Сопатник на мотор марка кавасаки со кочански регистарски ознаки почина во сообракајка што попладнево се случи на патот Струмица – Радовиш во населеното место Владевци. Веста ја потврди Александра Трајанова портпарол на СВР Струмица која соопшти дека возачот на мотор се здобил со повреди и е префрлен во струмичката болница Сообраќајката се случила во 18 часот и 40 минути кај паркингот во Владевци на раскрсницата кон Сушево и Старо Владевци кога ...

Пионерскиот состав на Струмица Никоб станаа Државни прваци откако на завршниот турнир во Пробиштип го совладаа домашниот тим Весна Пробиштип со 3:2 во сетови. Струмичките деца го издржаа притисокот од преполнетата сала во Пробиштип кои навиваа за домакините и го кренаа Шампионскиот пехар во својата конкуренција докажувајки дека струмичката одбојка има иднина со оглед дека станува збор за деца одбојкари на возраст од 11 до 16 години. Првиот сет ...

Во пресрет на големиот христијански празник Св. Атанасиј, КУД „Кирил и Методиј“ од Иловица – Општина Босилово го организира Фолклорнисредби на кои ќе земаат учество играорци од шест друштва и ансамбли од земјава но и од Бугарија но ќе се слушаат и музика од традиционални изворни инструменти. Станува збор за шесто издание на фестивалот со кој КУД ,,Кирил и Методиј“ слави јубилеј 10 години и има за цел да го презентира македонскиот фолклор и ...

Во организација на Slow Food – Македонија и Здружението ,,Еко Росалес“ од Богданци во недела во градскиот парк Богданци ќе се приготвува слатко од диви смокви но и ќе се дегустира овој специјалитет на штандовите а паралелно ќе има и богато културна уметничка програма. Според најавите шест домаќинки од Богданци на лице место ќе го презентираат целиот процес на подготовка на слатко од диви смокови а ќа има и десетина штандови од мали производители ...

Д фестивал во Дојран оваа година малку ќе излезе од своите вообичаени рамки, така што ќе го нагости веќе светски реномираниот проект на Симон Трпчески, „Македонисимо“ најавија организаторите на фестивалот. ,,Дваесет и три ора и песни специјално избрани од маестро Трпчески и на оригинален начин обработени од композиторот Панде Шахов, од почетокот на овој интернационален проект во 2017 ја споделуваат магијата на македонската изворна музика со ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица против кои МВР поднесе кривичната пријава поднесена од заради основано сомневање дека осомничените сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори Како резултат на повеќемесечна соработка и размена на ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање во реоните на Валандово, Радовиш и Струмица. Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп е со намена за: подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период од 30 години, подигање на долгогодишни ...

Христијан Ѓоргиев и Стоја Георгиева под менторство на професорот Ванчо Танев при СОУ ,,Димитар Влахов“ од Струмица се закитија со златни медали во дисциплината ,,Вешто возење и управување трактор со приколица“ на 51 Државен тракторски натпревар во Кавадарци. За овој натпревар тие интензивно се подготвувале на полигонот на училишната економија. Станува збор за дисциплина во која учениците треба да покажат вештини и знаење за брзо поминување на ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(44) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ и „овозможување на употреба наркотични дроги’’, соопшти МВР На 10.03.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 1,3 килограми марихуана. Крадењето авторски текстови е ...

Градежни екипи на Универзал Градба од Струмица интензивно го работат платото пред Домот на културата во селото Нова Маала во Општина Василево кој паралелно ќе биде соодветно и партерно уреден. Станува збор за проект кој Општината го реализира со свои и пари од БРР за што во март минатата година градоначалникот Славе Андонов склучи договор со директорот на Бирото. Како што информираа од Општината, планирано е бетонирање и поплочување на платото, ...

