалната Противпожарна Единица Велес, вчера, околу 12:20 часот, добила дојава за избувнат шумски пожар во пределот помеѓу селата Оризари и Клуковец. На терен веднаш интервенирало едно противпожарно возило со пет пожарникари-спасители. При пристигнувањето на лицето место, пожарот бил во развиена фаза и зафатил површина од околу 30 хектари. Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат. Од ...

„Во вчерашниот ден, понеделник, 7 јули, во Македонија повторно беше многу топло со многу високи температури на воздухот. Претежно беше сончево и стабилно, а само накратко во планинските места во источните предели имаше развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така повремено дуваше и засилен ветер од југозападен правец особено во попладневните часови. Најтопло вчера беше во Скопје, во Петровец каде беа измерени 42 ...

Од полноќ се намалуваат цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар. Новата цена на БС-95 ќе бидена 74 ден/лит, а на БС-98 изнесува 76 ден/лит. Истовремено, цената на дизелот (ЕУРОДИЗЕЛ Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари, и ќе се продава за 70 ден/лит. Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува иста – 69,50 ден/лит, додека цената на мазутот се намалува за 0,174 денари и ќе изнесува 39,409 ден/кг. ...

Во рамки на иницијативата за зголемена безбедност и заштита на урбаната опрема, Општина Велес започна со поставување на видео надзор на спортските терени низ градот. Целта е да се спречи вандализмот и да се обезбеди зачувување на јавниот имот. Како што информираат од Општина Велес, во рамки на овој проект е планирано да бидат поставени вкупно 36 камери, кои ќе го покријат спортскиот инвентар и просторите каде што младите најчесто се рекреираат. ...

Жителите на село Чашка добија нова патна врска до селото, откако во должина од 1,3 километри беше асфалтиран локалниот пат со средства во износ од 7 милиони и 950 илјади денари, обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, посочи дека завршувањето на овој проект било топло поздравено од локалното население, што му дава дополнителна мотивација за понатамошна работа. Наскоро ќе започне ...

Од повеќето изненадувања коишто ги подготвиле учесниците на годинешниот Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“, којшто одбележа јубилеј 20 години постоење, заслужено овациите на публиката ги собраа фолклористите на Ансамблот „Росенка“ од Прага. Тие на Македонски јазик ја изведоа народната песна „На Струга дуќан да имам“. Публиката во Амфитеатар на Младински парк, во саботата на 5 јуни уживаше и во други изненадувања коишто ги приредија ...

На денешен ден се празнува свети Јован – летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител. Во времето кога според предвидувањето на старите пророци требало да се роди спасителот, Евреите биле под ропство на Римјаните. Во тоа време живеел еден чесен и побожен човек Захарија со својата жена Елисавета, веќе остареле, а немале деца, што во тоа време се сметало за божја казна и голема несреќа. И двајцата постојано го ...

Со перо што не простува и збор што сече, Коки повторно нè предизвикува да се насмееме, но и длабоко да се замислиме. Седум нови афоризми за читателите на Дума.мк. -Кога мажот ќе ПРОГЛЕДА, на слепата љубов и е дојден крајот. -Можеби некои политичари очекуваат да им симнам капа, но на овие летни горештини не чувствувам потреба да одам гологлав. -Лесно е во доброто да се биде добар, но во бракот се познаваат јунаците. -Ако заради некои избрзани, ...

Како специјален едукатор, често слушам од родителите прашања како: „Што да правиме преку лето?“, „Ќе заборави ли што научи?“, „Како да го задржиме фокусот и рутината без стрес?“ И секогаш одговарам исто: Учењето не мора да застане, само треба да се претвори во игра. Летото не е непријател на развојот, туку можност за детето да учи низ искуства, движење, креативност и најважното преку блискост со вас. Затоа, сакам да споделам неколку проверени ...

Денес, понеделник, 7 и утре, вторник, 8 јули, во Македонија продолжува влијанието на многу топлата воздушна маса која продира од југ, односно од Африка. Токму ова ќе услови и понатаму да имаме претежно сончево и многу топло време со температури кои на територијата на државата ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Повардарието тие повторно ќе надминат 40 степени, гласи прогнозата на метео прогнозерот Славчо Поповски. „И во Скопје и околината ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да биде вовоеден данок за неженети и немажени додека во исто време им се извини на сите кои така го разбрале. Целта му била да се отвори дебата, да се крене свесноста, бидејќи е загрижен за демографската состојба во земјата, затоа што тивко умира. „Нема да има никакви даноци и се извинувам длабоко ако некој погрешно ме разбрал. Но, она што можам да го заклучам е дека ние тивко исчезнуваме и изумираме ...

