Ученици од СОУ,, Димитар Влахов“ под менторство на професорката Маре Караристова, направија видео со кое апелираат за чување и негување на мајчиниот јазик. Видеото е изработено по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај од страна на активот по македонски јазик при ова училиште. ,,Македонскиот јазик е наследство, аманет од нашите предци. Многу векови сме биле лишени од овој скапоцен елемент на нашиот идентитет. Ова нација биле принудувана да го ...

Сопственикот на струмичкиот прволигаш ФК Академија Пандев – Горан Пандев на Македонската берза продаде 90 одсто од акциите на клубот. Како што објави порталот „Фактор.мк“ во блок трансакцијата, биле продадени 2.250 акции на ФК Академија Пандев, по цена по акција од 16.480 денари, или во вкупен износ од нешто над 37 милиони денари, што, пак, е рамно на 603 илјади евра. Веста ја потврдија и од ФК Академија Пандев. Иако во блок транскацијата не е ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против татко и син од селото Богородица, кои во своите домови неовластено држеле поголемо количество оружје и муниција ,,При претрес во домот на синот била пронајдена една полуавтоматска пушка, една ловна пушка со 99 патрони, еден самострел со пет стрели, една воздушна пушка, како и уште 272 куршуми различна муниција. Кај таткото, пак, биле пронајдени една ...

За два денари за литар поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство Малопродажните цени на бензините и дизелот од полноќ се намалуваат за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, литар еуродизел БС-95 од полноќ ќе се продава за 78 денари, литар еуросупер БС-98 ќе чини 80 денари, а еуродизелот ќе се продава за 67 денари за литар. За два денари од полноќ ...

На 04.05.2023 во 23.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, помеѓу с.Босилово и с.Турново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв 320“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.В.(20) од с.Муртино, струмичко и патничко моторно возило „ауди а4“ со струмички регистарски ознаки управувано од П.Т.(18) од с.Дукатино, струмичко. Во несреќата со тешки телесни ...

Во стручниот штаб на Македонската одбојкарска репрезентација како помошници на новиот селектор Јошко Миленковски повикани се струмичките одбојкарски тренери Атанас Милев и Хари Наковски. Тие треба да му помагаат на Миленковски околу спроведувањето на подготвителниот период на македонската одбојкарска репрезентација која во наредните пет месеци ќе има настап во Европската златна Лига но и на Европското првенство каде Македонија е домаќин на ...

Македонската одбојкарска репрезентација ги почна подготовките за настапот во Европската Златна лига чии натпревари се закажани при крајот на месецов но и за Европското првенство каде Македонија е домаќин. На списокот на новиот селектор Јошко Миленковски повикани се 20 одбојкари кои до 12 ти мај ќе бидат во Маврово а потоа и во Скопје пред првиот меч со Украина закажан против Украина на 27 мај ,,Почнувам со 20 играчи на првиот микро циклус во ...

Младинскиот состав на Наковски волеј станаа Државни шампионки откако во големото финале ги совладаа своите врснички на Вардар ЕМ во Скопје со 3:2 во сетови. ,,Одлична одбојкарска претстава приредија девојките вечерва во салата Борис Трајковски-Скопје против Вардар ЕМ. Со неизвесност и тесни резултати во сите пет сета Наковски волеј го надиграа својот ривал со резултат од 3:2 во сетови. Младинките на Наковски волеј уште еднаш покажаа дека се ...

Пеналот од кој Вардар го постигна победничкиот гол против Беласица во Турново бил непосточеки. Вака потврди Судиската комисија при ФФМ при анализата на мечот од Втората фудбалска лига во Турново од Втората фудбалска лига каде струмичките сино бели претрпеа пораз од 1:0. Комисијата во извештајот посочи дека главниот судија и вториот помошен судија направиле погрешна проценка во 81. минута, кога беше досуден удар од белата точка за најтрофејниот ...

Здружението Рурална Коалиција, Кичево објави едукативно видео и новинарска истражувачка строија на теми поврзани со ЕУ интеграциите, родовата еднаквост и нејзиното практикување во општините. Едукативното видео и истражувачката сторија се изработени во рамки на проектот ,,Со европско знаење за подобрена родова еднаквост во локалната заедница“, имплементиран од Рурална Коалиција е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери ...

Општина Дојран се подготвува за претстојната туристичка сезона, а за време на продолжениот празничен викенд, за три дена, очекуваме над 30.000 посетители. Сместувачките капацитети веќе се резервирани, имаме над 300 приватници кои нудат сместувачки услуги, плус хотелите. Локалите имаат подготвено интересни забавни програми, со многу музички гости и веруваме дека сите кои ќе го посетат Дојран за време на празникот, ќе бидат задоволни – за „Фокус” ...

Големи гужви и колони на граничниот премин Богородица кон Грција заради продолжениот празничен викенд. Според податоците на МВР до 10 часот претпладнево низ овој премин за влез и излез од државата регистрирани се дури 13 илјади патници од кои 7.200 биле македонски државјани. Во овој период, како што кажа портпаролот на МВР Гоце Андреевски, државата ја напуштиле 5.500 македонски граѓани.. „Заради првомајските празници зголемена е фреквенција на ...

