
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



На 24.05.2023 година во 14.00 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А.(20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко. Тројцата биле затекнати на место викано „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума. Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие ...
Во полицициската станица во Струмица денеска било пријавено дека во Затворот во Струмица осуденик нападнал и повредил друг осуденик со остар предмет. Поголема ексалација спречиле други затвореници кои го совладале напаѓачот. ,,На 24.05.2023 во СВР Струмица е пријавено дека на 23.05.2023 околу 22.30 часот во просторија во Затвор Струмица во Струмица осуденикот Д.П.(37) со остар предмет го нападнал осуденикот Н.Ч.(35) од Македонска Каменица и му ...
Седумнаесет просветни работници од струмичките основни и средни училишта но и од двете детски градинки го добија признанието „Свети Кирил и Методиј“ кое го доделува Општина Струмица по повод Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На синоќешната свечена Академија плакетите им ги врачи првиот човек на општината Костадин Костадинов кој подвлече дека мора да се врати дигнитетот на просветните работници но и да се зајакне ...
По ангажирањето на Илија Матеничаров како потпретседател на ФК Беласица, клубот објави дека во своите редови го ангажираше и Александар Стојанов кој ќе биде задолжен за координатор на младинската школа. Стојанов во изминатиот период беше шеф на стручниот штаб на Беласица. Како координатор на младите беше и во Академија Пандев Носењето на Илија Матеничаров и Александар Стојанов доаѓа откако младинците на ФК Беласица изборија пласман во ...
Вкупно 10 манифестации и настани организирани од општини и граѓански здруженија во Југоистокот ќе добијат финансиска помош од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за оваа 2023 година. Министерот Љупчо Николовски ги додели договорите за финансиска поддршка во поглед на организација на истите кои имаат за цел да промовираат одредени земјоделски култури, локални обичаи, домашна храна, природни убавини. На листата кои ќе ...
Македонците од Лондон кои со две такси возила тргнаа кон Македонија, денеска преку граничниот премин кај Делчево влегоа во државата. Но за жал во Германија едното такси ,,зариба“ па во земјва стасаа со едно англиско таски возило и едно кое го обезбедија од Швајцарија. Станува збор за Драган Крстев од струмичко Ангелци, Дејан Коцев од Свети Николе, Кико Маневски од делчевско, Трајче Трајков од Кавадарци заедно со Ендрју Ворт од Англија. Тие ...
Средношколките од Јане Сандански Струмица кои се Државни прваци на Македонија во ова конкуренција, со победа го стартуваа Европското првенство во одбојка за средни училишта кое стартуваше во Требиње Република Српска. Инаку на ова Европско првенство во Требиње пријавени се вкупно 8 екипи во женска конкуренција од повеќе европски држави кои се поделени во две групи а струмичанки се во Групата Б каде пред нивниот налет за висок пласман потклекнаа ...
Од денес започнува периодот за поднесување на барања за директни плаќања по програма за финансиска поддршка во земјоделството 2023, објави директорот на Платежната агенција Никица Бачовски. Електронското аплицирање е отворено до 30 Јуни.Апликациите се поднесуваат преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk/perun/index.html… директно или со асистенција од операторите во подрачните единици при МЗШВ. Колкави ќе бидат субвенциите и од што ќе ...
Регулаторната комисија за енергетика одлучи од ноќеска цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), да се зголемат за 1,00 ден. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 80,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 67,50 ден/литар. Малопродажната цена на ...
Машката и женска одбојкарска екипа на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица ќе ја престават Македонија на Европското првенство во одбојка за средни училишта во Требиње Р. Српска на кое учествуваат 14 екипи од Чешка Молдавија, Црна Гора, Србија, и Р. Српска. Машкиот состав во првиот ден ќе игра со средношколскиот состав „Јован Цвијич“ од Модрича а во попладневните часови ќе игра со Гимназијата од Пожаревац. Вториот ден струмичките одбојкарски надежи ...