Итна медицинска помош во Сектор за внатрешни работи Велес денеска напладне пријавила дека во река Вардар на влез во Велес, во близина на место викано Бентот, било пронајдено починато НН машко лице. „Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција,“ соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес. Убавка ...

Настапите на девет разновидни културно уметнички и сценски уметници како што се пејачки состави, фолклорни ансамбли, културно уметнички друштва и група за култура од разни држави во светот ги проследија вчера вечер посетителите на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2025“. Во преполниот Амфитеатар на Младински парк Велес, на четвртата фестивалска вечер, настапија домаќините „Распеани велешани“, Ансамбл за народни танци “Јенимале“ од ...

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи бележи зголемен број случаи на испраќање на СМС пораки до граѓани од страна на манипулатори кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори. „Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи. Апелираме до сите ...

Викендов Македонија и понатаму ќе биде под влијание на многу топлиот бран кој продира од југ, односно од Африка. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец кој повремено ќе засилува на интензитет. И во Скопскиот регион, викендов, ќе имаме претежно сончево и многу топло време со појава на мала локална облачност проследена со слаб до умерен ветер од променлив правец, со повремено засилување на ...

Знакот што треба да го регулира правецот на движење на возилата на улица „Благој Ѓорев“, под парковската површина на Здравствен дом Велес, од минатиот викенд е „спружан“ на тротоарот. Пешаците го заобиколуваат или прескокнуваат додека возачите ги паркираат возилата и без знакот да ја извршува намената за којашто бил поставен. Тоа што може да се забележи на железната шипка, на којашто закачен е сообраќајниот знак, како да е пресечен со соодветен ...

Десет нови издумани Крлевизми од велешкиот афористичар Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Секоја реченица е мала вистина спакувана со хумор, иронија и многу народна мудрост. -Секој развод е ризичен. Може да заврши со нов брак. -На Фејсбук сум и кога спијам. Сонувам еден профил во анфас. -Си верувам себеси. Тука најмногу се лажам. -Сончогледи, сменете ја и капата! -За да стигнам далеку, се вратив чекор назад. -Татковината и мајката те ...

Истражувачкиот Хакатон, им нуди како на младите така и на возрасните Неготинци да бидат дел од астрономски набљудувања со телескоп, каде што се истражуваат планетите од нашиот Сончев систем. Здружението на граѓани „Ековита“ годинава дополнително организира и навлегување во микросветот со микроскопирања за откривање на дијатомеите поточно фосилизирани остатоци од микроалги што живееле во Плиоцен, пред 4 милиони години и кои се пронаоѓаат во ...

Атрактивните танчерки и танчери на чилеанската група за култура „Акаханга“ поминаа илјадници километри за да стигнат во Велес и во Македонија. Нивна цел е да го претстават традиционалниот чилеански танц пред публиката на фолклорниот фестивал. Тие успеваат во намерата затоа што се наградени со бурни овации и аплаузи. Сепак Дума.мк ги праша танчерките и танчерите колку тие се задоволни од домаќините, што им се допадна и што сакаат да спознаат и ...

„На многу топлото време со многу високи температури на воздухот, и тоа поради многу топлиот бран со потекло од југ, односно од Африка кој зафаќа најголем дел од Европа му се гледа крајот. Следи многу ладeн Атмосферски фронт кој од 8 јули, вторник, од северозапад ќе се спушти и ќе го зафати целиот Европски Континент, секако влучувајќи го Балканот и Македонија. Ладниот атмосферски фронт ќе донесе температури пониски од сегашните дури и за повеќе ...

Основно јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес на 27 јуни годинава поднело Обвинителен предлог III.KO.бр.46/25 против обвинетиот Л.Н.од Kавадарци за кривично дело „несовесно работење во службата“ од чл.353-в ст.4 од Кривичниот законик. По Обвинителниот предлог против Л.К, поранешен претседател на Основен суд Кавадарци, оформен е предмет К.бр.224/25 кој доделен е на постапување на судијата Ангел Трипчев. Главна расправа закажана е за 23 ...

Сектор за внатрешни работи Велес интервенирале во два одделни случаи. Првиот случај се однесува на грабеж на жена, додека во вториот било уапсено лице кое се барало со судска потерница за издржување казна затвор. -На 2 јули 2025 година околу 23:50 часот, на улица „Христо Татарчев“, 44-годишниот Н.А. од Велес насилно ја ограбил 38-годишна жена, одземајќи ѝ ја ташната во која имало пари. Одземеното беше пронајдено и наскоро ќе ѝ биде вратено на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
48%
1028
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
1.54
58%
1028
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.0
69%
1028
weather icon

Софија

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
43%
1029
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.65
39%
1028
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
43%
1024
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
37%
1024
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
53%
1025
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
43%
1027
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
65%
1027
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1024
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976