На 21.06.2023 во 19.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица. Тие биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана. На местото биле пронајдени 29 стебла кои биле одземени. Исто така, при преглед на Н.А. била пронајдена и марихуана. Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен ...

Протекувањето на огромен број доверливи документи од американските институции, откриено во април, како и деталите од Договорот за изградба на автопатско решение на Коридорите 8 и 10 д, беа теми од кои извираа најмногу информации и дезинформации во македонскиот медиумски простор во текот на април. Покрај ова, продолжија и стандардните дезинформациски наративи пред сè од Москва, а кои се поврзани со агресијата врз Украина, но и дезинформациите за ...

Голема салва руски дезинформациски наративи беше „истрелана“ на 09. Мај, директно од Црвениот плоштад во Москва од устата на рускиот претседател, Владимир Путин во говорот на воената парада по повод Денот на победата над фашизмот. Главниот руски дезинформациски наратив во оригинална верзија е стар, од првите месеци по инвазијата на Украина на 24.02.2022, а тоа е Украина со помош на Западот подготвувала инвазија на Крим и дека Русија само се ...

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот), како и дека Зеленски е нацист. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз оваа суверена земја којашто трае повеќе од една година Рецензираме пост на Фејсбук во кој се прави споредба меѓу нацистичкиот лидер на Германија, Адолф Хитлер и претседателот на Украина, Володомир Зеленски, при што ...

Павле Витанов од Струмица ќе пее во финалето од телевизиското музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Тој во финалето се пласираше со гласовите на публиката на фејсбук во конкуренција на 8 кандидати кои не добија зелено светло од страна на жирито. Витанов собера најмногу, 36.6% од вкупниот број гласови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање ...

Првиот човек на Струмица Костадин Костадинов на ФБ реагираше на нападите упатени кон него од одредени невладини организации, поради поддршка што ја дава за трибините и јавната дебата на Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА во врска со законите за родова еднаквост и за матична евиденција. ,,Од денеска како градоначалник, со целото мое законско право, ставам ништовност на секој меморандум на таквите невладини организации и вето ...

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ја промовираше новата генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и новите магистри. Свечено во големата сала на Филхармонијата дипломите им беа врачени на 146 нови инженери и 44 магистри кои студиите ги завршија на ФЕИТ. Во оваа нова генерација дипломци, дури 77 или 53% се девојки, просек што е за околу 4 пати повисок од европскиот просек техничките ...

Полициски службеници утрово уапсиле двајца струмичани, кои се осмничат дека со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на друго лице кого физички го нападнале и му одзеле пари, соопшти Министерството за внатрешни работи. ,, Вчера во 14:00 часот и утрово во 04:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д. (31) од Струмица и С.Д. (50) од струмичкото село Три Води. Тие се сомничат дека на 19 јуни ...

Заради реновирање, dm дрогеријатаво Струмицана ул. Климент Охридски бр. 51ј, во период од 25.6 до 26.7.2023 година ќе биде затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди –15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ! Овие попусти ќе траат од 22 до 24 јуни. ,,По 3 години од отворањето на оваа дрогерија, дојде време за нејзино разубавување. Со задоволство се присетуваме на денот на отворањето, на веселата атмосфера и убавата дружба. Оттогаш, dm им е на ...

Три лица од Радовиш се олеснети за 460 илјади денари од тројца измамници од Струга, село Дедино, Конче и Долно Оризари, битолско, информираа денеска од СВР Струмица. Нив полицијата ги сомничи дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“. На чело на тричлената група измамници бил П.С.(31) од Струга, кој во ...

Околу 3,5 милиони евра обезбеди општина Дојран изминатиов период за решавање на проблемот со дотраениот колекторски систем но и за изградба на нова пречистителна станица. Вака изјави првиот човек на ова локална самоуправа Анго Ангов откако пред извесен период добија позитивне одговор од словенската амбасада за доделување околу 1,3 милиони евра токму за овие капитални проекти. Владата претходно на општината додели околу 135 милиони денари или ...

