
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4 отсто. Усогласувањето е предвидено согласно новата методологија за раст на пензиите, која следи два индикатори односно 50 отсто од порастот на просечната плата и 50 отсто од порастот на трошоците за живот. Ова усогласување се врши два пати во годината март и септември и претставува постојан раст ...
Попладнево околу 15 часот и 30 минути на магистралниот патен правец Струмица – Радовиш после населеното место Владевци се случила сообраќајка поради што патниот сообраќај се одвиваше во еден правец. Според информациите портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова станува збор за патничко моторно возило кое излетало од коловозот при што три лица се повредени – возач и двајца сопатници кои веднаш се префрлени во струмичката болница Од СВР ...
Пет тракторски приколки со пластични шишиња лименки и друг ситен отпад се собраа од излетничко рекреативните локалитети во струмичкито регион во рамките на еко граѓанската акција ,,Чисти ридови за сите“ иницирана од ВК „Актив“ од Струмица. Се чистеа вкупно шест локации кои се мета на излетници и рекреативци а некои несвесно фрлаат отпад. Околу 100 тина граѓани од повеќе граѓански организации го собираа отпадот од трим патеката кон Св. Илија , ...
Во Ново Село се одржа втората форумска сесија на кој жителите од ова општина може директно да се вклучат и да дадат мислење за што да се потрошат парите што како грант ги доби Општината од Швајцарската агенција за меѓународна соработка, Министерството за локална самоуправа и УНДП во висина од околу 40 илјади долари. Станува збор за грант што Општина Ново Село го доби од Програмата ,,Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ преку која освен 40 ...
21 годишната Славица Ангелова од Струмица се пласираше во следниот круг на музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ откако во баражот успеа да го освои продукциското жири предводено од Саша Поповиќ. Ангелова која работи со Ѓорѓе Давид се престави со песните „Круна“ од Невена Божовиќ и „Тек је 12 сати“ од ЕТ, при што доби четири гласа од жирито. Како што кажаа Цеца и Вики младата струмичанка била оштетена и требало да добие повеќе гласови со ...
Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива. Според информациите од полицијата, во нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот. ,,На 25.03.2023 во 12.00 часот било пријавено дека во село Сачево–струмичко, на место викано Аџимерки, В.Т.(58) од истото село, додека извршувал земјоделски работи со ...
Околу 09:50 часот полицијата денеска регистрирала 48-годишен струмичанец како управува автомобил марка „голф“ со струмички регистарски ознаки со 2,34 промили алкохол во крвта. Како што соопштија од СВР Струмица, пијаниот возач бил запрен на регионалниот пат Струмица-село Банско, во селото Куклиш. По извршената контрола со алкомер „дрегер“ било утврдено дека автомобилот го управува со количина за неколку пати поголема од дозволената. Возачот бил ...
Одбојкарките на Наковски волеј го освоија среброто од КУПОТ на Македонија кој се одигра во Радовиш. Во големото финале за освојување на првата титула загубија од актуелниот шампион и бранител на Куп пехарот Работнички од Скопје со 3:1 (25:23, 18:25, 28:30, 16:25) во меч каде струмичанки покажаа храброст и борбена игра. Струмичанки беа рамноправни во мечот но немаа среќа посебно во третиот сет, кој можеби беше одлучувачки за победата на ...
Струмичките одбојкари го освоија КУПОТ на Македонија откако во Радовиш во големото финале од ова натпреварување славеа со 3:0, во сетови против ГОК Борец од Велес Струмичани немаа некои поголеми проблеми против велешкиот состав. Велешки Борец единствено само во вториот сет покажаа рамноправност но не доволно да се спротистави на струмичката одбојкарска машинерија Ова е 18 тиот пехар за ОК Струмица ова сезона со името на Никоб или вкупно 9 та КУП ...
Полициски службеници од СВР Струмица со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните објаснуваа дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност и дека е потребна нивната соработка за побезбедна и посигурна иднина. Тие од плоштадот Струмица ја почнаа кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“ која во наредниот период ќе ...
