Луис де ла Фуенте брзо се соочи со критиките откако Шпанија шокираше на натпреварот против Зеленортски Острови, па со цел да се поправи впечатокот, шпанскиот стручњак брзо се одлучи за промени. Европскиот шампион денеска го има вториот тест на мундијалот во САД, Мексико и Канада, а на неполни два часа пред мечот со Саудиска Арабија, Де Ла Фуенте ги отвори картите. Во споредба со мечот кој заврши со разочарувачки 0:0, шпанскиот селектор ...

Шпанија се разбуди на Мундијалот со убедлива победа од 4:0 против Саудиска Арабија во второто коло од групата Х, откако уште во првото полувреме го реши натпреварот во Атланта. По разочарувачкото реми без голови против Зеленортските Острови, „црвената фурија“ конечно покажа сила, темпо и напад што ја вратија во борбата за врвот во групата. Ламин Јамал го отвори резултатот во 10. минута, по одлична акција и асистенција на Микел Ојарзабал. ...