На 16.06.2023 во 14 часот на ул. Калузлиска во Радовиш, патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил лице место, но бил пронајден од полициски службеници, соопшти МВР. ,,Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на ...

Од најавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен дека ќе организира конференција за враќање на украинските деца од Русија, оваа објава на Фејсбук прави манипулативна конструкција во која се извртуваат тезите и се воздигнува рускиот претседател Владимир Путин. Тврдењето дека Путин им ги уништил „перверзните планови на педофилите“ за децата од Украина, ја искривува вистинската слика за проблемот со депортацијата на ...

На 15.06.2023 во 14.20 часот во Полициската станица Радовиш, З.Т.(41) од село Дукатино, струмичко, пријавил дека околу 12.20 часот во Радовиш бил физички нападнат од Р.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.06.2023 во 03.30 часот во Полициската станица Струмица, М.Т.(32) од Струмица пријавила дека околу 01.00 часот во Струмица била физички нападната од Д.Т. од село Куклиш, струмичко. По целосно расчистување на случајот ќе биде ...

Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде наредба за апсење на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, комесар за правата на децата во Канцеларијата на претседателот на Руската Федерација, објави Судот Налогот за апсење на Путин е издаден поради неговата одговорност за воено злосторство илегална депортација на деца и незаконско преселување на деца од окупираните територии на Украина во Русија. Руската ...

Во рамките на манифестацијата „Крушево град на културата 2023“ од денеска па до 18 ти јуни се одржува интернационалниот гитарски фестивал ,,ART KUL“ во организација на P.S. Guitar Fest ќе земат учество и стручки гитаристи предводени од М-р Васко Пиличев. Станува збор за за 14 ти по ред фестивал кој има за цел освен да презентира концерти со гитара туку и едукација со новите трендови на музицирањето со гитара од страна на почетници но и лица кои ...

Шампионскиот состав на Академија Пандев за фудбалери родени 2011 година како и генерацијата на фудбалери родени 2015 година ќе бидат дел од реномираниот турнир Манче КУП во Белград Србија каде ќе земат учество над 450 екипи за фудбалери родени од 2010 до 2015 година. Станува збор за турнир на кој учествуваат екипи од 13 европски држави со што истиот прераснува како саем на мали фудбалски надежи. Екипата со фудбалери родени 2011 година се во ...

Синоќа членовите на „Фолклорна низа“ ja расширеа убавината на македонскиот фолклор и традиција. На сцената на амфитеатарот во градскиот парк во Струмица го одржаа концертот ,,Ритамот на традицијата“ Беа изведени повеќе кореографии од страна на најмладите и највозрасните членови на Фолклорна низа кои ја презентираа вековната традиција на македонскиот народ во песните и ората. Освен изведбите впечатливи беа и рачно изработените носии со што ја го ...

Викендов во Радовиш се одржа Детскиот карневал каде околу 1000 дечиња од училишта, градинки од Македонија и странство продефилираа по радовишките улици а на плоштадот ги изведуваа своите кореографии. Нив ги поздрави првиот човек на општината Ацо Ристов кој ја поздрави одличната креација на најмладите на годинашново издание на Меѓународниот детски карневал кој е во организација на Општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“. ФОТО: ФБ, ...

Средношколците од „Никола Карев“ од Струмица вклучени во дуалното образование од машинската струка не го кријат своето задоволство од зголемениот фонд на часови за практична настава. Според нив, на тој начин директно стекнуваат дополнителни вештини и компетенции и директно се запознаваат со одреден производствен процес што им ги отвора можностите за побрзо вработување но и отворање на свој бизнис по завршување на средното стручно образование. ...

За рок од 40 месеци треба Богданци да добие целосно нова дистрибутивна водоводна мрежа со која жителите на овој општински центар ќе добијат квалитетна вода за пиење. Станува збор за реконструкција на водоснабдителниот систем стар над 60 години кој се реализира со пари од Министерството за животна средина во висина од 4 милиони евра. Вака соопшти премиерот Димитар Ковачовски кој заедно со министерката за животна средина Каја Шукова и ...