Општина Василево на 30 мај годинава ќе ја спроведе постапка за јавно наддавање за продажба на две парцели за изградба на стопански објекти. Станува збор за парцели во КО Градашорци и КО Владевци за лесна преработувачка и услужна дејност. Заинтереисраните правни и физички лица пријавите за учество треба да ги достават најдоцна до 29 мај електронски на www.gradezno-zemjiste.mk Парцелата во КО Градашорци се наоѓа во индустриската зона спроти ...
Славица Ангелова од Струмица се пласираше во шестиот круг од музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа доби шест гласови од жирито откако ги отпеа песните „Да те волим“ од Александра Ковач и „Угаси ме“ од Парни Ваљак. Во дуелот со Ксенија Тану имаа ист број на гласови но по прегласувањето жирито беше наклонето кон белорусинката иако не штедеа пофални зборови и за 21 годишна струмичанка која после неколку парови Саша Поповиќ соопшти дека ...
Советот на општина Струмица треба да донесе одлука за обезбедување приближно 6 милиони денари за изградба на повеќенаменското игралиште и паркинг на просторот на локацијат ана поранешната ,,маларична“ која се исчисти. Одлуката се очекува да се донесе со ребаланс на Буџетот на општината на седница до крајот на месецов, кажа граодначалникот Костадин Костадинов кој изврши увид на просторот, кој изминативе денови се чистеше за што општината потроши ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРМ Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ ...
Пет ученика од ООУ „Гоце Делчев“ од Василево се закитија со медали на државното атлетско првенство за основни и средни училишта што се одржа во Куманово во организација на Сојузот за училишен спорт. Основците од василевското основно училиште под менторство на професор Алма Хасанова и Зоран Атанасов се искачија на тронот во дисциплините фрлање ѓуле, скок во далечина но и во дициплината штафета 4х100 метри. Најдобар пласман имаше Ведат Исинов кој ...
Во присуство на голем број верници кои живеат и работат во Германија осветена е нова Македонска православна црква посветена на Св. Кирил и Методиј во Дортмунд. Црквата ја освети неговото неговото блаженство архиепископот г.г Стефан во сослужение на митрополитот европски г.Пимен,митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, епископите од Српската православна црква г.Григориј и г.Јустин, парохискиот свештеник Душко Пецов и др.свештенослужители од ...
Реномираниот македонски и светски признат пијанист Симон Трпчески ова лето ќе има настап во Општина Босилово со интернационалниот музички проект ,,Македонисимо“. Проектот ќе се реализира како дел од манифестацијата ,,Босилово културно лето 2023“ а според најавите – „Македонисимо“ ќе биде изведен последните денови од месец август во населеното место Секирник – родното место на неговата мајка Нетка. Ова е исходот од средбата меѓу градоначалникот ...
На годинашново издание Фолк Фест Валандово наградата за животно дело годинава ќе му се додели постхумно на пејачот Ѓоко Дончев кој пред две години почина на 71 годишна возраст а важеше за еден од доајените на македонската народна музика. Како роден валандовчанец остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните: „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други Од таа причина раководството на Фестивалот оваа ...
Фолк Фест Валандово годинава ќе се одржи од 26 до 28 мај при што според програмата предвидени се две предфестивалски вечери кои ќе се одржат на валандовскиот плоштад и главната фестивалска вечер која ќе биде на 28 мај на фестивалската сала „Јанко Узунов“. Како што кажаа на денешната прес конференција на истата ќе бидат изведени 20 новосоздадени фолк композиции на кои ќе настапат млади но и искусни музички имиња од македонската фолк сцена со веќе ...
Во Богданци се одржа Фестивал на дивите смокви во организација на здружението Еко Росалес како членка Slow Food – Македонија, каде се презентираше процесот на подготовка на слатко од диви смокви. Станува збор за манифестација која контуинирано се одржува овој дел на државата по систем на ротација во Богданци, Дојран и Валандово а има за цел промоција локалните традиционални еко производи И покрај лошите временски услови, Фестивалот помина во ...