Британската гудачка атракција квартетот ,,Bond“ нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“ на 20 ти мај ќе има свој концерт во НУЦК Антон Панов во Струмица. Веста ја објави ова институција откако гудачкиот квартет ќе има гала концерт во Македонската филхармонија на 19 -ти мај. Концертот е по повод 30 годишнината на Авалон продукција. „Квартетот „Бонд“ е супербренд во светот на музиката кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет ...

Се рушат објектите на просторот на кој се наоѓа маларичната болница во Струмица. Екипи ангажирани од Општината се на терен и ги отстрануваат сите објекти што се подигнати на овој дел од градот со цел на истиот да се изгради повеќенаменско игралиште и паркинг согласно барањата на граѓаните од овој дел на струмица Веста ја објави и градоначалниот на Струмица Костадин Костадинов кој подвлече дека се решава долгогодишен проблем ,,Ветив дека ќе ...

Денеска во Кавадарци се одржа државниот тракторски натпревар за средношколци, каде што домаќин, по 51. пат, беше Земјоделско-шумарското училиште „Ѓорче Петров“. Натпреварувачите своето знаење го покажаа во 6 дисциплини – вешто возење и управување со трактор со категории машки и женски, препознавање на семиња и плевели, коски и органи кај домашни животни, калемење на овошки, аранжирање на цветни аранжмани и органско земјоделско производство. ...

На 13-ти и 14-ти мај (сабота и недела) во Струмица ќе се одржат танц натпревари на кој учество ќе земаат над 2000 танчери од земјата и странство. Како што информираа од ,,One Way Dance Studio“ од Струмица на 13-ти Мај во Спортската сала „Парк“ ќе се одржи Државното првенство во Модерни танци на Македонија, на кое најдобрите ќе се квалификуваат и ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Европско и Светско првенство. Веднаш по прогласувањето ...

На едно коло до крајот на првенството, Академија Пандев и официјално ги зачува прволигашкиот статус откако денеска ремизираше со Брегалница во Штип а Скопје претрпе убедлив пораз кај Тиквеш во Кавадарци. Со ваквиот епилог од денешното 32 коло пандевци имаат 27 додека Скопје 22 бода и последното коло ќе нема никакво влијание во долниот дел од табелата. Ренова и Победа ќе се селат во Втора лига додека Скопје ќе игра бараж за задржување на ...

На 09.05.2023 во 08.15 часот кај Железничката станица Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар Југ го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци. При преглед во патничкото возило „ауди“, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило, пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници, соопшти МВР Имено, претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир ...

На 08 и 09.05.2023 година од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција во соработка со Службата за борба против дрога од Солун, Република Грција реализиран е случај на недозволена трговија со наркотична дрога кокаин, при што во Солун се запленети 105 килограми кокаин и лишени се од слобода 10 лица, и тоа 7 лица државјани на ...

Алпинистичкиот клуб ,,Скала“ од Струмица ја стави во функција вештачката карпа во ООУ,, Видое Подгорец“ каде учениците но и лубителите на адреналин ќе може да ја користат за усовршување на техники за искачување. Станува збор за вештачка карпа од два дела во висина од 6 и 9 метри на кои има поставено 10 насоки за искачување. Заради безбедноста, тренажниот процес ќе биде под будното око на членовите на АК ,, Скала“ кои ќе ги учат заинтересиранте ...

На Факултетот за електротехника и информациски технологии, почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023. Димитар Ташковски, декан на ФЕИТ, ги мотивираше студентите да го практикуваат своето теоретско знаење. „Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се примени во пракса уште во студентски денови. Една од овие можност е токму и организирањето на ...

НУ Завод и Музеј Струмица објави дека почнале со теренските активности за изработка на Основен проект за Конзервација и реставрација на Пирго Кулата кај Мокриево. Станува збор за доцна античка кула која според сите претпоставки била користена и во периодот на Цар Самуил. ,,Стручен тим од НУ Завод и музеј Струмица во соработка со проф. д-р Трајче Нацев од Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип започнаа со реализација на проектот: ,,Изработка на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 5.5.2023 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ...