Наковски волеј славеше против Вардар жени од Скопје со 3::1 во сетови и обезбеди Куп финале против Работнички од Скопје. Струмичанки си отворија шанса и со победа утре во Радовиш да го освојат првата КУП титула. Струмичанки добро го почнаа мечот. Нивниот напад доминираше а вардаровиот прием потфрли што резултираше со 25:16 за Наковски. Вардар возврати во вториот сет со 25:22 но немаше сила за нешто повеќе. Девојките на Александар Митев доминираа ...
Одбојкарите на Струмица Никоб славеа победа против Универзитет Тетово со 3:0 во сетови (25-19, 25-11, 25-23) и заверија КУП финале за освојување нов трофеј од ова натпреварување во своите клупски витрини. Избраниците на Кире Ричлиев и Атанас Милев немаа проблеми против тетовскиот состав и ја оправдаа фаворитската улога. Завршницата од КУПОТ се игра во Радовиш а на мечот Струмица – Универзитет Тетово најефикасен кај победничкиот тим беше Славе ...
Како во старите времиња, голем број граѓани од општина Босилово празникот посветен на Светите 40 Севасастиски маченици го одбележаа со посета на планината Огражден и каменот Бенли Таш, кај народот познат како камен на плодноста. Сакајќи да ја продолжи вековната традиција на месното население од овој регион, КУД Кирил и Методи од Иловица веќе неколку години организира културно уметничка програма токму на локацијата каде се наоѓаат неколку ...
Се продава стан на улица „Кољо Орцев“ бр 8 во Струмица со имотен лист бр 54714. Станува збор за стан бр 1 со стамбен простор од 90 квадратни метри и 10 квадратни метри помошни простории за цена од 75 илјади евра. Станот се продава со две гаражни места бр. 19 и бр. 20 од по 18 квадрати по цена од по 5 илјади евра. Информации на 078 452 549 – лице за контакт Ѓорѓе Трајанов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски ...
Во организација на Одбојкарската федерација на Македонија, деновиве во Радовиш ќе се одржи завршницата од КУПОТ во машка и женска конкуренција, каде две екипи од Струмица конкурираат за титулите. Во машка конкуренција Струмица Никоб а во женска конкуренција Наковски волеј. Струмичани утре во полуфиналето се среќава со Универзитет Тетово со почеток во 17 часот и 30 минути во салата 25-ти Мај додека девојките на Наковски волеј против Вардар жени ...
Струмичката болница на својата ФБ страна објави дека на Одделот за интервентна кардиологија со ангиографија на коронарни крвни садови кој функционира пет месеци, направена е првото стентирање на вратна артерија (каротидна артерија) преку артерија на рака на пациентот во соработка со д-р Сашко Николов кардиолог од Штип и струмичкиот кардиолошки тим предводен од д-р Верица Милушева Трендова. „За прв пат на одделот за интервентна кардиологија во ...
На 22.03.2023 во 02.00 часот во село Старо Балдовци, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.С.(40) и А.С.(45), двајцата од село Старо Балдовци. При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три моторни возила за кои не поседувал соодветна документација, регистарски ознаки од возило, три моторни пили и други предмети за кои постои сомнение дека ...
Општина Струмица објави Јавен повик за субвенционирање на граѓани на општината за купување велосипеди во 2023 година. Целта на повикот е да се стимулираат жителите на градот Струмица и населените места за користење велосипеди. Од таа причина сите граѓани на општината кои од 21 март ќе купат нов велосипед може да добијат субвенции во износ од 50 % од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 10 илјади денари по лице со вклучен персонален ...
До крајот на месецов ќе се знае која фирма ќе го гради затворениот пливачки базен во Струмица. Вкупно 6 фирми се јавиле на распишаниот тендер на Агенцијата за млади и спорт за изградба на затворени пливачки базени во Струмица, Карпош и Кавадарци со проценета вредност од околу 150 милиони денари. Ова го истакна директорот на АМС Наумче Мојсовски при последната посета во Струмица на новинарско прашање, до каде е постапката за изградба на ...