Започна расчистувањето на теренот од 6 000 метри квадратни кај вториот кружен тек на Булеварот Гевгелија од едната страна и улицата Саво Михајлов од другата страна – каде според најавите на општинските власти треба да никне нов урбан парк. Веста дека на катастарските парцели 2885/1 и 2942 почна да се гради јавна зелена површина ја објави и првиот човек на Гевгелија Андон Сарамандов, кој подвлече дека граѓаните на Гевгелија ќе добијат најсовремен ...

Фирмата Џови Компани ја почна постапката за санирање на дупките по улиците во Струмица откако на распишната јавна набавка достави најдобра понуда за таа работа. Претходната фирма од Радовиш Ве Група не го испочитува договорот за една година заради што Општина Струмица го раскина и покрена судска постапка . Градежната оператива на новоизбраната банка денеска ги бележеа критичните места со ударни дупки кои престојниот период ќе бидат санирани со ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 денари. во однос на одлуката од 05.6.2023 година. Со тоа од вечерна на полноќ малопродажната цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 83,5 денари, додека Еуродизелот ќе се продава за 70,5 денари. За денар и половина се зголемува и малопродажната цена на екстралесното масло, која ќе ...

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Г.Л.(41) од село Владевци, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот закон, соопшти полицијата Тој се сомничи дека на 15.05.2023 околу 22.30 часот предизвикал пожар во куќа во Радовиш. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање ...

Струмичкото средно училиште зеде учество на годинашниов моден настан “Креативен ден“ во Битола каде се преставија со црно бел фустан изработен од: ученичката Гордана Трајкова, дизајнерката Катерина Хаџи Котарева и професорката Маргарита Спасов. Креацијата ја носеше ликовната уметница Ана Филев Моделот изработен од СОУ ,,Никола Карев“ го привлече вниманието на присутните во Офицерскиот дом во Битола каде добија позитивни критики за креацијата ...

Во рамките на акција за генерално чистење на Струмица, екипи на ЈПКД Комуналец од населбите Карпош и Чифлик собраа над 12 трактори кабаст отпад кои граѓаните од овој дел на градот го пријавија до комуналното на телефонскиот број 13 110 како и отпадот што го собраа со чистењето на улиците од овој дел на Струмица. Струмичани пред своите домови со оглед на најавената акција изнесоа нефункционална покуќнина, разновидни предмети од дрво и текстил, ...

Струмичанката Славица Ангелова обезбеди пласман во полуфиналето од телевизиското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ откако таа ги отпеа „Нека те боли“ од Лина Пејовска во македонска верзија и „Чаробан“ од Нина. Таа беше во дуел со Дарко Ѓoргески од Гостивар кој живее во Австрија. „Славица тоа беше феноменално. Многу не ќе можеа да се изборат со овие песни, но ти успеа….Славица ти ме воодушеви и со стајлингот и со изборот на песни…..„ беа дел од ...

Минатиот месец над Валандово почна да се гради Парк Шума со урбана опрема која ќе се протега на околу 22 илјади метри квадратни. Кавадаречката фирма „АС Машини“ го доби тендерот за реализација на првата фаза за 45,8 илјади евра и до крајот на годинава ќе треба да ги реализира сите предвидени активности од техничката спецификација. Според видео анимацијата што ја објави градоначалникот Перо Костадинов пред неколкиу месеци на ова локација ...

На 12 локации во Струмица, Општината неодамна постави контејнери за електронски и електричен отпад каде граѓаните може да депонираат батерии, и секаков вид отпад од електронски уреди. Иако на самите контејнери има упатство за користење и кои видови отпад може да се остава во нив, струмичани во нив фрлаат разновиден отпад. Дел од овие контејнери се веќе и оштетени, за што општинските власти апелираат на поголема совесност кон урбаната опрема, но ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1027
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.68
81%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 11ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1028
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.77
66%
1026
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.35
98%
1026
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
53%
1022
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1024
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 15ᴼ
1.03
100%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941