Струмица добива адреналинска патека (Pum track) кај АТШ Берово во непосредна близина на СРЦ ,,Пандев“. Истата сеуште се работи и подготвува за ставање во функција, но младите струмичани веќе ја ,,окупираа“ возејки велосипеди. Станува збор за патека која изобилува со нагорнини и надолници и рампи за скокање околу кои можат да струмичани да возат велосипеди, скејт борди, ролери, тротинети генерирајки импулс од движење користејки го притисокот врз ...

Во Гевгелија се одржа првиот Велотлон откако АМД ,,Дичо Панов“ во соработка со Гевгелија Точак клуб и Општина Гевгелија преку проект во месноста Курија кај Негорски Бањи изгради „офф роуд“ патека во должина од 4,750 метри. Околу 50 тина натпреварувачи од 12 градови од земјава се натпреваруваа во возење на велосипед, совладување на препреки и трчање по ридска патека – настан што привлече и голем број гости од државата. ,,Целта на проектот што ...

Екипата на Тиквеш од Кавадарци забележа висока победа против Академија Пандев во Струмица во рамките на 31 првенствено. Избраниците на Васоски претрпеа пораз со 4:1 пред своја публика. Иако домаќините уште од стартот на мечот наметнаа темпо и доминација, секап кавадарчани ги зграбија трите бода и официјално си обезбедија опстанок во Првата лига. Дончев во последната секунда од судиското надополнување на првото полувреме донесе водство на Тиквеш ...

На градското шеталиште во Гевгелија се одбележа Светскиот ден на Пулмоналната Хипертензија , родното место на Ѓургица Ќаева, која пред 10 години го формираше и беше претседател на Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент Плус Гевгелија. Токму „Момент плус“ и Ратко Ќаев беа и организатори на целата културно уметничка и спортска програма. Пред гевгеличани настапија „Фониа“, Наталија Данаилова, Марија, Крџе, Моки, Мартин ...

Млади девојки облечени во народни носии пеаја песни, плетеа цветните венчиња и се лулаа на нишалка. Тоа се дел од обичаите во Струмица за Ѓурѓовден кои ги негува Здружението ,,Струма“ и семејството Лазарови во чија вила се одржуваше настанот. Како што потенцираа присутните станува збор за традиција која според нив не треба да згасне. Тие сакаат Ѓурговден да се слави како како празник на новиот почеток и новата среќа. Атмосферата ја надополни и ...

Кадетскиот состав на ОК Струмица Никоб без ниту еден изгубен меч во првенството, се закити со Шампионскиот трофеј во својата конкуренција. Овој тим на завршниот турнир во Струмица со 3:0 во сетови славеше над Работнички од Скопје Станува збор за доста квалитетен состав кој беше носител и во младинската конкуренција и преставува светла иднина за струмичката одбојка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и ...

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го отвори Меморијалниот фудбалски турнир посветен на споменот и незаборавот на припадниците на МВР, хероите: Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев. Министерот Спасовски предводејќи делегација од МВР положи цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители Готак, Соколов и Крстев. „Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност која што не зближува едни со ...

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И. (26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. „Пријавената, вработена како благајник во АД ,,Водостопанство’’ на РСМ, подружница ,,Струмичко поле’’ – Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД ,,Водостопанство’’ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари, доверени од директорот на претпријатието„ ...

Во општинскиот Центар Ново Село се одржаа традиционалните ,,Ѓурѓовденски средби“ кои според традицијата почнаа со поворка на играорците по улиците на Ново Село за да потоа на „Белев Рид“, во кругот на Манастирот Св. Ѓорѓи и Св. Антониј ги презентираат своите фолклорни кореографии. Како што објави градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов на годинашниве ,,Ѓурѓовденски средби“ , покрај КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, учествуваа и ФА „Бучим“ од ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
33%
1022
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
1.03
53%
1023
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
60%
1023
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
41%
1022
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.15
37%
1019
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
0.0
38%
1019
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
27%
1020
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
50%
1021
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.03
42%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
41%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62