Општина Ново Село урбанизира две парцели за изградба на викенд населби. Првата ќе биде кај населеното место Мокрино додека втората кај Смоларе со што се очекува да се збогати понудата со сместувачки капацитети во подбеласичкиот регион. Станува збор за две парцели кои според градоначалникот Ѓорге Божинов на кои треба да се изградат околу 34 викендици. ,, Почнавме проекти за изработка на урбанистичко плански документции за изградба на две викенд ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домажинство не се менува и останува 68,00 ...

Почна запишувањето на децата во прво одделение во општинските основни училишта во Струмица. Во месец мај родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2023 година ќе наполни шест години или ќе наполни до 31 јануари идната година по претходно добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето. При запишувањето на детето во прво одделение родителот, односно старателот, е должен да достави потврди ...

Женската одбојкарска екипа на СОУ ,,Јане Сандаски“ од Струмица го освои Државното првенство во одбојка за средни училишта откако на завршниот турнир во Тетово славеа против двете екипи кои конкурираа за титулата. Екипата предводена од професорот Гоце Кончалиев прво беше убедлива против домаќинките – средношколките од Тетово со 2:0 во сетови а потоа славеа и против составот од Скопје со 2:1 во сетови кој пак беа подобри против тетовчанки. На ...

Како дел од меѓународната соработка на општина Струмица, на покана на Европратеникот и известувач за напредокот на Република Северна Македонија во Европската Унија, Илхан Ќучук, од денес, делегација од општина Струмица предводена од Градоначалникот Костадин Костадинов е во работна посета на Европскиот Парламент во Брисел. Во рамки на посетата, Градоначалникот Костадинов со делегацијата составена од Александар Оџаков, Секретар на општина ...

Директорката на УЈП Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Утрински печат“ најави дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари. „За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони ...

21 годишната Семија Демова од Струмица готвач на тимот на ,,Concept food and caffe bar“ се закити со злато и бронза на Меѓународното отворено првенство на туристичко-угостителски работници ,,Деживејте ги највкусните моменти“ кој се одржува во Будва Црна Гора. На ова отворено првенство со кое и официјално се отвара новата туристичка сезона на Будванската ривиера учествуваат кувари од 12 држави од Балканот. Струмичанката Демова со своите ...

Локалниот совет за превенција да достави предлог мерка во Законот за возила со која униформираните полициски службеници и другите инспекциски служби од државно ниво да имаат право на одземање на дрвосечачките машини во моментот кога ќе утврдат дека со нивното присуство предизвикуваат општа опасност и го загрозуваат животот на сите учесници во сообраќајот. Ова е заклучокот од денешната 12 та работна конференција на Локалниот совет за превенција ...

Општина Струмица и бугарската Крџали во иднина ќе соработуваат на повеќе полиња откако градоначалниците на овие две локални самоуправи Костадин Костадинов и Хасан Азис потпишаа меморандум за збратимување на двете општини. Основна цел како што објавија градоначалниците ќе биде зближување на жителите од двете страни со можност да соработуваат во областа на економијата, културата и образованието. ,,Овој чекор е пример како во пракса се гради и ...

Одбојкарите на Струмица Никоб се закитија со 10 тата Шампионска титула откако по трет пат славеа против Борец од Велес. Струмичани ја решија финалната серија без грешка, а одлучувачкиот натпревар го одиграа пред своја публика (25:18, 26:24, 25:19). Милев и Хараба освоија по 12 поени, Алексов имаше 10, Наков 8, Михаилов 7, Глобоцки 5, а Ефтим Ричлиев еден поен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и ...

Со головите на Кристијан Велиновски и Димитар Трајков, тимот на Академија Пандев славеше против прилепска Победа и освоија нови три бода за сигурна завршница на годинашново прволигашко првенство. Струмичани головите ги постигнаа во 60 и 68 минута, откако домакините преку Велиновски не искористија пенал а гостите останаа без голманот Тофиловски заради црвен картон по стартот над грузиецот Ергемлиџе. Следното коло Академија Пандев се слободни по ...

Околу 210 илјади денари се собрани од хуманитарниот концерт на Фондација Елеуса ,,Звукот на човечноста“ за четиригодишната Теодосија Лазаревска од Куманово на која и се потребни околу 50 илјади евра за лекување во Турција. Струмичани донираа и преку купување билет за концертот но и на пунктот поставен за таа намена и повторно ја покажаа хуманоста да се подаде рака и помогне на лица на кои им се потребни пари за лекување. На концертот настапија ...

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски за Зелена берза потврдува дека исплатата на субвенциите за предадениот тутун последната сезона ќе следат во наредните денови како што и претходно беше најавено. Бачовски во изјава за Зелена берза портал вели дека биле потпишани решенијата од платежната и налозите веќе се испратени до трезорот на Министерството за финансии „ Потпишани се сите решенија и испратени се сите налози до Трезорот на ...

На 25.04.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Ванчо Прќе“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген лупо“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т.А.(54) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни ...

На 24.04.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. ...

Неизвесно е дали ќе се одржи државната матура на 27 мај и 10 јуни, откако вчера почна генералниот штрајк на Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ). Тие штрајкуваат оти не добиле согласност на барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од Министерството за финансии, а заради заштита на економските и социјални права на своите членови објави СДК. „Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен ...

На 23.04.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско. При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 ...

Со одлука на Регулаторната комисијата за енергетика, од полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/литар. Малопродажната цена Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,028 ден/кг. Од 25.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
33%
1022
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
53%
1023
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
41%
1022
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.15
37%
1019
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.0
38%
1019
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
27%
1020
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
50%
1021
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
42%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
41%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62