Во Богданци се одржа Фестивал на дивите смокви во организација на здружението Еко Росалес како членка Slow Food – Македонија, каде се презентираше процесот на подготовка на слатко од диви смокви. Станува збор за манифестација која контуинирано се одржува овој дел на државата по систем на ротација во Богданци, Дојран и Валандово а има за цел промоција локалните традиционални еко производи И покрај лошите временски услови, Фестивалот помина во ...
Стручен тим од Националната установа Завод и Музеј од Струмица, овие деновиве ја отпочна постапката и во моментов изработува проект за реставрација и конзервација на Спомен-костурницата над градот. Станува збор за место каде почиваат моштите на загинатите борци од НОАВ кои во 1982 година се поставени во саркофаг. Спомен костурницата е дело на архитектот Благој Колев и градена е од бел мермер. На платото е аулата со саркофагот од кафеав мермер. ...
Драган Крстев од струмичко Ангелци, Дејан Коцев од Свети Николе, Кико Маневски од делчевско, Трајче Трајков од Кавадарци заедно со Ендрју Ворт од Англија, од завчера се во добротворна патувачка мисија низ 15 европски држави за да ја анимират јавноста за хуманост и собираат донации за помош. Тргнаа со две англиски такси возила со кои треба да извозат околу 4000 километри и да ги потикнат граѓаните на попатните станици по европските држави, да се ...
Во чест на празникот Св.Атанасиј а по повод јубилејот 10 години КУД Кирил и Методиј, изминативе два дена се одржаа шестите по ред Фолклорни средби Св. Атанасиј на кој зедоа учество повеќе културни друштва и фолклорни ансамбли од земјава а во саботата присутните имаа можност да уживаат во музиката со традиционални изворни инструменти. Пред преполнетата сала во Домот на културата во Иловица настапија четирите групи на КУД „Кирил и Методиј“ од ...
Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари и ќе изнесува 77,50 ден/литар. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, додека цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е ...
Вчера од 16:00 до 22:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. Крадењето авторски ...
Ракометарите на Астраион од Струмица се изборија за нова победа во плеј офф – Првата лига откако славеа на гостувањето во Кичево со 31:30. Тежок натпревар во кој струмичките ракометари успеаа да направат пресврт по водството на домакините по првото полувреме и на крај да се радуваат на нова победа. Главен мотиватор беше голманот на Астраион Мартин Перовановиќ кој забекежа 12 одбрани и како што објави клубот главен виновник неговите соивграчи да ...
Општина Василево потпиша Меморандум за соработка со Општина Понтенуре со што и официјално се збратимија како две локални самоуправи од Македонија и Италија кои во иднина ќе соработуваат на повеќе полиња. Мемораднумот го потпишаа првиот човек на Василево Славе Андонов и градоначалничката на Понтенура – Манола Групи кои се заложија во иднина граѓаните на двете општини да воспостават мосотви на соработка во областа на кулутрата, економијата, ...
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.П. (20) од село Ангелци, струмичко. Тој се сомничи дека на 13.05.2023 околу 22.20 часот заедно со уште две малолетни лица од струмичко, во Градскиот парк во Струмица физички нападнале тројца малолетници од Струмица и со закана со остар предмет им ги одзеле мобилните телефони. Од страна на полициски службеници, по добиена судска наредба, бил извршен претрес во ...
Оливера Пепиќ од Струмица – членка Организацијата „Вешта жена“ Струмица на Републичката манифестација за избор на највешта жена во подготвување храна и аранжирање и декорација на маса во Тетово го освои првото место. Таа во конкуренција на 10 тина натпреварувачки од цела држава со нејзината маса ,,Вечера кај кралица“ ги освои симпатиите не само на жирито туку впрочем и на сите пристуни на манифестацијата. ,,Мојата маса беше наречена „Вечера кај ...