Се продава лозов насад со овоштарник од три декари со изградена викендица во месноста ,,Герено“ во близина на патот Водоча- Вељуса Општина Струмица. Нивата е оградена со соодветен пристап и приклучок за вода за наводнување. Можна е продажба и на дел од нивата по договор со заинтересираните лица. Цена поволна ! Информации на 075 550 175 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е ...
Утрово во 08.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.К.(33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен опиум, соопшти МВР За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. ...
Постот дезинформира дека НАТО ја турка Украина да се бори до последниот Украинец. Ова е потценувачки наратив за илјадниците војници во Украина, како и за патриотските и одбранбени дејства коишто тие ги спроведуваат бранејќи се од руската агресија. Не е точно ниту дека снемало мажи, па Зеленски „испраќа жени да бидат убивани на фронтот“. Жените одат доброволно во служба и нивниот број по воената инвазија од Русија врз Украина е зголемен ...
На 19.03.2023 во 20.10 часот на автопатот А1, кај клучка Миравци–Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со гевгелиски регистарски ознаки, но возилото продолжило да се движи кон Неготино, соопшти МВР. Околу 20.30 часот, во близина на клучка за с.Водоврати, возилото излетало од коловозот, по што возачот го напуштил местото. Полициски службеници ...
На 19.03.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310, во село Раклиш, С.С.(34) од село Раклиш, управувајки мотоцикл „хамачи“ со радовишки регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.С. констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш. фото архива Крадењето авторски текстови е ...
Дизелот поевтинува за 1,5 денар, а бензините и екстра лесното за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 81 денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе има цена од 83 денари. Литар масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 73,5 денари, а се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,649 ...
Во среда на 23 ти март во НУЦК ,,Антон Панов“ во Струмица ќе се промовира најновата книга на Сузана Мицева “Букварче мое другарче“ која им се обраќа на читателите од рана училишна возраст. Промцијата е замислена како креативна книжевна работилница со македонската азбука и нуди можност на еден интересен начин децата да се запознаат со бувките и нивното изговарање. ,,Со посебна радост Ве покануваме да ни бидете специјални гости со Вашите ученици и ...
Општина Ново Село отпочна постапка за подготовка на урбанистичко планска документација за две викенд населби и тоа кај населените места Мокрино и Смоларе. Вака најави градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов кој подвлече дека викенд населбите ќе бидат со цел да се зголемат сместувачките капацитети во подбеласичкиот регион бидејки туристите доаѓаат на еден ден и не се задржуваат на природните убавини што ги нуди планината Беласица ...
Младиот Стефан Ончев од Струмица ја освои првата награда по пијано на престижниот 20 ти по ред меѓународен натпревар „Даворин Јенко“ во Белград Србија каде учествуваа 60 тина кандидати од Словенија, Бугарија, Босна, Србија. 10 годишниот Ончев ученик при ОМУ „Боро Џони “ од Струмица во класата на проф. Марија Максимова и Ана Тимова беше единствениот кандидат од Македонија на овој натпревар во неговата категорија а според информациите со своето ...
Општина Гевгелија во наредните 18 месеци ќе биде дел од програмата „Зајакнување на општинските совети“, која има за цел подобрување на капацитетите на општината за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локални услуги. Со ова Програма советниците ќе може да добијат обуки за јавниот финансиски менаџмент, просторно и урбано планирање, добро управување и борба против корупција, меѓуопштинска соработка, родова рамноправност, животна ...
Граѓаните на Општина Струмица ќе селектираат отпад во своите домови. Над илјада домаќинства во оваа општина добија канти за селекција на пластичен отпад во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ што го спроведува Центарот за климатски промени, со поддршка од Амбасадата на САД. Целта на проектот е промовирање на одржливо живеење и создавање функционален систем за управување со отпад во Општина Струмица. Бојана Станојевска- ...